| |
Бидна и остана само пуста желба
Пред подолго време муабетевме така со еден пријател, а тој во смеа ми
објаснува како еден негов пријател преткал така во записите на Дарвин и ја
наоѓа следнава дефиниција: "Човекот настанал од човеколикиот мајмун, само
Македонецот бил настанат од овца". Дали има некој видено дека кога волкот ќе
ја грабне овцата и ако овчарот се најде во близина и ја спаси, таа не бега
накај овчарот, туку трча по волкот? Чуден парадокс, нели?
Пред неколку броја во овој ист весник читам еден текст од господин
Кацаров којшто на крајот од текстот цитира неколку слогани од францускиот
драматург Вебер и неговата комедија "Вечера за глупаци": "Колку се глупи!
Боже колку се глупи! Господи колку се глупи!". Овие три слогана никако да ми
излезат од глава. Не знам зошто. Дали овие господа и мојот пријател и
господин Кацаров знаат колку се близу до вистината? Во безброј писма од
читатели, во текстови од професионални новинари, во текстови од политичари,
катадневно се среќава: Народот ќе ги казни; Народот забава, ама не заборава;
Ќе ги стигне казната на народот; Народот ќе му пресуди итн. Дали сето ова се
однесува и за македонската држава и народ? Ако е така, се запрашал ли некој
дали во таа македонска држава има и македонски народ кој е кадар самостојно
и свесно да расудува и пресудува? Се разбира, за сопствено добро и
опстојувње.
Деликатно прашање, знам. Мојот одговор е едно големо категорично НЕ. Во
Македонија нема македонски народ во мнозинство кој може свесно и реално да
расудува и пресудува за сопственото добро и сопствената држава. Голем број
не знаат кои се, што се и од каде се. Се уште сонуваат некакви задкарпатски
соништа кои полека, но сигурно ги убиваат и последните здрави мозочни ќелии.
А сите сме кој од кој попаметен, секој од секого знае повеќе, иако не знаеме
ни да се потпишеме како што треба. Да не е така, немаше тој ист народ да го
донесе на власт човекот и партијата што со години го пљачкаа. Човекот и
партијата коишто го продадоа многувековното и библиско име Македонија (Ме
интересира колку години има во еден "глигоров месец"? Привременото име
FYROM беше само за
два месеца. Досега изминаа десет години. Двата "глигорови месеца" се уште
траат). Го продадоа македонскиот симбол - шеснаесетзрачното златно сонце -
за некакво шаренило. Нов народ, нова држава, ново име, секако и нови симболи.
Колку за потсетување: Потполно идентичен симбол, само во црно-бела боја
имала јапонската фашистичка воена морнарица до 1945 година. Тој македонски
народ со раширени раце го прифати тоа ново знаме, а и новото име ФИРОМ-ци.
Се заборави пљачката на столетието со заробените девизи. Сите тие што
работеа по белиот свет, а парите ги штедеа во македонските банки, беа на
дело фатени како тие заштеди да ги крадат, па истите им беа заробени. Сами
се виновни. Зошто крадеа по белосветските фабрики?! За среќа се најде еден
СДСМ на чело со "државотворниот" Црвенковски и им ги зароби. Се заборавија
седумте опљачкани работни години на сите што беа вработени. Се заборавија
пирамидалните штедилници. Кој се офајди од сето тоа? Гледаме сега како
истите тие арамии се шепурат насекаде и пропагираат некаква демократија,
слават победа на некакви демократски избори. Истата вечер во неделата нешто
пред 24 часот од Штабот на СДСМ известуваат (не се сеќавам за изборната
единица) дека имало 175.000 гласачи, од нив точно 100.000 гласале за СДСМ, а
75.000 за ДПМНЕ. Дали некој со сиот памет ќе поверува во оваа изјава(?) дека
од 175.000 гласачи ниту еден не гласал за некоја друга партија, освен за
овие две, а ги имаме еден цел куп. Приказна за деца пред заспивање.
Истиот тој човек, "државорастурачот" Црвенковски, во Охрид го стави
својот потпис на капитулантскиот срамен договор и индиректно нагласи дека ќе
ги донесе во македонскиот законодавен дом да ни носат закони сите оние што
пукаа, убиваа, масакрираа и живи ги гореа македонските чеда. Можеби затоа
што некои од нив беа ВМРО-вци. Радувај се народе македонски, повеќе ќе ти
нема спас.
Да имаше во Македонија свесен македонски народ немаше четири години да ги
трпи камелеоните што беа на власт. И на овие не им било до македонската
држава и народ, туку само до личното богатење. А државата? Па, држави во
светот колку што човек сака. Само да има пари. Истата изборна вечер го
гледаме и слушаме младиот портпарол како скоро со плачлив глас говори: ДПМНЕ
пак ќе победи, ја сфативме пораката на народот. Браво, да ви е алал господа
ДПМНЕ-овци, ама се ми се чини дека имате "касно палење и сфаќање". Само
нејсе, ако. Добро е ако сфативте дека државата не е сопственост на поединци
и не е семејна работа, а државните функции не се места за лично богатење.
Таткото амбасадор во Москва, синот амбасадор во Вашингтон; Таткото
претседател на Комисијата за верски прашања, синот претседател на Агенцијата
за иселеништво; Едниот министер, другиот портпарол и се така по ред. И што е
најважно, дали сфативте дека "На див бугарски корен македонски калем не
бидува?!".
Да имавме народ немаше да ни се случи ништо од ова што ни се случува.
Немаше да ја изгубиме нашата библиска држава Македонија. Ни трубеа и едните
и другите дека дијаспората не може да гласа. Не давала Европа. А види сега
одеднаш таа иста Европа налага на следните избори да учествува и
македонската дијаспора. Значи нешто не било во ред со изјавите од нашите
големи политичари.
Читам во овој ист весник "Буништето на ДПМНЕ" од група бивши членови на
ВМРО-ДПМНЕ. Се е убаво, само она на крајот: "За инает и ние гласавме за СДСМ".
Браво. Оваа изјава е огледало на вашата интелигенција и патриотизам на кого
се повикувате. Зошто господа бивши ДПМНЕ-овци и ти народе македонски ако те
има, одите "од апало на штипало"? Зарем никој не слушнал дека имаше и трет
блок, трет пат, дека имаше и други партии кои јасно го покажуваа патот.
Зарем е можно никој да не слушнал за Македонската алијанса, за Вистинската,
за МААК-Конзервативна итн. Вака, нека ви е на здравје. За четири години
гласајте пак за Љубчо, па пак за Бранко и се така по ред. Остана само пуста
желба дека во Македонија ќе дојдат подобри времиња. Овцата си останува
секогаш овца, а на францускиот драматург Вебер, може со сигурност да се рече,
за инспирација му биле Македонците. Боже, колку се глупи! Господе, колку се
глупи!
Архелај
Од две зла избрано помалото!?
Тоа е во најмала рака речено она со што денес се соочуваше Македонија за
време на четвртите парламентарни избори 2002 година. Не смееме да го
критикуваме народот за подарената доверба на "помалото зло" - СДСМ, зашто
навистина не дека немаше друг избор, изборот беше тука присутен на овие
избори, тоа беше таканаречениот Трет блок на помалите национално определени
партии меѓу кои и оние од дијаспората, но условите не го дозволуваа тоа
заради специфичноста на времето во кое се наоѓа денес Македонија.
Не може да се рече дека сум скептик, бидејќи фактите на дело ги
покажуваат и белите кои беа малку, но и црните страници за време на нивното
владеење, како на оваа Влада која е на заминување, но и на онаа која доаѓа
или подобро речено претходната која за нејзиното осумгодишно владеење ни
остави многу "убави" спомени.
Сега е време да се формира Влада од победниците на овие избори, а тоа е
Коалицијата "За Македонија". Надворешните фактори притискаат и бараат
неприродна коалиција со довчерашните касапи на Македонија кои ја завија
земјата во црно барајќи некаквиси човекови права. Господинот Црвенковски
како сегашен мандатор на новата Влада, нека го заврти барем малку филмот
наназад за време на неговите трибини низ Македонија, посебно на онаа трибина
во Битола во почетокот на април на која присутен бев и јас. Ќе се потсети на
моето прашање, на кое за жал не одговори, но затоа го прибра во неговата
ташна и го понесе. Прашањето гласеше: Дали ќе биде можна коалиција со
терористот Ахмети доколку успее да регистрира партија? Црвенковски беше
дециден дека со тој крвник никогаш нема да коалицира. Но, денес работите се
менуваат. Црвенковски е се поблиску до коалиција со амнестираните терористи.
Да се запрашаме што ќе беше и какви ќе беа резултатите од гласањето ако
Црвенковски најавеше дека ќе биде можна коалиција и со него ако добие повеќе
пратенички места. И Црвенковски и СДСМ ќе извисеа на овие избори. Ако се
вратиме само на кратко уште малку наназад, и да видиме што потпишаа на т.н.
"призренска декларација" Али Ахмети, Арбен Џафери и нивните им собраќа од
Косово, за барање на албански земји во Македонија од кое и до денес не се
откажале! Зарем со нив коалиција господине Црвенковски!? Зарем ним да им се
довери Министерство за одбрана или за внатрешни работи, како што се слушаат
гласини од таборот на Ахмети?! Тука има многу нечисти работи и туѓи вмешани
прсти за некакво ново сценарио против опстанокот на Македонија.
Ако Црвенковски веќе направи катастрофална грешка со потпишувањето на
охридскиот Рамковен договор со што се обезличи државата и се поткопаа
темелите на државноста, овој пат со уште една таква или слична грешка со
пикање на амнестирани терористи во Владата и Парламентот ќе ја изгуби и
онака несигурната доверба кај народот кој им даде повторна шанса.
Време е да се состави Влада од луѓе кои и го мислат доброто на Македонија,
за спас на Македонија. Свесни сме дека притисоците од меѓународната заедница
се и ќе бидат големи за место во новата Влада на партијата на Ахмети, но
мора да се одолее. Албанците во Македонија имаат такви права како ни едно
друго малцинство во светот. Не смее повеќе да се аминува и да се ризикува.
Од такви аминувања и неразумни потпишувања ја донесовте државата на работ од
пропаста. Никакви рамки не и се потребни на Македонија. Вратете и го
суверенитетот на целата територија - тоа е што треба да барате од
меѓународната заедница, НАТО и Америка, а не да ви кажуваат кој и како ќе
управува со земјата.
Ветувавте дека сте силни и способни да ја спасувате Македонија само ако
ги добиете изборите. Сега довербата ви е дадена, ги добивте изборите, и
одговорноста е ваша. Во спротивно ќе нема сила во светот што ќе ве спасува
Вас од веќе напатениот и понижен македонски народ.
Перо Дамчевски - Коцин
Власта во рацете на гробарите на Македонија
Со доаѓање на власт на Глигоров и Црвенковски беше овозможено
експозитурите на банките од други републики да ги ограбат македонските
штедачи, а потоа од државна каса да им бидат враќани на штедачите. Тие
дозволија да се формираат пирамидални штедилници, парите ги ограбија, а
книгите ги запалија. Преку 500 штедачи се убија и Љубчо пред изборите почна
од државна каса да ги враќа парите. Киро и Бранко ниту еден ден не беа во
затвор, а Црвенковски повторно седна да ја води Македонија.
Е, мој Бранко, тешко на тие овци што ти ќе ги пасеш. Ние видовме што акал
имаш. Ти и татко ти Глигоров воведовте ембарго против Србија, ја уништивте и
онака слабата економија. Дали некој нормален може и онака невработен народ
да игра по гајда на НАТО? Та вие не бевте ни држава. Никаде не бевте примени
во светот, а вие ќе воведувате ембарго. Против кого? Против свои фирми.
Зарем не знаете дека Србија е партнер број еден, со најмали транспортни
трошоци. Вие ги ставивте сите гласила во Македонија на услуга на Ругова и на
Тачи и ја пропагиравте Република Косово и го поддржавте создавањето на
муслиманската Република Босна. Видете ги вашите весници од тоа време и сами
ќе се уверите. Вие го примивте Ругова, а Љубчо со Трајковски го примија Тачи
со црвен килим. Зарем не беше така? Вие го доведовте НАТО во Македонија без
да распишете референдум за тоа дали народот се согласува една фашистичка
организација да се стационира во Македонија. Вие ги доведовте Албанците во
Македонија и им ги дадовте државјанствата само да гласат за вас, а не
знаевте дека тие се улогорија во Македонија. Тие убија над сто војници и над
илјада осакатија. Протераа над 200.000 Македонци од кои ни половина нема да
се вратат назад. Со ваш благослов го поддржавте бомбардирањето на српскиот
народ. Го поддржавте НАТО да бомбардира не војска, туку фабрики, патишта и
мостови. Вие со Трајковски и Љубчо цело време се штитевте кога
НАТО-фашистите рушеа мостови, болници, складишта за бензин и фабрики. Вие
сте една чума што може се да уништи. Не знаевте дека македонско стопанство
живее со размена, живее од таа соработка со партнерот кој за вас е број еден.
За вас поважно ви беше НАТО и шиптарските банди, отколку својот народ и леб
за својот народ. НАТО ги тренира терористите во Албанија во логори, а со цел
да ја нападне Србија. Ако на НАТО му беше да го фати Милошевиќ, тоа ќе го
стореше во Дејтон. Зошто тогаш не го фатија? Тие имаа цел да ја уништат
српскаата економија и српскиот народ, а не Милошевиќ.
А, што презедовте вие? Трајковски и Лубчо ги примија бегалците и тие
преку сто илјади не се вратија назад. Останаа во Македонија за да чекаат
сега Бранко да им даде државјанства. Во меѓувреме што направи НАТО? Вокер на
терористите им даде радио-станици, а Солана им даде оружје. НАТО им даваше
логистичка поддршка на терористите. Од позади, од зад грб, со инструктори на
НАТО, терористите војуваа против нас, а со олеснувачите од Америка НАТО во
Охрид, цела Западна Македонија службено ја дадоа да биде Албанија. Сега дури
и командантите на терористите Македонија ги плаќа да седат во Парламентот.
А, зошто бре не го прашате НАТО и американската Влада, зошто 46 милиони
Мексиканци не зборуваат во американскиот Парламент на мексикански јазик?!
Што вие мислите, 46 милиони Мексиканци кои се хомогено население - во Тексас
19 милиони, во Калифорнија 26 милиони - зборуваат на англиски јазик. Кој
сака нека зборува и нека седи, а кој не сака нека оди во Мексико. А што вие
правите со Македонија? Едно мало парче и тоа ве тераат да го албанизирате и
да го припоите со Албанија. Што бара албански народ во Македонија?! Нему
потребна му е работа, а не јазик. Од јазик не се живее. Ако се живее од
јазик, ниеден народ не бега од своја територија, туку бара леб како гладна
стока што бара работа. Вие Црвенковски направивте голема грешка, а сега ред
е да ја исправите Америка. Прашајте ги помагачите во решавањето на
проблемите, тие сами ги произведоа. Исти се, а потоа демек се покажа дека е
добра. Ете и таа била за мир, а цело време се знае дека НАТО и Америка беа
на страната на терористи. Тие сега како Дедо Мраз делат подароци и милостиња,
божем го жалат македонскиот народ. Истото тоа се случи со Србите. Прво им ја
уништи економијата, а сега ги уценуваат. Оние кои ја бранеле држава, ги
носат во Хаг. Тие се злосторници, а овие што убивале и уништувале цела земја
не се злосторници. Тоа се ангели. Тоа истото му се подготвува на македонслки
народ.
НАТО е фашистичка организација. Таа требаше да се расформира кога се
расформира Варшавскиот пакт. Но, овие не се расформираа, туку станаа светски
џандари. Што направи НАТО во Косово? Не создаде мир. Преку 3.000 Срби НАТО
уби. Употреби хемиски отрови. Сега децата кај што одат голтаат радиоактивна
материја. Во Бугарија за 80 проценти се зголеми радиоактивноста, а кај нас
не е ни мерено. Сега ќе почнат да се раѓаат деца без мозок и со големи
оштетувања. Тие како билки ќе станат. Стоката и народот ќе бидат затруени.
Ете тоа донесе НАТО. На Нато не му е место во Македонија, а ни на Македонија
не и е местото во НАТО. Што треба да се направи?
Прво, да му се откаже гостопримство на НАТО. Да се опколат сите села од
македонската војска и полиција и да се соберат сите бомби, мини и минофрлачи
и сето друго оружје. Да се укине охридскиот Договор, бидејќи тој е донесен
под притисок на НАТО. Да се сменат сите полициски командири на полицијата и
да се затворат сите уценувачи, рекетари и да им се одземе целиот имот. Да се
забрани продавањето на сите препријатија кои се рентабилни, а сите амбасади
да си ја вршат амбасадорската функција. Не да и наредуват на македонската
Влада. На сите НАТО-емисари да им се забрани влез во Македонија. Не може
македонската полиција да наплаќа визи, а полицајците да јадат по ресторани и
да не плаќаат. Ако ова не се направи, Македонија нема да ја има за десет
години.
Трајко Трајковски,
Гери - Индијана, САД
|