|
|
| |
ИНФО
|
|
| |
|
|
| |
НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО
НЕМА ДА ЈА ЗАГРОЗИ МАКЕДОНИЈА
Македонскиот премиер побарал гаранции од косовска страна дека нема да им
проработат апетитите за создавање големи држави!
Имено нема основа за стравување дека независноста на Косово ќе го
загрози територијалниот интегритет на Македонија, соопшти Владата на
Косово, пренесува МИА. Како што информираше белградската агенција БЕТА,
таквиот став косовската Влада го изнела откако премиерот на Република
Македонија, Владо Бучковски, побарал политичките претставници во Косово
да дадат гаранции дека независноста на Косово нема да го загрози
територијалниот интегритет на Македонија.
"Владата и институциите во Косово го признаваат територијалниот
интегритет на Македонија", изјави првиот политички советник на премиерот
на Косово, Авни Арифи, нагласувајќи дека независно Косово би било фактор
на стабилноста и за другите земји од регионот. |
|
| |
|
|
| |
ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА
РАСЕЛЕНИТЕ ОД ЛИПКОВСКО?!
Маките на протераните Македонци за време на воениот конфликт од 2001 година
се уште не се завршени, нивната иднина не е дефинирана.
Министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски изјави дека добил
информации од Министерството за внатрешни работи за имотната состојба на
раселените лица од Липковско и дека се знае точната бројка на лицата кои
треба да ги напуштат центрите.
Според направената проверка, центрите во коишто се сместени раселените лица,
ќе треба да ги напуштат повеќе од 50 семејства, бидејќи првичната бројка од
41 семејство се зголемува за 30 отсто, појасни Јакимовски. Според него,
раселените лица се информирани и ќе треба да ги напуштат центрите, а треба
да се постигне договор на кој начин ќе бидат дерегистрирани од центрите
лицата кои имаат купено куќа или стан или се во фаза на градба за да им се
помогне. |
|
| |
|
|
| |
СЕМИНАР ЗА РЕИНТЕГРИРАЊЕ НА
РАСЕЛЕНИТЕ
На дводневниот семинар во Скопје, парламентарците од Советот на Европа и
ОБСЕ, како и членовите на Европскиот парламент расправаа за проблемите на
реинтегрирањето на внатрешно раселените лица и бегалци, опасноста од
експлозивни направи и судбината на исчезнатите лица во регионот.
Претседателот на Комитетот за миграции на Собранието, Мевлут Цавусоголу,
нагласи дека во последнава деценија од почнувањето на војните во поранешна
Југославија, во Црвениот крст како исчезнати се пријавени 32.542 лица.
Наш претставник на овој семинар беше Стојан Андов, кој рече дека треба да се
поздрави третирањето ваква тема, затоа што не само во регионот туку и во
Македонија се уште има траги од времињата кога луѓето мораа да ги напуштат
домовите и да бараат покрив над главата во други реони или, пак, и во други
земји. Андов, исто така, истакна дека, според последните податоци, во
Македонија има околу 1.226 Роми бегалци од Косово и околу 1.000 Албанци кои
се згрижени. Претставникот од Босна и Херцеговина, Ѓоко Пајиќ, истакна дека
и по 10 години по трагичниот судир во регионот, во БиХ се уште живеат околу
185.000 раселени лица и околу 8.500 Срби бегалци од Република Хрватска, кои
се наоѓаат во ентитетот Република Српска. |
|
| |
|
|
| |
ПРОМОВИРАНА ВЕБ-СТРАНИЦА ЗА
СТАРИ И НОВИ ЗАКОНИ НА РМ
Граѓанската асоцијација МОСТ ја промовираше веб-страницата www.pravo.org.mk,
на која се наоѓаат сите стари и нови закони во Република Македонија, нивните
измени, дополнувања и анализи.
Според Славица Билјарска, портпарол на МОСТ, веб-страницата може да им
користи и на студентите, правниците и новинарите во извршувањето на
секојдневните обврски. На неа се објавени законите кои македонското Собрание
ги донело од 1991 година до денес, судската практика на Врховниот суд и
компаративните анализи за законите кои треба да се најдат на дневен ред на
собраниските седници.
Сите коментари, предлози и иницијативи во насока на подобрување на
законодавството, кои посетителите на вебот можат да ги остават, МОСТ ќе ги
поднесува до македонското Собрание.
Изработката на веб-страницата www.pravo.org.mk е поддржана од Светскиот
хелсиншки комитет за човекови права. |
|
| |
|
|
| |
11 ОКТОМВРИ ПРОСЛАВЕН ВО
ТОРОНТО
Во организација на Прилепското друштво од Торонто, во банкетната сала на
Македонската православна црква "Света Недела" во Ејџакс, беше прославен еден
од најголемите празници во македонската историја - 11 Октомври, Денот на
вооруженото востание на македонскиот народ против фашизмот во Втората
светска војна. На овој ден, 1941 година, партизанскиот одред од Прилеп ја
нападна бугарската полициска станица и со тоа го крена својот глас против
окупаторските сили и ја почна борбата за национална слобода. Со оваа акција
на македонските патриоти, во градот Прилеп се поставија темелите на
денешнава македонска држава. Затоа, Прилеп не е само град херој, туку е и
град на нашата национална гордост. Почесни гости на оваа значајна прослава
беа конзулот на Република Македонија во Торонто, Бранко Трајковски со
сопругата.
"11 Октомври е денот на македонскиот непокор, и вие, членовите на
Прилепското друштво треба да бидете особено горди и затоа што во вашиот град
беше роден и првиот претседател на Македонија, Методија Андонов - Ченто",
рече во својот поздравен говор конзулот Трајковски, кој го прочита и
поздравното писмо од амбасадорот на Република Македонија во Канада, Сашко
Насев:
"Почитувани пријатели, драги сонародници, дами и господа, почитуван
претседателе на Прилепското друштво, господине Славе Бунтески. Особена
гордост е кога некој кој е толку далеку од татковината се грижи за славните
денови на нашата историја. Дозволете ми, во свое лично име, во име на
Амбасадата на РМ во Отава, како и во име на претседателот на нашата држава,
Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи д-р Илинка Митрева, да
ви се заблагодарам за се што правите и што е поврзано со Република
Македонија. Канада како земја на слободата и како ваша татковина е голем
пријател на нашата татковина. Да живее слободна Канада, да живее слободна
Македонија".
Гостите ги поздрави и претседателот на Прилепското друштво, Славе Бунтески.
Присутен на оваа прослава беше и претседателот на црковната управа на МПЦ
"Света Недела", Љупчо Анчески.
Посебен впечаток остави Женската секција при оваа црква, која ја подготви
исклучително вкусната македонска скара. Гостите ги забавуваше еден од
најдобрите оркестри во Торонто, "Македонски мелос". |
|
| |
|
|
| |
"СКРБ И УТЕХА ГО БАКНУВА
ЧЕРНОДРИНСКИ"
На малата сцена во Универзална сала, К.Ц."Скрб утеха", односно театарот
"Скрб и утеха" ја изведе својата 20. премиера "Бакни ме Чернодрински", текст
на Тихомир Стојановски, пишуван по повод 130-годишнината од раѓањето на
Војдан Поп Георгиев Чернодрински - македонскиот театарски Апостол. Во
претставата играат актерите Зорица Панчиќ, Маја Андоновска, Едмонд Сотир и
Тихомир Стојановски. Музиката е на Јане Пенов, продуцент и автор на плакатот
е Игор Стојановски, светлото е на Благоја Ивановски. Режијата, костимите и
сценографијата, поради протест од несоодветното финансирање од страна на
Министерството за култура, не се потпишани. Во претставата станува збор за
љубовта кон земјата, љубовта кон жената и љубовта кон театарот и црквата.
Актерската екипа играше со срце и жар и ја доведуваше публиката до солзи...
Театарот "Скрб и утеха" покажа дека со право го носи името на првиот
македонски театар "Скрб и утеха", создаден на крајот на XIX и почетокот на
XX век... "кој играл претстави на целата етничка територија на Македонија и
го будел "заспаниот македонски народ", како што всушност постапува и
возобновениот "Скрб и утеха". |
|
| |
|
|
| |
ПТИЧЈИОТ ГРИП И ВО ГРЦИЈА
Опасната болест не опкружува, а ние според се се уште сме неподготвени за
она што не очекува, ниту информации, ниту вакцини од надлежните субјекти.
Првиот случај на птичји грип во Грција е утврден на фарма на малиот остров
Инусес, кај островот Хиос во Егејското Море, во близина на турскиот брег.
Тоа е прв случај на болеста во земја на Европската унија. Вирусот Н5, што ја
предизвикува болеста, е најден во липсана мисирка во мал отворен селски
живинарник, во кој во петокот одеднаш угинале половина од вкупно 20 мисирки
и кокошки. Министерот за земјоделство Евангелос Басијакос на конференцијата
за печат, што директно ја пренесуваа грчките радио и ТВ-станици, наложи да
се формира Кризен штаб на Хиос, кој ќе ја провери состојбата на целата
живина на островот и ќе одлучи за натамошните мерки. Исто така, тој соопшти
дека низ цела Грција итно ќе вработи повеќе од 100 ветеринари и дека ќе
побара отштета за одгледувачите на живина кои, како што рече, се наоѓаат во
голема криза поради наглиот пад на побарувачка.
Според информациите во јавноста во Република Македонија се уште немаме
официјална поттврда за присуство на оваа опасна болест. |
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
|
|
ВЕСТИ
| |
ПРЕМИЕРОТ НА АЛБАНИЈА ВО
ЕДНОДНЕВНА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА
На покана на премиерот Владо Бучковски денеска во еднодневна официјална
посета на Македонија ќе престојува делегација од Албанија предводена од
претседателот на Владата Сали Бериша.
На средбата ќе се разговара за зацврствување на билатералните односи на
двете држави, за унапредување на регионалната соработка, разгледувајќи за
состојбата во регионот, како и за процесот на интеграции во Европската
Унија и НАТО, соопшти Кабинетот на премиерот.
Македонскиот и албанскиот премиер ќе остварат тет-а-тет средба по што ќе
продолжат разговорите на двете делегации за унапредување на соработката на
двете земји.
Премиерот на Република Македонија ќе ја искаже подготвеноста за
пренесување на искуствата на Република Македонија, која како прва земја
потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ. На средбата се
очекува особен интерес да се пројави за состојбите во регионот, особено за
актуелните случувања со Косово.
Македонскиот премиер ќе нагласи дека важна компонента преставува прашањето
за односот кон малцинствата. Претседателот на Владата на Република
Македонија на разговорот со својот албански колега ќе се заложи за
подобрување на положбата на македонското национално малцинство во
Република Албанија.
Предвидено е на средбата од страна на Република Македонија да биде искажан
интерес за билатерален настап пред потенцијалните меѓународни институции
за финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни проекти.
За време на посетата премиерот Бериша ќе се сретне и со претседателот на
Република Македонија Бранко Црвенковски и претседателот на Собранието
Љупчо Јордановски.
НА ФЛОРИДА И НА ЈУКАТАН
ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПРЕД НАЛЕТОТ НА "ВИЛМА"
Гувернерот на Флорида Џеб Буш прогласи вонредна состојба поради
наближувањето на ураганот "Вилма", кој се очекува да стигне до јужниот дел
на таа американска држава меѓу недела навечер и понеделник наутро.
Мерката им дозволува на локалните власти да ја искористат помошта на
Националната гарда и им овозможува сами да одлучуваат за евакуација и
распределба на помошта.
Се евакуираат туристите од островскиот архипелаг Флорида Кијс, јужно од
полуостровот Флорида. Жителите од јужните региони се снабдуваат со храна и
ги оградуваат домовите.
Во источниот дел на мексиканскиот полуостров Јукатан се забрза
евакуацијата на туристите, а мексиканската влада објави вонредна состојба.
Ураганот е на 200 километри југоисточно од мексиканскиот остров Косумел и
се движи кон северозапад. Ветровите достигнуваат до 230 километри на час. |
|
| |
|
|
|