а жал живееме во држава во која
имаме протерани Македонци од своите огништа и неизвесна судбина на 12
киднапирани Македонци и никој досега не беше способен да стави крај на сето
ова!
Надежите на роднините на киднапираните Македонци, како и на протераните
сместени во семејства и во прифатните центри се вперени во новите политички
измени. Во нови луѓе кои можеби ќе најдат излез од тунелот.
Повеќе од14 месеци за 12 Македонци нема ни трага ни глас, само вербата на
нивните најблиски дека тие се живи. Над 8.000 Македонци живеат под туѓ
покрив и, како што самите велат, препуштени на милоста и немилоста на
државата.
РЕКОНСТРУКЦИЈА
Според Македонците од тетовскиот кризен регион чии куќи настрадаа за
време на војната, тие уште немаат покрив над главата, додека Европската
заедница за реконструкција го тврди спротивното. На Ален ле Роа му доставиле
податоци дека во Тетовско биле обновени 286 куќи, а реално се обновени само
десетина, тврдат тетовци. Во Европската агенција за реконструкција
појаснуваат дека досега реконструирале 286 куќи во општината Теарце која ги
опфаќа селата Непроштено во кое се реконструирани 207 куќи, Теарце - 15,
Лешок - 43, Слатино - 19 и Пршевце - две куќи. Според проценките направени
по прекинот на војната, во тетовскиот регион регистрирани се 1.263 куќи со
штети од прва категорија, 364 од втора категорија, 122 од трета категорија,
150 куќи од четврта категорија. Сега засега тетовци сами си ги крпат дупките
на своите разрушени огништа, а некој на нивна сметка си ги полни џебовите.
ЛЕКА И ЗЕКО
Семејствата на киднапираните посочуваат сосема конкретно на командантот
Лека и на командантот Зеко од Непроштено кои директно беа инволвирани со
воените дејствија во тетовскиот регион и кои мораат да имаат поконкретни
сознанија за 12 киднапирани Македонци.
Во случај и понатаму да не добиеме конкретни сознанија дали нашите
најблиски се живи или не, и покрај сите остварени средби со сите посочени
домашни и меѓународни фактори, ќе преземеме поригорозни мерки, потенцира
претставникот на роднините на киднапираните, Војо Гоговски.
Роднините најавуваат штрајк со глад, но и бојкотирање на работата на
Собранието доколку и понатаму никој не им ја соопшти вистината за нивните
најблиски. Болката, исчекувањето, неизвесноста ги убива роднините на 12
киднапирани Македонци, но не и нивната верба дека тие се сепак живи и еден
ден повторно ќе бидат со нив.
Тие, исто така, ќе побараат одговорност од највлијателните луѓе кои
најмногу им ветуваа, но ништо не направија меѓу кои на прво место се Стојан
Андов, сега веќе поранешен спикер на Парламентот и министерот за внатрешни
работи, Љубе Бошкоски.
Според прегледот на протерани лица од кризните подрачја евидентирани во
Црвениот крст на Република Македонија, вкупната бројка на раселени лица
изнесува 8.289. Во прифатните центри во Скопје живеат 542 семејства или
1.731 лице. Во Куманово во прифатните центри се сместени 152 семејства или
411 лица. Најголем број семејства (147) се сместени во студентскиот дом "Стив
Наумов" во Скопје во кој вкупно престојуваат 508 протерани лица.