акедонскиот народ успеа да ја
врати демократијата на мала врата. Над 70 проценти од гласачкото тело кое
брои 1.664.296 избирачи ја извојува најбрилијантната парламентарна победа во
последниве дванаесет години од осамостојувањето на Република Македонија. За
разлика од претходните избори, претседателските во 1999 година и локалните
во 2000 година, гласањето мина во мирна и демократска атмосфера. Ако се
занемарат малите инциденти во Лешок, непријатната сцена во селото
Студеничани - Скопско и одредените пукотници, ова дефинитивно се
најрегуларни избори.
Џабе беа сите стравувања, шпекулации и најави дека се очекуваат разни
манипулации, фалсификувања и употреба на рекетари и други насилна средства.
Од овој момент македонскиот народ и другите граѓани можат помирно да живеат
и да се зафатат со горливите проблеми: сиромаштијата, безработицата,
безбедносната ситуација, приближувањето кон евроатлантските интеграции и
приклучувањето кон НАТО - структурите.
Сега е време нормално да се живее и да се воведе ред во државата, бидејќи
досега тоа и најмногу ни беше потребно.
ЦИВИЛИЗАЦИЈА
Македонија на ниту едни избори досега нема поминато така лесно, а им
покажа на другите балкански држави и на меѓународните посматрачи што значи
демократија и како може нормално да функционираат сите системи на државата.
Нашата земја ги преброди породилните маки што со години ги чувствуваше и
затоа и се отвораат нови патишта и перспективи кои ќе ја внесат во
цивилизираниот свет. Време е македонскиот народ да ужива во ловориките од
парламентарните избори и да се сосредочи кон вистинските проблеми кои ги
тиштат обичните паталци во: Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Куманово,
Струмица, Радовиш и други градови.
Сега вака спокојни и во блажена состојба можеме да ги пребродиме сите
предизвици и перипетии што ни претстојат и да влеземе со крената глава во
костецот со секојдневните проблеми.
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
Нека не не радува сегашната еуфорија на слободата на изразувањето. Мораме
да отвориме нови простори за човековите права и слободи. Само така
македонскиот народ ќе ужива во демократските придобивки и ќе може да се
соочи со реалноста во Македонија. Ни претстојат големи реформи кои треба
нашата земја да ја приспособат кон западната демократија и нејзиното пазарно
стопанисување. Најновите тенденции за глобализација на просторот не туркаат
во нов неизвесен предизвик кон кој мораме што побргу да се приближиме и
преструктуираме. Затоа свесни сме за последниот воз што го фаќаме кон Европа
и не можеме толку лесно да се откажеме од оваа исклучително лесна и добра
шанса. Македонија никогаш не била поблиску до Европа, но истовремено и толку
далеку. Потребен ни е мир, граѓанска демократија и лојалност кон државата.
Само на тој начин ќе успееме да ја зграпчиме понудената шанса.
Но, никогаш во иднина не треба да ја изневериме Република Македонија која
е една од најстарите цивилизации. Таа е колевка на европската култура, јазик
и писменост. Оттука тргнале многу карвани кон Исток и кон Запад, а денес
тука се поврзуваат многу значајни стратешки правци на меѓународната политика.
Затоа Македонија се наоѓа на крстопат. Кој правец ќе биде одбран зависи од
македонскиот народ и граѓаните. Ако го одбереме вистинскиот пат, ние многу
бргу ќе ги отвориме вратите на Европската унија. Клучот е во нашите раце.
Понатаму се зависи од нас. Никој однадвор не може да не смени, освен ако ние
самите не се цивилизираме. Во тој правец се сите натамошни активности за кои
ќе мора да се бара поширока национална поддршка, без која нема да го
оствариме долгоочекуваниот сон. Затоа еуфоријата мора да заврши. Време е за
вистински промени, кои ќе не одведат во земјите без граници.
Македонските гласачи го кажаа својот збор. На ред е новата власт!


Ovie izbori, za sre}a, zavr{ija so neuni{teni glasa~ki
kutii

Pravo na sekoj izbira~ e da glasa tajno

Potpisot na glasa~ot e potvrda za regularnost na izborite

Proverkata na palecot gi uni{ti somnevawata

Izbira~ite mirno go ~ekaat svojot red

Novo iskustvo za glasa~ite - sprej