о Галерија здравствен дом во
Вевчани неодамна беше отворена изложба на фотографии насловена како "Вевчани
низ објективот на Анастас Ќушкоски". Самиот наслов на изложбата посочува
дека автор на фотографиите е господинот Атанас Ќушкоски кој е познат како
пасиониран фотограф. Со фотографија се занимава уште од 1957 година, а
поинтензивно од 1980 година. По 25 години творечка активност, ова му е прва
самостојна изложба.
На изложбата се застапени преку стотина експонати кои претставуваат само
мал исечок на едно време, преку кои треба да се препознае душата на Вевчани.
Авторот е вљубеник во него и тој неуморно го следи во сите негови сегменти.
Особено жали по она што го нема веќе, што исчезнало во времето, но е особено
горд со тоа што го овековечил на своите фотографии.


Od starata arhitektura vo Vev~ani
Господинот Ќушкоски се нашол во магиското поле на фотографијата, а повеќе
од 20 години тој е неразделен од својот фотоапарат. Во неговиот опус ќе се
најдат и многу необични фотографии кои можат да се родат само кај автор со
префинет вкус. Неговите фотографии не се само документ за еден момент, за
едно време, туку и своевидни уметнички дела. Илјадници мигови на запрено
време заземаат место во неговата богата фототека.
Тој преку фотографиите ги овекувечува свадбените обичаи, крштевките,
молитвите, покладните огнови, василичарите, богатата македонска носија,
старата архитектура, околината на Вевчани со нејзините величенствени извори
и планинските врвови на Јабланица. Меѓутоа, неговото творечко љубопитство не
застанува овде. Тој проникнал и во други многубројни состојби навидум
незабележителни, притоа откривајќи со голема умешност необични форми и
детали што ги нуди околината. Во тој миг господинот Ќушкоски не ја
регистрира само формата на објектот, туку внесува и душа во него. Сеедно
дали станува збор за камен, дрво или куќа што пропаѓа, тој наоѓа во нив теми
кои остануваат овековечени преку неговиот објектив.

Ovekove~en tradicionalniot razboj

Ubavata makedonska nosija

Daleku poznatiot vev~anski karneval

Izvorite kako obele`je na naselbata
Сите фотографски записи кои си нашле место во неговата збирка се
забележани при бројните патувања. А ги има од секаде, од пределите на
Јабланица, од кањонот на Радика, од македонските светилишта, античките
базилики, старата архитектура, па дури и мотиви од Азурниот брег, ноќите на
Монте Карло, шпанското село и од други места. Глетки кои допрва треба да се
најдат пред љубителите на оваа уметност, а авторот досега има презентирано
само мал дел од оваа ризница на фотографии и дијапозитиви.