| |
СПОРТ
РАКОМЕТ: Очекувањата и надежите за македонските ракометни екипи
ПОЧНА ОСВОЈУВАЊЕТО НА ЕВРОПА
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
- Актуелниот европски ракометен шампион, нашата гордост, екипата "Кометал
ЃП", си постави за цел годинава не само да ја одбрани титулата европски
шампион, туку и да победи на супер-купот, чиј домаќин е, и сето тоа да го
направи што е можно поубедливо.
- Нашиот машки ракометен шампион, пак, веќе ги почна своите натпревари
во квалификациите на Лигата на шампионите. Екипата на "Вардар В." своето
европско деби го имаше против екипата на белгискиот шампион "Ентјатен" кој
го совлада, според очекувањата, и во двете средби и сега се подготвува за
новиот предизвик, многу појаката екипа норвешкиот првак "Сандефјорд".
М акедонските
ракометни екипи, единствените кои сега за сега ни приредуваат убави мигови,
го започнаа својот поход кон Европа. Подготовките според стручните штабови
завршиле мошне успешно и сега сите најавуваат дека ќе го насочат своето
влијание кон настапите во ракометна Европа каде очекуваме, а и самите тие ни
најавуваат, дека ќе атакуваат кон самиот европски врв.
Само да потсетиме. Минатата година имавме еден европски шампион - екипата
на "Кометал ЃП" во женска конкуренција, еден финалист, екипата на "Пелистер",
во машка конкуренција и претставник во лигата на шампионите и во машка
конкуренција, екипата на "Вардар Ватростална". Вреди да се спомене дека и
другите екипи кои настапија во европските ракометни купови достојно не
репрезентираа и можеме да бидеме целосно задоволни и да посакаме така
успешно да не претстават и во годинашната сезона.
РЕЈТИНГ
Колку сериозно нашите клубови ја сфатија својата работа и фактот дека
само европските купови се вистинско мерило за нивниот рејтинг, нивните
можности, нивното реноме, покажува и фактот што сите се потрудија во
преодниот период да ги засилат своите редови само со цел да го задржат
високото место кое го има македонскиот клупски ракомет во Европа. Така, на
пример, актуелниот европски ракометен шампион, нашата гордост, екипата "Кометал
ЃП", си постави за цел годинава не само да ја одбрани титулата европски
шампион, туку и да победи на супер-купот, чиј домаќин е, и сето тоа да го
направи што е можно поубедливо. Навистина со сето она што го сработи
Управата на Клубот може да се констатира дека веќе почнаа да се остваруваат
ветувањата дадени на македонската спортска јавност веднаш по освојувањето на
титулата, а тоа дека "Кометал ЃП" има намера да остави трага во европскиот
женски ракомет и не само да ја одбрани титулата, туку и да остане запаметена
како женска ракометна екипа која била најзначајна во првата декада од новиот
век. Тоа сигурно подразбира дека се оди на освојување на европската титула
барем уште два пати со ред. Имено, екипата на "Кометал" доведе нов тренер,
Леонид Евтушенко, кој е докажан стратег и од кој не се очекува ништо помалку,
туку само да го повтори успехот на неговиот претходник, освојување на
европската клупа. Освен тренерот, Управата на Клубот се потруди да донесе и
навистина квалитетни засилувања со што конкуренцијата на Клубот се засили на
секое место. Последни засилувања се ракометарките Елена Цигица, Елена
Радченко и Олга Колесник. Станува збор за веќе докажани ракометарки кои се
во зенитот на својата играчка зрелост и од кои се очекува во иднина да се
вклопат во екипата и да ги покажат своите вистински квалитети. Со нивна
помош како и со постојниот играчки кадар се очекува дека екипата на "Кометал"
ќе биде поубедлива од минатата година и дека лесно ќе дојде до новата титула
европски шампион.
ЕЛИТА
Нашиот машки ракометен шампион, пак, веќе ги почна своите натпревари во
квалификациите на Лигата на шампионите. Екипата на "Вардар В." своето
европско деби го имаше против екипата на белгискиот шампион "Ентјатен" кој
го совлада, според очекувањата, и во двете средби и сега се подготвува за
новиот предизвик, многу појаката екипа норвешкиот првак "Сандефјорд".
Докулку го помине и овој противник, тогаш екипата на "Вардар В." се
квалификува за групите од најелитното ракометно натпреварување - Лигата на
шампионите. Екипата на "Вардар", за разлика од екипата на "Кометал", каде се
задржа истиот играчки кадар, мораше оваа сезона да не смета на услугите на
македонската ракометна легенда, Пепи Манасков, кој ја смени ракометната
средина и замина во нив клуб. За да ја надополни празнината која настана со
заминувањето на Пепи Манасков, Управата на Клубот направи напори и на негово
место донесе нов играч за кој се надеваат дека ќе биде достојна замена за
македонската легенда. А, дека тоа е блиску до вистината покажаа и настапите
на "Вардар" во новоформираната средноевропска лига каде постигна
забележителни резултати и која претставуваше одлична подготовка за настапот
во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Реално очекуваме дека
екипата на "Вардар" ќе го повтори ланскиот успех кога се натпреваруваше во
Лигата на шампионите, а дека таму ќе стаса многу подалеку отколку минатата
година.
Екипата на "Пелистер", нашиот минатогодишен финалист, за оваа сезона
најави дека ќе атакува на повторување на ланскиот успех и ветија дека
повторно ќе ни приредат една незаборавна ракометна сезона и уште еден
деликатес преточен во ново европско финале. Тие отидоа дури дотаму што
ветија дека оваа година сигурно ќе победат во финалето таму каде што
настапуваат. Големите надежи ги темелат на засилувањата кои ги доведоа оваа
сезона и секако мудроста на новиот тренер, некогашниот играч на "Пелистер",
Боро Чурлевски. За квалитетите на Боро Чурлевски можевме да се увериме
минатата сезона кога тој ја водеше екипата на "Килкис" кој му беше противник
на "Пелистер". Она што посебно загрижува се слабите резултати кои ги
постигнува "Пелистер" во новоформираната средноевропска лига, за кои
раководството на Клубот вели дека се моментална криза и темпирање на формата
за искушенијата кои ги очекуваат во европските купови.
Се надеваме дека и годинава ќе се радуваме на успесите на македонските
ракометни екипи и дека македонскиот ракомет ќе остане еден навистина достоен
репрезент и најдобар амбасадор на Република Македонија во Европа.
На традиционалниот турнир по повод независноста на Македонија во Њеерт,
Холандија
НАЈДОБРО "ИСТРЧАА" ПАТРИОТИТЕ
Пишува: Гоце ДУРТАНОСКИ
П о повод 11-годишнината од
независноста на Македонија, македонското културно здружение "Гоце Делчев"
од Верт (Њеерт), Холандија, организираше фудбалски турнир и голема прослава
на која покрај домаќините дојдоа и голем број на Македонци од соседна
Германија и Белгија. Според резултатите на холандските судии г. Вергејн и г.
Биленс, првото место го освои екипата "Послушајте патриоти" од Вехел,
второто екипата на "Цар Самуил" од Зеланд, и третото место екипата на
домаќинот "Гоце Делчев" од Верт.
Прославата ја отвори претседателот на Здружението, г. Марјан Јанкоски,
кој им посака срдечно добредојде на гостите, а посебно на Нејзината
екселенција, д-р Милијана Даневска, амбасадор на Република Македонија
во Холандија, која беше присутна со своите колеги од нашето дипломатско
претставништво од Хаг. Покрај излагањето по повод Денот на независноста на
нашата држава, д-р Даневска на претставниците на спортските екипи и
здруженија од Холандија им ги подели и победничките пехари.
|