акедонската Православна Црковна
општина "Свети Наум Охридски" го прослави празникот Мала Богородица во
просториите на Македонската Православна Црква "Свети Наум Охридски" во
Тринген Кантон Луцерн.
Богослужбата ја водеше прота Ацо Гошевски.
Македонската Православна Црковна општина "Свети Наум Охридски" ја
посетија повеќе од 2.000 верници, а богородичната прослава се одржа по
богослужбата и траеше до еден часот по полноќ.
На прославата специјално од Македонија гостуваше реномираната естрадна
пејачка Сузана Јовчева во придружба на групата "Македонија" од Швајцарија, а
пример за поддршка и заедничка соработка демонстрираше Културното друштво од
училиштето "Никола Карев" со нивниот настап на кој многу долго ќе се
сеќаваат присутните на оваа забава.
Управата на Црковната општина упатува јавна благодарност до сите верници
на богослужба и на заедничката веселба.
