|
ФОТО ГАЛЕРИЈА Прес на Македонска Алијанса - најава за настап на Парламентарните избори 2002
Протест пред Бугарската амбасада
Промоција на Македонска национална коалиција - настап на Парламентарните избори 1998 година
Одбележување на 2321 година од смртта на Александар III Македонски - 1998 година
Промоција на Македонската алијанса во 1996 година
Претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со гувернерот на Флорида, господинот Џеб Буш, помалиот брат на претседателот на САД, господинот Џорџ Буш
Средба на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со Амбасадорот на САД во Македонија, господинот Лоренс Батлер, во Детроит, САД
Господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски со Г.Г. Михаил
Одбележување на петгодишнината од постоењето на неделникот "Македонско сонце" - 1998 година |
13/09/2004 Соопштение
за печатот и електронските медиуми
Конвенција на Македонска алијанса и Македонска народна партија во Скопје ВРЕМЕ Е ЗА "КОАЛИЦИЈАТА НА СОНЦЕТО" Н ема разлика во владеењето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Но, на гласачите сега им се наметнува една опасна црно-бела ситуација во стилот "Ако не гласате за ДПМНЕ, треба да гласате за СДСМ". Сакам да знае народот дека не е си црно и не е си бело. Има и црвено, има и нешто трето. Ние ќе се грижиме за Македонците од Егејска и Пиринска Македонија, од Мала Преспа и за Македонците од целиот свет и ќе работиме за нивно единство. Мора да ги искористиме сите капацитети на Македонците ако сакаме да ја изградиме нашата држава и ако сакаме Македонија да успее во светот, истакна претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски кој е и носител на листата во Изборната единица број 4 на Конвенцијата на која беа претставени кандидатите за пратеници во македонскиот Парламент на "Коалицијата на сонцето" во чии рамки се Македонска алијанса и Македонска народна партија. "На Македонска алијанса и на Македонска народна партија во прв план им е народот и неговата иднина", Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски "Нашите кандидати се ценети, чесни, одговорни луѓе, и пред си патриоти" - Спиро Христов " Македонците да имаат подобра иднина" - Владимир СтефановскиВо своето излагање на Конвенцијата, Атанасоски ги потенцираше грешките што ги направија претходните влади, притоа потсетувајќи на катастрофалната грешка со срамниот и крајно штетен Рамковен договор. Ако ние се здобиеме со вашата доверба, ќе го поставиме на дневен ред прашањето за Рамковниот договор, ќе го промениме Уставот на демократски начин, а тоа ќе биде можно доколку имаме повеќе чесни Македонци во Парламентот, упати апел до избирачите Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. На Македонска алијанса и на Македонска народна партија во прв план им е народот и неговата иднина. Пред си гледаме на неговата безбедност. Треба да се создаде правна држава, како што се САД, ако сакаме да успееме во светот, истакна претседателот на Македонска алијанса. Тој исто така укажа на социјалната беда, на незавидната положба на пензионерите, на нивното здравствено осигурување кое според Атанасоски треба да биде бесплатно. Во поглед на образованието овие две партии, исто така, ќе се залагаат за бесплатно школство. Не смееме да ги испраќаме нашите деца во Бугарија за да се образуваат и да се стекнуваат со туѓи идеи, туку треба да останат во нашата држава во која мора да создадеме добри услови за образование, потенцираше Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. Покрај овие многу важни сегменти во животот, сепак економијата е таа која е најважна за Македонија, додаде Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. Иднината за Македонија се Македонска алијанса и Македонска народна партија. Ќе направиме промени во стопанството, сточарството, индустријата. Сето тоа е можно со еден солиден државен план. Потребен е банкарски систем за земање кредити. Со промена на банкарскиот систем ќе се создадат услови за перспектива. Нам ни е потребен план за тоа колку ни е потребно да произведуваме. Ако можеме сами да се прехраниме, не ни е потребно од надвор да се увезува. Досега во македонското стопанство се работеше без никаков план. Мораме да имаме комбинирана политика за да успее нашата економија. Македонска алијанса и Македонска народна партија се подготвени за претстојните парламентарни избори во пет изборни единици. Единствено во шестката не сакавме да го расцепкуваме македонското гласачко тело каде сметаме дека треба да има заедничка листа од сите македонски партии за да се постигнат резултати, беше дециден претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. Претседателот на Македонска народна партија и носител на листата во изборната единица број 1, Владимир Стефановски, потенцираше дека се кандидирале на изборите не поради лични интереси, туку за да & се помогне на Македонија. Притоа тој алудираше на лошата безбедносна состојба и на социјалната катастрофа во Македонија. Нашата Коалиција има за цел да предложи чесни и умни луѓе кои можат да ја водат државата. Ние сме свесни дека без добро организирани безбедносни структури нема просперитет. Нема странски инвестиции си додека шетаат терористи. Во Македонија ќе нема странски капитал си додека има војна. Затоа нашата основна цел е пресметката со терористите како што тоа го прават западните земји. Ние нема на народот да му понудиме милијарди долари, нема да го лажеме, туку ќе му укажеме дека со сето наше знаење ќе се бориме за да имаме подобар живот. Македонците да имаат подобра иднина. Токму од тие причини се кандидиравме на претстојните парламентарни избори, вели Владимир Стефановски. Нашите луѓе не се алчни по фотелји, туку се признати и истакнати во својата средина. Затоа на овие избори граѓаните треба да искажат доверба во нашата Коалиција за нивните деца да имаат подобра иднина која ние ќе им ја обезбедиме, апелираше претседателот на Македонска народна партија. Шефот на Изборниот штаб на Коалицијата на Македонска алијанса и Македонска народна партија, Спиро Христов, под мотото на Коалицијата "За доброто на Македонија, со народот, со вистината, со сонцето", ги промовираше кандидатите кои ќе ја претставуваат Коалицијата на четвртите парламентарни избори. Нашите кандидати ги биравме зрно по зрно, дијамант по дијамант. Сите тие се ценети, чесни, одговорни луѓе, патриоти на кои не им се важни личните интереси и кои не се продаваат за пари, потенцираше Христов. Покрај споменатите лидери кои се носители во четворката и единицата, во Изборната единица број 2 носител на листа е д-р Љупчо Ивановски, стоматолог од Скопје, во Изборната единица број 3 носител на листа е Митко Димитровски, приватен стопанственик од Велес, и во петката носител на листа е Драган Петровски, адвокат од Битола. Партиите Македонска алијанса и Македонска народна партија, останувајќи доследни на ставот дека во Изборната единица број 6 македонските партии треба да излезат со заедничка листа за да не се дели македонското гласачко тело во тој регион со што постои опасност таму да не се избере ниту еден кандидат Македонец, во оваа Изборна единица не предложија своја листа на кандидати.
Дванаесет години независност во неизвесност на Република Македонија, две политички партии и коалиции кои беа на власт, држава пред пропаст - тоа е Република Македонија во предизборието на 2002 година. Во народот владее растројство и безнадежност, апатија и бесперспективност. Македонија и македонскиот народ не го заслужуваат тоа, потенцираше Драги Стојкоски, претседател на светската организација "Обединети Македонци" од Торонто, Канада, и додаде дека Коалицијата на Македонска алијанса и Македонска народна партија на чија листа е тој, ќе ја прероди Македонија во безбедна и економски напредна балканска убавица. Претставени носителите на листи на Македонска алијанса и Македонска народна партија
Коалиција со народот Го повикувам македонскиот народ да погледне што Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, Македонска алијанса и Македонска народна партија му нудат на овој народ, а потоа самите да одлучат дали ние сме вистинските лидери за кои треба да гласаат на претстојните парламентарни избори и кои ќе ги застапуваат националните, културните и други интереси на македонскиот народ, потенцираше Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, лидер на Македонска алијанса на прес-конференцијата што се одржа на 29 јули во "Холидеј Ин" во Скопје. Сакам македонскиот народ да го информирам дека Македонска алијанса и Македонска народна партија се подготвени за претстојните избори, дека ќе учествуваме во петте изборни единици. За жал, во шестата изборна единица не се најде заеднички јазик да излеземе со заедничка листа со другите партии на кои личните интереси им се поважни од иднината на Македонија, дециден е во своето излагање лидерот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. УШТЕ ИМА ЧЕСНИ ЛУЃЕ На нашите листи ќе се најдат чесни, способни, некорумпирани, неизвалкани личности. Такви луѓе се најдени и тие се на нашите листи. Ние веќе ги подготвивме листите кои деновиве ќе бидат предадени до регионалните и до Државната изборна комисија, информираше потпретседателот на Македонска алијанса, Спиро Христов. Со тоа ќе се озваничи и нашиот настап на парламентарните избори 2002 година. С# уште во Македонија има добри луѓе кои за овие дванаесет години не се продадоа и тие се кандидати од нашата коалиција за изборите. Како што беше истакнато, во Изборната единица број еден носител на листата е Владимир Стефановски, претседател на Македонска народна партија, а носител во Изборната единица четири е Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, претседател на Македонска алијанса. Одлуката на Македонска алијанса и на Македонска народна партија е да не поднесуваат кандидатска листа во Изборната единица број шест, бидејќи не сакаат да учествуваат во делбата на гласачкото тело на Македонците во тој регион. Сега засега нема листа на партија во оваа Изборна единица која Коалицијата би ја поддржала. Во преостанатите изборни единици двете партии ќе учествуваат со полни листи. На овие листи се истакнати луѓе со висок морал и свест, ценети во својата средина. Со ова ќе ја разбиеме црно-белата слика од изминативе 12 години, истакна потпретседателот на Македонска алијанса, Спиро Христов. Нашата патриотска Коалиција има да му понуди нешто ново на нашиот народ, а тоа се чесни луѓе, некомпромитирани, кои треба македонскиот народ да го извадат од бесперспективноста во којашто се наоѓаме, истакна во своето излагање претседателот на Македонска народна партија, Владимир Стефановски. За овие дванаесет години ние сме сведоци дека партиите кои беа на власт не ги штитеа интересите на македонскиот народ. Се надевам дека на овие избори македонскиот народ ќе ги избере вистинските луѓе кои нудат перспектива, а не безизлезност. НЕМА КОАЛИЦИРАЊЕ СО САТЕЛИТИ Господинот Спиро Христов, потпретседател на Македонска алијанса и шеф на изборниот штаб, истакна дека досега имале контакт со уште седум - осум партии, но заклучиле дека станува збор за сателити на првата и втората голема партија и такви коалициони партии воопшто не им се потребни. На новинарското прашање за програмата на партијата, потпретседателот на Македонска алијанса прокоментира дека кампањата и програмите на другите партии се стереотипни. Притоа тој ги потенцираше политичките и економските цели за кои ќе се залагаат коалиционите партнери, а како прва точка го истакна сочувувањето на суверенитетот, интегритетот и унитарниот карактер на Република Македонија. На новинарското прашање во врска со тоа колку пратенички места очекуваат на изборите, потпретседателот на Македонска алијанса, Спиро Христов, одговори: Според досегашните анкети, околу 60 отсто од гласачкото тело се неопределени, што ни дава надеж за претстојните избори. Претседателот на Обединетите Македонци од Торонто, господинот Драги Стојковски, кој е државјанин на Република Македонија, исто така ќе биде на листата на Македонска алијанса и Македонска народна партија. Оваа Коалиција очекува многу од инвестирањето на нашите луѓе од дијаспората. Коалицијата на Македонска алијанса и Македонска народна партија нема да има стереотипна кампања како преостанатите партии со одржување на митинзи и слично. Нивниот начин на приближување до гласачите е преку електронско медиумско презентирање. На народот му е смачено од такви кампањи и мерење на рејтингот преку анкетите. Ако постигне успех на изборите, оваа Коалиција за релативно кратко време ќе ја извади Македонија од дното и ќе ја насочи напред кон подобра иднина.
Еден сум од основачите на Лигата за демократија, но некои партиски превирања ме наведоа да ја напуштам Лигата. Доаѓањето на кариеристите во раководството на оваа партија, оставката на Марјановиќ и коалицирањето со шест немакедонски партии, ме наведоа да се откажам од оваа Партија и целокупната доверба да му ја дадам на господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски и неговата Партија, вели Среќко Арсовски, советник на Советот на град Куманово од Лигата за демократија, кој со оваа изјава стана советник од Македонска алијанса и кандидат на оваа Партија од Изборната единица број два. Промовирана коалицијата меѓу Македонска алијанса и Македонска народна партија
ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ОД НАРОДОТ ЗА НАШАТА КОАЛИЦИЈА
В о Македонија денес можеме да видиме многу политички партии кои тврдат дека сакаат да направат нешто за иднината на нашата земја. Но, дојдовме до заклучок дека постојат само две партии кои навистина ги штитат македонските национални интереси, а тоа се Македонска алијанса и Македонска народна партија, истакна Ѓоргија - Џорџ Атанасоски, лидер на Македонска алијанса на промоцијата на коалицијата со Македонска народна партија.Атанасоски вели дека направиле едно чесно партнерство за соработка кое нуди нова варијанта за македонските гласачи, нова идеја, нова визија. Ние ќе бидеме оние македонски партии коишто навистина на Република Македонија ќе & понудат подобра иднина. На Македонија & е потребна нова светлина која навистина ќе овозможи македонскиот народ да ја врати самодовербата и надежта за живот. Македонска алијанса и Македонска народна партија ќе се погрижат за сите Македонци и за малцинствата коишто живеат во земјава. Ќе бараме на сите малцинства да им се дадат сите права што се пропишани со меѓународните закони. Но, најнапред потребно е да направиме една силна економска програма која ќе биде поддржана со одредени предуслови. За Македонија и за поширокиот регион неопходно е да имаме стабилност и мир. Ние ќе се потрудиме да направиме стабилна економска држава која нешто ќе значи на овие простори и таа ќе биде урнек за другите држави на Балканот, потенцира лидерот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. Ќе градиме унитарна самостојна и независна Македонија. Во неа Македонците сами треба да си ги градат стратешките национални и државни интереси. Во оваа држава ќе мора да се направат такви закони кои би биле еднакви за сите граѓани на РМ. Со почитувањето на законите ќе можеме да изградиме една правна демократска држава, образложи во своето излагање Атанасоски. Тој вели дека таквата слика ние денес ја немаме поради големиот криминал што можеме да го забележиме во државните институции и во врвовите на политичките партии што сега владеат со Македонија. Двете партии што влегоа во коалиција ќе се борат против криминалот, а целиот македонски народ на следните парламентарни избори ќе треба да процени кои се вистинските лидери што Македонија ќе ја водат во наредните четири години. ДУХОТ Е ЗАГУБЕН Ако ја вратиме сликата наназад во последниве десет до дванесет години ние не гледаме некој напредок. СДСМ додека беше на власт, цели шест години не направи ништо за граѓаните. Додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери ја уништија Македонија, сметаат двајцата лидери. Духот на македонскиот народ е загубен, енергично коментира господинот Атанасоски, лидер на Македонска алијанса. Тој дух мораме да го поткренеме и да одиме напред. Ние Македонците мораме самите да се избориме да направиме силна економија која ќе ја наследат нашите деца. Треба да направиме држава со којашто нашите идни поколенија навистина ќе се радуваат. Меѓутоа, една држава за да биде цврста мора сериозно да гради услови за развој на економијата. Јас како бизнисмен, интернационален бизнисмен, како Македонец со потекло од Прилеп, сум бил во повеќе земји во светот. Соработувам со најголемите компании во светот така што во Македонија можам да ги доведам најголемите странски инвеститори. Но, пред сe Македонија треба да зацрта такви закони кои ќе овозможат поволни услови за странски инвестиции, потенцира Атанасоски. Тој на ова поле смета дека најмногу можат да придонесат нашите иселеници. Затоа коалиционите партнери, Македонска алијанса и Македонска народна партија, ќе се грижат и за нашите иселеници во странство. Ќе им овозможат најповолни услови да се вратат во Македонија и да инвестираат во фабрики. Тоа е голем потенцијал кој не е искористен во овие последни десет до дванаесет години. Во однос на прашањето за Рамковниот договор, Атанасоски смета дека Македонија треба да направи сериозна ревизија на Договорот. Треба да се преиспита сe што во последниве месеци како законска регулатива произлезе од тој Документ. Сe она што не е добро за Македонија, за македонскиот народ, треба да се промени во Парламентот со мнозинство гласови. На Македонија & се потребни три работи. Прво, треба да се направи програма со која Македонците сами ќе можат да се прехранат. Ние имаме доволно капацитети и стопански објетки кои можат да произведат храна за нашите потреби. Не треба да чекаме од странство да увезуваме прехранбени производи. Второ, Македонија има потенцијал, има ум. Никој однадвор не треба да дојде и да ни режира како треба да работиме. Тој интелектуален ум треба да се употреби. Таквите личности треба да се постават на соодветни работни места за да & помогнат на Македонија. Ние ќе го искористиме секој потенцијал, без разлика каде припаѓа и ќе го вклучиме да работи за Македонија. Ние сме отворени за соработка и со други политички партии ако пред с# Македонија ја гледаат како нивна татковина. Но, за жал, сега не гледам такви партии или лидери, укажува Атанасоски Покрај економската цел, коалиционите партнери велат дека во Македонија има терористи. За нив ќе нема место во Македонија. Тие не ќе можат да го тероризираат македонскиот народ. ИЗГОРЕНИ Овие две партии ги поврзува шеснаесетзрачното сонце како национален симбол на македонскиот народ. Двете партии се демократски и се национално определени, истакна Владимир Стефановски, лидер на Македонска народна партија. Ние не се срамиме да кажеме дека сме десно ориентирани партии. Кај нас сите станаа граѓански партии и сите бегаат од десницата. Во албанскиот блок имаме чисто десни партии кои во ниту една точка не се граѓански партии и тие се водат од нивните национални интереси. Во македонскиот блок на партии немаат ниту еден политички субјкет што ги брани интересите на македонскиот народ. Затоа нашите две партии ќе бидат тие што ќе ги штитат интересите на македонскиот народ, во сопствената држава. Од овие причини се здруживме и ќе предложиме чесни кандидати за пратеници. Во нашите редови ќе нема криминалци какви што сега ги има во власта. Со чесни луѓе ќе ја бараме довербата кај народот, потенцира Стефановски. На новинарското прашање за улогата на македонскиот иселеник од САД, Нестор Огинар, потпретседателот на Македонска алијанса и шеф на изборниот штаб, Спиро Христов, прокоментира дека тој гледа голема разлика меѓу него и господинот Атанасоски. Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски од 1992/93 година постојано е присутен во РМ. Тој е основач на "Македонско сонце", а преку својата компанија во Македонија "МАК АМ", во Прилеп има изградено неколку објекти. На два пати се приклучи во трката за кандидат за претседател на РМ. И тој како претседател на политичка партија повеќе е тука отколку што е надвор. Во странство е само затоа што има бизнис кој е раширен низ целиот свет. Нестор Огинар, кој лично го познавам, во годината доаѓа на два три дена во Македонија и крева малку прашина со неговиот каубојски стил. Мисли дека ќе го збуни гласачкото тело и сите како овци ќе тргнат по него. Овој пат македонскиот народ кој е изгорен од млекото, дури изгорен и од маштеницата, ќе дува и на сирењето. Добро ќе размисли за кого ќе гласа, коментираше Спиро Христов. На истото прашање, Атанасоски подвлече дека со Нестор Огинар некогаш биле добри пријатели и пак се пријатели, но не како порано затоа што во 1998 година, пред изборите, Огинар лесно се продал на партијата ВМРО-ДПМНЕ која му понудила да биде амбасадор во САД, поточно во ООН. Ние претходно имавме голема соработка, бидејќи тогаш правевме нешто добро за Македонија. Тој беше вклучен во процесот, но за жал некои лидери и личности си ги продаваат своите идеали за да дојдат до некоја фотелја. За жал, во Македонија има многу такви луѓе. Јас градам единство не само тука во Македонија, туку и во Северна Америка. Бев на неколку состаноци во Детроид, во Чикаго, Њу Џерси каде ние Македонците започнуваме да се обединуваме. Тој процес треба и натаму да продолжи. Мостот мора да го изградиме меѓу Македонците што се тука и надвор. Тие се голем потенцијал за иднината на Македонија, вели Атанасоски. Ако некој навистина нешто може да направи за граѓаните на РМ, нека докаже. Ние не треба да одиме против ниеден Македонец. Јас никогаш нема да заземам став со кој ќе работам против некој Македонец. Можам да работам само против оние што ја предаваат Македонија. Вие знаете кои се, тие се сите оние што досега беа во удобните фотелји во Парламентот. Тие сите се предавници, истакна лидерот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски. С О О П Ш Т Е Н И Е Македонска алијанса со изненадување, вчудовидување и згрозување ја прими веста за најновото велепредавство во највисокото раководство на Македонската православна црква и тоа во самиот Свет Синод, извршено од ненародниот антимакедонски владика Јован. Неговите континуирани немакедонски настапи во последните неколку години во Пелагониско-битолската, па во Штипската и сега во Велешката епархија низ кои постојано ја искажуваше својата приврзаност кон Српската и Грчката православна црква, а секогаш против самостојноста на Македонската православна црква, кулминираше деновиве со неговата самостојна одлука Велешката епархија да ја приклучи кон Српската црква и тоа заедно со црквите, манастирите кои се во неа и заедно со сите верници кои живеат во неа, како црквите и манастирите да се негова лична сопственост, а верниците негови лични робови. Или овој залутан, (или уфрлен од душманите) владика е медицински сосема ненормален или пак е толку многу платен и поткупен од душманските соседни цркви за да го прави сето ова. Или пак, за жал, вистината е дека е и едното и другото. Дали овој српско-грчки шпион си ја продаде душата на ѓаволот уште при неговото учење низ манастирите на Света Гора, или тоа го стори откако стана владика во МПЦ по заслуга на неговиот патрон, владиката Петар. Затоа, Македонска алијанса се обраќа до Поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан, и до целиот состав на Светиот Архијерејски Синод под итно да превземат енергични мерки и тоа лажниот владика Јован веднаш да биде расчинет и протеран не само од велешката епархија, туку и од Македонската православна црква. Доколку тоа не биде сторено од Ваша страна, тогаш Македонска алијанска ќе го собере и ќе го организира македонскиот народ не само од Македонија, туку и од целиот свет и не само што ќе го расчиниме и протераме од МПЦ ова ѓубре од човек, туку тоа ќе им се случи и на сите оние владици кои го поддржуваат, па и на самиот сегашен Поглавар Стефан доколку сега под итно не ги превземе овие неопходни мерки. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 24.6. 2002 година С К О П Ј Е ДО МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Македонска алијанса остро протестира по повод предлогот на Владата на Р. Македонија до македонскиот Парламент, со измените и дополнувањата на Законот за патни исправи, да се донесат два вида двојазични патни исправи. Овој катастрофален предлог произлезен од врховистичко-балистичката кујна на двоецот Георгиевски - Џафери е уште еден обид, во серијата до сега, со кој се сака да се постигне федерализација и уништување на Р. Македонија, бидејќи веќе на сите им е јасно дека постоењето на нашата држава им пречи на многумина. Згрозени сме од упорноста на премиерот Георгиевски да се оди по секоја цена на редица потези со кои се растура државата, па дури и во очи на претстојните парламентарни избори кои очигледно ќе ги изгуби. Дали тоа го прави од незнаење, или некој така го советува?! Дали тоа му беше крајната скриена цел којашто народот не знаеше да ја види на минатите парламентарни избори, бидејќи на нив сосема друго зборуваше и ветуваше, па сега на крајот од неговиот мандат тоа веќе не може или не сака да го сокрие?! Во долгата и богата историја на македонскиот народ забележани се безброј примери на предавства од секаков вид, но ова велепредавство на националните македонски интереси направено од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски, ниту го имало ниту уште еднаш кога и да е ќе го има. Предавство од најгнасен и највисок вид што Македонија го памети. Предавство коешто веќе сите го забележаа и кое ќе биде сурово казнето токму од истите што го избраа - од сопствениот народ којшто вакви работи не простува. И уште еднаш апелираме до сите чесни Македонци во ВМРО-ДПМНЕ (кои за среќа сe уште ги има) и посебно до сите нивни пратеници барем еднаш, макар и на крајот на својот мандат, да покажат доблест и патриотизам, да сторат напор и ова велепредавство да го спречат по секоја цена. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 20.6. 2002 година С К О П Ј Е Македонска алијанса преку својата Комисија за испитување на потеклото на имотот, спречување на митото, корупцијата и криминалот присутен во Република Македонија (и тоа најмногу кај сегашната власт и актуелните функционери) изврши широки истражувања коишто и ги соопштува на македонската јавност, и тоа: 1. Сегашната власт во Република Македонија е една од најкорумпираните и најкриминалните во светот. 2. Јавното мислење во Република Македонија едногласно ги осудува овие појави коишто веќе добија преголеми размери. 3. Народот во Република Македонија е подготвен масовно да излезе на наредните парламентарни избори и еднаш засекогаш да ги симне од власт денешните корумпирани предавнички владини структури. 4. На наредните парламентарни избори народот на Република Македонија за свои водачи ќе избере пред сe чесни луѓе, вистински македонски патриоти. 5. Од новата вистинска македонска власт која ќе дојде на наредните парламентарни избори, народот во Република Македонија очекува по кратка постапка да ги уапси и пикне во затвор денешните владејачки криминогени структури и тоа на подолг престој. 6. Поради сегашната масовност на криминалот и нејзините многубројни носители коишто сега се на власт и кои од есен ќе бидат во затвор, а имајќи ги предвид сегашните мали затворски капацитети во Република Македонија, Македонска алијанса преку своите комисии направи опсежно истражување и констатира дека во Република Македонија постојат многубројни напуштени капацитети (поранешни касарни, училишта, задружни домови) кои се сe уште во добра состојба и со мала адаптација би биле одлични затворски капацитети. Затоа, господа од власта, бидете раат. Вашите големи апетити за нови згради и капацитети наесен ќе бидат задоволени. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 18.6. 2002 година С К О П Ј Е По повод последните провокации на албанските терористичко-екстремистички групации, искажани на таканаречените прослави на "годишнината од почетокот на сеалбанското народно востание" во македонските села Слупчане и Матејче, и провокативното однесување на т.н. албански партии формирани или во формирање во Република Македонија, со величење на симболите на друга држава на македонска територија, Македонската алијанса се обраќа до целокупната македонска јавност, со барање масовно да ги осуди ваквите појави на ширење на меѓуетничка нетрпеливост (кои што треба и по закон да бидат санкционирани од македонската држава! А зошто не се? Веќе на сите им е познато велепредавството на актуелната власт, т.е "историскиот договор" (купопродажен), на тандемот Љубчо - Џафери. А, посебно Македонската алијанса се обраќа до чесните македонски Албанци, лојални на Република Македонија (кои сe уште за среќа ги има) и нивните политички партии, остро да реагираат, енергично да ги осудат ваквите екстремистички појави на своите сонародници и да ја искажат својата недвосмислена припадност на оваа држава. Но, се обраќаме и до сите оние албански екстремисти на кои што им е малку, сe она што на нелегален и нелегитимен начин, со пукање кон "својата држава" досега го оствариле и кои што сметаат дека и натаму можат да продолжат со понижување на македонскиот народ и македонската држава: -Дека ОВАА ПРИКАЗНА СЕ УШТЕ НЕ Е ЗАВРШЕНА. -Дека не може во Македонија со векови да владее оваа ненародна предавничка власт. Таа наесен си заминува засекогаш. -Дека по новите парламентарни избори, конечно во Македонија на власт ќе дојдат вистински македонски патриоти, кои ќе знаат да си ја заштитат и одбранат својата татковина, а со вас ќе расчистат еднаш засекогаш. Затоа "господо" т.н. албански борци за слобода, кои во суштина сте обични криминални платеници, заминувајте со време од окупираната македонска земја дури имате време да спасите глава затоа што по есенските парламентарни избори, во Македонија за вас место нема да има. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 10.6. 2002 година С К О П Ј Е ОТВОРЕНО ПИСМО ДО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГОСПОДО ВЛАДИЦИ, дали сте свесни кон што ја водите нашата Македонска православна црква? Дали тоа несвесно го правите (досега никој не се посомневал во вашето ментално здравје), или пак тоа свесно го правите, но претходно продавајќи си ја вашата душа на душманите на Македонската православна црква т.е. на самиот ѓавол. Објаснувањата кои стасуваат дека привременото губење на автокефалноста (самостојноста) на МПЦ и враќањето кон автономија, би била само чекор назад за да се појде два чекори напред кон конечна самостојност, се лаги на владиците Петар, Наум, Тимотеј и Јован под покровителство на Поглаварот Стефан (за кого сите знаеме дека беше неканонски избран со притисоци и фалсификати). Тие лаги, за среќа, навреме беа откриени и од македонскиот народ, но и од владиците Кирил и Агатангел (фала му на Бога што имаме и такви) кои заеднички и многу гласно ги искажаа своите несогласувања со ставовите (лагите) на просрпските владици Петар (кој скоро успеа да ја уништи и Австралиско-новозеландската епархија) и заблудениот Тимотеј, како и на си погласните гркомански платеници Наум и Јован уфрлени во МПЦ за да го растурат канонскиот сојуз на македонските владици и македонскиот народ кој со години успешно се спротивставуваше на нападите на душманските комшиски (НЕ)православни цркви. Со години не им успеваше намерата да ја уништат МПЦ, си до денешен ден кога на власт во Македонија се наоѓаат немакедонски предавници кои во договор со комшиските непријатели сакаат да ја уништат и МПЦ, но и македонската држава. И бидејќи на македонскиот народ му е преку глава од предавства како во државата, така сега и во Црквата, наскоро ќе мора да расчисти со сите вакви ненародни елементи и конечно да го добие она за што со векови се борел, Вистинска самостојна македонска држава, но и вековита самостојна Македонска православна црква. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски 03.6. 2002 година С К О П Ј Е По повод последните провокации на македонската северна граница од страна на албанските терористички групации од јужната српска покраина Косово, Македонска алијанса остро протестира: - Прво, до меѓународниот фактор присутен на овие простори, како логистички така и воено, за млаката реакција кон провокациите од нивните галеничиња, како со воени инциденти на македонско-југословенската граница на делот со Косово, кој наводно е под нивни протекторат и нивна контрола, така и со односот кон косовскиот Парламент кој и покрај тоа што нема ингеренции воопшто да расправа за меѓународни договори како што е договорот меѓу Македонија и Југославија за одбележување на меѓусебната граница одобрен и верификуван и од меѓународната заедница, па и од Советот за безбедност на Обединетите нации. - Второ, за континуирано некоректниот однос на македонските партии ПДП и ПДПА-НДП во кои членуваат македонски Албанци кои, и покрај тоа што некои македонски партии им го простија и им го амнестираа учеството во терористичките напади врз македонската држава и убиствата на припадниците на македонските безбедносни сили (што Македонска алијанса и македонскиот народ никогаш нема да им го простат), и покрај потпишувањето на велепредавничкиот охридски Рамковен договор, и натаму продолжуваат со својата антидржавна политика со тоа што поддржаа незаконска и нелегитимна резолуција донесена од косовскиот Парламент, а осудена од сите меѓународни организации и целата меѓународна јавност. И со овој чин уште еднаш покажаа дека воопшто не се за соживот со Македонците и другите кои живеат во Република Македонија и дека и натаму се борат за федерализација на македонската територија и држава како преоден чекор до нивната крајна цел - отцепување и создавање "Голема Албанија". СКОПЈЕ 27.05. 2002 год. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА претседател, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКИ ПОТЕЗИ НА НЕМАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ Уште со појавата на конфликтот со албанските терористи, Македонска алијанса побара брза и енергична акција од актуелната власт за заштита на македонската држава и сувереност. Но, од веќе добропознатите велепредавнички потези на носителот на власта ВМРО-ДПМНЕ кој мораше да го отплати долгот од последните претседателски и локални избори, овој конфликт прерасна во поголема проблематична војна во чие решавање мораше да се замеша и меѓународната заедница што доведе до потпишување на срамниот (но само за Македонците) велепредавнички Охридски договор. Последиците од тој Договор ги чувствуваме и денес кога од страна на македонските Албанци почнува да се бара "преку леб погача", т.е и покрај сè што добија, сега бараат и тријазичен пасош (на македонски, англиски и албански јазик), иако знаат дека пасошот е документ преку кој се изразува унитарниот карактер на државата. Македонска алијанса уште еднаш го искажува својот став дека не само што овој предлог не го прифаќаме, туку јасно и гласно повторуваме дека за нас сè што по конфликтот е потпишано и договорено е нелегално и нелегитимно, а тоа значи дека ваквите велепредавнички потези на немакедонските партии не ги признаваме ниту сега, ниту кога и да е и секогаш ќе се залагаме и ќе се бориме против ваквите појави и никогаш нема да се откажеме од борбата за заштита на македонските национални интереси, за заштита на македонската држава и македонскиот народ, вели господинот Спиро Христов, потпретседател на Македонска алијанса. С О О П Ш Т Е Н И Е Македонска Алијанса, застапувајќи ги пред се македонските национални интереси на македонскиот народ, остро протестира по повод последните средби и одлуки кои ги донесуваат т.н. лидери на Македонија за до донесување на некакви суштински закони за мирен развој на македонската држава согласно предавничкиот „Охридски рамковен договор„ со кои одлуки и натаму сакаат да го лажат и да го држат во заблуда македонскиот народ дека работат за доброто на државата и на својот народ. Последните одлуки за воведување на албанскиот јазик како втор официјален јазик во службена употреба во Собранието на Република Македонија, како и скоро во целата администрација, во личните документи па дури и на сообраќајните знаци во суштина значат уште еден но овој пат голем чекор во остварувањето на желбите и целите на албанските терористи и екстремисти за федерализација на македонската држава, отцепување на делови од неа и приклучување кон Косово со крајна цел создавање на Голема Албанија. Претставниците на двете македонски партии кои учествуваа на последните средби,а кои мандат од народот добија во 1998 година, одамна ја изгубија довербата на своите гласачи и немаат повеќе никакво легитимно право и натаму да ја разнебитуваат македонската држава, и затоа Македонска Алијанса бара под итно прекинување и одложување на секакви разговори и преговори до после новите парламентарни избори. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Скопје 13.05.2002год. |