|
|
| |
ИНФО
|
|
| |
|
|
| |
БИСТА НА АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЛЕП ОД ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ
Светски познатиот Македонец, успешен бизнисмен во САД, како и инвеститор
и донатор во Македонија, господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, денес во
Прилеп го одбележа поставувањето на бистата на Александар Македонски.
Имено, господинот Атанасоски го финансираше создавањето на бистата, дело
на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот
Македонец, кој славата на својата земја ја пренесе низ цел свет.
Всушност, досега Македонија беше една од ретките земји каде што немаше
никакво обележје за Александар. Можеби ова монументално дело ќе стане
наш препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го
воделе во походи со цел да ги обедини народите. Благодарение на
господинот Атанасоски нашава држава сега го има симболот на својот
национален идентитет, за да потсетува на незаборав на македонската
кауза. |
|
| |
|
|
| |
ЕМБАРГО ЗА АЛБАНЦИТЕ КОИ
КРАДАТ ГЛАСОВИ
Американската Влада ќе ги замрзне сите комуникации со онаа албанска партија
во Македонија која со сила и со украдени гласови ќе се обиде да се
легитимира пред јавноста, со цел да се приграби до идната македонска Влада.
Ова предупредување амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ минатата
седмица им го пренела на двајцата лидери на етничките Албанци по
ескалацијата на изборното насилство во средините каде што живеат претежно
Албанци. Амбасадорката Миловановиќ многу јасно и недвосмислено им ставила до
знаење на лидерите на ДУИ и на ДПА дека САД ќе ги ставит под ембарго
министрите Албанци, кои во идната Влада ќе ја претстават албанската партија,
за која ќе има податоци дека со сила се наметнала на власт. |
|
| |
|
|
| |
ИСТОРИСКА СРЕДБА ПО ШЕСТ
ДЕЦЕНИИ
Во градот Негуш по цели 6 децении се случи историска средба на Македонците
протерани од Грција за време на Граѓанската војна. Од вкупно протераните
28.000 Македонци, кои соработувале со комунистичкото движење во Грција, само
3.000 се вратиле назад со Законот од 1982 година кој предвидувал влез само
за оние кои се чувствуваат како Грци. Досега немало ниту обележје за 12.000
македонски жртви, кои од 12 февруари 1949 година почиваат во близина на
Лерин. 12.000 Македонци се закопани во Лерин во атарот на црквата "Свети
Ѓорѓи". До сега таму немаше никакво обележје, а од религиозни причини таму
не смееше никој ништо да гради. Годинава прв пат комунистичкото движење
постави спомен-плоча. |
|
| |
|
|
| |
ОБНОВУВАЊЕ НА ОМО "ИЛИНДЕН"
ПИРИН
Партијата ОМО "Илинден" ПИРИН која се залага за заштита на правата на
македонското малцинство во Бугарија се обнови во градот Гоце Делчев. На
основачкото Собрание учествувале повеќе од 500 делегати од Сандански,
Петрич, Благоевград, Банско и други помали места во Бугарија. Иницијативниот
одбор соопштил дека претендира новата партија ОМО "Илинден" ПИРИН да биде
"партија на етничките Македонци" во Бугарија. Тие ги повикуваат македонските
патриоти и активисти од сите македонски организации да се вклучат и да дадат
свој придонес во подготовката за регистрација, со "апел за пререгистрација
на ОМО "Илинден" ПИРИН. |
|
| |
|
|
| |
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА
УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО БАРИ
Иницијатива за воведување настава по македонски јазик и книжевност на
катедрата за славистика при Универзитетот во Бари, Италија, поведе д-р
Максим Каранфиловски на Меѓународниот семинар за преводот, одржан на
почетокот на јуни во овој италијански град. Универзитетот во Бари е
заинтересиран за установување ваква настава. Тамошната публика се
интересирала за преводите на италијанските автори на македонски јазик.
Особен интерес имало за превод на италијанските класици, почнувајќи од
Прличевиот превод на "Бесниот Орландо" од Ариосто, кој датира од втората
половина на XIX век, па до неодамна излезеното комплетно издание на
"Божествена комедија" од Данте Алигери, објавено на македонски јазик во
превод на Георги Старделов. |
|
| |
|
|
| |
КИБС - ПРВ ИЗДАВАЧ НА
ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС
Клиниршката куќа КИБС стана првиот издавач на сертификати за електронски
потпис, со што и официјално почна примената на Законот за податоците во
електронски облик и електронски потпис. КИБС ќе издава три вида сертификати,
и тоа наменети за физички и правни лица. Цената на сертификатите се движи од
1.100 до 11.000 денари, а постапката на издавање е три дена. Министерот за
финансии, Никола Поповски, на вториот генерален директор на КИБС, Стевче
Стефановски, му го врачи решението за упис во единствениот Регистер на
издавачи. |
|
| |
|
|
| |
ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ОТПАДОТ 3,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Деловното поврзување во секторот за рециклирање е новиот проект на
Меѓународната финансиска корпорација, поддржан од австриската Влада, кој ќе
се спроведува во Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и во Црна
Гора. Тригодишната програма е со буџет од 3,3 милиони долари на регионално
ниво, а најголем дел од финансиите се донирани од Сојузното министерство за
финансии на Република Австрија. За Македонија се предвидени 550.000 долари.
"Макстил" и "Комуна" се првите компании кои му се приклучија на проектот,
кој овозможува техничка помош за поединци кои собираат отпад, како и за
компаниите што го преработуваат. Проектот ќе има позитивни економски,
социјални и ефекти врз животната средина во општеството. |
|
| |
|
|
| |
КОКИНО НА ЈАХУ И НА БИ-БИ-СИ
Мегалитската опсерваторија Кокино ја посетија претставници на Интернет
пребарувачот Јаху и на телевизиската куќа Би-Би-Си. Во рамките на
заедничкиот проект "Истражувајќи ја Македонија" по посетата на неколку други
локации во земјава ја фотографираа и ја снимаа опсерваторијата.
"Постои заинтересираност Кокино да биде ставено на Јаху и на туристичкиот
сајт на Би-Би-Си, кои имаат 4,5 милиони посетители. Рекламата ќе трае еден
месец, а за неа нема да се плаќа. Тоа ќе значи многу за афирмација на
локалитетот", вели Јовица Станковски од Музејот на Куманово. |
|
| |
|
|
| |
СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО СКОПЈЕ
Како заокружување на балканската турнеја и десетгодишнината од музичката
кариера, нашата мега ѕвезда Тоше Проески на 16 јуни, на Градскиот стадион во
Скопје, одржа незаборавен и спектакуларен концерт. Режисер на концертот беше
Дејан Миличевиќ, кој се погржи за атрактивен старт на солистичкото шоу на
Проески. Специјална гостинка на вечерта беше белградската етномузичарка Биља
Крстиќ, која заедно со Тоше ја исполнија антологиската "Јовано, Јованке".
Овој дует беше искористен како најава за новиот етно албум на Тоше Проески,
кој се очекува да излезе наскоро. За осветлувањето, озвучувањето и сцената
се погрижија организаторите "Final cut" и "Award production". |
|
| |
|
|
| |
МЕЃУНАРОДЕН СТУДЕНТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ
Во организација на Академското културно-уметничко друштво "Мирче Ацев"
секоја година се одржува Меѓународниот студентски фолклорен фестивал во
почетокот на јули (3-8 јули).
Последниве 15 години овој фестивал се одржува секоја година, инаку датира од
1967 година, почнувајќи како Фестивал на солидарноста преку кој студентите
на скопскиот Универзитет сакаа да им се заблагодарат на сите земји кои се
вклучија во изградбата на нашиот град по катастрофалниот земјотрес во 1963
година. Фестивалот почнува на 4 јули со свечено дефиле во центарот на Скопје,
на плоштадот Македонија се развиваат ора на сите учесници, а официјално
стартува на платото кај Камениот мост со ревијален настап на учесниците.
Годинава Фестивалот ќе го прогласи за отворен градоначалникот на Скопје,
господинот Трифун Костовски.
На 6 јули ќе се одржи концерт во Општина Карпош на платото покрај реката
Лепенец, а на 7 јули Фестивалот ќе заврши со свечен концерт во Домот на
Армијата во Скопје.
На 27. МСФФ годинава ќе учествуваат ансамбли од Македонија, Литванија,
Турција, Србија, Русија, Бугарија и Израел. |
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
| |
|
|
|
|
ВЕСТИ
| |
МИЛОВАНОВИЌ - СВРТЕВМЕ НОВ ЛИСТ, РАБОТИТЕ ТРГНАА НА ПОДОБРО
„Свртевме нов лист, работите се тргнати во подобра насока, сите сфаќаат
дека ни е потребна мирна и фер кампања“, изјави американската амбасадорка
во Македонија Џилиен Миловановиќ
Амбасадорката, како што јави дописникот на Макфакс, изјавата ја даде по
вчерашната средба со лидерите на ДПА и ДУИ во Тетово.
Изразувајќи задоволство од тоа што нема нови инциденти од минатата сабота,
Миловановиќ, им порача на челниците на албанските партии, „да продолжат со
спроведување на контролата на членството, и да се осигураат дека ќе нема
нови инциденти од сега па до денот на изборите“.
Лидерот на ДПА, Џафери, кој не сакаше да ги коментира пораките што им ги
пренесе американската амбасадорка, вчера повторно се осврна на инцидентот
во Рашче:
„Врвот на ДПА беше на митингот во Рашче, а во групата која ги предизвика
инцидентите имаше припадници на Алфите“, изјави Џафери, кој додаде дека
„запленетото оружје ќе го предадат само во присуство на меѓународни
претставници“.
Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, пак, во врска со инцидентот кај
Рашче, синоќа соопшти дека партијата очекува „надлежните институции да си
ја завршат истрагата“.
Американската амбасадорка за само една недела најмалку два пати се сретна
со лидерите на главните партии на македонските Албанци. Минатиот петок во
амбасадата на САД Ахмети и Џафери беа повикани на состанок во врска со
изборните инциденти, по што беше издадена декларација во која се
повикуваат симпатизерите и активистите на партиите да се воздржат од
инцидентите. |
|
| |
|
|
|