Copyright © 2009 Македонско сонце
најгоре >>>
НЕПОБЕДЛИВИОТ
МАКЕДОНСКИ КРАЛ  >>>
THE UNCONQUERABLE
MACEDONIAN EMPEROR   >>>
HIGHEST AMERICAN MEDAL -
ELLIS ISLAND FOR THE MOST
SUCCESSFUL MACEDONIAN
GEORGIA - GEORGE
ATANASOSKI, OWNER OF
MICROFLEX INC., USA     >>>
НАЈВИСОКОТО АМЕРИКАНСКО
ОДЛИКУВАЊЕ - ЕЛИС АЈЛЕНД
ЗА НАЈУСПЕШНИОТ
МАКЕДОНЕЦ ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ
АТАНАСОСКИ, СОПСТВЕНИК НА
MIRCOFLEX INC., САД    >>>
КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО НА ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ И ЈЗУ КЛИНИКА ЗА ТРАУМАТОЛОГИЈА

Во амфитеатарот на хирургија свикуваме прес конференција во врска со нашите понатамошни чекори а и како одговор на игнорантниот однос на Министерот за здравство и Премиерот на Владата на РМ.
Напомнуваме дека од денеска во координативното тело влегуваат и колеги од кл. за трауматологија и нашиот настап понатаму ќе биде заеднички.
Ве информираме дека се уште немаме никаков одговор на барањето за средба со Министерот и Премиерот, како ни писмен одговор на нашите барања кои беа прифатени од министерот, за измени на донесената одлука.
Немаме ниту одговор на нашата жалба поднесена до Владата во врска со формирање на новата установа и сведувањето на нашите клиники на одделенија.
Во меѓувреме нашите архиви се запечатени, печатите ни се одземени, почната е и прераспределба на вработените во администрација, разрешени се вд директорите на споменатите клиники. Ваквиот однос ги иритира сите вработени на нашите клиники, како и пошироката јавност.
Нашиот следен чекор е поднесување на иницијатива до Уставниот суд на РМ, бидејќи одлуката на Владата се коси со законот за здравствена заштита и законот за установи.
Повторно ја нагласуваме нашата кооперативност и посветеност на струката, на што се уште немаме одговор за средба со Министерот и Премиерот.


КАКВА ХРАНА КОНСУМИРА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ?

Каква храна најчесто консумира македонското население, ќе се знае за три месеци кога ќе заврши тримесечното истражување на Министерството за здравство, што ќе се спроведе врз 9.000 домаќинства низ земјава. Ова национално истражување треба да ги утврди навиките на исхрана на населението, со што ќе се утврди степенот на раст и развој кај децата помали од пет години и кај жените од 15 до 49 години.
Според министерот за здравство, Бујар Османи, целта на ова истражување е да се процени степенот на анемијата кај децата до петгодишна возраст и кај жените во периодот на репродуктивното здравје.
Министерот смета дека истовремено ќе се создадат и предуслови за збогатување на брашното во земјата како еден од основните прехранбени продукти.
Со истражувањето предвидено е лекарските тимови составени од еден доктор и еден лаборант да ги посетуваат домовите.



ОСМАНИ: ОРТОПЕДИТЕ МОРА ДА ИЗГРАДАТ СТАВ ВО РАМКИ НА ВЛАДИНАТА ОДЛУКА

Според министерот за здравство, Бујар Османи, ортопедите мора да изградат став во рамки на владината одлука за формирање нова јавна здравствена установа наместо постојано да излегуваат во јавноста и да изнесуваат уцени.
"Не сметам дека тоа е дијалог или водење какви било преговори. Тоа е барање едната страна да се задоволи без да има предвид што велат Законот, Одлуката на Владата и другата страна", рече министерот Османи.
Османи уште еднаш нагласи дека е конструктивен од самиот почеток и дека има волја да се сретне и да разговара со кој било во секое време доколку се работи за нешто што би придонело за подобрување на здравството.
Според него, незаконско е барањето на лекарите - ортопеди нивната Клиника да биде посебно евидентирана во Централниот регистар.
Владата веќе донесе Одлука и со неа, потсети министерот, се гарантира самостојноста на дејноста ортопедија.
Тој повтори дека новата клиника се формира со цел да им се помогне на пациентите.


КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ ХОТЕЛОТ "КОНТИНЕНТАЛ"

Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Јавното обвинителство ќе покрене кривична постапка против хотелот "Континентал" во Скопје како правно лице, бидејќи е потврдено дека седумте кошаркарки добиле труење со храна што ја консумирале во хотелот. Како што информираат од Министерството за здравство, епидемиолошките истражувања покажале дека сите лица со симптоми на акутно труење, односно стафилококно труење, консумирале ист вид на храна подготвена во кујната на објектот и во исто време.
Можна причина за појава на инфекцијата е начинот на послужување на храната - шведска маса, при што таа подолго стоела на собна температура во објектот.
Инспекторите информираат дека од микробиолошката анализа на 15 брисеви кај 12 биле пронајдени патогени бактерии, а од вкупно земени седум мостри на храна кај пет било утврдено присуство на патогени бактерии. Не се најдени патогени бактерии само кај брисевите од грло и нос кај вработените, а вонредните здравствено-хигиенски прегледи на вработените во кујната се со негативни резултати за сите лица. Од Министерството информираат дека здравствената состојба на затруените лица е стабилизирана.


РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ВАСИЛЕВО

За реконструкција на Здравствениот дом во Василево, што со одлука на Владата го доби општината на користење минатата година, локалната самоуправа досега обезбеди околу 600 илјади денари.
Меѓутоа, за целосно реновирање на објектот, биле потребни околу пет милиони денари, што ќе бидат обезбедени главно од спонзори и донации.
Општинската администрација ја изготви техничката документација, односно основниот проект за реконструкција на објектот, со кој се прецизираат активностите што треба да бидат преземени и средствата за реализација на проектот. Со проектната документација се предвидува промена на целокупната столарија, обновување на подовите и таваните, поставување плоча над приземјето, обновување на фасадата и внатрешеноста, поставување изолација, олуци, громобранска инсталација, интервенции во електриката и санитарните јазли.