амо 11 години по осамостојувањето
на Македонија, како сите да го заборавија Денот на независноста на Република
Македонија. Веднаш тоа го претворија во неработни денови, во викенди до
Лерин , Солун (но не и на Шара), во слободно време за правење туршија, некои
го искористија за да ги надмудруваат Македонците со нивните ставови и лаги
што ќе направат во иднина за Македонија. Никој не кажува што остана денес од
Македонија.
Политичарите го заборавија празникот на независноста на Македонија,
бидејќи беа презафатени со неодложни работи - ако се може да ја закрпат
малку Македонија - по митинзите низ сокаците, маалата, плоштадите и низ
селата низ Македонија. Сите тие кои се со модринки по градите од нивните
крастави фалби кој колку ја изградил (читај украдил) или ја спасил државата
- на 8 Септември станаа невидливи и заборавија дека 8 Септември е ден кој
беше со векови очекуван од македонскиот народ да има своја независна држава
и таа независност да ја прославува сам и слободно.

Na Georgievski i na brat Qube pova`ni im bea izborite od
proslavata na 8 Septemvri
Според информациите што ги добивме од Македонија на свечениот коктел што
бил приреден од претседателот Борис Трајковски, поприсутен бил дипломатскиот
кор и некои од иселениците кои случајно се нашле во посета на својата родна
грутка, отколку членовите на Владата. Лубчо Георгиевски не бил на приемот на
Трајковски, потоа му вратил и Трајковски на Лубчо мило за драго. И тој не
отишол кај компањоните на Георгиевски. Но, во Домот на на АРМ не дошол дури
ни Георгиевски, па претседателот на Собранието (холандската мелница на
ветер) по краткото отворање и затворање на свечената седница, "работата" им
ја препуштил на Македонската филхармонија и на групата "Синтезис" која беше
присутна во Австралија. Додека, пак, Бранко Црвенковски, "лидер" што
честопати својата партија ја претставува како "македонотворна", не бил
присутен на ниедна прослава на празникот на независноста на Република
Македонија. Така, јубилејот поминал под знакот на празни столчиња, празни
сали и лажен срамен однос кон значајните датуми од поновата историја на
Македонија.
ПОЧИТ?!
На сметка на тоа, овде во Австралија Американците ни покажаа како се
брани својот народ и својата држава. Последните неколку денови поминаа во
знакот на тероризмот и одбраната на државата од некој сличен таков напад на
Америка како ланскиот на 11 септември. За овој ден Америте се подготвуваа со
сите свои расположливи сили и оружја само да не се повтори нешто слично како
лани. Тие толку многу беа внимателни и подготвени за одбрана, но и за напад
што во секој момент можеше да се случи тоа дури и непријавено врапче или
ластовичка да пролеташе низ синото американско небо да биде бесмилосно
срушено со некоја ракета, а замислете што ќе беше ако таму поминеше неуредно
пријавен авион?! Коментарот го оставаме на читателите.
Америте, или Јенките, како сакате, на 10 и 11 септември беа подготвени
дури и со газот да каснат како пчелите и да не дозволат понижување на
нивниот дигнитет, нација и држава. А кога е во прашање прославата на нивната
независност, како и независноста на Австралија, Вие сите сте сведоци како
тие знаат и умеат тоа да го направат и прослават. Тие го прават тоа со
голема почит кон паднати борци од претходните генерации, кои ним им
обезбедија место во политиката и во дипломатијата како и слободен живот на
нивниот народ.

Gi zaslu`i li Svetata Svetiklimentova crkva sudovite vo
Avstralija?!
Но, што се случува со македонската Влада, со политичарите и со МПЦ? Тие
покажаа како воопшто не се интересираат кои беа тие што ги дадоа животите за
тие денес со истрбушени и преполни со печено месо и виски стомаци да си
играат со нивните животи и со угледот на нашата света држава и вечен
македонски народ. Тие дозволија Република Македонија на Денот на
независноста на 8 Септември да се срами што постои! Македонија се срамеше
затоа што тие што се удостоени да ја водат ни уво не ги болеше дека тоа е
историски и неповторлив датум во историјата на Македонија. Тие заборавија
дури да им оддадат почит на пресно загинатите бранители на независноста на
Македонија и тоа на оние кои загинаа во ѕверствата на бивша Југославија и на
оние кои беа живи палени од шиптарско-качачките банди кои и денес сеат страв
кај македонскиот народ. Паднатите борци за Македонија на 8 Септември се
местеа, превртуваа и коските им крцкаа во гробовите од пашалакот на нивните
команданти, премиери и претседатели. И како не ќе им крцкаат коските во
гробовите кога тоа беше еден обичен македонски ден искористен за печени
прасиња, богати ручеци и вечери!? За богатите јадења знаеме дека не се
срамат, можеби срамот е тамо негде во нив и нивните души и ги мачи нешто
затоа што 8 Септември не оној истиот од 1991 година. Тие, корумпираните и
алчни за пари и власт, дозволија промена на името на Македонија и промена на
знамето, дозволија албанскиот јазик да стане официјален во македонската
држава, дозволија да имаат локална самоуправа каде што има повеќе од 20
отсто од нивното население, дозволија војна во Македониа, дозволија етничко
чистење на 130.000 Македонци од Тетово и Куманово, дозволија 30 отсто од
независна Македонија денес да биде окупирана, дозволија секојдневни убиства
по улиците на големите градови на Македонија, дозволија да се откажат од
Македонците од Пиринска, Беломорска и Преспа, дозволија владиката Јован да
ја продаде велешката Епархија пред очите на сите Македонци!!! Каде беше
полицијата и каде беа судовите да го притворат тој предавник?!
КРАДЕЦОТ?!
Дозволија судови во Австралија. Зошто судови во Австралија и трошење на
милиони долари? Кој е тој што има однесено пари од црквите нека се каже
јавно? Кој е крадецот, кој е штетникот, кој е предавникот или предавниците?
Кои се тие луѓе што спечалиле од црквите? Нека се кажат и предадат на
австралиските власти за крадење и тврдиме дека ќе завршат како Ендру
Теофанус, поранешниот пратеник на федералната Влада на Австралија, со лисици
на рацете кој дури и на закопот на својата мајка властите на Австралија не
му дозволија да се прекрсти и земја да и фрли на погребот на својата покојна
мајка. Ако има такви Македонци, корумпирани, треба да се кажат и да им се
суди според законите на Австралија. Тужителот треба да ги посочи јавно пред
народот грешниците и ние да му судиме заедно. Но, веројатно такви нема меѓу
Македонците во Австралија и вака излегува дека "Кадија те тужи, кадија те
суди".
Зошто Македонците да се судат меѓу себе? Има ли потреба? И ако има која е
таа? Дојде времето кога Македонската заедница во Австралија треба да знае од
каде се парите за тужбите и која е бенефицијата од судот за црквите! Дојде
времето Македонската заедница да се обедини и да размисли која е целта и
резултатот да се потрошат 1 милион долари во судскиот спор со "Св Петка" во
Сиднеј, а од друга страна да се купува место од 500.000 долари во Мелбурн и
да се бара доброволен прилог пак од Македонците. Има ли потреба за тоа? Се
прашаа ли македонските православни верници за сите овие постапки? Чии се тие
пари? Има ли одговор на овие прашања?
На крајот, сума сумарум, Македонците независно од тоа дали се во
Македонија или во Австралија треба да си ја земат својата судбина во свои
раце, како и контролата над својата држава и да не дозволат поединци,
манипуланти, кариеристи, непотисти, политиканти и недоквакани поединци да си
играат со судбината на еден стар и вечен народ кој со векови се бори за
своја сопствена држава, идентитет, култура и јазик. Македонци, треба да се
огледаме на примерот на Јенките како се брани својата чест, народ и држава.
Значи, што поскоро треба требење на каколот и троскотот и формирање на
македонски тела во Македонската заедница. Што значи, треба да имаме едно
највисоко македонско политичко и национално тело кое ќе лобира и ќе решава
за проблемите. Инаку ќе имаме тешка иднина и постепено исчезнување. Нашата
судбина во Австралија е само една вистинска слика за настаните во
Македонија. Македонци, чистете го каколот и троскотот оти пченица нивата
нема да раѓа. Веднаш!
Но, што се случува со македонската Влада, со политичарите и со МПЦ? Тие
покажаа како воопшто не се интересираат кои беа тие што ги дадоа животите за
тие денес со истрбушени и преполни со печено месо и виски стомаци да си
играат со нивните животи и со угледот на нашата света држава и вечен
македонски народ. Тие дозволија Република Македонија на Денот на
независноста на 8 Септември да се срами што постои! Македонија се срамеше
затоа што тие што се удостоени да ја водат ни уво не ги болеше дека тоа е
историски и неповторлив датум во историјата на Македонија. Тие заборавија
дури да им оддадат почит на пресно загинатите бранители на независноста на
Македонија, и тоа на оние кои загинаа во ѕверствата на бивша Југославија, и
на оние кои беа живи палени од шиптарско-качачките банди, кои и денес сеат
страв кај македонскиот народ.