ФОРУМ

ДЕНОВИ НА ПОЛИТИЧКИ КРЕТЕНИЗАМ И НАЦИОНАЛИСТИЧКА ХИСТЕРИЈА

Извршен совет на ОМО "Илинден" - ПИРИН

(Повод: Текстовите "Полицијата проверува дали денес ОМО ќе го одбележи Денот на геноцидот" од 12.09. 2002 година и "ВМРО го покажа македонското знаме запленето на Плоштадот во Благоевград" од 14.09. 2002 година, објавени во весникот "Струма")

Периодично, макар и кампањски, но мошне последователно, за да изгледа како случајна појава, во бугарскиот, попрецизно во регионалниот благоевградски печат, се појавуваат текстови коишто се пишувани од политички неписмени луѓе или пак се фабрикувани за некои други, но во секој случај задни, подли и недостојни цели.

Нас не не интересира кој е конкретно автор на овие текстови, не не интересира ни неточната содржина, но симптоматична е пораката којашто ја носат тие текстови и што тие сугерираат. А тие, веќе години со ред, се едни и исти - култивирање на нетрпеливост кон Македонците кои поинаку мислат, што се граничи со шизофренични напади на некои злобни субјекти кои себеси се декларираат како "војводи", а чија цел е да ги оцрнат и да ги приковат на маченичка карпа партиите на ОМО и луѓето во нив коишто раководејќи се од сопствената совест, од наследените народни традиции, но и од меѓународното право на самоопределување, членуваат во нив или пак се само нивни симпатизери.

Голем залак, по се изгледа, лапнале "војводите" од ВМРО штом во бројот од 12.09. на веќе спомнатиот весник "Струма" објавуваат награда од 30 годишни пензии за да се докаже постоењето на геноцидот кон Македонците во Бугарија. Многу голем залак ќе да е тоа. Па, и како нема да биде кога толку голем број луѓе, криејќи се под превезот на своето име, со кое што немаат ништо заедничко, и како што се зборува успеале да си присвојат, односно да зграбат имоти на Македониците во цела Бугарија. Успеале, а како нема да успеат кога само за тоа биле и создадени!? А тие имоти воопшто не биле малку - македонски домови на културата, вили, планинарски домови, та дури и цели цркви и манастири.

Од тоа иде и целата сила на "војводите", или ако не силата, тогаш нивните пари. Па, зошто да не му дадат признание на Атанас Урдев - ако докажал истиот дека е братучед на Александар Македонски! Е, нека си зборуваат "достоинствените војводи" - тој едвај ќе го докаже тоа, но едно може да се докаже - дека спорните личности и без писмени факти во сите случаи по своето мислење се недолични, но тие се први братучеди на своите предци, Турците. За тоа не се потребни никакви докази: доволно е човекот на 21 век да ја прочите историјата.

Да, но споменатиот Атанас Урдев со својата мизерна пензија од 30-40 лева, па кој и да било друг Македонец, не би можел ништо да оддели за наградата. Најмногу што може да даде некој од споменатите, тоа се овчарските стапови за во музеј што ги поседувале тепачите од времето на Јане Сандански. Тоа барем можат.

Впрочем, тие можат да ги користат овие стапови за најмалку три работи. Да си го закачат на најдолгиот "украденото македонско знаме" од нивна страна на Плоштадот во Благоевград, да го "стимулираат" распиштолениот студент "правник" Борис Дамјанов конечно да го заврши факултетот, и третиот да го искористат за негово вистинска намена.

Имаат богат избор. Така е, зашто Македонците од ОМО се демократи - тие никогаш и никому не му го забранија правото на избор, вклучувјајќи го и правото да добие "25...".

Ако, меѓутоа треба да се соочиме со неопходната сериозност кон настанатиот бугарски притисок на проблемите, вклучувајќи го и весникот "Труд" од 18.09. оваа година, ние би сакале да поставиме пред одговорното бугарско општество неколку сосема обични барања:

1. Со кое свое дејствување и недејствување членовите на ОМО ги нарушиле нормите на основниот закон на Република Бугарија -Уставот, каде точно и јасно се посочени правата и должностите на граѓаните меѓу кои и правото на мирни манифестации и здруженија?

2. Нејасни ли се авторите на "напишаните закони" со Решението на судот во Стразбур по предметот "ОМО против бугарската држава" на коишто државата беше осудена поради таквите дејствија, коишто се спротивни од сите меѓународни договори, кои Бугарија ги има ратификувано? Та, нели во самиот Устав е запишано: "Меѓународните договори ратификувани по уставен ред, обнародени и влезени во сила во Република Бугарија претставуваат внатрешно загарантирано право. Тие имаат предност пред тезите нормирани од внатрешното законодавство, коишто им противречат" (чл. 5, ал. 4).

3. Кој има интерес да ја поттикнува етничката нетрпеливост и тоа во тој историски момент кога јасно и категорично ги изразила своите стратегиски интереси за приклучување кон НАТО и ЕУ, каде може да се влезе само со историски предности и должности, коишто произлегуваат од Договорите и Конвенциите коишто ги имаат потпишано?


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"