Македонски      English

   

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА

Во развојот на секоја нација, порано или подоцна, настапува момент кога таа се соочува со одговорноста за сопствената државност и независност, со предизвикот на сеќојдневието на човекот и со потребите на генерациите што доаѓаат.

  • На Македонија и е потрена нова надеж, нова верба, нов дух.
  • Надеж дека утре ќе биде подобро од денес.
  • Верба дека какво утре ќе имаме зависи од тоа што ќе сториме денес.
  • Дух што ќе зрачи со отвореност, ентузијазам и одговорност кон себе и кон другите.

Македонската Алијанса ја формираме убедени дека на тој начин ќе придонесеме во воспоставувањето поинаков политички амби-ент во земјата и побогато, посигурно и посреќно утре за сите нејзини граѓани.

Македонската Алијанса е национална граѓанска политичка партија сместена во центарот на македонската политичка сцена. Тоа е партија на која и се туѓи радикализмот како начин на политичко размислување, екстремизмот како начин на политичко настапување и авантуризмот како начин на политичко дејствување.

Македонија ни е непроценливо скапа за да се согласиме со неодговорно поигрување со нејзината судбина, со сегашноста и иднината на нејзините граѓани.Веруваме дека вистинскиот пат за решавање на проблемите е дијалогот, взаемното уважување и умереноста во приодот меѓу оние кои застапуваат различни интереси. цврсто сме убедени дека виталните интереси за нацијата и на граѓаните - независноста, мирот и благосостојбата - треба да бидат компас при секоја политичка акција на секој политички субјект. Затоа, настојувајќи да придонесеме за доброто на Македонија, отворени сме за соработка со сите поединци, партии, здруженија и институции кои својот интерес го наоѓаат во преобразбата на нашата земја во добро место за живеење.

Македонската Алијанса ќе настојува да наметне поинаков стан-дард во политичкото однесување на македонската сцена:

Ке судиме за политичките ставови на другите зависно од аргументите што ќе ги понудат.

Ќе инсистираме на коректност во меѓусебните односи. Сметаме дека политичките разлики, кои, патем речено, се нормална состојба во демократските општества, не се доволна причина поединец или организација да бидат третирани како непријател.

Бидејќи сепак сите ние Македонци тоа што го правиме го правиме, убедени, дека е тоа за доброто на Маќедонија, иако честопати различно, ги толкуваме нејзините интереси.

Ќе настојуваме да дејствуваме обединувачки на македонската политичка сцена, а со цел да обезбедиме концентрација на поединци, организации (партии, здруженија...) и програми неопходни за квалитетни промени кон подобро. Посебно внимание ќе им посветиме на проблемите во социјалната и економската сфера, кои се взаемно поврзани. Создавањето услови за пристоен живот во Македонија и благосостојбата на македонските граѓани ги сваќаме како наша обврска.

Новонастанатите околности веќе овозможуваат градење политика на подеднаква блискост кон државите од регионот преку проширување и продлабочување на соработката со секоја една од нив и изнаоѓање взаемно прифатливи политички формули и толкување за се она што е спорно во меѓусебните односи во актуелниот миг или пак претставува нерасчистено историско наследство.

Стабилноста и мирот во Македонија се неодвоиви од стабилноста и мирот во регионот. Како своевиден гарант на мирот и стабилноста и како основа на меѓународно - политичката ориентација на земјата, Македонската Алијанса го гледа проширувањето и продлабочувањето на стратешките односи на Македонијасо САД и што поскоро пристапување како полноправна членка во НАТО и во Европската унија.

Ни причинува посебно задоволство што можеме да конста-тираме дека во врска со таквата ориентација веќе постои фактички политички консензус меѓу главните политички фактори во земјата, независно од тоа што по редица други прашања се дијаметрално спротиставени.

Длабоко сме убедени дека независноста, мирот и благо-состојбата се цел на секоја разумна политика и критериум за тоа, колку едно пол^тичко водство е успешно во водењето на земјата. Ќе настојуваме низ постојан дијалог со граѓаните да ги изнаоѓаме оптималните одговори за најтешките прашања со кои како нација се соочуваме. Посебно ќе инсистираме на градењето општа национална согласност за тоа што претставува македонски витален интерес и ќе го потикнуваме ангажирањето на граѓаните во таа насока. Во политиката, како и во животот, ако како нација сме кадарни сами да си помогнеме и ако знаеме што сакаме, тогаш и другите ќе можат да ни помогнат. Но да бидеме свесни дека одговорноста за сопствената судбина првенствено ја сносиме самите ние. Затоа, да не се прашуваме што Македонија сторила за нас, туку да се прашаме што ние како Македонци можеме да сториме за Македонија и за себе.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ


ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ

Тргнувајќи од историскиот факт дека Македонија е констиутирана како национална држава на Македонскиот народ, односно како последна возобновена Македонска држава во Вардарскиот дел на Македонија и во постојните граници на Република Македонија со државно-правните акти на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во македонскиот манастир “Свети Отец Прохор Пчински”,

Почитувајќи го универзалното природно, историско и цивилизациско право на Македонскиот народ на самоопределување и на сопствена, самостојна и независна Македонска држава - Македонија,

Почитувајќи го духовното, културното, историското и државното наследство на македонскиот народ на целата негова етно-историска територија, како и фактот дека Македонија е национална држава на македонскиот народ во која носител на државноста е македонскиот народ, а сувереноста ја остваруваат сите нејзини граѓани независно од нивната етничка, социјална, политичка, верска и друга припадност и уверување,

Свесни за последиците од поделбата на Македонија и на Македонскиот народ со Букурешкиот договор од 1913-та година и со Версајската конференција од 1918 година,

Знаејќи дека Република Македонија е матична држава на Македонскиот народ во целина, односно на Македонците од целиот свет,

Уверени дека културното и историското наследство на Македонија и на Македонците како посебен етнитет и ентитет се вградени во темелите на европската и човековата цивилизација,

Залагајќи се за Македонија како држава на рамноправни граѓани во која се почитува еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите независно од полот, расата, бојата на кожата, етничкото и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба,

Тргнувајќи од уставно загарантираната слобода на здружување на граѓаните на Република Македонија, заради реализирање и заштита на нивните национални, политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања,

Определени против насилно уривање на уставниот поредок на државата Македонија, и против поттикнување на воена агресија или разгорување на национална, етничка, расна или верска омраза и нетрпеливост,

Решени за освојување на државната власт и локалната и месната самоуправа на Република Македонија; учество во вршењето на јавните функции во државата; учество во изборната постапка за претседател на Република Македонија, во изборната постапка за пратеници во Собранието на Република Македонија и во изборната постапка за претставници во органите на локалната и месната самоуправа; и за учество во власта,

Основачкото Собрание на Македонската Алијанса на 14 јануари 1996 година ги утврди следните

ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ

НА МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА

Натамошно јакнење на позицијата и државно-правниот статус на Македонија како слободна, суверена, самостојна, независна, унитарна, демократска и социјална држава и како признат меѓународно-правен субјект, врз принципите на: републиканско уставно уредување; повеќепартиски систем; парламентарна демократија; општи, слободни, тајни, непосредни, праведни, демократски и чесни избори; почитување на човековите и граѓанските права и слободи; заштита на правото на сопственост и правото на наследство; развој на пазарната економија и на приватната иницијатива и претприемништвото; преструктуирање на стопанството и сопственичките односи; враќање на порано одземената приватна сопственост.

Почитување на територијалниот интегритет и неделивост и неотуѓивост на територијата на Република Македонија.

Почитување на неповредивоста на постојните граници на Република Македонија.

Обезбедување еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.

Унапредување и заштита на правата и слободите на граѓаните.

Грижа за положбата и правата на Македонците, односно на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и во целиот свет и афирмација и заштита на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство.

Обезбедување македонско државјанство за сите Македонци по потекло од целиот свет.

Грижа за положбата и состојбите во Македонската Православна Црква, помош, заштита и афирмација на самостојноста на Македонската Православна Црква, екстериторијалност на Македонската Православна Црква и поттикнување на условите за возобновување на Патријаршијата на Македонската црква.

Репатријација на Македонците - иселеници од Македонија.

Грижа за верскиот идентитет и за положбата и правата на Македонците со мохамеданска вероисповед во Македонија и во соседните земји на Македонија - Торбешите, Гораните и Помаците, како нераскинлив дел од македонскиот народ.

Преземање мерки и активности за заштита на положбата и правата на Македонците во единиците на локалната и месната самоуправа каде припадниците на етничките малцинства и групи се мнозинство или во значителен број.

Преземање мерки и активности за заштита на положбата и правата на припадниците на етничките малцинства и групи во согласност со меѓународните конвенции и материјалните можности и способности на Република Македонија.

Водење рестриктивна имиграциона политика кон странците во користењето на правото за добивање македонско државјанство, во согласност со Законот за државјанство на Република Македонија.

Продлабочување на улогата на Македонија како клучен фактор на мирот и стабилноста на Балканот и во Европа.

Односите со соседните и сите други земји за сите прашања од заеднички интерес Република Македонија ќе ги гради на: мирен начин, по пат на преговори по сите прашања од заеднички интерес врз рамноправна основа и со заемно почитување, немешање во внатрешните работи, неповредивост на границите, ненапаѓање, неизразување територијални претензии и развој на добрососедските односи во интерес на мирот, стабилноста и соработката на Балканот и во Европа.

Поттикнување на балканската соработка и договарање по сите прашања од заеднички интерес и свикување и основање Организација за Балканска безбедност и соработка во рамките на Организацијата за Европска безбедност и соработка.

Активна улога на Македонија во Организацијата на Обединетите Нации и во меѓународните органи, организации и заедници.

Асоцирање на Македонија како рамноправна членка во Европската Унија и во европските и меѓународните интеграциони системи.

Поттикнување на политиката на отворени граници за слободен протек на луѓе, идеи, капитал и информации.

Обезбедување професионален состав на вооружените сили на Македонија.

Вклучување на Македонија во европските и меѓународните системи на колективна безбедност и зачленување на Македонија во НАТО пактот и Партнерство за мир.

Преземање на членството на Македонија, во сите меѓународни органи, организации и заедници под нејзиното единствено и многувековно име Македонија, како рамноправен наследник на поранешна СФРЈ.

Обнова и развој на Македонија.

Изготвување национална програма за геолошки истражувања и експлоатација на рудното и минералното богатство.

Поттикнување на развојот на недоволно развиените и компактно заостанатите подрачја.

Заштита на домашното производство.

Развој на малото стопанство.

Развој на производството на чиста храна.

Аграрна реформа, преструктуирање на земјоделско-индустриските комбинати, враќање на одземената земја на поранешните сопственици од периодот на 2 август 1944 година, поттикнување и стимулирање на враќање на младите на село.

Усвојување национална програма за организирано планско земјоделско производство, обработка на земјата, откуп и пласман на домашниот и странскиот пазар.

Развојот на сточарството.

Ревитализација на селото.

Производство на енергија, и афирмација на алтернативните извори на енергија (ветар, сончева енергија, јаглен и друго).

Заокружување на системот на гасификацијата на Македонија.

Изградба на Вардарската долина и слив.

Изградба на нафтоводи Солун-Скопје, Драч-Скопје и Бургас-Варна-Скопје.

Поврзување на електро--системот на Македонија со електро-системите на сите соседни земји.

Сообраќајно поврзување на коридорот исток-запад, паралелно со развојот на коридорот север-југ (патниот, железничкиот, авионскиот и телекомуникацискиот сообраќај).

Реализирање на проектот Македонија - слободна царинска зона.

Реконструкција на инфраструктурата.

Рационално и оптимално искористување на водениот потенцијал, реконструкција и одржување на постојните и изградба на хидромелиоративни системи, акумулациони брани и вештачки езера и хидроцентрали.

Интензивирање на научниот и техничко-технолошкиот развој.

Стимулирање на чистата индустрија.

Утврдување атрактивен систем за странски вложувања и капитал со систем на паралелна економија - увоз заради извоз и во тие рамки поттикнување на вложувањата од Македонците - иселеници од Македонија.

Реформа на даночниот систем со ефтина, високо-стручна и професионална даночна администрација и ниски даночни стапки.

Унапредување на системот на заштита на природата и животната средина, создавајќи чиста еколошка средина.

Зголемување на бројот и на површините на националните паркови.

Динамизирање на процесот на пошумување на целата територија на Македонија.

Враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот и во државата.

Владеење на правото и правна држава.

Независно и високо-професионално судство.

Рационализација, реорганизација, стандардизација и компјутеризација на државата управа и обезбедување стручна, високо-професионална, рационална, ефтина и продуктивна државна администрација.

Рационализација, реорганизација, стандардизација и компјутеризација на општествените дејности чие финансирање се обезбедува преку Буџетот на државата.

Дефинирање на јавниот интерес; оптимализирање на јавните служби, установи и претпријатија.

Борба против криминалот, тероризмот, корупцијата во државната администрација, дрогата, недозволената трговија со оружје, атомски отпадоци и отрови.

Забрана на трговијата со делови од човечки тела и со луѓе.

Водење активна и хумана популациона и демографска политика.

Демонополизација на пазарот и на општествените дејности.

Чесна приватизација и преиспитување на досегашната трансформација на општествената сопственост.

Денационализација и враќање на порано одземената приватна сопственост од 2 август 1944 година па наваму.

Рехабилитација на лицата прогонувани, затворани и судени за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, односно за идеите на ВМРО.

Репрограмирање и санирање на внатрешниот и надворешниот долг на државата.

Преструктуирање и санација на банкарскиот систем како основен предуслов за преструктуирање на сопственичките односи.

Враќање на заробените девизни средства на граѓаните и на довербата во банкарскиот систем на државата.

Реформа на системот на образованието на сите степени.

Бесплатна примарна здравствена заштита.

Рационализација, реорганизација, стандардизација и реформа на здравствениот систем и на Фондот за здравствено осигурување.

Обезбедување законски гарантирана минимална социјална заштита и плата.

Социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните во согласност со начелото на социјална праведност.

Обезбедување законски гарантирана минимална пензија, намалување на разликите во пензиите, реформа и санација на Фондот за пензиско и ивалидско осигурување и создавање законски услови за приватни фондови.

Обезбедување посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

Обезбедување посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.

Заштитата и афирмација на македонското културно-историско наследство на целата етно-историска територија на македонскиот народ и на културно-историските споменици на територијата на Македонија.

Развој на масовниот, врвниот и професионалниот спорт.

Демонополизација на информативниот простор и стимулирање на приватните гласила. Непосредно и референдумско изјаснување на граѓаните на Македонија по сите прашања од стратешки национален и државен интерес.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ