енес може да кажеме и пред целиот
свет да изјавиме дека низ вековите многу тешко и макотрпно се создаваше
нашата црковна голгота - Македонската Православна Црква и нашата национална
голгота - Република Македонија. Но, и покрај нашите длабоки корени, некои
луѓе во светот не покажуваат почит кон нашата историја и нашите вистински и
свети вредности. Ние не се срамиме од нашата историја, зашто таа е "најблиска
на Христовиот животен пат на земјата". Та нели и Господ Исус Христос не се
срамеше пред оние што му го ставија трновиот венец на главата пред оние што
го распнаа и оние што се ситеа на неговите страдања. Напротив, се молеше
велејќи: "Прости им Оче, оти не знаат што прават."
Ако погледнеме во далечното минато, а и денес, ќе видиме дека низ
историјата во Македонија се раѓале голем број Христови војници кои умирале
бранејќи ја Евангелската вистина, и многу вистински синови на татковината
кои пострадале за нејзината слобода, и сите тие нашле начин на кој човекот
ја победува смртта. Но, и покрај тоа, Македонија продолжува да зборува: "Ако,
Јас со векови се бранам од сите страни".
ПРЕПОДОБНИ
На овој мал простор ќе ги спомнеме имињата на Македонските светители,
маченици, и преподобни Отци (според информациите на МПЦ од 25-от Црковно
народен собир, 1999 година, САД, Американско-Канадска Епархија), кои се
родиле, и (или) живееле и ја ширеле Христовата наука во Македонија: Св.
Еразмо Охридски, Св. Кирил Солунски - Филозоф, Св. Методиј Солунски, Св.
Климент Охридски, Св. Наум Охридски, (и другите тројца Седмочисленици - Св.
Горазд, Св. Ангелариј, Св. Сава - забел. Ж.Ф.), Св. Григориј епископ
Охридски, Св. Гаврил Лесновски, Св. Прохор Пчински, Св. Јоаким Осоговски, Св.
Агатангел Битолски, Св. Јосиф архиеп. Солунски, Св. Ѓорѓи Кратовски, Св.
Кирана Солунска, Св. Злата Мегленска, Св. Тесалоникиа, Св. Васа Солунска, Св.
Матрона Солунска, Св. Никита Серски, Св. Јован Кукузел, Св. Александар
Солунски, Св. Нектариј Битолски, Св. Спасо Радовишки, Св. Ефтимиј Солунски,
Св. 15 Тивериополски (струмички) Маченици, Св. Роман еп. Македонски, Св.
Николај архиеп. Солунски, Св. Св. Зиновиј и Зиновија Егејски, Св. Анѓел
Лерински, Св. Христо, Св. Никодим Охридски, Преподобен Петар Мегленски,
Преподобен Иларион Мегленски, Преподобен Акакиј Серски, Преподобен Јаков
Костурски, Преп. Дионисиј Костурски, Преп. ѓакон Јаков Костурски, Преп.
Петар Атонски, Преп. Теофил Македонски, Преп. Давид Солунски, Преп. Атанасиј
Атонски, Преп. Никодим Елбасански, Преп. Јован Рилски, кои сите заедно се
одбележуваат со празникот Собор на Македонските Светители - првата недела во
октомври. Тоа се само еден мал број на Македонски Светители. Само Бог ги
знае сите нивни имиња.
БОГОУГОДНИ
Македонските Светители и тогаш кога им било најтешко, кога биле
измачувани и обесправени, затворани, поробувани, распнувани на крст, кога
главите им ги отсекувале со меч, а телата на парчиња, кога кожите им ги
дереле, кога насилно ги терале да се откажат од Христа и својата татковина,
тие му останале верни на Христа и на земјата.
Сведоци сме дека македонските јунаци издржаа мачеништво за одбрана на
татковината кога во својата држава терористи со ножеви им пишуваа по телата.
Сведоци сме и не можеме да ги заборавиме и последните жртви кои ни со срцето
ни со устата не се откажаа од Бога и од родната грутка. Бог им даде духовна
и телесна сила. Бог ги слушна нивните гласови и нивните последни извици за
правда и одбрана на татковината. Се затресе земјата од неправди на
непријателот. Небесата ја објавија честа нивна. Се стегнаа срцата на многу
македонски родители во црно завиени. Бог ќе им воздаде според правдата и
според чистотата нивна ќе ги награди.
Господи, Избавителе, Спасителе на светот, веруваме дека последните
зборови на устите нивни и помислите на душите нивни се Богоугодни.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство,
Митрополитот европски, г. Горазд