КОМЕНТАР

Сито и Решето

МЕСТО В ЗАТВОР, ВО ПАРЛАМЕНТОТ!?

Од Редакцијата

Ги гледаме луѓето што влегоа во Парламентот, а не можеме да се начудиме дали очите или политичарите не лажат!? Оние што до вчера велеа дека очи ќе си вадат, сега така страсно се љубат што нас треба пот да не облее од страв.

Меѓутоа, тоа не треба да не зачудува. Отсекогаш сме биле чудни луѓе. Секој секому на различен начин му се умилкува, му се упикува и оп .... преку ноќ гледај се пенетрирал во политиката. Ако некој новопечен политичар до вчера бил недоносче, сега станал тип. Ем пратеник, ем кола, ем жена, ем швалерки...

Нему така му тргнуваат работите угоре. Само нам работите ни одат удолу, удолу и удолу. Само зијан имаме од нив, а ќарот го собираат тие. Дали така ни било пишано? Не би се рекло. Но, ете ќорави сме. Перде ни се спушти. Командуваат и уценуваат командантите. Тоа треба да биде нашата реалност!? Заборавете на ОНА. Заборавете на злосторствата. Заборавете на 12-те грабнати, убиени и исчезнати Македонци. Се е заборавено.

Налет да ни е таквата демократија! Во иста клупа седат "дувачите на лепак" и командантите, т.е. добавувачите за "шмркање": Али Ахмети, Рафис Алити (командант М'суси) Фазли Велиу, Хисни Шаќири и Г'зим Острени, Хазби Лика (командант Чела), Ружди Матоши (командант Матоши), Џазаир Шаќири (командант Хоџа). Тоа е нашата црна парламентарна листа на терористи. Идентична е на терористичката листа на претседателот Буш. Нели е препишана од збор до збор?!

ТУТУЛЕБАЛИЊА

Тоа ти е нашата идна демократија. Ѓоамити ни цветаат рози, а тие ни ја докусуруваат државата. Не треба да потсетуваме дека се уште живееме во Република Македонија. А утре каде ќе се разбудиме, не знаеме. Се зависи од добитната лотариска комбинација, а таа - вели џокерот - е: црно ни се пишува.

Во Македонија не се случува ништо ново. "Проблематичните" не се наоѓаат во затвор, туку во македонскиот Парламент. Очигледно во Идризово лежат чесните и жртвените јагниња. Тие скапуваат, а виновниците, кои за жал нема да бидат судени, се спасија од затворската облека. А, колку убаво ќе им стоеше? А? А... колку нам ќе ни беше убаво? Саде мед и млеко ќе течеше. Вака во колевката на цивилизацијата, Александровата земја ја газат Арнаути. Само, не дај Боже неговата, нашата родна земја да ја прекрстиме во Арнаутистан!? Не дај Боже. Скраја да е од таквата помисла. Но, како што тргнале браќата, тие и не треба веќе да креваат оружје. Доволно е да кренат два прста во Парламентот за да ги освојат преостанатите територии. Или со еден прст да го дупнат копчето. Тоа ти е придобивката од Фрчковиот концепт. Држава сме, нема што. Создадовме голема "зафрканција". Мижи да те лажам. Дури и наши политичарчиња кои се "тутулебалиња". Се е залудно...

МАКЕДОНИЈА СЕ ЛИБАНИЗИРА

Со маки сме се родиле, со маки ќе си умреме. Македонски пород од дупка излегол и на крај ќе влезе во црна дупка, неовенчан. Тоа ти е нашата зла судбина. Кој нема да те продаде, освен ако не сопствениот одрод. Секој за политичар не го бидува, ама тоа во Македонија функционира. И тоа како... Практично докажано. Удри една до две заушки и ете ти го насилникот, во овој случај амнестираниот влегол во парламентарната одаја. Удобно се сместил, а откако ќе пушти корења, тешко дека коровот може да се исплеви. Затоа многу тешко одат преговорите. Апсолутниот победник е уценет. Фрлен на плеќи. Не е уценета главата на терористот. Всушност, сета пикантерија е една трагикомедија која нема крај.

Се е каша-попара во земјава. Нема принцип, нема воспоставен демократски живот. Битката за парламентарната демократија е загубена. Ги потрошивме сите кредити затоа што немавме усул, немавме храброст да им застанеме на патот на ретроградните и дезинтегрирачки процеси. Сега моќта е сконцентрирана во рацете на поединци. Тие политичари ги влечат конците и го определуваат начинот на живот во Македонија. Затоа не треба да не зачудуваат насилничките акти на улиците на Скопје и постојаните пукотници во Тетовско или во Кумановско. Република Македонија се либанизира. Тој синдром сега го крка обичниот граѓанин. Нема да го одмине ниту Албанецот ниту Македонецот. Сите сме во еден кош, кој е затворен за разумните и паметните луѓе.

ВЛАДЕТЕЛИ

Дали ќе го истрпиме овој парламентарен состав? Ќе видиме. Но, секогаш можеме да се поучиме од народана поговорка која вели дека по утрото се познава денот. Ако судиме по народната мудрост, тогаш си насамаривме голем товар. Јабанџии, дилери, пијаници и пропаднати лица зедовме на врат. Уште не се испилија, се раскараа меѓу себе. Дигаат џева дека големите водачи на арнаутското племе биле зафатени, се наоѓале на службен пат. Само во нашава држава може да се случи неверификуван пратеник да е службено отсутен. Зарем таквите треба да ги гоштеваме со народни пари!? Тие ќе кркаат, а нам цревата ќе ни црцорат. Уште треба да речат дека не се задоволни од парламентарната кујна и треба специјално да нарачаме да ни дојде готвач од Албанија, па така тој во еден казан ќе готви мрсно, а во друг овчо. Тоа и не е некоја тајна. Тоа во Македонија е верска традиција. Но, ако така ги гледаме работите, тогаш навистина премногу сме ги превртиле наопаку. Проповедникот ќе проповеда, овие не се крстат, а третите немаат слушалки. На тој начин кој нас не слуша кога во Парламентот никој со никого не се разбира?! Зарем ова не е големо предупредување дека некој ни го протна системот "раздели, па владеј". Само се прашуваме кој ќе биде владетелот во Република Македонија, кога нема поданици? Сите сакаат да бидат владетели на ова мало парче земја.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"