Прв и втор том од "Речник на македонските говори во југоисточниот егејски дел" од проф. д-р Коста Пеев РЕЧНИЧКО БОГАТСТВО НА ЕДЕН НАРОД Пишува: Борис АПОСТОЛОВ
Д еновиве од печат излезе вториот том на "Речник на македонските говори во југоисточниот егејски дел" од проф. д-р Коста Пеев. Издавач на ова монументално дело е НИП "Студентски збор" од Скопје. Според зборовите на академик Божидар Видоевски, ова претставува пионерска работа во нашата средина и пред нас е сериозен обид за комплетно претставување на речничкото богатство на југоисточните македонски говори.До пред две години Речникот се работеше како Проект на МАНУ - "Македонските дијалекти во Егејска Македонија" со кој раководеше акад. Божидар Видоевски. Откако згасна овој Проект, работата врз Речникот се префрли во Институтот за македонски јазик. Тоа се перипетиите во создавањето на овој значаен труд, да не заборавиме за дваесетгодишната напорна истражувачка работа на почитуваниот проф. Коста Пеев. Мошне е индикативно излагањето на акад. Блаже Ристовски за овој Речник, инаку одличен познавач на македонската историја. Тој вели: "Со пиетет сум исправен пред дводеценискиот макотрпен труд на еден пасиониран истражувач што саможртвено го посветил својот живот за воскреснување на органскиот дел на еден историски етнокултурен субјект што пред наши очи незапирливо и неповратно гасне... Речиси ги нема веќе македонските песни и ора околу Солун, Кукуш, Серез, Кавала и Драма, одвај се слуша збор во Воденско и Ениџевардарско, па упорно се задушува мајчинскиот шепот и во Леринско и Костурско...".
Сепак, жилавиот македонски дух лесно не се предава. Иако поробуван, парчосуван, физички уништуван, тој повторно се реинкарнира од сопствената пепел. Силните демократски процеси што се одвиваат во светот ги кршат и најтврдокорните режими и догми. Да не заборавиме на луѓето како што е проф. д-р Коста Пеев кој не жалејќи труд и време, аргументирано се впуштил во борба за оживување и одржување на македонскиот дух и дијалектните говори во тие делови на распарченото органско ткиво на Македонија. Инаку, Речникот е поделен во неколку целини и тоа: во првиот дел се застапени уводни белешки со кои на читателот му се презентира регионот што е предмет на истражување, начинот на собирање на материјалот, методологијата на изработка на Речникот и презентирање на одредени посебности во граматичката структура на Долновардарските говори. Во вториот дел се застапени зборовните единици од Ѓ до К. Од овој дел, како и во првиот том, обичниот читател ќе биде фрапиран од богатството на мноштвото непознати зборови што ги нема во литературниот говор. И второ, од живата и богата изразеност. Во третиот дел се поместени одбрани граматички прашања, со што се заокружува овој том од Речникот. Иако Речникот претставува стручно помагало во работата од областа на јазикот и литературата, сепак интересен е и за обичниот читател затоа што преку него се запознава богатството (јазично) на еден народ, за жал и денес негиран и потценуван. Според зборовите на директорот на НИП "Студентски збор" од Скопје, проф. д-р Томе Груевски, во подготовка за издавање се уште три тома од овој Речник, со што ќе се заокружи целокупниот Проект од А до Ш. Уште една книга на Васил Тоциновски ТАТКОВИНАТА КАЈ ДВОДОМНИТЕ ПИСАТЕЛИ Пишува: Милева ЛАЗОВА
Првите четири, би рекле воведни, студии му се посветени на Арсени Јовков, големиот поет на епопејата Илинден. Во нив покрај поезијата, поемата од македонскиот живот "Проклетина", Тоциновски пишува и за есеите,огледите и критиките на овој извонреден новинар и публицист, поет и преведувач и еден од челните борци на светото македонско револуционерно дело. Во посебни студии се следат нови животни и творечки докази за банскалиите, браќата - Димитар, за неговите творечки зафати од 1903 година и би рекле во досега комплетното заокружување на творечкиот профил на помладиот Кочо Г. Молеров. Студиите за Сребро Јанакиев и Владимир Ковачев опстојно и суптилно ни ги откриваат поетските идеи и естетските вредности на овие двајца безмалку до скоро непознати автори. За Никола Хр. Дренков како вистинско книжевно откритие читаме во двете студии, за неговите книшки, поетска и филозофско-религиозна и за односот народ - религија во драмата "Народ и црква", како дел од драмското творештво на овој автор по кој и изборува сопствено место и значење во македонската литература. Со студијата "Социјалниот ангажман на Атанас Трендафилов" ги имаме и првичните податоци за авторот, потоа следи студијата за дојранчанецот Христо Стојков и завршната со наслов "Мудроста и амбицијата на Ангел Каратанчев". Новото научно дело на Васил Тоциновски со метафоричен наслов "Време, минато и сегашно" го потврдува со нов вредносен резултат авторот кој постојано истражува и открива и неуморно потврдува нови автори и дела од опстојбата на македонската литература. Насловот на книгата упатува токму на таа нераскинлива врска што постојано низ векови ја остварувала како моќно оружје во изборување на националните и социјални права и слободи и во афирмирање на вистините за Македонија. Нов труд како освежување и инспирација за отстранување на негативното поблиско минато ОПАЧИНАТА НА ТИТОИЗМОТ Пишува: Милева ЛАЗОВА
|
|