Господинот Терзиев е сигурен во фактот дека во Македонија постои карпеста
уметност, затоа што и тој самиот пред повеќе години се интересирал за
петроглифи кои уште многу одамна ги има видено. Неговиот интерес бил толку
голем што неговата библиотека ја збогатил со 20 книги на руски јазик
посветени токму на петроглифите кои се наоѓаат во некогашниот СССР и
Монголија. Книгите биле строго научни и богато илустрирани со фотографии и
цртежи, а нивни автори се светски познати имиња од оваа област како што е,
на пример, А.П. Окладников.
ПЕТРОГЛИФИ
Најстарата книга е од 1972 година што значи дека за петроглифи тој се
заинтересирал уште во далечната 1971 година, кога е нарачана првата книга.
Сите овие книги ги отстапив на Републичкиот завод за заштита на
спомениците на културата, се разбира откако ги прочитав и ги зедов
податоците што се предмет на моето интересирање, вели господинот Терзиев.
Ги понудив на Заводот во Скопје затоа што се тие задолжени за заштита на
спомениците на културата, па и на природните реткости. Впрочем, нивната
библиотека е заедничка со Етнолошкиот музеј, а етнолозите се компетентни за
мотивите од карпестата уметност. Во тие книги ќе ги сретнете и
фигурите и симболите што сум ги видел во печатот и на ТВ за карпестата
уметност во Македонија.

Freski

Freski
Во свое време, уште пред д-р Душко Алексовски, господинот Терзиев барал и
открил петроглифи на планината Огражден. Сведок за тоа е едно
непотпишано известување во "Вечер" од 23 октомври 1975 година. Во него
пишува дека на планината Огражден се откриени неколку интересни камења на
чијашто поцрнета површина се забележани праисториски цртежи и знакови -
петроглифи.
На една од камените плочи, најдена случајно во деновите кога беше
пробиван патот преку планината, откриени се десетина вдлабнатини со
полусферичен облик, широки до 5 сантиметри и исто толку длабоки, додава
господинот Терзиев. Возможно е петроглифот да претставува некое соѕвездие,
но се претпоставува и тоа дека вдлабнатините можеби настанале и на начинот
на кој праисториските луѓе добивале оган. Луѓето кои живеат на Огражден,
особено шумските работници, знаат за повеќе петроглифи за чие постоење имаат
неколку толкувања. Во Крвавичево на една камена плоча се наоѓаат 11
длабнатини коишто претставуваат "пилиња" и "крст". Кај Штука постојат
петроглифи што претставуваат "месечина" и "два крста", а кај Дрвошка Река во
близина на Градиште, тие отсликуваат "кокошка" и "седум пилиња". Петроглифи
се најдени и кај Црна Скала во Црвено Поле.
ОБВИНУВАЊА
Господинот Терзиев, како и повеќето познавачи на карпестата уметност,
велат дека таа нема некоја особена врска со археологијата, тука нема
ископувања, и не му е јасно зошто археолозите се "петљаат" во работи за кои
не се компетентни. Сето тоа му остава впечаток дека тие се експонираат пред
јавноста како граѓани со недоволна култура, недостојни за титули со кои се
китат. За него д-р Душко Алексовски е компетентен поради својата професија и
бидејќи веќе долго се занимава со оваа материја.
Нашите историчари на уметноста, етнолозите, религиоведите кои одвај дали
прочитале по една добра книга, можат да бидат само "чираци" во оваа област,
вели господинот Терзиев. Познавам и еден академик кој повторувал во
основното или средното образование поради овие предмети и е смешен кога
пишува за нешта што имаат допири со нив. Еден друг пак "проф. д-р"
пишува за "кружни сегменти" наместо за "кружни прстени", како тоа тој го
замислува на една фреска во "Света Софија Охридска" и гледа рамнина таму
каде што е простор (а станува збор, всушност, за коаксијални кружници).
Господинот Терзиев потенцира дека тука станува збор за елементарно
непознавање на геометријата што се изучува во основно училиште.
Се обложувам дека тие дури и не чуле за Шредингеровата равенка. Токму тие
типови не сакаа да ми го објават прилогот кој се однесуваше на споменатата
фреска што подоцна беше објавен во Оксфорд, вели тој.
Како типичен пример за непризнавање и негирање на нешто што е вредно
господинот Терзиев ги посочува пронајдените ремек дела на камената фреска -
живопис во пештерите на југозападна Франција и Кантабриска Шпанија во
почетокот на