"САМО СОНЦЕТО Е ПОСТАРО ОД МАКЕДОНИЈА" ЃОРЃИЈА - ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

Следејќи го развојот на настаните од осамостојувањето на Република Македонија сé до денес, се прашуваме какви сè манипулации уште ќе ни се сервираат од властите кои во текот на сите изминати 14 години ја кроеја политиката на нашава држава. Почнувајќи од манипулациите со знамето, името, а сега и со уривањето на концептот на Република Македонија од мултиетничка да стане двоетничка држава, се прашуваме какви уште предавства нè очекуваат.

Се покажа дека владината коалиција со тоа што до себе ги стави и во клучните ресурси ги вклучи истите терористи со кои народот војуваше, денес има можност заедно со нив таа да прави и нови територијални решенија (поделби), што е чин на предавство, со прогноза која ветува уништување на Република Македонија и на македонскиот народ. На оваа Влада и го поставуваме прашањето: "Во чија функција таа е ставена, со што е поткупена, штом останува и глува и слепа пред сопствениот народ и сопствената држава? Дали нејзиниот следен чекор ќе биде продавањето на името? Дали тие од власта се запрашале што потоа? Зарем во желбата да го излажат својот народ успеваат да се излажат и сами себе?"

Апелот на МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА гласи: Нека се преслуша секој што ќе вмеша прсти во кроењето на судбината на оваа страдалничка Македонија и никогаш да не заборави дека Македонецот секогаш и секаде ќе се бори за да ги зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, било тие да се загрозени од надворешен или од внатрешен непријател.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА и се приклучува и ја поддржува иницијативата за распишување референдум за изјаснување на граѓаните за територијалната поделба, а воедно нејзините членови им се придружуваат на протестите на народот, порачувајќи и на Владата: Доколку и овој пат не ги испочитува желбите, потребите и барањата на македонскиот народ, таа да си даде оставка.

 

19.7. 2004 г. Претседател на МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Скопје Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски

 

 

23/08/2002

ИНТЕРВЈУ НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ЗА "УТРИНСКИ ВЕСНИК"
За националните интереси не смее да има разлики
Жаклина Ѓорѓевиќ

Два пати неуспешно се обидовте да се кандидирате за претседател на државава. Ќе бидат ли овие избори посреќни за Вас?

- Мојата желба е да ја видам Македонија успешна, просперитетна, без разлика дали ќе бидам лидер на држава или партија. Задоволство е да се каже дека и ние Македонците сме паметни и дека сме една држава. Му ја дадовме на светот првата држава формирана во Европа - Македонија, и тоа е факт. Не смееме да негираме дека сме Македонци. Читајте повеќе >>>


23/08/2002

Митко Димитровски, носител на листа на Македонска алијанса и Македонска народна партија во Изборна единица број 3

АПАШИТЕ ОД ВЛАСТА ЗАД РЕШЕТКИ!

Разговарала: Жаклина МИТЕВСКА

МС: Господине Димитровски, Вие сте носител на листата на Македонска алијанса и Македонска народна партија во Изборната единица број 3. Од каде мотивот поактивно да влезете во политичките води и зошто ја одбравте токму оваа Коалиција?

ДИМИТРОВСКИ: Програмските определби на Македонска алијанса и Македонска народна партија за мене беа одлучувачки за прифаќање на кандидатура во Коалицијата на двете партии, како и можноста на избирачите да им се понуди нешто ново, во однос на она што веќе е видено и слушнато досега. Тоа е првата причина што поактивно влегувам во политиката. Но, она што најмногу сакам е да придонесам и да го запрам големиот национален, економски, општествен и културен пад на Република Македонија, на македонскиот народ и на другите граѓани кои живеат во неа. Читајте повеќе >>>


20/08/2002

Конвенција на Македонска алијанса и Македонска народна партија во Скопје

ВРЕМЕ Е ЗА "КОАЛИЦИЈАТА НА СОНЦЕТО"

Нема разлика во владеењето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Но, на гласачите сега им се наметнува една опасна црно-бела ситуација во стилот "Ако не гласате за ДПМНЕ, треба да гласате за СДСМ". Сакам да знае народот дека не е си црно и не е си бело. Има и црвено, има и нешто трето. Ние ќе се грижиме за Македонците од Егејска и Пиринска Македонија, од Мала Преспа и за Македонците од целиот свет и ќе работиме за нивно единство. Мора да ги искористиме сите капацитети на Македонците ако сакаме да ја изградиме нашата држава и ако сакаме Македонија да успее во светот, истакна претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски кој е и носител на листата во Изборната единица број 4 на Конвенцијата на која беа претставени кандидатите за пратеници во македонскиот Парламент на "Коалицијата на сонцето" во чии рамки се Македонска алијанса и Македонска народна партија. Читајте повеќе >>>


16/08/2002

Д-р Љупчо Ивановски, носител на листа во Изборна единица број 2 од Македонска алијанса и Македонска народна партија

ВО МАКЕДОНИЈА ОПАСНО СЕ ЖИВЕЕ

Разговарал: Кокан СТОЈЧЕВ

МС: Господине Ивановски, кој беше Вашиот мотив да се кандидирате за пратеник во Изборната единица број 2, а притоа да бидете носител на листата на Македонска алијанса и Македонска народна партија - субјекти кои се залагаат за македонската кауза и за достоинството на македонскиот народ?

ИВАНОВСКИ: Изминатиот дванаесетгодишен период владејачките политички партии покажаа недоследност во реализирањето на своите програмски цели, ветуваа многу, а земјата ја доведоа до работ на пропаста. За разлика од нив како и од низа други политичари кои се сега на чело на други политички партии што покажаа голема превртливост, заборавајќи на интересите на народот што живее во Република Македонија, Македонска алијанса и Македонска народна партија за целиот период од нивното постоење никогаш не ги погазија нивните цели. Додека пак овие што сега се на власт, но и оние што беа, го заборавија своето достоинство, постојано бараа начини да ги исполнат своите лични интереси. Затоа, познавајќи ги повеќе години членовите на Македонска алијанса и на Македонска народна партија увидов дека се тоа искрени и чесни луѓе кои сакаат ... Читајте повеќе >>>


09/08/2002

Спиро Христов, потпретседател на Македонска алијанса и шеф на Изборниот штаб на Македонска алијанса и Македонска народна партија

МАКЕДОНШТИНАТА КОНЕЧНО ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ!

МС: Господине Христов, Македонска алијанса и Македонска народна партија ќе настапат заеднички на парламентарните избори. Што ги обединува овие партии и во што се разликувате од другите политички субјекти кои ќе настапат на изборите?

ХРИСТОВ: Македонската народна партија е прва национална партија формирана уште на почетокот на плурализмот во Република Македонија во 1990 година и прва партија што како свој симбол го истакна македонското шеснаесетзрачно златно сонце и како партија се залагаше тој симбол да биде и званично знаме на Република Македонија. Оваа партија во целиот изминат период секогаш се залагаше за одбрана на македонските национални интереси и за разлика од многу други таканаречени национални партии успеа да одолее на предизвикот да учествува во власта по која било цена, не ги продаде националните интереси за власт, фотелји и пари како што направија другите партии во изминатиот период. Соработката на оваа партија со Македонска алијанса датира уште со нејзиното формирање пролетта 1996 година и оттогаш наваму таа во континуитет постојано... Читајте повеќе >>>


29/07/2002

Претставени носителите на листи на Македонска алијанса и Македонска народна партија

Коалиција со народот

Го повикувам македонскиот народ да погледне што Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, Македонска алијанса и Македонска народна партија му нудат на овој народ, а потоа самите да одлучат дали ние сме вистинските лидери за кои треба да гласаат на претстојните парламентарни избори и кои ќе ги застапуваат националните, културните и други интереси на македонскиот народ, потенцираше Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, лидер на Македонска алијанса на прес-конференцијата што се одржа на 29 јули во "Холидеј Ин" во Скопје. Читајте повеќе >>>


19/07/2002

Промовирана коалицијата меѓу Македонска алијанса и Македонска народна партија

ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ОД НАРОДОТ ЗА НАШАТА КОАЛИЦИЈА

Во Македонија денес можеме да видиме многу политички партии кои тврдат дека сакаат да направат нешто за иднината на нашата земја. Но, дојдовме до заклучок дека постојат само две партии кои навистина ги штитат македонските национални интереси, а тоа се Македонска алијанса и Македонска народна партија, истакна Ѓоргија - Џорџ Атанасоски, лидер на Македонска алијанса на промоцијата на коалицијата со Македонска народна партија.

Атанасоски вели дека направиле едно чесно партнерство за соработка кое нуди нова варијанта за македонските гласачи, нова идеја, нова визија. Читајте повеќе >>>


19/07/2002

Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, претседател на Македонска алијанса

ДВОЈАЗИЧНОСТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ УШТЕ ЕДНО ПРЕДАВСТВО

МС: Господине Атанасоски, Вие сте лидер на Македонска алијанса. Како ја оценувате моменталната предизборна жешка политичка ситуација во Македонија?

АТАНАСОСКИ: Веќе може да се забележи дека во Република Македонија започнуваат процесите за парламентарните избори. Но, можам да потенцирам дека македонскиот народ и граѓаните се наоѓаат во голема дилема. Затоа на народот му е потребна нова опција, покрај оние што денес се на власт, ВМРО-ДПМНЕ, и оние што порано ја водеа РМ, мислам на коалицијата на СДСМ. Меѓутоа, пред народот сe уште се нема појавено онаа политичка варијанта која ќе понуди нешто ново и сосема чесно. Сепак, во наредните денови Македонска алијанса и Македонска народна партија ќе покажат дека со своите идеи и програми ќе понудат реална шанса за доброто на Македонија, за македонскиот народ и поблескава иднина за државата. Читајте повеќе >>>


17/05/2002

ИНТЕРВЈУ НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ЗА "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"

ПРЕДАВНИЦИТЕ ЈА ФЕДЕРАЛИЗИРААТ МАКЕДОНИЈА

МС: Господине Атанасоски, се приближува терминот за парламентарните избори. Колку тој е поблиску, народот сè повеќе е збунет. Зошто?

АТАНАСОСКИ: Македонскиот народ, граѓаните, се излажани и изневерени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Затоа тие сега многу се револтирани и пред сè разочарани од политичарите за кои гласаа, а кои многу им ветуваа. Денес луѓето немаат леб да јадат, се наоѓаат на улица, а што е најстрашно не гледаат никаква перспектива. Досегашните владетели за остварување на своите лични цели го пеплосаа сопствениот народ, а на крајот ја предадоа и својата татковина - Република Македонија. Овие "лисици" во последниве десетина години имаа можност да се докажат. Но, тоа не го сторија. Време е македонскиот народ да го водат чесни политичари, без разлика од која партија доаѓаат. Сметам дека ако имаме единство меѓу нас и ако постојано работиме за Македонија, ние ќе имаме економски просперитет. Читајте повеќе >>>


07/05/2002

ИНТЕРВЈУ НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ЗА "УТРИНСКИ ВЕСНИК"

Македонија можат да ја извлечат од кризата само чесни луѓе

Господине Атанасоски, вие сте познат македонски бизнисмен во Америка. Како гледате на она што и се случи и и се случува на Македонија во последно време?
- Жално е што нашите политичари коишто денеска се во власта дозволија да се случи во Македонија една таква катастрофа. Моето мислење е дека недоволната практика се покажува некогаш дека носи и последици. Затоа мислам дека на идните избори народот треба да умее да ги избере најчесните Македонци коишто ќе бидат поставени на листата од која било политичка партија. Гледано однадвор, Македонија е прекрасна држава. Јас имам посетено многу држави во светот и тоа најдобро го знам. Таа набргу, со добра политика и со чесна власт, може да излезе од кризата, да биде една од најдобрите земји на Балканот. Читајте повеќе >>>


30/04/2002

ИНТЕРВЈУ НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ЗА "ДНЕВНИК"
Со добра економска програма Македонија може да излезе од кризата
Моите амбиции се на изборите да победи македонскиот народ, да добие влада што ќе работи за народот, а не народот за неа, вели Атанасоски

Македонската алијанса деновиве ја одбележува шестата годишнина од формирањето, а нејзиниот лидер Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на вчерашната прес-конференција го објави почетокот на предизборните активности на партијата. Тој рече дека претстојните избори се пресудни за Македонија и за народот, а единственото решение за излез од кризата е добра економска програма. Атанасоски вчера им порача на оние што го потпишаа рамковниот договор да си заминат од политичката сцена, бидејќи тоа што го направиле било најлошото за Македонија.

l Дали Македонската алијанса ќе учествува на парламентарните избори годинава?

- Сигурно ќе учествуваме. Ќе имаме листи во сите шест изборни единици, а на народот ќе му понудиме визија за демократска држава со правила, закони и со добра економија. На Македонија и е потребна економска програма, бидејќи без тоа не може да одиме напред. Ќе понудиме единство и ќе ги поставиме најдобрите лидери што ги има овде за да ја извлечеме земјава од економската криза. Читајте повеќе >>>


13/09/2004

Соопштение за печатот и електронските медиуми
ДЕЛЕГАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ВО ПОСЕТА НА БЕЛАТА КУЌА

Делегација на Македонската алијанса под водство на претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на 9 Септември оствари посета на Белата кукја во Вашингтон.
Во двочасовниот разговор со претставници на Националниот совет за безбедност беа разменти мислења и беа пренесени ставовите на македонските Американци за ситуацијата во Македонија и на Балканот. Советот за безбедност потврди дека американската Влада ја смета Македонија за близок сојузник, го подржува нејзиониот територијален интегритет и стабилност и ја гледа како клуч за стабилноста на целиот Балкан. Од своја страна делегацијата на Македонската алијанса побара поголемо ангажирање на САД во Македонија преку зголемена економска помош во разни видови и подготвување на програма за охрабрување на американски инвестиции. Меѓу другото беше побарано и брзо признавање на уставното име од страна на САД. Посебно беше побарана економска и политичка помош за враќање на насилно иселените лица од војната во Западна Македонија.
На крајот на посетата беше решено во иднина да се одржуваат постојани контакти за подобра координација.

Контакт: Славко Манговски ++ 1-561-809-7412