| |
ВОЈНА
ОНА - терористичка паравојска во Македонија (1)
КАКО ПОЧНА ХАОСОТ!
Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
- Професор Иван Бабановски, добро познат во македонската јавност по
своите неколку публикации и годините поминати на Факултетот за безбедност,
во ова време-невреме собра храброст и и се оддолжи на патриотската јавност
во државава со уште едно дело кое, како одминува времето, се повеќе
станува бестселер на овие простори.
- ОНА ќе ги убива припадниците на АРМ и МВР со чеченски манир и со
американско оружје, а Карла дел Понте ќе организира судски сеанси во Хаг
против жртвите.
- Увезените бандити - терористи и наркомафијаши од Косово и Албанија
помогнати од англоамериканските муџахедини и Талибанци ги отстрануваа
белезите на Република Македонија во населените места.
В еројатно енигма за уште некое
време ќе останат многуте нејаснотии, кон-троверзности и непоз-наници околу
вистината, причините и последиците за големиот бран судири кои во периодот
од неколку години се случија на просторите на централното балканско подрачје,
поточно во Косово и Метохија, Прешевската Долина и македонскиот северозапад.
Професор Иван Бабановски, добро познат во македонската јавност по своите
неколку публикации и годините поминати на Факултетот за безбедност, во ова
време-невреме собра храброст и и се оддолжи на патриотската јавност во
државава со уште едно дело кое, како одминува времето, се повеќе станува
бестселер на овие простори. "Се уште сум на фронтот на одбрана на Македонија"
- ќе рече професорот.
Овој фељтон ќе разјасни многу аналогии, ситуации и времиња поминати. Кој
беше виновен, а кој не. Кој беше патриот, а кој предавник.
ОТСТАПКИ БЕЗ ПРЕСЕДАН!
"Наместо енергично и целосно да постапат по одредбите на кумановскиот
технички договор и Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите
нации број 1244 од јуни 1999 година да ја разоружаат и да ја расформираат
веќе поразената и разбиената терористичка организација УЧК, меѓународните
сили под диктатот на Вашингтон и овозможија да се консолидира и трансформира
во воена формација, а потоа ја промовираа како политички субјект. На тој
начин го прекршија основното правило во борбата против терористите и
тероризмот, а тоа е да не се овозможува остварување на политичките цели со
примена на средства од меѓународниот терористички арсенал".

"Се уште сум на фронтот на одбрана на Македонија" - проф. Иван Бабановски
Професор Бабановски севкупните случувања во Македонија од минатата година
ги става во рамките и во контекстот на поодамна започнатите сценарија на
западната машинерија за разнебитување на старата дама, Европа, преку
инсценирани регионални судири под покровителство на најмоќната воена
машинерија - НАТО. Челниците на северноатлантската алијанса, по неколку
децении ги потврдија збровите на генералот Шарл де Гол кој говореше дека
НАТО еден ден ќе биде инструмент на Американците, насочен против интересите
на обединета Европа. "Експерименталната криминално-терористичка лабораторија
Косово и Метохија ќе биде проектирана во третата демензија врз територијата
на Република Македонија... Дали Балканот ќе стане Либан на третиот милениум?".
Да - вели професор Бабановски, ако и понатаму бидеме бели глувчиња од
лабораторијата на НАТО и ОБСЕ и ако му дозволиме на "докторот Џекил" да не
врамува во некакви полуидиотски рамковни творби произлезени од шок-терапиите
на нервно заболената Европа која ќе се распадне под налетот на неофашистите
кои ги финансираат тајните служби на "Големиот брат".
Хаосот во Република Македонија бил испланиран поради нечии стратегиски
интереси и потреби. Марионети биле создадени среде албанските политички
опоненти и нарко-трафикантите. Некој се сетил дека платформата на "Призренската
лига" можеби е малку застарена, па наместо "Голема Албанија" посакал "Големо
Косово". Хашим Тачи, со неговите политички полтрони и шпиони, среде
албанските национални партии во Македонија, отпочнал нова игра со нови
патрони. Решил да извезе, со сесрдна помош на некои наши високи државни
раководители, дел од неговата терористичка УЧК во Македонија, ставајќи ја во
нова амбалажа и под ново име: ОНА. Целите ќе ги диктираат однадвор... Таа ќе
ги убива припадниците на АРМ и МВР, со чеченски манир и со американско
оружје, а Карла дел Понте ќе организира судски сеанси во Хаг против жртвите.
Тоа се вика демократија на цивилизираниот свет.
Несомнено е потврдено дека Косовскиот заштитен корпус е
воено-терористичка творба на еден од главните генератори за заострување на
кризата и нестабилноста во регионот. За тоа сведочи и Извештајот на
Одделението за човекови права на УНМИК од 29 февруари 2000 година, кој
смислено се крие од меѓународната јавност. Секој мудар човек во Македонија,
без разлика на неговата национална, социјална, верска, политичка и друга
припадност може да забележи дека политичката агентура на Тирана и Приштина,
пенетрирана во врвовите на етничките албански партии во Македонија, од кои
ДПА четири години партиципираше во Владата, слепо ги извршува долгорочните
стратегиски определби на албанските сецесионисти и Иредентисти утврдени уште
при одржувањето на Првата призренска лига во 1878 година врз фашистичка,
чисто етничка основа - создавање на големоалбанска творба на териториите на
повеќе држави на Балканот.
МАТНИ ЗДЕЛКИ!
Увезените бандити - терористи и наркомафијаши од Косово и од Албанија
помогнати од англоамериканските муџахедини и Талибанци ги отстрануваа
белезите на Република Македонија во населените места. Како ќе живееме со
имплементарниот Рамковен договор, со демобилизираните терористи на ОНА - се
прашува професор Бабановски - со мултиетничката албанска полиција чии
носечки кадри се оспособени во паравоените или терористичките единици на ОВК,
ОНА, АНА..., со дипломирани високостручни купувачи на дипломи во Тирана,
Приштина, Мала Речица, Софија, Белград, а и Битола и Скопје, со новопечените
газди на "Југохром", "Радика", "Силика", тетовскиот Телеком и тетовското
Електростопанство, Албанија-пат и Тачи-царинарницата со седиште во "Дора".
Во "Дора" паравојниците на ДПА, обучувани на воените полигони во Техеран, со
терор и со закани ги врбуваа малолетните млади Албанци за
терористичко-злосторничката организација ОНА. Работеле дури и на денот на
Бајрам 2000 година кога со претепување и со закана дека ќе ги убијат
најблиските, биле врбувани учениците од Средното медицинско училиште во
Тетово. Некои првенци на ДПА говорат дека по формирањето на Воениот совет на
Албаницте од 5 мај 2000 година во Шипковица, кафулето "Дора" станува
егзекутивен штаб на партиско-политичкиот криминален дел на ДПА.
Востановувањето на граничниот премин на Групчин и окупацијата на
хидроакумулациите ќе биде стратешки потег што го влечат Џафери и Тачи под
диригентската палка од нивното "албанско лоби на запад". На ова Бабановски
по малку иронично ќе додаде:
"АНА ќе се трансформира во чувар на македонскотетовската граница и ќе
биде партнер на АРМ во партија пинг-понг. Ако не ни здодее, да ги гледаме
црните орли над Македонија, па било да се и во 'релаксираните етнички
средини' и да се дружиме со амнестираните албански злосторници на нашите
територии на кои тие, разоружаните мировници, ќе ни го истурат мозокот со
модерното оружје што им го дарувале Америте во знак на благодараност за
партнерството. Вашингтон ќе не мобилизира нас Македонците како свои 'проверени
и докажани сојузници', во некое идно блиско време да им ги браниме трупите и
имотот во Република Македонија од нивната 'прва љубов' - Албанците од Тирана,
Приштина, Тетово".

УЧК од Косово беше трансформирана во ОНА во Македонија
Како предигра на сето она што ќе се случува во Македонија во текот на
2001 година, Бабановски го наведува и периодот по бомбардирањето на
НАТО-пактот врз СР Југославија во 1999 година. Катастрофалниот потег и
неодговорен државнички чин бил фактот што Владата на РМ дозволила дел од УЧК
да се разоружа и да се демобилизира на територијата на Македонија. Постојат
сознанија дека еден дел од членовите на штабот на УЧК уште во зимата 1998/99
година престојувале во Куманово, на ул. "11 Октомври" бр.13, наспроти
поштата и џамијата, и тоа во еден од становите што ги издавал под кирија
пензиониран офицер на поранешната ЈНА. Иста шема како кога претставниците на
т.н. Качаничко собрание и Владата во егзил на Бујар Букоши во 1990/91 беа
засолнети во Скопје, Тетово и Куманово се до нивното провалување во
медиумите поради што компетентните служби на Македонија биле принудени да ги
"замолат" да ја напуштат нашата територија. Бујар Букоши заминал за Бон, а
добар дел од неговите конспиратори и мафиози останале во Тетово и Скопје
подготвувајќи се за последниот чин од крвавата драма за создавање на "Голема
Албанија". Ете, зошто често од Косово ни доаѓаат сознанија дека бунтот на
Космет бил раководен од центарот во Скопје - вели авторот Бабановски.
(Продолжува)
Како предигра на сето она што ќе се случува во Македонија во текот на
2001 година Бабановски го наведува и периодот по бомбардирањето на
НАТО-пактот врз СР Југославија во 1999 година. Катастрофалниот потег и
неодговорен државнички чин бил фактот што Владата на РМ дозволила дел од УЧК
да се разоружа и да се демобилизира на територијата на Македонија. Постојат
сознанија дека еден дел од членовите на штабот на УЧК уште во зимата 1998/99
година престојувале во Куманово, на ул. "11 Октомври" бр.13, наспроти
поштата и џамијата, и тоа во еден од становите што ги издавал под кирија
пензиониран офицер на поранешната ЈНА.
|