ека постои клиничка смрт од која
има враќање назад во животот, медицината одамна не демантира. Документирани
се сведочења на пациенти кои, лебдејќи одозгора, гледале како хирурзите
депримирано констатираат дека тие испуштиле душа, или пак по тешка
трауматска хаварија имале средби на небото со нивни познати и други,
за потоа да ги збунуваат луѓето долу со такви раскажувања, кога се
вратиле назад меѓу нив.
Во овој текст ќе го раскажам моето сведочење, затоа што пред неколку дена
бев горе, а потоа се вратив долу!
Летото што помина не беше лето. Сите ние што сме со заслабнати срца,
мозоци, крвотоци, притисоци, живееме во страв дека секоја временска
турбуленција ќе ни биде судниот ден. Последното затемнување на Сонцето со
темен и тежок дождовен облак ме кутна. Одеднаш, ми се стемни. Не за долго,
станав чудесно лесен, без каков и да било напор патував низ несфатливо бела
и сјајна светлина што не ме заслепуваше. Меѓу другите што патуваа лебдејќи
наидував на познати кои одамна не се меѓу живите. Ненадејно, двајца поголеми
од сите нас што бевме обични смртници, ме поведоа во друг правец. Набргу, ме
исправија пред достоинствен старец со брада. Иако избраздено со старечки
брчки, неговото лице сјаеше со необјаснива и збунувачка младост.
ПОРАКИТЕ ЗА "ДОЛУ"
"Нема да бидеш долго овде, затоа што долу лекарите ја отнуваат
затнатата жила во твојата глава, па ќе мора телото да ја добие душата назад.
Твоето доаѓање горе е добро за да пратиме неколку пораки долу"
- говореше младиот старец со мирен ѕвонлив глас.
Мојата збунетост не траеше долго, тој се претстави: "Јас сум Климент,
а вие долу ме ословувате со Свети! Ако Пантелејмон го имаше
она што неговите колеги денес го имаат долу, многу луѓе не ќе умреа
така млади. Но, не е толку важно што било, позначајно е она што е и она што
ќе биде".
Сега, кога се навраќаат тие мисли, на мојата збунетост и нема крај.

"Ми беше непријатно деновиве, продолжи смирено Свети Климент.
Неограничено благодарам на новиот храм, посветен на мене и мојот голем
претходник Пантелејмон. Моите коски, иако не сите, сега се посмирени, но
душава никако да најде мирен пристан. Вознемирен сум со векови, не ми дава
мир сознанието дека народот, чиј член бев и јас, никако да се врати на
извориштето на чистото христољубие, на задачата дека секое дело мора да го
направиш за луѓето, за народот свој, а од трпезата што ќе ја подготвиш за
нив, тебе да ти останат само коски или трошки. Никако ти постојано да се
храниш со масни јадења, а народот твој постојано да е на пост."
Слушав, така, збунет, но не уплашен. Необјаснив мир излегуваше од
неговите зборови. Едвај смогнав сила да промрморам:
"На што конкретно мислите Ваша светост?".
"Минатите векови минаа и, фала му на Господа, народот македонски
опстојува, иако разделен, уназаден, раскаран, со уништен инстинкт за опстој
во немирниот земски свет. Со радост, сите ние горе, се понадевавме
дека со раѓањето на самостојна и независна Македонија ќе се оствари она што
ние во земскиот живот не го дочекавме, тој сон да ни стане реалност. Но, тоа
што се случи и се случува, уште повеќе не вознемирува. Наместо пристап во
заедничка и сеопшто прифатена секојдневна и секојноќна работа за изградба на
заедничкиот дом, постојано гледаме како не ја исполнуваат задачата што
народот им ја доверил. Не далеку, туку невидливо е нивното споредено со она
што го правевме ние, кога народот ни веруваше. Така заедница не се гради.
Оние кои ги победија фашистичките окупатори пред 60 и нешто земски години,
зајдоа во власта и се компромитираа. Овие што дојдоа по нив не се покажаа
ништо подобри - на малкумина им се здебелија стомаците, а на сите други
ребрата им станаа се повидливи.
ПРИВИЛЕГИЈА?!
"Вашата Светост е упокоена долу пред векови. Зарем душата никогаш
не умира!?" - се охрабрив да прашам.
"Не синко. Науката долу се уште не е на ниво за да го осознае и
нематеријалното. Си заборавил дека пред 15 години прочита за експериментот
на шведскиот физичар Гунар Петерсон, кој докажа дека во моментот на секоја
физичка смрт на човек, неговото тело олеснува за 86 грамови. Но, да не
губиме време, треба да се вратиш долу, затоа слушај внимателно, треба
се верно да пренесеш" - одговори смирено Свети Климент, а потоа продолжи: "Народот
мора да им каже на сет глас на сите што ја раководат Црквата, почнувајќи од
Поглаварот, дека таа не постои заради нив, туку тие заради неа. Не ни
требаат богослужби и литургии во слава на Бога, кога тоа го материјализираат
со земни благодети, почнувајќи од борбата за примат во црковната хиерархија,
па до бесните џипови во кои се возат. Поглаварот на Македонската црква треба
да го избира народот, а не премиерот, за после тој да му врати, во знак на
благодарност, со орден со моето име. Сегашниот премиер Љубчо, а и
претходниот Бранко (или обратно!) како што гледаме ние одозгора, не
се борат за власт заради доброто на сите, на народот, како што тоа се
правеше кога јас бев долу, туку за привилегија тие да седат на
највисокиот стол. Бранко немаше време, обземен со трката за власт и пари, да
се наврати на нашите принципи на раководење со народот, а Љубчо толку
претера во провидното почитување на Господ и светците, само за да ги
затскрие матните работи со кои стана најбогатиот човек, не само во
Македонија, туку и пошироко, а народот се посиромашен. Со кое лице сега тој
излегува пред луѓето за да им каже да ја кренат главата горе".
"Како ќе го кажам сето ова, Ваша Светост?" - се дрзнав да прашам.
"Нели си новинар. Ќе напишеш во весник. Сега слушни го и ова, а потоа
врати се долу. Не треба никој од политичарите да ја злоупотребува
ниту Црквата, ниту Верата. Ние горе гледаме се. Казната за секое
злодело стасува уште во земниот живот, но многу е пострашна кога сторителот
ќе се качи горе. Ова предупредување пренеси го како опомена за оние
што ја добија довербата на изборите. Нека се навратат на нашите принципи на
раководење со народот, затоа што опасноста од злосторниците, како туѓи, така
и наши, се заканува постоењето на македонскиот народ да го избришат од
земната историја. Владиците и поповите да го слават Господ заради него, а
политичарите да се плашат од власта, бидејќи тоа е тешка задача, а не по
секоја цена да ја посакуваат затоа што ја замислуваат како привилегија.
Сегашниот премиер Љубчо, а и претходниот Бранко (или обратно!) како што
гледаме ние одозгора, не се борат за власт заради доброто на сите, на
народот, како што тоа се правеше кога јас бев долу, туку за привилегија тие
да седат на највисокиот стол. Бранко немаше време, обземен со трката за
власт и пари, да се наврати на нашите принципи на раководење со народот, а
Љубчо толку претера во провидното почитување на Господ и светците, само за
да ги затскрие матните работи со кои стана најбогатиот човек, не само во
Македонија, туку и пошироко, а народот се посиромашен. Со кое лице сега тој
излегува пред луѓето за да им каже да ја кренат главата горе".
"Минатите векови минаа и, фала му на Господа, народот македонски
опстојува, иако разделен, уназаден, раскаран, со уништен инстинкт за опстој
во немирниот земски свет. Со радост, сите ние горе, се понадевавме дека со
раѓањето на самостојна и независна Македонија ќе се оствари она што ние во
земскиот живот не го дочекавме, тој сон да ни стане реалност. Но, тоа што се
случи и се случува, уште повеќе не вознемирува. Наместо пристап во заедничка
и сеопшто прифатена секојдневна и секојноќна работа за изградба на
заедничкиот дом, постојано гледаме како не ја исполнуваат задачата што
народот им ја доверил. Не далеку, туку невидливо е нивното споредено со она
што го правевме ние, кога народот ни веруваше. Така заедница не се гради.