ПОЛИТИКА

Четврти парламентарни избори во Македонија

ПОБЕДИ ЗДРУЖЕНАТА ОПОЗИЦИЈА

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

  • Според неофицијалните резултати од партиските штабови, Коалицијата "За Македонија заедно" во новиот состав на Парламентот ќе учествува со 60 пратеници, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП со 33, ДУИ со 16, ДПА со 7, ПДП со 2, а НДП и СПМ со по едно пратеничко место. Според најновите податоци, пак, со кои излезе изборниот штаб на Коалицијата "За Македонија заедно", тие имаат 62 пратеници, а Ѕинго не влегол во Парламентот.
  • Ако работите се одвиваат како што треба, новиот Парламент треба да се конституира најдоцна за дваесетина дена.

Коалицијата "За Македонија заедно" извојува победа на четвртите парламентарни избори во Република Македонија и во идниот Парламент најверојатно ќе учествува со 60, а според нив со 62 пратеници.

До затворањето на овој број од нашиот неделник, последните податоци од Државната изборна комисија за шесте изборни единици беа следни: Коалицијата "За Македонија заедно" има освоено 494.744 гласови или 40,4 отсто, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП - 298.404 гласа, односно 24,4 отсто, Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 144.913 гласови или 11,8 отсто, Демократската партија на Албанците (ДПА) 63.695, односно 5,2 отсто, Партијата за демократски просперитет (ПДП) 28.397 гласови или 2,3 отсто и Национална демократска партија (НДП) - 26.237 гласови или 2,1 отсто.

Odzivot na glasa~ite be{e nad 70 otsto

Glasa~ite poka`aa zrelost na denot na izborite

Според партискиот штаб на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов од третата Изборна единица со освоени 8.378 гласови си обезбедил место во Парламентот.

Најновите податоци на Изборниот штаб на Коалицијата "За Македонија заедно" се дека имаат 62 пратеници. Тие велат дека во Изборниот регион 3 податоците од записниците и податоците што Региналната изборна комисија ги доставила до ДИК се различни. Во изборното место 956 во графата на Коалицијата " Заедно" било запишано дека немаат гласови, а во записникот што е потпишан од сите членови на Избирачкиот одбор, односно претставници на сите партии, било запишано 95. Во изборното место 2266 било запишано 247, а имале 274, или пак во изборното место 8 било запишано 77, а во суштина врз база на извештајот имале 177 гласа. Во изборниот регион 3, каде што мандатот им е одземен од СПМ, Коалицијата "Заедно" вели дека во изборното место 2194 за СПМ имало запишани 10 гласови, а во суштина имале само 1 глас. Доколку се одземат или додадат сите регуларни податоци врз база на извештаите и записниците од избирачките одбори, оваа Коалиција тврди дека во "Тројката" има 12 мандати и дека место за Ѕинго во Парламентот нема.

Според податоците на Коалицијата "Заедно" во изборниот регион 4 во изборното место 1380 во графата на оваа Коалиција било запишано 0, а според записникот имаале 422 гласа. Во избирачкото место 1763 во графата било запишано 0, а според записникот имале 208. Во изборното место 1780 во графата било запишано 0, а имале 36 и во изборното место 1842 било запишано 0, а имале 237.

Државната изборна Комисија, пак, соошти дека од 1.664.296 запишани граѓани во Единствениот избирачки список, гласале 1.222.711 граѓани или 73,4 отсто. Иако до објавувањето на официјалните податоци можни се мали корекции во изборните резултати, според неофицијалните податоци на партиските штабови, во идниот состав на македонскиот Парламент освен 60 (или 62 според нивните податоци) пратеници на Коалицијата "За Македонија заедно", ќе учествуваат и 33 пратеници на Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ и ЛП, 16 на Демократската унија за интеграција, 7 на ДПА, 2 на ПДП, 1 од НДП и 1 (доколку грешат од Коалицијата "Заедно") од СПМ. Значи, се уште е дилема дали Ѕинго ќе влезе во Парламентот и дали ВМРО-ДПМНЕ има 33 или 32 пратенички места.

МЕСТА

Неофицијалните податоци на партиските штабови се дека во Изборната единица број 1 Коалицијата "За Македонија заедно" освоила 13 пратенички места, односно во идниот Парламент од оваа Изборна единица, најверојатно, ќе влезат Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Лилјана Поповска, Илија Филиповски, Игор Ивановски, Андреј Жерновски, Елеонора Петрова - Митевска, Љупчо Јордановски, Јани Макрадули, Каролина Ристова, Зоран Шапуриќ, Борис Кондарко и Есад Рахиќ.

ВМРО-ДПМНЕ - ЛП во оваа Изборна единица освоила 4 места, односно во Парламентот треба да влезат: Никола Груевски, Зоран Крстевски, Петар Наумовски и Ѓорѓи Оровчанец.

Од Демократската унија за интеграција место во наредниот четиригодишен Парламент си обезбедиле: Рафис Алити (командант М'суси) и Фазли Велиу. Од ДПА место си обезбедил Мендух Тачи.

Во Изборната единица број 2 Коалицијата "Заедно" освоила 11 места. Во идниот Парламент од "двојката" од оваа Коалиција, најверојатно, ќе влезат: Трифун Костовски, Владо Бучковски, Јован Манасиевски, Иван Стоилковиќ, Неждет Мустафа, Рафет Муминовиќ, Иван Анастасовски, Славица Гркова, Ристе Беслимовски, Петар Апостолов и Славица Станковска.

ВМРО-ДПМНЕ и ЛП освоиле 4 места, а Стојан Андов, Љупчо Балковски, Чедомир Краљевски и Коце Трајановски, по се изгледа, се идните пратеници од оваа Изборна единица.

ДУИ во оваа Изборна единица освоила 2 пратенички места - Хисни Шаќири и Назми Беќири. По едно пратеничко место во Изборната единица број 2 освоиле: ДПА - Фатмир Асани, НДП - Џазаир Шаќири и ПДП - Исмет Рамадани.

Во ИЕ број 3 Коалицијата "Заедно" освои 10 пратенички места - Тито Петковски, Славко Петров, Мите Николов, Каме Петров, Ванчо Ѓорѓиев, Наташа Биковска, Соња Лепиткова, Јордан Михајловски, Ангел Димитров, Благој Голомеов и Никола Апостолоски.

Осум места од ИЕ број 3 се за Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП: Љубе Бошкоски, Сашко Кедев, Слободан Даневски, Ѓорѓи Трендафилов, Михајло Георгиевски, Ванчо Стаменков, Марија Којзеклиска и Ристо Пеоски, најверојатно се идните пратеници од оваа Изборна единица.

Од Социјалистичка партија на Македонија од "Тројката" во Парламентот, по се изгледа, ќе влезе Љубисав Иванов.

Во четвртата Изборна единица Коалицијата "Заедно" освоила 11 мандати - Петар Гошев, Ѓорѓи Спасов, Тале Герамитчиоски, Цветанка Иванова, Ана Андова, Никола Ќуркчиев, Роза Тупузова - Каревска, Јанаќе Витановски, Драган Ѓорѓиев, Лилјана Ивановска, Никола Б. Камчев.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во ИЕ број 4 освоила 9 мандати, односно место во Парламентот си обезбедиле: Марјан Ѓорчев, Жарко Караџоски, Силвана Бонева, Љупчо Мешков, Орданчо Тасев, Блаже Стојаноски, Ѓорѓе Палошковски, Илија Србиновски, Ефтим Манев.

Во петата Изборна единица10 места се за Коалицијата "Заедно", односно во Парламентот, најверојатно, ќе влезат: Никола Поповски, Ангелка Пеева - Лауренчиќ, Томе Тромбев, Ќенан Хасипи, Цветанка Гашоска, Светле Јанеска, Кире Гештаковски, Слободан Најдовски, Владо Илиевски, Коста Прешоски.

Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ и ЛП во оваа Изборна единица освоила 7 мандати - Љубчо Георгиевски, Слободан Чашуле, Спиро Мавровски, Драго Шајноски, Ристана Лалчевска, Илија Китаноски, Аднан Ќахил.

Во "Петката" два мандата се за ДУИ - Г'зим Острени и Азис Положани, а едно за ДПА - Џевдет Насуфи.

Во Изборната единица број 6 Коалицијата "Заедно" овоила 4 мандати: Илинка Митрева, Зоран Томиќ, Славе Арсовски, Тасим Сулејманоски, по се изгледа, се идните пратеници од "Шестката". Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ и ЛП освоила едно место - Ганка Самоиловска - Цветанова. ДУИ во оваа Изборна единица освоила 10 места - Али Ахмети, Теута Арифи, Хазби Лика (командант Чела), Невзат Бејта, Агрон Буџаку, Талат Џафери, Еуп Рустеми, Абдилаќим Адеми, Џеладин Шатку, Хусеинџеват Хусеини. ДПА освоила 4 места - Арбен Џафери, Зејди Џелили, Ружди Матоши (командант Матоши) и Илјаз Халими. ПДП во Шестата изборна единица добила едно место - Абдурахман Алити.

РАЗЛИКИ

Според неофицијалните податоци на ДИК, во Изборната единица број еден од вкупно 279.593 евидентирани избирачи, на гласање излегле 208.564 или 74,6 проценти. Во Втората изборна единица од 279.717, гласале 203.555 граѓани или 72 отсто, во "Тројката" од 277.236 избирачи граѓанската должност ја исполниле 217.680 или 78,5 отсто, во "Четворката" од 277.126 гласале 214.270 граѓани или 77,3 проценти, во Изборната единица број пет од евиденираните 272.842 излегле 194.064 гласачи или 71,1 отсто.

Според неофицијалните податоци, Коалицијата "За Македонија заедно" во Првата изборна единица освоила 99.506 гласови или 47,7 отсто, во Втората 81.985 или 40 проценти, во Третата 99.493 или 45,7 отсто, во Четвртата 104.791 или 49 проценти, во Петтата 78.786 или 41,5 отсто и во Шестата 30.183 гласови или 15,9 отсто.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во Првата изборна единица освоила 38.093 гласови или 18 проценти, во Втората 36.642 или 18 отсто, во Третата 73.921 или 34 проценти, во Четвртата 80.831 или 37 отсто, во Петтата 57.683 или 30,4 отсто, а во Шестата 11.234 или 5,9 отсто.

ДУИ во Изборната единица број еден освоила 18.741 глас или 8,9 отсто, во "Двојката" 21.781 или 10,7 отсто, во "Тројката" 2.077 или 0,9 отсто, во "Петката" 18.746 или 9,8 отсто, а во "Шестката" 82.568 гласови или 44 отсто.

ДПА во Првата изборната единица добила 10.904 гласови или 5,2 отсто, во Втората 11.214 или 5,5 отсто, во Третата 1.413 или 0,6 отсто, во Петтата 8.341 или 4,4 отсто и во Шестата 31.823 гласови или 16,8 проценти.

НДП во три изборни единици освоила вкупно 18.504 гласови. Во Првата изборна единица 2.922 гласови или 1,4 отсто, во Втората 12.643 или 6,2 отсто, во Петтата 2.939 или 1,5 отсто, а во Шестата 7.733 гласови или четири отсто. Во Изборната единица број шест ПДП освоила 9.614 гласови или пет отсто.

Ако работите се одвиваат како што треба, новиот Парламент треба да се конституира најдоцна за дваесетина дена.

До затворањето на бројот немавме податоци кога ќе има прегласување во трите избирачки места во државава, односно во Лешок, Руница и во кумановскиот хотел "Кристал" каде што беше прекинато гласањето. Исто така, до затворањето на овој број од нашиот неделник ДИК се уште ги немаше соопштено целосните и конечни официјални резултати од парламентарните избори. 


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"