а предвесникот на македонската
преродба и првиот хералдичар во Македонија (и меѓу првите на Балканот),
Христофор Жефаровиќ, мошне малку се знае. Роден е кон крајот на 17 век во
Дојран во угледно македонско свештеничко семејство Жефарови, односно
Жефаровци. Татко му Димитар бил свештеник во дојранската црква, а мајка му
Ѓурѓина била домаќинка.
Христофор своето детство го помина во Дојран со родителите кои имале
желба да го школуваат својот ученољубив. Негов прв учител бил татко му
Димитриј кој го вовел во тајните на читањето и пишувањето и во основните
црковни познавања, неопходни за идниот свештенослужителски позив.

Неколку години подоцна завршува патријаршиско (грчко) училиште,
најверојатно во Света Гора, Солун или Охрид, со што се здобил со повисоко
духовно образование и добро го научил грчкиот јазик и грчкото писмо. На
17-годишна возраст се замонашува и како јероѓакон влегува во калуѓерското
братство на некои од манастирите во околината на Дојран, каде што го добива
монашкото име Христофор што значи Христоносец.
Како млад свештеник, извесно време богослужувал во православниот храм во
Дојран. Неговиот немирен и вечно истражувачки дух го насочува по патиштата
што воделе кон светите места и манастирите, сместени во пазувите на
македонсктие планини и пошироко. Зборувал речиси на сите балкански јазици,
покрај мајчиниот и црковномакедонскиот, добро ги познавал и грчкиот,
турскиот, бугарскиот, српскиот и латинскиот јазик.
Не е познато колку време траела неговата монашка дејност, но се
претпоставува дека тоа не било многу долго. Иако мошне млад покажал дарба
кон ликовната уметност и се приклучил кон некоја зографска група, а
зографскиот занает го "испекол" во македонската живописна школа во Света
Гора, Солун или Охрид. Паралелно со првите чекори во живописот, Христофор се
занимавал и со графичка техника со пренесување на своите цртежи на дрвена
плоча со што ги прави и првите посмели зафати во уметноста.
ХРИСТОФОРОВОТО
ПАТЕШЕСТВИЕ
Откако ја надраснал интелектуалната средина во родниоткрај, барајќи
погоден простор за слободно духовно творештво и за себедокажување,
љубопитниот дојранчанец Христофор Жефаров(ич) се насочил кон поинтензивен
духовен живот во една блиска и сродна средина, надвор од границите на
Османлиската Империја.
Се упатил кон Виена, но извесно време се задржал во Белград, каде оформил
сопствено ателје во кое работеле неговите ученици. Во 1734 година заминал за
Сремски Карловци, каде што ги посетил сите околни места и манастири, а од
продажбата на своите уметнички изработки остварувал добри приходи и
економски брзо зајакнал.
Христофор Жефаровиќ извесно време престојувал и во Нови Сад, каде што во
1737 година, со поддршка на Епископот Висарион Павловиќ, му била понудена
првата голема и одговорна порачка: изработка на живопис во Боѓанскиот
манастир, изграден во 1722 година. Ова бил и првиот чекор кон утврдувањето
на големото зографско име на Жефаровиќ, во кој дошле до израз неговите
уметнички квалитети.
Во 1740 година заминува за Шиклош, Унгарија, каде што го работел
живописот на православната црква. Тој уште на почетокот со голема љубов ја
започнал изработката на фрескописот, меѓутоа при крајот на работата се
соочил со ктиторот на црквата, Петар Кара - Станковиќ, поради тоа што никаде
во фреските не го споменал неговото име. За овој инцидент сведочат две
сочувани писма.
Поради непријатниот настан и од други причини, по 1740 година, Христофор
од живописец се преориентирал на граверската уметност. Особено го
привлекувало печатењето книги во бакрорезна техника, бидејќи тогаш намалиле
и порачките за фрескописи на црквите во Војводина и пошироко. Со новата
дејност тој наишол на одличен прием кај љубителите на граверската уметност,
претежно кај богатите граѓани. Тој се зафатил со една поконјуктурна дејност:
режење книги и икони на бакарни плочи, а се претпоставува дека оваа техника
Христофор ја научил во Македонија.
Во 1741 година Жефаровиќ се преселил во главниот град на Хабзбуршката
монархија - Виена, каде што интензивно се занимавал со граверската уметност
која му донела голема популарност. Прво печател разни црковни текстови,
икони на познати светители, а потоа и слики и книги со световна содржина.
Неговата прва граверска творба е "Свети Сава со српските светители од Дворот
на Неманиќите" по порачка на патријархот Арсение
.
Под влијание на илирските идеи за создавање една голема словенска држава,
кај него се родила идејата за оживотворување на слободарските стремежи кои
биле изразени преку манифестирањето на посебни грбови и знамиња, а преку нив,
тамошната интелигенција ги изразува своите национални и слободарски чувства.
Како резултат на тоа, во 1741 година настанала и познатата книга во бакрорез
"Стематографија", или помалку позната по својот паралелен наслов "Изображение
оружии илирических", печатена во Виена, која добила широка популарност во
јужнословенските земји.
Наредните години на Христофор се исполнети со патувања и работа врз низа
нови гравури.
Во средината на јули 1945 година, придружен од некои калуѓери од
манастирот во Раковица, заминал на аџилак во Ерусалим, каде што се задржал
една година. Најзначајно негово дело по враќањето од Ерусалим е книгата
патоводител во бакрорез, во која го опишува божјиот град Ерусалим.
Големиот творечки опус на Христофор Жефаровиќ, покрај живописите,
иконописите и бакрописите, се гледа и од многубројните уметнички везови
наменети за православните храмови, за музеите и за другите културни
институции во Војводина, Македонија, а особено за потребите на црквите и
манастирите во Белград, Букурешт, Москва, Ерусалим на Света Гора, на Синај и
на други места во Европа и пошироко.
Починал во Богојавленскиот манастир во Москва на 18 септември 1753 година.
"СТЕМАТОГРАФИЈАТА" -
ЕПОХАЛНО ДЕЛО
Најзначајното дело на Христофор Жефаровиќ кое му донело најголема
популарност и афирмација била книгата "Стематографија" печатена во Виена на
21 октомври 1741 година. Таа претставува зборник од "изображенија" (грбови)
и ликови на словенските владетели и светци. Графиките на портретите биле
изработени од Жефаровиќ, а режењето на бакарни плочи го извршил Тома Месшер,
чија работа била исклучиво од техничка природа.
Делото не е оригинално, туку е превод (со прерабтки и дополнувања) од "Стематографијата"
на хрватскиот писател Павле Ритер Витезовиќ од 1701 година. Ова творба на
Жефаровиќ, во која се втемелени духовните и физичките потенцијали на авторот,
долго време била сметана за прва печатена книга во новата јужнословенска
литература, чија содржина одиграла револуционерна улога во
културно-просветното и национално будење кај речиси сите јужнословенски
народи, дури и пошироко. Во првото издание на "Стематографијата" е
претставена една композиција од 56 грбови. Тука, главно се грбовите на
областите и провинции во кои живееле Словени, и тоа на просторот од
Јадранско Море до Северниот Леден Океан. Некаде во средината на книгата е
претставен и грбот на Македонија кој значително се разликува од грбовите на
другите балкански земји (Србија, Бугарија, Грција и други). Македонскиот грб
е претставен со црвен лав на жолто поле, на штит со италијанска форма. Под
него е дадена една строфа од четири стиха кои во превод значат:
"Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот,
изгубив јас секаква чест што толку ја имав".
На просторот на Македонија, македонскиот грб главно го сретнуваме на
знамиња и печати. За прв пат, грбот од "Стематографијата" на Жефаровиќ е
претставен на револуционерното знаме од Разловечкото востание во 1876 година
на кое е извезен црвен лав на жолто поле под кој е испишано името Македонија.
Инаку, грбовите во книгата ги поврзува една лента со што симболично е
претставено единството на сите Словени. На овој збирен грбовник се наоѓаат
грбовите на цела Илирија (Илирик) под која се подразбираат сите територии и
области каде што во тоа време се уште се слушал словенскиот збор.
Поради својата популарност, иако излегувала во голем број примероци, "Стематографијата"
на Жефаровиќ претрпела две основни и две варијантни изданија, меѓу кои
постојат мали разлики. Во второто издание е отпадната композицијата од 56
грбови, која е заменета со друга композиција од 20 грбови, во круг и четири
во аглите, кои се однесуваат само на Јужните Словени.
Христофоровата "Стематографија" претставува "новороденче" на обновената и
модерна јужнословенска печатена книга и прво поизразено соединување со
европската култура и европската барокна уметност. Во тоа време, таа била
најсакана и најбарана книга, која имала големо влијание врз националните
чувства на православните луѓе во Војводина, особено на Македонците, поради
што австриските власти морале да ја забранат.
Во првото издание на "Стематографијата" е претставена една композиција од
56 грбови. Тука, главно се грбовите на областите и провинции во кои живееле
Словени, и тоа на просторот од Јадранско Море до Северниот Леден Океан.
Некаде во средината на книгата е претставен и грбот на Македонија кој
значително се разликува од грбовите на другите балкански земји (Србија,
Бугарија, Грција и други). Македонскиот грб е претставен со црвен лав на
жолто поле, на штит со италијанска форма. Под него е дадена една строфа од
четири стиха кои во превод значат:
"Исправен црвен лав на златно поле,
Знамение на црквата на која и се прави чест
Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот,
изгубив јас секаква чест што толку ја имав".