Господа пратеници, нека ви е честит мандатот. Но, поарно да не влезевте
во пратеничките клупи оти веќе сме пишман аџија. Аирлија, ја отворивте
портата на пеколот. Сега никој не може да ја затвори. Адски маки не чекаат.
Ако за вас слушалките беа скандал, за нас тој декор е голем национален
проблем. Македонски... ако не знаевте, ако се срамевте, ако... претходно
добро се чукневте по таа "тимба". Ако за нешто ви служеше, господа поранешни
и сегашни пратеници. Таа не служи за украс на раменици. Вака имавте и се
уште имате празна лејка. Џабе не велат - од шуплива, од празна глава не
бидува држава, туку таа се разградува, се урива. Затоа нам ни се повторува
историјата. Саде црнила, саде патила.
Секогаш во нашата историја има по некои утки кои не ставаат во дилема
дали ќе опстоиме како држава, како народ. Затоа ним им е така лесно да ги
дигнат двата прста на крајот на мандатот, па наследниците нека си ја кршат
главата. Но, каде е политичката и националната одговорност? Каде ли е?!
Можеби во апанажата.
ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ - ОРЕЛ ОД ПРВ РЕД
Мајката "бежанија" остави голем белег. Негативен багаж од кој уште долго
време нема да се соземеме. Да беа луѓе, за влакно ќе беа херои. Речиси
комити. Или приближно, да не претераме. Вака, наместо да бидат македонски
носители на партизански, августовски, илинденски, или какви било споменици,
сега Албанците ќе им делат ордени. Орел од прв, втор или трет ред. Такви
браќа, браќата секогаш бараат. За волја на вистината, чиниме браќата и многу
не се прекршија да бараат. Собраќата сами им доаѓаа в скут. Па така од скут,
на скут, се продадоа. За македонскиот народ ништо не остана. Македонскиот
народ нема леб. Нема своја улица. Нема своја држава. Утре можеби ќе нема
дури свое име. Така тргнува работата. Историјата е едно тркало. Кај нас
тркалото продолжи да се тркала со слушалките. Тие не се причина за
распаѓањето на македонската држава. Нека се вратат политичарите малку во
минатото. Кој тоа ги учеше на причинско-последичните врски. Човекот беше
умен селанец. Лидер што ја знаеше превентивната вредност на Голи Оток.
Држава се прави и се одржува со железна рака. Не со будалетинки. Затоа
лидерот имаше време и за швалерки. Просто беше неизживеан, а овие нашиве
како од мајка родени алчни за пари. Умот им го свртеа. Мислат Господ го
фатиле за брада. Ама тие ги фатија браќата за брадата. Што поголемо
задоволство, им следи поголема награда. На крај во алејата на заслужните
граѓани ќе им стават статуи. Очигледно "аморовата стрела" ги насочила во
друг правец. Македонските политичари се чувствуваат дека се Албанци!?
НОВИ ПРЕКРОЈУВАЊА НА ГРАНИЦИТЕ
Оваа ѓурултија нема тука да застане. Штотуку започна. Само што патот сега
е отворен. Нема полиција. Нема систем. Институциите на државата не постојат.
Апстинираат. Во сопствената држава креваат раменици. Тоа не е нивна работа.
Тоа е за лисиците. Денес едно мрсулаво дете да застане на патот на Државата
што е под знак прашање, ќе се активираат сите меѓународни институции. Од нив
сега ќе учиме лекции, наместо ние да им продаваме јазик, култура и писменост.
Ние сме чекор до авганистанскиот синдром. Ако сакате и до албанскиот, кој во
1997 година ни беше најблизок примерок. Подобар егземплар нема. Здравје!
Таму нема држава, нема асален сосед. Пет години царуваат криминалот и
мафијашките босови. Тоа и нам ни се подготвува. Племенските старешини ќе ги
контролираат селата и ќе дозволуваат кој ќе може да мине преку селската меѓа.
Еден "божемен пијаница" ќе го остави Куманово без вода, а постои опасност
дури и Скопје да биде заложник на сопствената вистина. Таа е сурова и
горчлива. Ситуацијата наликува на привиден мир, кој во секој момент може да
пукне и да се разгори. Затоа слушалките се објективна вистина. Се додека
преовладува ваквата албанска националистичка концепција, Република
Македонија никогаш нема да стапне во Европа. Никогаш....Тоа е најболната
вистина, бидејќи во ЕУ ќе живее граѓанинот, не народите и нациите. Тоа
Албанците го покажаа на дело, а и ова што сега го прават оди на нивна штета.
Европа не се освојува со екстремна националшовинистичка самоизолација. Таа
води во нова војна. Во нови немири и прекројувања на границите на Балканот.
ЗАГУБЕНА ОВЦА
Овој вжештен котел во историјата памети многу војни, а по нив секогаш во
функција биле ставени слушалките и преведувачите. Тоа се случило во Букурешт,
по балкансите војни и на Јалта. Сакале или не, тоа е наша и ваша вистина.
Македонецот отсекогаш бил посакуван од соседите, но најмалку бил сакан од
Македонецот. Тука мора да се бара причината за воведувањето на системот на
слушалки во македонскиот Парламент. Тој колку и да е добар, или добронамерен,
сепак мора да се земе со доза на недоверба. Бидејќи отсекогаш историјата не
учела дека на кучето што лае не треба да му се верува. Тоа можеби се тимари,
но карактерот, целта и желбите никогаш не ги менува. Упорно ги надградува.
Нивниот проблем е во закоравениот застарен ум, погледот и размислувања за
животот во Република Македонија и пошироко. Во тој лавиринт мора да се бара
причината за последицата, за ланската војна, за се она што дури сега не
очекува. Во тој контекст ништо не може да не изненади, дури и алчноста на
Албанците во Македонија. Тие побараа леб, сега ќе бараат погача. Тоа кај нив
е вродено. Но, што ќе правиме ние, македонскиот народ. Тој сега се чувствува
како загубена овца, Секој ја молзе, секој ја стриже. Од тој маченички живот
нема куртулисување. Многу зла крв ни тече низ вените. Бледи сме како крпа.
Ни треба добра инфузија која ќе не врати меѓу живите. Затоа мораме да се
соочиме со лошата перспектива. Мора да покажеме заби. Истрајност што досега
ја немавме.