арламентарните избори во
Република Македонија беа спроведени во голема мера според меѓународните
стандарди, заклучи Меѓународната набљудувачка мисија на изборите (досега
најголема мисија во Европа) непосредно по завршувањето на четвртите
парламентарни избори.
Граѓаните на оваа земја постигнаа успешен изборен процес што може да
претставува голем чекор кон враќањето на стабилноста, помирување и
демократија во земјата. На малиот број екстремисти кои се одговорни за
насилството во минатите неколку недели и денови не смее да им се дозволи да
го загрозат ова постигнување, изјави Кимо Килјунен, потпретседател на
парламентарните асемблеа на ОБСЕ и специјален координатор на претседавачот
на ОБСЕ кој ја предводи набљудувачката мисија на ОБСЕ.

"Gra|anite postignaa uspe{en izboren proces, golem ~ekor
kon stabilnosta" - nabquduva~kata misija na OBSE
На денот на изборите, набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР(НМИ)
распореди околу 869 набљудувачи од 41 држава учесничка во ОБСЕ, вклучувајќи
86 набљудувачи одредени на должност од страна на Европската комисија, 39
парламентарци од парламентарните асемблеа на ОБСЕ, 16 од парламентарните
Асемблеа на Советот на Европа и 5 од Европскиот парламент. Освен тоа, во НМИ
со краткорочни набљудувачи учествуваа и претставниците на амбасадите во
Скопје на државите - учеснички во ОБСЕ, меѓународни организации и невладини
организации. На денот на изборите, набљудувачите направија околу 3.600
посети на околу 2.500 гласачки места од вкупно 2.973 низ целата земја.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР беше воспоставена во Скопје на 22 јули и
непосредно потоа започна со набљудување на изборниот процес со помош на 54
експерти, долгорочни и среднорочни набљудувачи распоредени во Скопје и во 11
регионални центри.
Ние сме сигурни дека овие избори значително ќе придонесат во постојните
процеси на помирување по минатогодишната криза, констатира Бјорн фон дер
Еш, шеф на делегацијата на Парламентарната асемблеа на Советот на Европа.
Некои од позитивните аспекти на изборниот процес кои беа истакнати од страна
на Меѓународната набљудувачка мисија се: новиот изборен систем што беше
донесен порано оваа година, работата на Државната изборна комисија која беше
за пример, како и изборната кампања која беше добро организирана со
соодветно патролирање од страна на властите.

"Vo izborniot proces vladee{e red i mir" - Me|unaroden
republikanski institut (IRI)
Но, набљудувачите исто така ја покажаа својата загриженост во врска со
одреден број инциденти кои во одредени моменти ја нарушија изборната кампања
и создадоа напната атмосфера. Овие инциденти ги вклучуваат убиствата на
полицајци, земањето на заложници и нападите на партиски канцеларии и
претставниците на медиумите. Додека сите медиуми заедно понудија широк опсег
на информации и мислења, медиумското покривање на кампањата од страна на
државните медиуми беше пристрасно и наклонето кон власта, според анализата
на Меѓународната набљудувачка мисија.
Генерално, во очите на странските набљудувачи денот на изборите беше
карактеризиран со висок одзив на гласачите, неколку изолирани инциденти на
насилство и во основа уреден процес, со забелешка за високиот број случаи на
групно гласање.
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
За парламентарните избори 2002 беа донесени три нови изборни закони:
Законот за избор на пратеници за Собранието од 2002 година; Закон за
гласачки список и Законот за изборни единици. Минатите набљудувања на
изборите од страна на ОБСЕ/ОДИХР дојдоа до заклучок дека изборните закони
обезбедуваат законска основа за ефикасно спроведување на изборите. Во исто
време, беа увидени тешкотии поради двосмисленоста и недоследноста на
законите кои се од важност. Во врска со спроведување на изборите, минатите
извештаи забележуваат подобрување, но исто така забележаа и постојани
проблеми кои не спречуваат целосно да застанеме зад ваквите процеси. Особено,
констатираа странските набљудувачи, постои потклекнување при спречувањето на
неправилностите и малверзациите. При тоа, изборите се спроведуваа во
атмосфера на тензија, а постоеше и заплашување и насилство врз гласачите,
изборните службеници и другите, забележаа мониторите. Според нив,
парламентарните избори се од голема важност по последниот мандат на
Парламентот кој се соочи со бегалската криза која беше резултат од војната
на Косово во 1999 година и безбедносната криза во 2001 година. Сегашните
парламентарни избори се составен дел на охридскиот Договор, а исто така тие
широко се восприемаат како тест на враќањето на земјата кон редовните
демократски процеси и кон нејзината целокупна стабилност, е потенцирано во
прелиминрните наоди на мониторите.
СПРОВЕДУВАЊЕ
Оценка на меѓународните посматрачи е дека ДИК, а особено нејзиниот
претседател, дадоа најголем придонес кон создавање услови за автономно
спроведување на изборите. ДИК работеше на транспарентен и во основа
колегијален начин, редовно држеше отворени пленарни седници и комуницираше
со јавноста преку канцеларија за печатот и преку нејзината интернет
страница. ДИК ги усвои потребните и корисни упатства за да одговори на
двосмисленостите и другите недостатоци на новиот Закон за парламентарни
избори. Многу од овие упатства се потпираа на препораките кои беа направени
од страна на ОБСЕ/ОДИХР и други припадници на меѓународната заедница. Едни
од најважните упатства кои беа усвоени од страна на ДИК, според мониторите,
се упатствата кои се осврнуваат на распоредувањето и улогата на полицијата;
Во кои случаи ливчињата се важечки или неважечки; Напредното и мобилно
гласање и идентификувањето на гласачите. Дополнително на ова, набљудувачката
мисија за прелевање на конфликти на ОБСЕ во Скопје заедно со МВР обезбедија
обука која беше добредојдена за околу 3.500 полицајци во поглед на нивната
улога во текот на изборниот процес.
ИРИ
Парламентарните избори беа набљудувани и од страна на Меѓународниот
републикански институт (ИРИ) - непрофитна, непартиска и невладина
организација со седиште во Вашингтон. Триесетчлената делегација на ИРИ беше
предводена од претседателот Џорџ А. Фолсом, сенаторот Ричард Бенет од
сојузната држава Мејн, сенаторот Дино Роси од сојузната држава Вашингтон и
градоначалникот на Темпи, Аризона, Нил Џулијано. Генерално, во изборниот
процес владееше ред и мир. Делегатите на ИРИ не се соочија со никакви
поголеми инциденти кои би фрлиле сенка на сомнеж врз фактот дека овие избори
главно се вистинска слика за волјата на македонските гласачи. ИРИ со жалење
ги констатира јавните инциденти со насилство. Високиот одзив на гласачите
може да се протолкува како глас за доверба за демократскиот процес и за
самите избори, а ДИК заслужува пофалби, констатирано е од страна на
претседателот на ИРИ, Џорџ А. Фолсом. ИРИ прати дванаесет екипи со
набљудувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија,
Холандија и САД во сите шест избирачки единици. Се набљудуваа 250 гласачки
места во 45 општини. Целта на изборните набљудувачки мисии на ИРИ не е да
даде моментно мислење за изборите, туку да ги забележи начините на кои
земјите можат да ги подобрат своите изборни закони и практики. ИРИ работи во
Македонија уште од 1990 година на различни програми наменети да ги зајакнат
и развијат македонските политички и демократски институции, а нивната помош
во Македонија е финансирана од USAID.