| |
ПОЛИТИКА
Македонските гласачи повторно им пресудија на неспособните властодршци
БУМЕРАНГОТ МУ СЕ ВРАТИ НА ГЕОРГИЕВСКИ
Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ
- Георгиевски ја призна победата на Коалицијата "За Македонија заедно",
иако некои душегрижници очекуваа дека нема лесно да се предаде. Но, можеби
сфати дека не може да се игра со волјата на народот и затоа мирно ја
предаде диригентската палка.
- Со "македонската раштимана филхармонија" повторно ќе раководи лидерот
на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тој како феникс се издигна од пепелта и сега
може мирно да планира да ја води државата. Но, неговите, неофицијално,
гарантирани 62 гласа не можат да му овозможат да прави што сака, туку ќе
се сопнува на желбите и на апетитите на Али Ахмети или на некои други
албански сојузници.
К онечно во Република Македонија се
раздени. По триесетина дена нап-ната и по многу нешта жолчна парламентарна
политичка кампања, победи македонскиот народ - електоратот. Тој успеа да ги
нокаутира сите напумпани најави за фаслификување на изборите, сите
шпекулации за употреба на рекетарите и тајните сценарија за насилство.

Конечно по бурните и исклучително тешки претседателски избори во 1999
година и локалните во 2000 година, имавме нормални мирни демократски избори.
Сега Македонија може да здивне и граѓаните трезвено да размислуваат за
иднината. Таа е во рацете на Коалицијата "За Македонија заедно" која
убедливо го порази својот лут противник ВМРО-ДПМНЕ, кој се обиде со ЛПМ да
ја спаси сопствената кожа. Сега е време да се живее. Но, како кога нема пари,
цвета сиромаштијата, цвета безработицата?!
ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ
Патот што го одбраа избирачите не е нов. Тој беше трасиран од 1992 до
1998 година. Во тие шест мачни и страдалнички години загубивме многу нешта,
од националното достоинство кога во ООН беше продадено името на Република
Македонија, до промашената приватизација и неизбежната корупција. Ако "октоподот"
го урна митот за Црвенковски, сега по четири години "промените" ја доживеаја
истата судбина. Еуфорично се променети....
Георгиевски ја призна победата на Коалицијата "За Македонија заедно",
иако некои душегрижници очекуваа дека нема лесно да се предаде. Но, можеби
сфати дека не може да се игра со волјата на народот и затоа мирно ја предаде
диригентската палка. Со "македонската раштимана филхармонија" повторно ќе
раководи лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тој како феникс се издигна од
пепелта и сега може мирно да планира да ја води државата. Но, неговите,
неофицијално гарантирани 62 гласа не можат да му овозможат да прави што сака,
туку ќе се сопнува на желбите и на апетитите на Али Ахмети, или на некои
други албански сојузници.
За разлика од него, Георгиевски ќе се поти и многу тешко ќе му биде да ја
задржи лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Се ниша неговата фотелја. Први што
ќе побегнат ќе бидат сите негови довчерашни пајташи, војниците што му ја
вршеа валканата работа. Очигледно неговите приврзаници успеаја добро да се "нафатираат"
од крадењето и купувањето фирми. Затоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Георгиевски,
е на коленици. Впрочем, "делчевскиот војвода" не успеа да ја научи основната
лекција дека со мито и корупција нема долго да остане на власта и затоа
македонските избирачи така сурово го казнија. Грешката што порано ја направи
Црвенковски сега како бумеранг нему му се врати. Тој дури не е свесен какви
тешки моменти го исчекуваат. Прво што мора да направи е да ја добие
довербата кај своите сопартијци, а потоа, ако ја избегне одговорноста за
неговото исклучително негативно владеење со РМ, ќе мора да се навикне што
поорганизирано опозицонерски да дејствува и да влијае на политичкиот амбиент
во земјава. Конструктивна, силна опозиција најмногу и е потребна на
Македонија.
ЛОШОТО И ПОЛОШОТО
Македонските избирачи не се фатија на јадецот на Георгиевски. Локумот не
успеа да ја разблажи насобраната горчлива вистина. Во Македонија има
сиромаштија, мито, корупција, а цвета бизнисот со дрогата, проституцијата,
трговијата со бело робје и шверцот со цигари. Затоа електоратот му поверува
на Бранко Црвенковски. Меѓутоа, оваа божемна платонска доверба пред се
профункционира благодарение на лошото четиригодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа СДСМ и нивните компањони толку лесно и убедливо се пробија. Го
декласираа противникот. Тие не понудија некоја конкретна издржана програма,
освен дека ќе ги преиспитаат сите приватизации на ВМРО-ДПМНЕ, нивните фирми
и содружници.
Таквата идеја во 1998 година ја протежираше и Георгиевски, но на тоа поле
ништо не стори. Продолжи со истата стратегија што ја водеше Црвенковски во
својот претходен мандат. Затоа останува отворено прашањето дали треба да му
веруваме на лидерот на СДСМ? Тој не успеа да се соочи со октоподот. Тој не
успеа да ги открие вистинските организатори на пирамидалното штедење во
Република Македонија. Тој не успеа да го фати мистериозниот министер во
тренерки. Тој не успеа да ги казни сопартијците што ја уништија Битола и
банкарскиот систем. Ако се бираше меѓу лошото и помалку лошото, народот ја
одбра подобрата варијанта. Но, сепак, дали да му се верува на мачорот во
чизми?!
Во ваква ситуација единствено народот го положи испитот на зрелоста.
Успеа да им одолее на сите притисоци, успеа трезвено да размислува за
својата иднина. Неговата волја мора да се почитува. Таа е голем аманет за
судбината на македонскиот народ. Тој го предаде своето полномоштво.
Црвенковски ќе мора набрзина да се преструктуира. Не може вечно да живее во
облаци. Не може да се живее од славеничката победа. Еднаш таквото
практицирање на власта, оддалечен од народот, сместен во дворецот на
сништата, на Водно, му се одмазди. Тоа беше катастрофално за СДСМ. Од неа
едвај успеа да се соземе и да продолжи со своето политичко дејствување. Ако
не успее бргу да се снајде во новонастанатата ситуација, тогаш и нему ќе му
дојде крајот. Политичката кариера му виси на конец.
Условите во Република Македонија битно се сменети. Скоро една третина од
територијата е надвор од контролата на безбедносните сили. Преговорите за
уставното име во спорот со Грција се уште траат, а економијата е уништена.
Повеќето од претпријатијата се сомнително приватизирани, а процесот за
приближување на РМ кон Европската унија е забавен. Односите со ММФ се
заладени и нарушени, бидејќи пред паѓањето на власта на Георгиевски не беше
склучен Стенд-бај аранжманот со кој се контролира буџетското трошење на
парите.
ПОЛИТИЧКА СТАПИЦА
Црвенковски во новиот мандат ќе мора да биде добар коцкар или хазардер,
бидејќи во вратот ќе му дишат гладните ДПМНЕ-овци и прекалените терористи на
Али Ахмети. Неговата партија, Демократската унија за интеграција, освои 16
пратенички места и ќе има значајна улога во комплетирањето на политичкиот
мозаик во Република Македонија. Улогата на оваа партија за иднината на
нашата држава ќе биде многу силна. Таа ќе ги диктира сите натамошни услови
за донесување на позначајните закони, а истовремено ќе ги координира сите
активности на Албанците. Дел од одговорноста за зголеменото влијание на
албанскиот тероризам во македонскиот Парламент ја сноси Бранко Црвенковски,
кој е еден од потписниците на Рамковниот договор во Охрид. Откако се потпиша
документот, политичката карта е сменета. Ништо не е како порано, па така и
амбиентот во Собранието на РМ. Лидерот на СДСМ во моментов може да ризикува
и да создаде влада која ќе биде поддржана само од политичкото мнозинство на
Колацијата "За Македонија заедно". Но, тој минимален цензус од 61 пратеник
не е доволна гаранција за стабилно владеење. По секои изминати 100 дена
владата на Црвенковски секогаш ќе биде изложена на канонада од критики од
опозицијата. Меѓутоа, постојат уште две резервни варијанти на кои лидерот на
СДСМ може да се потпре. Едната - да бара сојузништво со слабата ПДП и ДПА,
или за инает на Георгиевски да се нафати да преговара со ДУИ и веднаш да
биде на удар на јавноста. На тој начин, Црвенковски ќе биде обвинет дека
шурува со екстремните терористички елементи, за кои впрочем во времето на
Георгиевски упатуваше остри критики дека се наоѓаат во неговата влада. Така
некогашниот остар критичар ќе се најде во стапица, на обвинителна клупа.
Затоа Црвенковски се наоѓа пред голем и неизвесен предизвик. Ако стапи во
брак од интерес со Ахмети, ќе ја повтори грешката на Георгиевски, кој
некогаш за сојузник го одбра Џафери и му ја отвори портата на тероризмот.
Ако се одлучи за поблагите варијанти, ќе добие на време кое ќе биде
исполнето со перипетии и меѓусебни сопки.
Затоа постои опасност македонскиот народ повторно да биде втурнат во
заткулисни политички игри, од кои ќе нема фајде. Ќе нема економски и
општествен просперитет. Ако Македонците и другите граѓани ја доживеат
ваквата перспектива, јалова ќе биде блескавата победа на Коалицијата "За
Македонија заедно". Коалицијата ја чекаат многу премрежија кои ја одредуваат
натамошната судбина на народот и на државата.
Силна опозиција
Делчевскиот војвода не успеа да ја научи основната лекција дека со мито и
корупција нема долго да остане на власта и затоа македонските избирачи така
сурово го казнија. Грешката што порано ја направи Црвенковски сега како
бумеранг нему му се врати. Тој дури не е свесен какви тешки моменти го
исчекуваат. Прво што мора да направи е да ја добие довербата кај своите
сопартијци, а потоа, ако ја избегне одговорноста за неговото исклучително
негативно владеење со РМ, ќе мора да се навикне што поорганизирано
опозицонерски да дејствува и да влијае на политичкиот амбиент во земјава.
Конструктивна, силна опозиција најмногу и е потребна на Македонија.
Стапица за критичарот
Минималниот цензус од 61 пратеник не е доволна гаранција за стабилно
владеење. По секои изминати 100 дена владата на Црвенковски секогаш ќе биде
изложена на канонада од критики од опозицијата. Меѓутоа, постојат уште две
резервни варијанти на кои лидерот на СДСМ може да се потпре. Едната е да
бара сојузништво со слабата ПДП и ДПА, или за инает на Георгиевски да се
нафати да преговара со ДУИ и веднаш да биде на удар на јавноста. На тој
начин, Црвенковски веднаш ќе биде обвинет дека шурува со екстремните
терористички елементи, за кои впрочем во времето на Георгиевски упатуваше
остра критика дека се наоѓаат во неговата влада. Така некогашниот остар
критичар ќе се најде во стапица, на обвинителна клупа.
|