Храмот "Света Злата Мегленска" во скопски Сарај наскоро ќе воскресне од заборавот ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИЛИШТА Пишува: Драган ЗАФИРОВ
Неуморниот и мошне познат истакнат свештеник во нашиот град протојереј ставрофор господинот Харалампие Ангелковски, заедно со одличниот архитект и инжинер господин Пане Равановски, тука е и архитектот господинот Јордан Јакасановски, заедно со златните раце на градежните мајстори, Македонци од Мала Прспа, Албанија, вложуваат напори и голема љубов овој прекрасен храм наполно да си го измени својот надворешен изглед. Бидејќи градежните работи се при крај, ќе започне доградбата на велелепната црква, убавицата "Св. Злата Мегленска", а само пред еден месец се освети и новоподигнатиот храм "Св. Атанасие" кој денеска е споменик во населбата Оризари во Скопје. Со доградбата на убавицата "Св. Злата Мегленска" во Сарај, која е воедно и часовник на светата мудрост, самопрегорност, сите творци со своите волшебни раце и координаторот на ова големо незаборавно дело отец Харалампие, ќе претставува незаменлив светилник во овој многунационален крај. Со непрегорната работа на овој свештеник и човек - хуманист со преголема љубов и со трудот на целосната екипа која ги изгради и ги гради овие светилници, населбата "Ѓорче Петров" ќе се претвори и ќе стане вистински Ерусалим, не само за нашиот град Скопје, туку и за целата наша татковина. Плаошник - светиот македонски Ерусалим КОН ВОЗВИШЕНИОТ БАСТИОН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ Пишува: Драган ЗАФИРОВ С екое доаѓање во светиот град Охрид, сите наши размисли се протегаат во една силна емоционална духовна парабола и таа не води кон многувековното Кале и светилникот на великиот Плаошник. Тој е соѕидан од златните и бисерните алки од предворјето и моштите на вечно живиот Св. Климент, кои се погребани во гробницата од синиот мермер.
Основоположник на велелепниот храм кој го носи името на Господовиот исцелител и лекар Св. Великомаченик Пантелејмон, е Св. Климент кој во свое време токму тука си го подготвил својот вечен дом и затоа при секое доаѓање во светиот град Охрид сите патишта водат кон овој возвишен бастион каде воедно се и светите двери на Божјиот дом. Плаошник е светилиште на македонското сонце и вечна Мека за нашата Македонија. Посета на Плаошник Дојдете на Плаошник да се помолите на моштите на Свети Климент за да го обновите својот живот и траењето на својот народ. Свети Климент Ви донесува здравје и просветеност. Ви го обновува животот, Ви ја враќа силата, Ви го отвора патот кон иднината. Љубовта кон Свети Климент е љубов кон татковината, кон семејството, кон вашите исконски корени, Ве покренува да ги победите непријателите на хуманизмот и правдата, во организација на Македонската православна црква, Скопска митрополија, за само 1.200 денари на две еднакви рати. Во цената е пресметано: превоз, вечера, ноќевање, појадок, ручек, посета и поклонение на возобновеното најголемо Македонско манастирско светилиште "Св. Пантелејмон" и "Св. Климент" - Плаошник. За сите информации обратете се до најблиската црква или на тел. 02 127-051; 230-780; 230-697; 070 594-228 и 070 745-954. |
|