ФОРУМ

ЗА ЗБОРОВИТЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЕЦ

Гоце Јаневски

Македонската научна мисла воопшто нема изграден став за значењето на зборот Македонија. Се уште се талка по патиштата од зад карпатите до Балканот по нови докази за поткрепа на "Панславјанската теорија" за доселувањето на Јужните Словени. За разлика од нас, западната и посебно грчката научно-историска мисла имаат и тоа како изградена доктрина за објаснување на значењето на зборовите Македонија и Македонец. Нивното официјално толкување е напишано вака: Зборот Македон (Гк: Makedvon) најверојатно е дека произлегува од грчкиот збор "Makednos", збор што најпрво бил спомнат во Хомеровата "Одисеја" (Од. Х. 106), а подоцна и од Херодот кој најразличните дорски племиња, меѓу кои ги вброил и Македонците, именувајќи ги како "Makednon eunos". (Хер. I. 56,VIII. 43). Зборот "Makednos'' го има(л) значењето на "долг'', "висок'' и "планинец". Археолозите затоа и се со уверувањето дека Македонците, бидејќи биле високи, така и се наречени. Деновиве, поради фактот што Македонците уште од најраната предисторија живееле во планинските предели на Вермио во Грција, најмногу преовладува значењето на "планинец". Грчките зборови Maketia и Makeai исто така биле користени за идентификувањето на Македонија и Македонците....

Се надевам дека не ќе ми забележите што ќе се обидам да дадам свој коментар за произнесениве објаснувања за значењето на зборовите Македонија и Македонци. Зборот "Makednos" го има (л) значењето на "долг'', "висок'' и "планинец''. Археолозите токму затоа и се со убедувањето дека Македонците, бидејќи биле високи, така се и наречени. Деновиве, пак, поради фактот што уште од најраната предисторија Македонците живееле во планините на Вермио во Грција, најповеќе преовладува значењето на "планинец''. Од вака напишаново може да се забележи дека значењето на зборот Македонија и Македонец се менува од "долг'' до "висок'' и најнакрај "планинец''. Анализата на значењето на зборовите самата по себе го наметнува прашањето ЗОШТО зборовите Македонија и Македонци го имаат, односно го имале ваквото значење. За да се одговори на ова прашање потребно е да се отстапи од анализата на зборот како предмет на набљудување и да се анализира самото значење на зборот дадено како независно од зборот, од некои надворешни фактори. Во случајов не како е напишан зборот и кои букви се употребени за пишување на зборот што се анализира, туку како некој од страна го гледа напишаното, како го разбира напишаното, како го пренесува на други и зошто сето тоа го прави на начин на којшто го прави. Појасно кажано, зошто на пр. археолозите велат дека Македонец значи "долг'' и "висок''. За да одговориме на ова треба да ја запознаеме психологијата на археолозите, нивниот речник што се користи при нивната работа, како и самата природа на нивното работење. Запознавајќи го сето ова, со сета моја почит за нивното работење и за археологијата како наука, можеби би можеле да го најдеме одговорот на значењето "Зошто'' и да речеме: Значењето на "долг'' и "висок'' е НАЈМНОГУ ВЕРОЈАТНО дека се должи на фактот што тие и потсетуваат на "погребници'' кои копајќи и истражувајќи ја внатрешноста на земјата, барајќи и самите по најразлични одговори, налетуваат на упокоените остатоци, скелети од луѓе што живееле од порано, и пронајденото ќе го измерат во ширина и во должина. Затоа и значењето ДОЛГ, додека истите тие упокоени, додека живи ги имаат димензиите, широчина и ВИСИНА. Оттаму и значењето на "висок''. Самиот Херодот можеби видел некои високи луѓе и за нив да запишал дека тие високи луѓе биле Македонци, како нивен современик и очевидец. Тоа можеби и било вистина, како што е и вистина дека Македонците се споменати во Хомеровата "Одисеја'', но сепак тоа објаснување не дава за право да се прифати дека значењето на зборот е доволно објаснето. Според таа логика, дали ако археолозите во некоја претпоставена иднина налетаат на претпоставени остатоци да речеме од некои кошаркари, или било кои други високи луѓе, дали тогаш и за нив би можело да се каже дека станува збор за Македонци?

"Планинци'' како објаснување на значењето на зборот Македонци исто така е никакво објаснување, бидејќи според тоа сите оние луѓе кои живеат на планините, високи или ниски, големи и мали, населени насекаде на планетава би требало да се наречат Македонци. Не само тие што живееле на планините Вермио во Грција, туку и тие што живееле на пример на Тибет. Или тука станува збор за тоа дека смислата е оти планините на Вермио се во денешна Грција.

Во врска со самиот збор Грција, и јас морам да кажам дека во тие најрани времиња не постоел ниту приближно таков збор, бидејќи тогаш немало такво формирано име, ами само Хелени, бидејќи постоеле хеленските племиња со нивниот хеленски јазик. Со ова би се рекло дека се е во врска со погрешно изведените дефиниции. Погрешните дефиниции се подобри отколку непостоењето на никакви дефиниции, но сепак како резултат имаме погрешност во заклучоците. А неточните заклучоци наведуваат на погрешна акција... Дури и самиот збор Graichoi или Graecia се појавил со Римското навлегување на Балканот. Затоа е потребно наместо фокусирање во значењето на зборовите да се насочиме во анализирање на самите зборови. Наместо да си "играме'' со значењето на зборовите да почнеме да си "подигруваме'' со самите зборови, со нивната основа, со нивната намена, за да се открие пораката што напишаното ја носи со себе, за правилно да се искористи и да се насочи во правец на вистинската функција што зборот треба да ја има. Функцијата да објаснува, да го дава значењето, да ја открива пораката напишана од некого кога било, каде било наменета за денес, наменета за сите. Играјќи си само со значењето на зборот Македонците ги има "направено'': долги, високи, планинци, потоа "Бугари'' во Бугарија и "Западни Бугари'' во "FYROM'', потоа "Јужни Срби'' во некогашните Српски кралства, "Албанци'' повикувајќи се на теоријата на "Илиризмот'', потоа "Славомакедонци'', "Скопјани'', "Фиромци'' и за на крајот "Грци'' во Грција, не само во сегашноста, ами специфично за во минатото.

Вистинското прашање е ако Македонците се Грци, тогаш кои се, односно што се Грците? Грците велат дека се потомци на старите Хелени. За да одговорам на ова прашање предлагам да си "поиграме'' со самиот збор HELLENI. Во анализата на овој збор би требало да искористиме неколку принципи.

1) Принципот разгледување на зборот буква по буква и правилно согледување на девијацијата на буквите со текот на времето;

2) Како посочениот збор се запишувал во минатото, а како се пишува денес;

3) Немешање на јазиците во ваквото истражување, ако се почне со македонскиот да се заврши со македонскиот и по можност да се согледа взаемното влијание на јазиците во непосредна близина. Ова, бидејќи јазиците се исти како луѓето, во меѓусебните контакти даваат и земаат, се разменуваат.

Применувајќи ги овие наброени правила да почнеме со играта. HELLENI. Буквата H се запишува и како K'S или X - КС во кирилицата. Пр. Ale(x)andar Але(кс)андар. Буквата Е се запишува и како E-JE-IJE-I пр Река-Рјека-Ријека-Рика. Со замената во HELLENI се добива HELLENI - (H)ELLENI - (K'S)ELLENI - K'SELLENI - K'SJELLENI - K'SJELLJENJE. Тука го читаме глаголот СЕЛИ од се населува, се отселува, се доселува. Прашањето зошто тој збор би можело да се одговори и вака. Да речеме неодамна јас се имам доселено во Илиноис, САД, и тамошните луѓе се очевидци на моето доаѓање на нивна почва. На нивниот англиски јазик, како културни и цивилизирани ме имаат забележено како IMMIGRANT, бидејќи на англиски immigrant е доселеник, а migratoin е населување. Можеби нешто слично се има случено на нашиве балкански простори кога одредени племиња на Јонци, Ахајци, Еолци и кои било други се имале доселено кај нас. Па, таквото населување да било забележано како K'SELLENJE, а луѓето кои се населиле да биле наречени K'SELLENI. Подоцна со тек на времето девијацијата на зборовите можеби била во правец HELLENI, па со изнаоѓањето на отстранувањето, сечењето на одредени букви на почетокот или на крајот на зборовите да е дојдено до следнава ситуација HELLENI - (H)ELLENI - ELLENI, а за тоа можеби доказот се крие во споменатиот Хомер овојпат во "Илијадата" каде е забележано дека зборот HELLENI доаѓа од зборот SELLANIOU или SELLANIANS по извршената импутација на буквата S (Iliad b' 683) или во некоја од поранешните редови (Iliad b'530). Во b'683 стои "OI T EIXON FUIHN HD' ELLHNES (ELLINES-ELLENI)...

Слично е ако постапиме и со анализата на зборот МАКЕДОНИЈА. Анализата би можела да оди во правец: Буквата Ј е дојдена од германските јазици најдоцна од сите преостанати букви и затоа ќе ја отстраниме. Останува MAKEDONIA. Пред тоа било запишано МАКЕДОНИ(В) со употребата на руската, бугарската, старомакедонската буква - двоглас В.

Но, бидејќи не веруваме во теоријата за доселувањето на Јужните Словени, таа буква ќе ја прескокнеме и да ја искористиме буквата Е. Неа да ја додадеме на буквата A и имаме нова буква двоглас AE. Со нејзина примена се добива MAKEDONIAE. Па, ако и на втората буква од зборот, на A ја додадеме E се добива MAEKEDONIAE. Да го поделиме овој збор на два дела имаме MAEKE///DONIAE и читаме MAEKE.. MAIKE.. MAJKA и вториот дел од зборот DONIAE...DONIAI...DONI'A'I. Ако наместо предмет долина во овој збор бараме глагол, тогаш и го читаме глаголот НОСИ од ДОНЕСУВА. Кај Далматинците и преостанатите "јужни'' Словени отприлика така и се користи зборот за трето лице еднина во женски род: Таа Донесува или DONI'A'I ..DONJE'A'JE.. DONJE'LA'JE... DONE'A'E... DONE'LA'E... DONELA....

Прашањето зошто МАЈКА се толкува со:

1) Матријархатот како првична организациска форма на семејно-родовското уредување кај човекот;

2) Спомнувањето на богот Македон, според митологијата на Олимп, како и

3) Постоењето на култот на Големата Божица МАЈКА или МАЈКАТА ЗЕМЈА, што се прославувал не само на Балканот, ами и пошироко... Прашањето што е тоа што Мајката ДОНЕСУВА се одговара со ЖИВОТ исто како и МАЈКАТА ЗЕМЈА....

Зборувајќи за зборовите дозволете ми да направам една споредба на зборовите: Долг, Висок, Планинец во некои од медитеранските јазици. Во арапскиот: ДОЛГ - TAWIL, ВИСОК - TAWIL, Планинец - REEFIY...; во каталонскиот: Долг - ALT, Висок - LLARG, Планинец - Gent de la muntanya; шпански: Долг - ALTO, Висок - Largo, Планинец - Montaniero; Италијански: Долг - LUNGO, Висок - Alto, Планинец - Montagnino. Ако пак го споредиме значењето на зборовите MAKE///DONIA со посочениве јазици, тогаш се согледува следново: Во арапскиот DOONIA или DOONJIA - Живот на планетата Земја; каталонскиот Donar - ДА ДАДЕ, Шпански: DONIA... или DONJIA - ЖЕНА; италијански: МАЈКА - MADRE или MAMA DONNA - ЖЕНА. Ако сега се обидеме да ја дадеме описната форма од значењето на зборовите МАЈКА ШТО ДОНЕСУВА ЖИВОТ, вклучувајќи ги и девијациите за зборот МАЈКА и во Индо-европските јазици МАЈКА... MAMA... AMA... MA... и споредувајќи со MAKE///DONIA би можеле да го најдеме и латинскиот корен на зборот МАЈКА што ДОНЕСУВА ЖИВОТ: MAMA///DONIA... AMA///DONNIA... MA///DONNA... MADONA... и прашањето: Зошто најпрочуената Мајка на светот, што го Донела на свет нашиот Бог ИСУС ХРИСТ, според Библијата, го добила тој епитет, се одговара самото по себе. Исто како и прашањето зошто на нашите икони и фрески Таа е претставена со шеснаесетзрачното сонце!? 


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"