| |
ПОЛИТИКА
Најнови вознемирувачки сознанија за 12-те киднапирани Македонци
ЕКС-ВЛАСТА ЈА КРИЕ ВИСТИНАТА
Пишува: Рената МАТЕСКА
- Уште пред неколку месеци Бачев и неговата партија јавно проговорија и
аргументирано тврдеа дека постои сценарио за растурање на Македонија, кое
ако не се променат работите, треба да се случи кон крајот на 2005 година.
За голема наша несреќа, според тврдењето на оваа партија, носители на ова
мрачно сценарио се македонски политичари кои извршувале најважни државни
функции. Контролираната војна што се водеше во Македонија е само еден од
повеќето елементи на ова сценарио, при што повеќето од 70 загинати
македонски војници и полицајци (Карпалак, Арачиново, Непроштено) како и
12-те киднапирани Македонци се жртвувани и наместени, со што фактички
нивен убиец со "несторување" е тогашната македонска влада, тврди Јанко
Бачев, екс-функционер на ДБК и кандидат за пратеник на "Народното движење
за Македонија".
- За жал, и дел од роднините на 12-те киднапирани Македонци веруваат во
неодамнешното тврдење на поранешниот функционер на ДБК дека шест тетовци
се живи и се наоѓаат заробени на Косово, а шест се мртви. Роднините велат
дека функционерот им кажал оти Бошкоски го знае убиецот и дека тој е
политичар на една парламентарна партија, ама не е пратеник. Со други
зборови, прстот е посочен кон командант Лека. Овие семејства бараат МВР да
одговори дали навистина имале такви сознанија, како што тврдеше Бачев.
Ј анко Бачев, поранешен началник во
Управата за безбедност и контраразузнавање изнесе вознеми-рувачки сознанија
според кои шестмина од дванаесетте киднапирани Македонци се убиени, што
предизвика шокантност кај нивните роднини, но и во јавноста.
Како што ни изјави Бачев, тој своите сознанија ги темели врз основа на
оперативни сознанија во ДБК. Според сознанија од два различни извора, кои се
поклопиле, шест од киднапираните се убиени и тоа од страна на една конкретна
личност од една парламентарна партија. Според сознанијата, за време на
масакрот според наредба на претставникот на ОНА, шест од киднапираните се
испратени на Косово.
Најмалку е битно кој е убиецот, најбитно е вистината да им се каже на
роднините и да се избегне неодговорноста на екс-власта и луѓето од МВР,
најповикани во случајов. Тие многу неодговорно реагираа истакнувајќи многу
шпекулации. Истото се случува и деновиве кога роднините на киднапираните од
МВР се обидуваат да ја дознаат вистината, но се одбиени со најбанални
образложенија. Во МВР владее состојба на хаос каде многумина преминуваат кај
Доста Димовска за да си ги задржат фотелјите, но притоа не сфаќаат дека од
одговорноста не може да се бега, додава Бачев.
Според Јанко Бачев сето она што ни се случуваше во врска со војната во
Македонија беше изрежирана работа на некои луѓе кои сакаа работите да
завршат на маса со Рамковен договор. Бачев своите тврдења ги образложува и
со факти. Во ДБК, според најодговорното тврдење на Бачев, имало конкретни
сознанија за постоење на 15-члена наркоманска група лоцирана на Карпалак.
ДБК со овие сознанија располагала уште на 3 и 4 јули 2001 година. Тие имале
распоред за нивното движење, дури се направило хеликоптерско снимање на
теренот. Сето тоа било 40 дена пред немилиот чин. Според тоа, како што вели
Бачев, некој свесно дозволил да бидат убиени резервистите кај Карпалак.
Директен убиец на бранителите на Карпалак е македонската Влада, тврди
поранешниот функционер на ДБК.
СЦЕНАРИО
За убиството на 72 полицајци и војници, јас тврдам дека добар дел од нив
беа наместени. Проблемот е зошто ние дозволивме 1.500 луѓе да освојат една
четвртина од територијата на Македонија. Ќе биде интересно како во иднина
нашиве генерали ќе им објаснат на нашите деца како војската и полицијата,
односно 30.000 Македонци успеаја да бидат поразени од само 1.500 терористи.
Ние војната ја изгибивме на воен, политички и дипломатски план,
потенцира Бачев, но не како резултат на неспособноста на нашата војска и
полиција, туку како резултат на претходно скроено сценарио. Јас тврдам дека
македонската војска и полиција можеше да се справи со терористите за 24 часа.
Не е точно тврдењето на екс-премиерот Георгиевски дека за сето зло ни се
виновни Американците, дека не не сакале НАТО и Европската унија и дека не не
поддржувале, истакнува Бачев.
Според неговите сознанија, веднаш по случајот Танушевци на 22-23 февруари
2001 година, претседателот Трајковски заминал на, наводно, тајна средба во
САД. Таму Македонија, според неговите сознанија, ја добила поддршката од
најмоќната сила на светот, САД. Според него, Буш на Трајковски му рекол дека
треба како што знаат и умеат да се справат со тероризмот, но по враќањето на
претседателот и советите од советниците за консултации со Блер, Шредер и
други, се оставил широк простор терористите да стигнат и до Тетово и
Гостивар и да освојат една четвртина од македонската територија. Како што
вели Бачев, сето она што ни се случи е резултат на внатрешните фактори, а не
на надворешни фактори кои се занемарувачки.
Не е важно дали во Хаг или во Скопје, важно е одговорните да застанат
пред лицето на правдата и да одговараат за стореното зло, потенцира
Бачев.
СОЗНАНИЈА
Јанко Бачев, екс-функционер на ДБК, овие сознанија им ги кажува на
роднините пред се поради чувството на обврска и човечност да се дознае
вистината, а роднините повеќе да не живеат во неизвеснот. Тој овие сознанија
ги истакнувал уште пред три месеци пред почнувањето на изборната кампања
како носител на листа во Изборната единица број 4 од партијата Народно
движење за Македонија. Уште пред неколку месеци Бачев и неговата партија
јавно проговорија и аргументирано докажуваа дека постои сценарио за
растурање на Македонија, кое ако не се променат работите треба да се случи
кон крајот на 2005 година. За голема наша несреќа, според оваа партија,
носители на ова мрачно сценарио се македонски политичари кои извршувале
најважни државни функции.

"Сите работи што и се случија на
Македонија не се случајни, тие се дел од нечие сценарио", Јанко Бачев,
екс-функционер во ДБК
Контролираната војна што се водеше во Македонија, според Бачев и неговата
партија, е само еден од многуте елементи на ова сценарио при што повеќето од
70 загинати македонски војници и полицајци (Карпалак, Арачиново, Непроштено)
како и 12 киднапирани Македонци се жртвувани и наместени, со што фактички
нивен убиец со "несторување" е тогашната македонска влада. Ова тој
најодговорно го тврди и се уште го чека јавниот обвинител (за кого вели дека
е најголемиот полтрон на власта) да реагира и да го повика да му ги даде
потребните аргументи и факти, со цел доследно применување на принципот на
одговорност.
Шестемина киднапирани се убиени во некоја област над Тетово која тогаш
била под контрола на ОНА, но според оперативни сознанија тие претходно не
биле измачувани и малтретирани. Што се случува со преостанатите шест
киднапирани Македонци, кои според Бачев се на Косово, не е познато.

"Чекаме новата власт да ни ја каже вистината за нашите
најблиски", велат роднините на киднапираните Македонци
Во врска со распишаната награда од 500.000 евра, Јанко Бачев не би сакал
да коментира, но го интересира зошто највлијателните луѓе од МВР молчат. Во
врска со работата на сега веќе екс-министерот Љубе Бошкоски, Бачев вели дека
Бошкоски постапувал и работел во согласност со определбите на неговата
политичка партија и нивниот коалиционен партнер.
За време на изборите имаше многу ветувања дека тие што ќе ја добијат
власта ќе расчистат со сите проблеми и криминални активности. Ние ќе
почекаме и ќе им дадеме шанса на луѓето од новата влада да ги расчистат
проблемите, а ако не го постигнат тоа, ќе имаме што да кажеме. Најдобро е да
се примени тој принцип на одговорност. Во оваа држава некој мора да одговара,
зашто државата ни е на распаѓање. Ова што и се случи на Македонија е
резултат од внатрешни фактори и денес некој за тоа ќе треба да одговара,
потенцира Бачев.
РАСЧИСТУВАЊЕ
Од друга страна, роднините на 12-те киднапирани бараат новата власт
веднаш да го расчисти случајот "киднапирани Македонци".
Пораката на роднините до Црвенковски е да ја каже вистината за нивните
најблиски, а според тврдењето на роднините, вистината им била и ветена од
Црвенковски. Поконкретно, тие очекуваат новиот парламентарен состав на
неговата прва седница да расправа за нивниот проблем. Освен тоа, тие ќе
побараат од новиот мандатар Црвенковски да им организира средба "очи в очи"
со екс-лидерот на ОНА, Али Ахмети, и со командантот Лека коишто, според
роднините, се најдиректно инволвирани во киднапирањето на нивните најблиски.
Роднините на 12-те киднапирани Македонци веруваат во средбата со Али Ахмети
со оглед на фактот дека тој е сега коалиционен партнер на Бранко Црвенковски.
И роднините веруваат во неодамнешното тврдење на поранешниот функционер
на ДБК, дека шест тетовци се живи и се наоѓаат заробени на Косово, а шест се
мртви. Роднините велат дека функционерот им кажал оти Бошкоски го знае
убиецот и дека тој е политичар на една парламентарна партија, ама не е
пратеник. Со други зборови, прстот е посочен кон командант Лека. Овие
семејства бараат МВР да одговори дали навистина имале такви сознанија, како
што тврдеше Бачев.
Животот на роднините на 12-те киднапирани Македонци е исполнет со
неизвесност која трае повеќе од 14 месеци. Веќе им е мака од бесконечните
исчекувања во собраниските сали и празните ветувања од надлежните луѓе. Од
првите луѓе на македонската политичка сцена, како и од претставници на НАТО,
на ОБСЕ и други преставници и амбасадори од Европската унија, роднините
досега не наидоа на конкретен одговор за случајот. Тие едноставно трагаат да
ја дознаат голата вистина, колку и да е болна и тешка.
Тврдењата на Бачев се дадени паушално без доказ, како за на пазар. Во МВР
ни кажуваат сосема други работи. Лично сметам дека кажувањето на Бачев не е
во ред и нам ни предизвика многу несакани трауми, ни изјави Војо Гогоски,
еден од роднините на 12 киднапирани Македонци кој не би сакал да коментира
дали неговиот татко е меѓу убиените или меѓу заробените на Косово.
|