Многу важно прашање до мандатарот

Имав голема желба во Република Македонија работите да тргнат на добро, да се освестиме и да завршиме со гавазите од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ЛП. И затоа гласав за Коалицијата "Заедно" со целото мое семејство. Цели 24 гласа во Скопје - Центар, Аеродром, Железара и Радишани.

Но, морам јасно да го прашам мандатарот за еден проблем за кој мислам дека е многу важен за секој Македонец во овој момент, а низ медиумите се шират информации за тоа. Се прашувам на кој морон во Коалицијата "Заедно" му текна Министерството за култура да го даде на ДУИ и на Али Ахмети!? Зарем мисли дека неговиот иден министер, откако вршеше нужда и ги поганеше фреските и живописите во Лешок и во Матејче, сега ќе ги реновира и реставрира!? Зарем министерот од ДУИ кој не признава јазик, знаме, химна, грб утре ќе ја шири македонската култура или уште еднаш ќе ни згази на македонштината?!

Сметам дека Бранко треба да пресече онака како што секогаш имал храброст да го направи тоа. Сепак има црвена линија.

Христо Поп Стефков, Скопје


Спасете ја Македонија од федерализација!

На Македонија и е потребно национално единство, патриоти и интелектуалци! Обединете се, народот македонски го бара тоа од Вас!

Ценети господа, немојте да бидете индиферентни кон случувањата со државата Македонија и со народот македонски. Вие сте тие што треба да ја спасат македонската држава од федерализација, поделба и распаѓање, а народот македонски од прогонство и егзодус.

Браќа Македонци, верувам дека воопшто нема да се согласите ниту пак да ја оправдате опцијата на СДСМ за истоветување на ДУИ на чело со монструозниот убиец на македонските полицајци и војници. Се потврдува дека и тие се тоа.

Господа од СДСМ, Вие добро знаете дека нема Шиптар кој не ги окрвавил рацете со македонска крв. Кога е така, кому сакате да му доверите ресор во извршната власт?! И на крајот браќа Македонци, обединете се, изнајдете начин за спас на Македонија и на народот македонски!

Владо Николовски, Скопје


Нема место за терористи во власта!

Кон одлуката на специјалните единици на "Лавовите", "Тигрите" и "Волците" дека ќе ги напуштат единиците доколку новата влада направи коалиција со ДУИ, односно со Али Ахмети, треба да им се придружат и специјалците од цела Македонија, па дури и редовните единици на Армијата и полицијата. Потполно се во право кога не прифаќаат да ги командуваат терористи, тие што до вчера убиваа, силуваа и од една третина на Република Македонија ги иселија Македонците. Да не дозволиме да не командуваат и да владеат со нас оние што до вчера ги убиваа нашите синови, ги силуваа нашите жени и сестри, и уништуваа се што е македонско. Да не дозволиме да седат во собраниските фотелји оние кои ги информираа терористите за позициите на нашите безбедносни сили - предавства од кои стотина наши синови ги изгубија младите животи, стотина фамилии завија во црнина. Идната влада нека размисли во каква состојба се наоѓаат нивните малолетни синови и ќерки кои останаа без покровители за иднината на нивните животи. Да не дозволиме да владеат оние кои ги гранатираа полициските станици низ Македонија и ги убиваа полицајците кои беа задолжени за нашата безбедност. Треба да сфатиме дека од ѓавол никогаш не може да стане ангел, туку само да остане враг. И не само специјалните единици. Кон оваа нивна одлука треба да им се приклучат и редовните единици на Армијата и полицијата, па новата влада нека ја чува безбедноста на нашата држава заедно со Ахмети и со Велиу.

Се разбира, како и секогаш и овој пат Западот ќе врши притисоци за поддршка на нивните миленичиња, но не треба да потклекнуваме на нивните притисоци, зашто ние самите треба да одлучуваме за иднината на нашата држава и самите да ја градиме демократијата и слободата за сите граѓани на Република Македонија без разлика на вера и нација.

Каква демократија имаме сега? Се разбира, западна! Демократија во која се убива на секој чекор, само уште учениците што не ни тргнале на училиште со оружје да ги убиваат своите школски другари и нивните професори, како што тоа се прави на Западот.

Зарем на нашите политичари не им е познато дека личности со криминални досиеја не можат да добијат ни патни исправи, а камо ли да ги поставиме во владата на Македонија и да управуваат со нашата држава?! Политичарите треба да сфатат дека тоа го нема во ниту една држава, а најмалку кај оние што ни сугерираат како да раководиме со државата. Познато Ви е каде завршуваат терористите во САД - на електрична столица или во гасна комора! А, што е најважно, ниту еден пратеник во Конгресот на САД не покренал прашање да им се даде амнестија на тамошните терористи, а камо ли да ги вклучат во нивната влада.

Не само специјалците од Битола, туку истото треба да го направат и специјалците од другите подрачја на Република Македонија, а и Македонците од државата да не прифатат никакво вклучување на терористи во македонската влада. Во македонската влада нема место за терористи. Местото на терористите се знае каде се наоѓа - во Идризово и во Шутка!

Димче Бицески


Глас од дијаспората - молитва за Македонија!

О, Господе светлосни, покажи го светлото лице Твое кон нашиот напатен народ македонски. Браќа и сестри, нека верата и вербата во постоењето на правдата и опстојувањето се всели во вашите срца, и срцата ваши ќе бидат исполнети. Нека вашата вера биде силна. Ако вера немате, нема да имате ни држава, нити можете да опстоите како народ на земјата. Нека вистинската вера се всели во вашите срца, напоете се вистински и ќе почувствувате сила неискажана.

Браќа и сестри, Македонци и Македонки! Верувајте во силата Божја, за да постанеме во ова време на заговори и искушенија силни. Верувајте, оти само верата може да не спаси. Ни претстои истребување и уништување, ни претстои Голгота! Верувајте еден во друг, верувајте во Господа и сета сила Божја ќе биде со нас. Разбудете се, претпочитајте ја вашата должност, и кон секој Македонец разбудете чист, јасен, видовит, од Бога создаден разум.
Пробудете ја солидарноста и чувството за помагање еден кон друг. Воздигнете го нашиот народ. Воздигнете ја и величете ја нашата држава од Бога создадена. О браќа наши, да помогнеме во разбудувањето на луѓето, да помогнеме што се однесува до самите нас, да го пробудиме секој својот чист разум. И кога секој од нас тоа ќе го направи, ќе се увериме дека сите имаме еден разум. Да ја сочуваме од Бога дадената држава и да побрзаме додека не потонеме потполно во мракот и злото. О Господе, пробуди во нас чист разум со молитвите на светиот апостол Павле, како тогаш кога дојде за прв пат во Македонија да го проповеда христијанството, кога не покрсти сите во верата Христова. Ете каде го гледаме нашиот спас!

Дваесет столетија сведочат дека апостолот не се излажа, дека во Македонија го зачна Христијанството кое потоа се ширеше низ цела Европа. Зарем тоа треба да го заборавиме и да постанеме безбожници! Неверници кои не веруваат ни во Бога, ни во себе, ни во својот народ, ни во својата држава. Македонци, каде и да сте во светот, сетете се на сите наши светии, просветители, војводи, сите добри луѓе и дарители кои работеа за доброто на Македонија.

Овие зборови, Македонци мои, не се само речени, но и со крв залиени, со жртви потврдени и низ векови докажувани. Спомнувајте го тоа често и не заборавајте! Нека нивните дела бидат светли примери кои ќе ве напојуваат и ќе го отворат вашето срце, за и вие да можете со вашите дела да се покажете и докажете. Македонија имала и ќе има такви синови! Учете ги и вашите деца во нивниот дух и со нивните примери. Сетете се дека сте Македонци! Молете му се на Бога за да ви се даде и за да можете да давате. Да ја градиме, а не да ја разградуваме Македонија. Жигосајте ги изродите, предавниците, крадците и користољупците. Во таа добротворна мисија на секој Македонец, верувајќи во Бога, можеме да одиме напред. Сите ние треба да чекориме по оваа планета гордо нарекувајќи се Македонци со македонски аманет, продлжувајќи ја нашата многуилјадна традиција, зашто знаеме дека Македонија е место каде што се вкрстуваат минатото, сегашноста и иднината на секој Македонец. Секој кој ја искусил добрината и љубовта Божја ќе посака да се воздигне во сферата на блиското заедништво со своите браќа и со својот народ.

Благословот Божји и духот свети нека ни дарува радост, среќа и надеж за подобра иднина. О Боже, исчисти не од злото и проклетството, исполни не со доброто! Спаси не од темнината, исполни не со светлината! Создателу наш, Тебе слава и благодарност во век и веков. Амин!

Живко Матески, Шведска


Без јазик нема народ!

Оваа аксиома би требало да им биде позната на сите. И покрај тоа, во Македонија продолжува да се "негува" еден негативен феномен, што како и некои други би можело некој иден ден да има тешки, па и драматични последици за македонскиот етнос и последователно за македонската држава.

Појавата е позната уште од времето на "братството и единството" на покојната сега Југославија, федерација чие едно од тешките наследства е денешниот малцински проблем. Истата таа Југославија, за која и денес плачат југоносталгичарите за кои таа беше рај и кои забораваат дека додека таа беше за нив мајка, за стотици илјади Македонци беше маќеа, та бегаа, или по "редовен пат" се иселија низ целиот свет, за таму да си го заработуваат насушниот секојдневен леб.

Имено, станува збор за македонскиот јазик што и по независноста продолжува да биде жртва на атентати, на деградирање, на отуѓување, воглавно во полза на српскиот јазик. Во поранешна Југославија не само што македонскиот книжевен јазик беше со извесни аспекти толку приближен до српскиот, што од неразбирлив за многу Срби, стана за нив многу близок, туку и тој процес продолжи со тоа што нивниот јазик како "административен" беше присутен насекаде: во војската, во цивилната авијација, по училиштата со предметот "српски јазик", во литературата со романи, весници и друго на тој "братски јазик", во странските филмови преведени на српски итн. Со вакви намерни или "природни" средства, не само што се србизираше нашиот јазик, туку и тој наш јазик беше систематски - полека, но сигурно - задушуван и неговиот развој сериозно спречуван. Македонските гласови во земјата и во странство, што се дигаа против таквата премногу братска практика, беа и останаа гласови во пустина, без никаков ефект, исто како и предупредувањата за појавата што денеска се претвори во сериозен малцински проблем.

Народите по рефлексот за самоодбрана на својот идентитет се бранат од претерана пенетрација на влијанија од странски, блиски, па и од подалечни јазици со тоа што на разни начини се дистанцираат од нив. На пример, во германофонскиот дел од Швајцарија се зборува т.н "швицердојч" за чие постоење еден од главните историски мобили е дистанцирањето од јазикот што се зборува во Германија. И не само тоа, туку споменатиот швајцарско-германски јазик постои во четириесетина микродијалекти што во голем дел се неразбирливи за Германците! Сличен беше и случајот со нашиот јазик во однос на српскиот, пред појавувањето на МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК.

Франција, чие огромно културолошко наследство и е познато на целата светска интелектуална елита, со Закон беше присилена да се брани од навлегувањето на англискиот јазик. А Франција нема два милиона, туку шеесет милиони жители! Некои Французи, пак, се жалат на тоа што Англичаните кои знаат Француски им зборувале само на англиски.

По осамостојувањето на Република Македонија што констатираме? Низ целата држава продолжува пенетрацијата на српскиот јазик преку весници, преку радиостаници во Македонија што емитуваат "забавни песни" на српски, преку филмови преведени на српски, преку песни на српски емитирани по кафеани, ресторани, слаткарници, преку училишната литература за децата, што во добар дел е на српски, преку видео-касетите со филмови на истиот тој јазик, преку телевизиските програми на српски, по хотелите итн. Последиците се јасни и "видливи со голо око": На пазарите често пати, па и редовно, цените и парите се бројат на српски, броевите на телефоните на телефонската служба за информации се кажуваат на српски, старите типични македонски зборови се забораваат и се заменуваат со српски. Минатиот месец - август, еден претплатник бара на бројот 988 некоја информација. Службеничката му вели "момент" и потоа му ја дава информацијата за бараниот телефонски број на српски. Кога претплатникот ја праша зошто му зборува на српски, гопоѓицата му одговара: "Затоа што така сакам". Овој инцидент се случува во еден од "најмакедонските градови" - Прилеп!

Кој е виновник за ваквата "стварност"? Никој друг освен самите ние, Македонците. На овој "лингвистички" начин несомнено, ако така се продолжи без да се преземат потребните одбранбени мерки, и тоа наскоро па и драстични мерки, логично ќе ни се случи уште една национална катастрофа, бидејќи "Без јазик нема народ".

Даниел Мелвил


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"