оживеавме часови, видувања,
парадоксални превирања, нечисти параметри на разумот, дозволувајќи нашата
православна матица да се најде во еден лавиринт каде патиштата се вкрстуваат
во неврат. Во тој избезумен свет и православната хиерархија е вовлечена во
една крстоносна војна во која секташкиот форум и сатанската генеза ги
провоцираат своите промоции. Западните медиуми немаат смисла, ниту се
загрижени за тоа што се случува во балканскиот православен свет. Ниту МПЦ,
ниту СПЦ не ја сфаќаат мудрата игра на вештачки обоената христијанска мафија.
Таканаречените креатори на нововерството кои од Запад како скакулци
направија инвазија на светото верско толкување и го украдоа ликот на нашиот
господ Исус Христос, талкаат со мудроста на лажни реформатори, градат ново
општество на креативни лазачи и лажни коментатори.
Новата доктрина е опасен меч не само за православниот свет. Овој пат ќе
пострада и католичката црква која добро го почувствува судирот со
протестантизмот и католицизмот. За жал, се уште пепели во метежот на овој
неразумен чин. Токму тука е таа парабола на скриена формула за еден
загадочен и опасен шкорпион. Православната кохезија која се простира во еден
метафизичен хаос и нетрпеливост, не водат во матни води. Православната црква
страда од еден силен шовинистички бастион кој знае само да и нанесе болка.
Тоа е сатанска креација која смета на разгром во опипливата и мошне
чувствителна православна црква.
Несфатливо е и без оправдување е и по едно десетвековно, а и повеќе од
петнаесетвековно опстојување да не се одржи Осмиот Вселенски Собор и сенката
на мошне далечната Никеја, која беше предвесник на наредните седум собора.
Денеска се случија ненормални судбински случки и во ова денешно време во
очекување на Осмиот вселенски собор се натрупани маки, неправди, оскрбување
на православната црква.
Сатанизмот ја создаде својата секташка инвазија и ја претвори во страшен
прогон и раскол на православното братство.
Чудно е, неразумно е како си дозволува една од центрите - Руската
православна црква како носител на православието со уште маса други помали
православни цркви да немаат и да не можат да добијат автокефалност. Тука е
голем гревот не само за Рускиот православен бастион, туку и за Вселенската
Цариградска Патријаршија која под влијание на Грчката православна црква
сноси голем и непростлив грев. Досега и се уште во православниот свет владее
хаос, шовинизам, болен национализам и желба за ненормално присвојување на
помалите цркви. Со тоа нашата одговорност пред Бога е преголема и страдална.
Оваа сатанска болест на себичност, присвојување, го проневери како главен
арбитар СПЦ, ГПЦ нешто помалку, БКЦ и со извесна резерва на РПЦ. Нашата МПЦ
е токму една од најстарите, а денес глобална грешница. Несфатливо, од СПЦ се
угнетува, се депримира од сите преостанати цркви кои мирно молчат и гледаат
дека Вселенската Патријаршија и Патријархот Бартоломеј не преземаат ништо. И
така нашата Светиклиментова православна автокефална црква се наоѓа во огнот
опкружена од посилните синоди составени од малодушни националистички обоени
владици - архијереи кои забораваат дека сите сме Христови чеда.
Денес СПЦ се служи со недостојна постапка и прави голем сатански грев.
Удира со камења по нашата праведна, значајна и вековна црква! Како може
високоценетиот пастир, Неговата Светост, Патријархот Павле, кој го цениме
како висок духовник, да падне така ниско и да се најде во водите на слепиот
болен национализам?! Да ѕида еден храм на неединство и ѕид на разделување на
двете цркви - МПЦ и СПЦ?
Поставувањето на развладичениот владика Јован за некаков егзарх е смешно,
глупаво и навредливо. Тоа е голем грев за сестринската Македонска црква и за
нашиот спасител Господ Исус Христос. Тој наш Господ така ќе не суди и скапо
ќе го платиме гревот, односно ќе го платат гревот тие кои го прават ова зло.
Нашиот добар и смирен Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски
и Македонски, г.г. Стефан се наоѓа во еден црн соѕидан вител кој има за цел
да не голтне, а тоа Господ силно ќе го казни.
Жалиме што овој бивши владика, сега развладичениот Зоран, така да падне
како шпион во мрежата на расколниците кои имаат за цел да го разбијат
православието. Дали сме свесни што се крие зад оваа енигма? Утре се ќе
излезе на видело и тоа некој многу скапо ќе го плати. Зад развладичениот
Зоран стојат и други мрачни сенки кои скапо ќе го платат гревот што си го
сториле.
Нашиот Господ Исус Христос нема да дозволи да се расцепи православниот
светилник тука на овие немирни балкански простори. Тешкото проклетство. а
можеби и анатемата од Бога ќе биде императив за големиот неопростлив грев.
Не смееме да дозволиме да не голтне црната сатана од типот на Луцифер!
Размислете сите, драги сестрински цркви и Вие од СПЦ. Пред нас е големиот
Осми Вселенски собор.