КУЛТУРА

Како го "бакнавме сонцето" покрај Белото Море

ЗА МАКЕДОНСКАТА НАДЕЖ

Пишува: Тихомир СТОЈАНОВСКИ

(Записи за учеството на продукцијата "Дион" при "Скрб и утеха" со филмот "Бакни го сонцето" на Солунскиот фестивал)

  • На улица не пресретнаа две чупиња. Делат предизборни материјали, веројатно за градоначалник на Тесалоника. На Солун. Не опитаа од каде сме. Македонија, им рековме, остана некоја недоречена дума. Како да не им беше мило. Чувствена точка која не обединува или не намразува едните покрај другите. Требаше, требаше да се сликаме пред да се разминеме.
  • Нека биде запишано дека монологот на Гоце Делчев од претставата "Зајдисонце" одекна во еден од холовите на Банката, на Академијата. Не имаше дваесетина луѓе за сведоци и гледатели. Потаму е улицата "Мирка Гинова" во Солун? Една црква на која не и се пребришани македонските траги? И други беломорски состојби.

Во Канцеларијата за врски ја беа изгубиле сликата на директорот. Еден човек му кажа каде да се слика по втор пат. Речено - сторено. Потоа влезе по втор пат и излезе со визите. Наеднаш истури есенски дожд. Се се заврши како по Аристотел. Вечерта веќе го меревме ридот, Вардарскиот Рид. Граникот потаму од татковината. Нашата. Нивната. На Бога Македона земјата света и плодородна. Канцеларијата за врски на Хеленската Република во Скопје ни издаде дозвола да влеземе од едната во другата Македонија?

Беаз Куле, Белата Кула во Солун, македонската апсаана

Прво се затресе небото. Светкавица. Потоа Ѕеус фрлаше ровја по солунското поле. Зад нас останаа театарот во Стоби, Вардарскиот Рид несомнено положени, посадени на истата. На неа. На мајката земја. На Земаља, како што ја нарекувале Тракијците. Тие. Ние. Земјата.

Името на градот е двојно. Според нашите тоа е од машки род и се нарекува Солун, според "нивните" тоа е од женски род и се вика Тесалоника. Ќерката на македонскиот цар Филип Втори и посестримата на Александра. Нашите и нивните. Истите. Ѕеус пишуваше по сводот со молњите. Минавме низ матката на планината, тунелите кај Големата Порта, Демир Капија.

МАКЕДОНСКА ПЕСНА

Границата меѓу републиките ја минавме со леко. Бродиме низ Солунското Поле, лачите на Свети Илија ни ја греат душата од десната страна на широкиот друм не поздравува Пела , царската македонска престолнина.

Службеникот го повика режисерот прв да влезе во Кулата. Беаз Куле или Белата Кула во Солун, како што ја нарекуваат денеска. Потоа влезе продуцентот. Па актерот и авторот на сценариото. Не, не не уапсија, не повика да ни каже дека влезот е слободен. Ги мериме скалилата на затворската тврдина во која коските ги имаат оставено многумина од нашите дедовци, предци, Македонците. Стоиме горе и пулиме како се белее морето, како се вее знамето, како носи ветрето, морскиот ветер. Некој на натписот на Беаз Куле ја пребришал годината која кажува кога е градена тврдината, Белата Кула, македонската апсаана.

На улица не пресретнаа две чупиња. Делат предизборни материјали, веројатно за градоначалник на Тесалоника. На Солун. Не опитаа од каде сме. Македонија, им рековме, остана некоја недоречена дума. Како да не им беше мило. Чувствена точка која не обединува или не намразува едните покрај другите. Требаше, требаше да се сликаме пред да се разминеме. Пред да се замразиме. Пред да...

Во гирарницата замолчеа кога влеговме. Веројатно разбираа по некоја дума. Пивнавме по некое пивце, почнав да пеам. Режисерот прифати, продуцентот се крсти и се смее, бевме во срцето на градот, Солун, Тесалоника во Македонија. Солунчанецот се смее и не гледа со раширено срце. Така. Му заигра срцето кога го понесе македонската песна.

Хотелот беше блиску до Министерството. Министерството за Македонија и Тракија. Горе го ставиле царот. Кој цар, нашиот, нивниот, Александар Македонецот. Во секоја зграда, одајче, државно, важно неважно, хотелот каде престојувавме, виси сонцето, сонцето од Кутлеш. Сонцето од Вергина. За секој случај по две имиња. Како едното да не им достигнува на Македонците, на нашите, на нивните, на Грците? Виси сонцето како сликите на другарот Тито во поранешната СФРЈ. Си виси ли, си виси. Улица две погоре, подолу, надолу пука поглед кон Белото, кон Егејското Море. Салата за филмските проекции беше исто така во соседството, пред римскиот театар, форум. Јас на тој локалитет гледам и наши слоеви. Од нашите и од нивните. Македонско-хеленистички како што се почесто велат македонските археолози. Јас, не велам...

Салата каде се прикажа филмот. Работнички центар во Солун на улица "Аристотел" бр. 32 во срцето на престолнината. Аргатико и на нашки значи работник. Да р'га, да се м'чи, да аргатува. Директорот на Фестивалот, Панајотис Ционидис, благородна природа, душата на солунскиот филмски Фестивал, не дочека со трошки муабет за човекови права, за тоа дека половина свет умира за парче леб и слично. Се разбравме по Аристотел.

На проекцијата се случи грешка, наместо нашиот филм пуштија снимки од "Охридско лето", бугарскот квартет со Куфајанадис. Јас тоа го разбирам како метафора на македонскиот комплекс. Потоа продуцентот отиде во хотелската соба и ја донесе резервната копија на филмот. Сепак, филмот отиде на "4тх Интернатионал Панорама оф Индепендент Филм Макерс". Пред него одеше еден грчки филм во кој неколкупати се спомна Македонија. Потоа тргна "Бакни го сонцето". Мечот се откорна од земјата. Го прифати раката на Александра. Потоа тргна деноносијата. И налетот на фалангата снимена со Македонците од Пустец. Молк во салата во Аргатико центарот во Солун. Потоа се слушна некаков шепот. Еден гледач им даваше знак на две чупиња да бидат тивки. Тоа е трет филм, македонски филм воопшто пуштен во Р. Грција после "Пред дождот" и "Тишина" на Милчо Манчевски, но во овој филм се појавува Александар Македонски и налетот на македонската фаланга. Филмот завршува со репликата дека: "Еден ден Македонија повторно ќе биде едно...". Нели, во духот на Аристотел. На Панајотис Ционидис, директорот на Фестивалот, треба да му се подаде рака за слободата на Солунскиот фестивал. Потоа гредевме низ македонскот град. Низ градот. Низ грчкиот...

БЕЛОМОРСКИ СОСТОЈБИ

Отоманската управа, поранешната, сега е Министерство за Македонија и Тракија. Отоманската банка гордо се топори. И се врекнавме. Се сеќаваш ли убавице на солунските атентати. Те урнаа до темел.... Потоа повторно се крена. Денес таа е музичка академија. Низ ходниците ги бараме дамарите на македонските атентатори кои жестоко се бореа за својата Македонија. Нека биде запишано дека монологот на Гоце Делчев од претставата "Зајдисонце" одекна во еден од холовите на Банката, на Академијата. Не имаше дваесетина луѓе за сведоци и гледатели. Потаму е улицата "Мирка Гинова" во Солун? Една црква на која не и се пребришани македонските траги? И други беломорски состојби.

Сите книги ги изгореа на саемот на книгата, сите на кои пишуваше Македонија!?, ни вели еден Македонец. Мисли на македонските и бугарските книги на саемот на книгата во Солун.

Можам да ви прераскажам доживеаности од публиката за време на проекцијата на македонскиот филм, за моштите на Свети Димитрија и неговата круна, за тоа дека запознав еден човек кој откако се возобнови нашата земја го научил македонскиот јазик. За тоа дека не е природно и хумано да има граница меѓу едната и другата Македонја.

Овојпат "Скрб и утеха" немаше никакви пречки да ја прикаже својата култура во Грција. Како минатата година кога тоа не му беше дозволено да го стори театарот "Скрб и утеха" по покана на Домот на македонска култура во Лерин. Можеби ќе можеме да си подадеме рака и да живееме едните покрај другите. Како нормални и цивилизирани суштества. Во духот на нашиот предок Аристотел.

Секогаш кога ја напуштам едната, а влегувам во другата Македонија ме фаќа тегобност и тага. На Големата Порта, Демир Капија, Аполон и Ѕеус ни испратија Божја прегратка, царски величествен сончев залез преку грбот на планината. Пурпурен блесок на сончевите лачи кои ја крепат надежта.

Што останува за тебе цару? - го прашаа Александра.

Надежта! - отсече.

Тогаш и за нас, неговите следбеници, останува дел од таа македонска надеж.

Ете така го "бакнавме сонцето" таму долу покрај Белото, Белото - Егејско Море, Македонци мои. Господ и Тиха нека ве вардат од зло.


На проекцијата се случи грешка, наместо нашиот филм пуштија снимки од "Охридско лето", бугарскот квартет со Куфајанадис. Јас тоа го разбирам како метафора на македонскиот комплекс. Потоа продуцентот отиде во хотелската соба и ја донесе резервната копија на филмот. Сепак, филмот отиде на "4тх Интернатионал Панорама оф Индепендент Филм Макерс". Пред него одеше еден грчки филм во кој неколкупати се спомна Македонија. Потоа тргна "Бакни го сонцето". Мечот се откорна од земјата. Го прифати раката на Александра. Потоа тргна деноносијата. И налетот на фалангата снимена со Македонците од Пустец. Молк во салата во Аргатико центарот во Солун. Потоа се слушна некаков шепот. Еден гледач им даваше знак на две чупиња да бидат тивки. Тоа е трет филм, македонски филм воопшто пуштен во Р. Грција после "Пред дождот" и "Тишина" на Милчо Манчевски, но во овој филм се појавува Александар Македонски и налетот на македонската фаланга. Филмот завршува со репликата дека: "Еден ден Македонија повторно ќе биде едно...". Нели, во духот на Аристотел.

Службеникот го повика режисерот прв да влезе во Кулата. Беаз Куле или Белата Кула во Солун, како што ја нарекуваат денеска. Потоа влезе продуцентот. Па актерот и авторот на сценариото. Не, не не уапсија, не повика да ни каже дека влезот е слободен. Ги мериме скалилата на затворската тврдина во која коските ги имаат оставено многумина од нашите дедовци, предци, Македонците. Стоиме горе и пулиме како се белее морето, како се вее знамето, како носи ветрето, морскиот ветер. Некој на натписот на Беаз Куле ја пребришал годината која кажува кога е градена тврдината, Белата Кула, македонската апсаана.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"