КОМЕНТАР

Македонски плурализам

ФЕМИНИЗИРАНИ ГЕЈ-ШПИОНИ ЦРТААТ НОВИ КАРТИ

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

  • Стив Маер, поранешен заменик шеф на Одделот за Балканот во ЦИА, на трибината насловена како "Влијанието на американската политика на Балканот", одржана на 20 јуни оваа година во Видроу Вилсон, ќе истакне: "На Балканот мора да дојде до преуредување на границите, а за опстанокот на Македонија треба да се разговара". Неговиот став деновиве остана непроменет.
  • Планот им успеа, од нескротлив ѕвер со див инстинкт создадоа послушен и кроток кловн олицетворен во ликот на параноичниот шизофреничар, Алија Ахмети.

По се изгледа дека сеништата од минатото повторно се надвиснаа над Балканот и на почетокот на третиот милениум, на почетокот на векот за кој според логиката на мислите требаше да понуди благосостојба, ред и поредок. Се мислеше дека по заминувањето на Слободан Милошевиќ од политичката сцена во Србија и неговото предавање на меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, ќе се стави крај на еднодецениските судири, крвопролевања и антагонизми на Полуостровот, дека ќе дојде ерата на возобновување на мултиетничките општества како од времињата на поранешна Југославија, дека сонот за големи држави и прекројувања на границите ќе станат само утопија и нешто друго. Тоа ни го вети никој друг, туку т.н. меѓународна заедница и нејзините следбеници и покровители. Како што одминуваше времето се повеќе се потврдуваше дека Милошевиќ беше земен како повод за развивање на сценаријата изготвени во западните земји, како личност која требаше да биде покритие за злоделата на "цивилизираниот" свет, тој мораше да се жртвува за да се оправда делото на Клинтон, Олбрајт, Блер, Солана и уште ред други.

Сведоци сме сите дека по завршувањето на ерата на големиот Слобо се појавија многу поопасни и поперверзни типови од српскиот тиранин кој криејќи се зад превезот на демократијата и назадените човекови права решија со помош на тајни структури од западно производство безмилосно да убиваат, масакрираат и протеруваат. Зошто и за кого? Зошто уште на стартот не беа пресечени новите епизоди на страдањата и ужасот?

ПОТРЕБЕН ЛИ Е НОВ БАЛКАН!?

Деновиве оживеаја размислите на условно големите интелектуалци кои на мини собири, едностранични колумни по влијателните западни медиуми туркаат и провоцираат идеи за нов Балкан кој ќе остане на врвот на интересирањата на светската јавност. Се градат нови лаборатории за вршење опити врз малите народи на овие простори. Голема збрка предизвика заложбата на нам добро познатиот Стив Маер за ревизија на мултиетничките граници на Балканот, процес кој се уште не е замрен во умоболните глави на измелезените и семоќни Американци кои не прават ништо друго освен што се поигруваат со животите на десетиците милиони животи на напатените Балканци. Идејата на Маер не е свежа, таа датира од поодамна и претставува своевиден континуитет на веќе кажаната стратегија на обичниот професор кој е само исфрлен играч на некои моќни западни структури, режисери на балканските трагедии.

Стив Маер, поранешен заменик шеф на Одделот за Балканот во ЦИА, на трибината насловена како "Влијанието на американската политика на Балканот", одржана на 20 јуни оваа година во Видроу Вилсон, ќе истакне: "На Балканот мора да дојде до преуредување на границите, а за опстанокот на Македонија треба да се разговара". Неговиот став деновиве остана непроменет.

Можеби не треба да не загрижуваат ваквите проекти зацртани во главите на локалните интелектуалци и екс-шефови на ЦИА, но треба да се постави прашањето: Кој стои зад ваквите жртвувани играчи? Дали неговите следбеници и соработници во ЦИА ја застапуваат истата идеја затоа што таму по логиката на нештата сите мислат како еден. Можно ли е Маер по напуштањето на надалеку познатата разузнувачка агенција ЦИА екстремно брзо да ретерира во своите ставови и од позицијата дека САД се за зачувување на територијалниот интегритет на балканските земји како официјален став, да премине во зоната на лесна авантура?

"Сега треба да се прекинат обидите за демократизација на Балканот. САД треба да го помогнат процесот на мирна промена на границите, со тоа што промените би биле во согласност со етничката реалност" - е уште една налудничава изрека на геј-шпионот на ЦИА.

Сепак, според стратегиите, за разлика од одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878 година во промените сега би требало да биде озбезбедено учество на народите од регионот, односно самите меѓу себе да ги верификуваат новите граници. Просто речено тоа би одело вака: Борис Трајковски треба да стави потпис на предавањето на западниот дел околу Тетово, Гостивар и Дебар кој би и го дал "демократски" без војна и страсти на соседна Албанија; Потоа, Воислав Коштуница истото треба да го стори со Косово и Југот на Србија, да стави потпис и параф за отуѓување на овие територии од српската држава.

Ваквите комбинации се смешни, несвојствени за "преумните" Американци. Досегашното цртање на границите во светот одеше по принципот - прво војна, па земена маса, па на неа поразените и победниците ќе се договорат околу географската шир на државите. Балканот како најтврд орев за ненаситните западни дејци е најдобар доказ за тоа. Но, зошто Европа молчи и ништо не соопштува, зошто не не заштите од ваквите антихристи, мегаломани и модерни фашисти? Зарем Европа се отуѓи од нас, зарем го напушта делот кој и ја даде цивилизацијата и науката? Јасна е битката и ривалството меѓу двете машинерии, американската и европската, но официјален Брисел, како центар на европската моќ, не треба и не смее да дозволи противникот да му зарие нож во градите, па макар сето ова се однесува на регионот кој многумина го нарекуваат "слепо црево" или "болна рана" за ЕУ.

Поранешниот функционер на ЦИА за Балканот не верува дека мировниот Договор од Охрид ќе биде спроведен поради реалните и легитимни закани од тероризам против безбедноста на Република Македонија. Заканата од тероризмот е една од базичните причини поради кои официјален Вашингтон треба да остане активно ангажиран на овие немирни простори кои, според Маер, можат да станат транзитни правци за терористите, особено ако концесиите што им се ветени на албанските сојузници, ОВК и нејзините фракции од страна на американските стратези не им бидат исполнети. Поинаку кажано, станува збор за поддршка во интегрирање на сите албански територии во една државна целина. Затоа Маер предупредува дека треба да се размислува и да се даде поддршка од САД за мирна поделба на Македонија по етничка основа.

"ИНТЕГРИРАЊЕ" НА ТЕРОРИСТИТЕ

Кога би погледнале во внатрешни рамки кај нас, во политичките кулоари, во разградените институции на системот ќе воочиме ситуација од која произлегува дека половината од сценариото на Маер и неговите истомисленици е веќе реализирано. Усвоен е Рамковниот договор кој им нуди значајни привилегии на етничките Албанци, поставени се темелите за преобразба на државата во федерален облик. Најзаслужниот за тоа е сега пензионираниот Арбен Џафери кој на "софистициран и феноменален начин" успеа да им наметне на "патриотските" гарнитури на Георгиевски, модел за уништување на државата по урнекот на загрозените малцинства во тоталитарните режими. Меѓународната заедница наседна или пак беше соучесник во сиот тој процес. Како и да е, Џафери половината од работата ја заврши и заслужно го испратија во историјата како човек-легенда за албанскиот етнос.

По истрошувањето на мудриот Арбен западните ветерани се решија да клонираат нови демократи на овие простори кои ќе ги продолжат веќе започнатите дела. Клонот им успеа, од нескротлив ѕвер со див инстинкт создадоа послушен и кроток кловн олицетворен во ликот на параноичниот шизофреничар, Алија Ахмети. Новата марионета во рацете на западните административци треба да го истурка второто полувреме од процесот, но по демократски пат во законодавната и во извршната власт, преку Демократската унија за интеграција на Албанците.

На наивноста на македонските политички гарнитури и нема крај. Ги внесоа најголемите криминалци и убијци од современо време во пратеничките клупи за да ни ја креираат иднината. Ќе биде ли и Црвенковски наивен и кусоглед како неговиот претходник кој остана со кратки панталани по "интимниот" однос со неговиот побратим од спротива? Ќе остане ли Македонија имуна на безбројните вируси кои го јадат нејзиното ткиво?

Кажувањата на Маер се навистина интересни, но и загрижувачки. Тие не мора да бидат официјален став на американскиот политички естаблишмент, но не треба да се занемари фактот што тој по излегувањето од ЦИА не ги прекина своите односи и контакти со компанијата. Само ја смени средината и сега како професор на Одделот за политички науки при Индустрискиот колеџ за вооружените сили на Националниот универзитет за одбрана, послободно и без никакви последици по американската надворешна политика може да атакува врз интегритетот и слободата на граѓаните ширум светот. Со право реагира и дел од македонската дипломатија која ваквите конфигуративни разлики на екс-шпионите ги оквалификува како покренување на злосторничката машинерија која во моментов е потисната од привидните демократски сили. Маер само ги соколи парцијалните мали, но моќни радикални елементи на наводно расформираните терористички групации ширум кризните региони на Балканот да почнат со нови окупации низ селата и планините за да ја остварат големоалбанската државна творба. Оттука може да се заклучи дека Стив Маер работи во служба на се уште постоечките терористички движења на Балканот, работи во служба на т.н. политичари од типот на Хаџиреџа, Тачи (Мендух и Хашим), Муслиу и преостанатите кои заговараа поделби и етнички премерувања, работи во интерес на новоформираните политички струи од албанската провиниенција во македонскиот законодавен дом предводени од Демократската унија за интеграција на Али Ахмети. Малкумина си го поставиле прашањето, а уште помалку дале одговор на него: Што ќе интегрира Ахмети со неговата "унија"? Се разбира, заложбата е да се интегрираат Албанците од сите простори на Балканот како што говори и самото име на партијата. Ахмети треба да биде моторната сила која по "демократски" пат ќе го отпочне процесот прво во Македонија, а потоа и во Косово и Метохија, југот на Србија, источна Црна Гора во областа Плав, чемериската област во Грција.

Мајсторите на шпионлакот си ја вршат својата работа. Само ние меѓусебно ќе се прекоруваме, напаѓаме, омаловажуваме, ќе му помагаме на противникот и непријателот полесно да ја оствари својата цел. Ни ветуваат дека повеќе лошо нема да гледаме, дека црните дни кои ни ги раскрвавија незалечените рани се веќе поминати и оставени на клетата историја. Можеме ли и понатаму да глумиме оптимисти кога секојдневно и одвнатре и однадвор ни сервираат крваво мени за нови прекројување на никогаш недефинираните балкански граници? Посттитовите кадри не ја научиле лекцијата од минатото. Не знаеја по смртта на демократскиот диктатор да ги применат, развијат и осовременат моделите на уникатното "Братство - единство". Се покажа дека конците ги држел еден и само еден кој како таков бил трн во окото на понапредниот свет. Денеска братството и единството или популарно наречениот соживот ни се враќа како бумеранг на сите нам од Триглав до Гевгелија. Ќе ги ставиме типовите од калиброт на Маер по насловните страници на најтиражните домашни печатени медиуми за да ни кажат дека од соживотот веќе немаме ништо, дека демократијата не е моделот преку кој ќе ги решиме спорните балкански прашања, дека неизбежна ни е меѓународна конференција по урнекот на онаа во Берлин од ХIХ век, но овојпат таа би била во Лондон и на неа би учествувале самите ние на која исто така самите ќе си го копаме гробот, а другите само ќе не турнат во него. Балканците се уште се мамурливи од пијаните ноќи во последните десет години. До кога?

И на крајот само уште едно објаснување за да го оправдам насловот на ова пишување. Маер, покрај големата љубов кон шпионскиот занает и компанијата, исто толку силно бил вљубен во младите Албанци кои му служеле за задоволување на сексуалните потреби. Лични геј-контакти имал и со Хашим Тачи и со еден од браќата на Харадинај. Ваквите типови и се намерачиле на нашата земја, само на еден поинаков и поагресивен начин.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"