МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Осветена соборната црква "Раѓање на Пресвета Богородица" во Стерлинг Хајтс, САД

НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ХРАМ ВОН МАКЕДОНИЈА

Подготвила: Милева ЛАЗОВА

  • Црковно - школската општина што го носи истото име им служи на повеќе од 65.000 Македонци кои живеат во Стерлинг Хајтс и околните градови од кои околу 35.000 се од Тетово и Тетовско.

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридскии Македонски, г.г. Стефан, придружуван од Митрополитот Полошко-кумановски, г. Кирил, како и од свештениците и црковнодостојниците од дваесет и седум црковно-школски општини од Америка и Канада ја освети новата соборна црква во Стерлинг Хајтс, сојузна држава Мичиген - САД посветена на Света Богородица.

Ова е најголема македонска црква вон Македонија, а изградбата чинеше околу 8 милиони американски долари. Црковно-школската општина што го носи истото име им служи на повеќе од 65.000 Македонци кои живеат во Стерлинг Хајтс и околните градови, од кои околу 35.000 се од Тетово и Тетовско.

На овој историски настан, свечената литургија како и закуската што следеше, присуствуваа повеќе од 600 гости и членови на црковно-школската општина меѓу кои претседателот Злате Петровски, кумот Светозар Стамевски, д-р Стојадин Наумовски, член на етничкиот совет на градот и други.

За вечерта беше организиран свечен банкет во салата што може да прими до 1.000 гости.

Г.г. Стефан придружуван од Митрополитот Полошко-кумановски, г. Кирил, ја освети новата црква

Осветувањето на црквата беше следено од голем број Македонци


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"