| |
Даме Груев да остане во Шемшево!
Во Република Македонија далеку поголемиот број од населението се
Македонци. Името Даме Груев е име на македонски револуционер, македонски
херој, македонски син кој животот си го даде за слободна и независна
Македонија.
Другото име е Јумни Јонузи. Име на албански балист, албански терорист кој
се борел за лошото на Македонија.
Сега дојде време да избираме помеѓу овие две имиња за тоа како да се вика
училиштето во Шемшево, а Шемшево е пак село во Република Македонија. Каква
иронија и никаква логика! Горд сум што во Шемшево живеат такви деца коишто и
животот ќе си го жртвуваат за името на Даме Груев да не се избрише. Во
изминатата година Албанците го раскрвавеа македонското срце, расплакаа многу
македонски мајки, завија во црно многу македонски села и градови. Ние тоа го
издржавме и не се предадовме и иако целиот свет беше против нас, ние
нападите ги издржавме. Сега Македонија има раскрвавено срце, меѓутоа не
залажувајте се, бидејќи сите знаеме кога лавот е најлош, сите знаеме дека
ранетиот лав е најопасен. А во Македонија има многу ранети лавови во
моментов. Не може повеќе да им се попушта на албанските терористи и балисти.
Не може повеќе да се дозволува да се врши етничко чистење во западниот дел
на Македонија. Па и тој дел е македонски. Да се вратиме на проблемот во
Шемшево. Македонците од Шемшево имаат целосна поддршка од сите Македонци
ширум светот. Идејата и замислата ви се одлични, бидејќи доколку некој сака
да го смени името на Даме Груев со име на некојси албански балист, тука нема
веќе дилеми. Тогаш треба сите македонски средношколци и основци да се
здружат и заедно да протестираат. Заедно да ја повикаме нашата Влада да го
реши овој проблем, бидејќи нели ветуваа дека во Македонија ќе нема вакви
проблеми доколку тие дојдат на власт. Да го повикаме светот и уште еднаш, за
последен пат, да види какви неправди му се прават на македонскиот народ и на
крај судбината да си ја земеме во свои раце. Да го следиме примерот на овие
храбри луѓе од Шемшево кои доколку чекаа Владата или светот да им го решат
овој проблем, ќе го изгубеа своето училиште.
Нека биде ова апел за будење на сите Македонци, особено на оние помладите,
бидејќи тие се иднината на нашата мила Македонија. Да си одлучуваме сами за
нашата иднина.
Кирил Котевски, Копенхаген
Демократија или насилство!?
(Протестно писмо до амбасадорот на САД во Република Македонија)
Господине амбасадоре!
Не ми е јасно зошто секогаш вршите притисок на властите во Македонија.
Дали тоа ви е вековна навика така да постапувате кон помалите и послабите
држави? За време на минатогодишната војна во Македонија, предизвикана од
албанските терористи, односно од вашите миленичиња, вршевте притисок
македонската Влада да не употребува сила за да ги разбие тие терористи кои
ја донесоа Македонија во доста нестабилна состојба. Со тоа планиравте да ги
заштитите албанските терористи или вашите луѓе од Америка кои ги обучуваа
терористите во Арачиново. Зарем не ви е познато какви ѕверства правеа тие
терористи, а се уште не се престанати, односно се уште убиваат, киднапираат
и се изживуваат над Македонците во Македонија. А сега господине вршите
притисок, за да ни ги вметнете тие терористи во македонската Влада за да ни
делат правда. Зарем не знаете дека нивните раце се уште се крвави, и нема
никакво хемиско средство кое ќе може да ги измие?! Вие господине сте
амбасадор на САД и сте поставени да ги застапувате интересите на вашата
држава, а не интересите на Република Македонија. Ние имаме наш амбасадор во
вашата држава кој ќе ги застапува нашите интереси. Оставете не еднаш ние
самите да си ги решаваме проблемите во нашата држава, сами да одлучуваме за
иднината, демократијата и слободата во нашата земја. Не го поддржувам
тероризмот и затоа тероризмот и терористите треба да се уништат, но не на
ваков начин како што вие се однесувате. Треба да седнете и да преговарате.
Само со преговори може да се најде решение, а не со сила! Тоа им го
сугериравте на македонските власти, па редно е и вие да го спроведете тоа на
дело, па дури тогаш ќе заклучите дали има успех. Кај нас по секоја цена
настојувате да ги заштитите терористите и да ни ги вметнете во владата,
додека вие како сила постапувате на друг начин. Кога албанските терористи
маваа по грбот на македонскиот народ не почувствувавте никаква болка, но
кога тоа се случи кај вас, ве заболе грбот! И за да се справите со
терористите, отворивте ново воено жариште во Авганистан, а ниту еден од
вашите политичари не даде идеја за амнестија, или пак да ги вметнете во
вашиот Парламент.
Зарем не ви е познато на кој начин постапувате со сиромашните и послабите
држави во светот?! Тоа се гледа - ги условувате некои држави за да ви дадат
поддршка за отстранување на американските војници од меѓународниот суд за
правда. Ги условувате дека доколку некои не ви дадат поддршка не им давате
никаква помош. Тоа е ваше право дали некому ќе му помагате или не, а воедно
зошто се плашите за вашите војници? Доколку немаат направено некакви злодела,
никој не може да ги изведе пред тој меѓународен суд. Со тоа самите
докажувате дека вашите војници имаат направено многу злодела и дека тој суд
најмногу ќе работи со вас, па затоа настојувате да ги заштитите.
За Милошевиќ, господине, дававте милиони долари награда, додека го
видовте на обвинителната клупа во Хаг. Затоа секој кој направил злосторства
против човештвото, треба да седне на таа црна клупа, без разлика дали е
Американец, Македонец, Србин или која било друга нација. Заслужената казна
треба да се добие!
Од секаде во светот барате поддршка за напад на Ирак, да го смените Садам
Хусеин од власт. Сите ја знаеме диктатурата на Садам Хусеин, но само оние
што го поставиле за претседател имаат право да го сменат, а не некој од
надвор. Не е во прашање Садам Хусеин, во прашање е нафтата во Арабија, на
која нафта сакате да поставите целосна контрола, па макар и со воена
интервенција.
Неодамна слушнав дека доколку новоизбраната влада на Полска направи
коалиција со некоја партија што вам не ви одговара, на Полска ќе и воведете
санкции. Зарем не е тоа мешање во внатрешното уредување на една суверена и
самостојна држава?! Оставете ги еднаш засекогаш другите држави сами да
одлучуваат за својата иднина, сами да одлучуваат на кој начин ќе ја градат
слободата и демократијата. Треба да сфатите дека се наоѓаме во третиот
миленум и дека на овој свет му треба слобода, мир и соработка, а не
диктатура. Доколку македонската Влада не подлегнеше на вашите притисоци,
денес во Македонија ќе имаше демократија и слобода, а не секој ден убиства,
како што тоа се случува кај вас. Е, таа демократија вие ни ја донесовте од
Западот, господа! Само уште што кај нас учениците не одат со оружје на
училиште и се уште не почнале да ги убиваат своите школски другари и своите
професори, како што тоа се случува кај вас, во демократскиот запад. Зарем не
ви е познато колку кризни жаришта имате предизвикано во последниве 57 години,
а којзнае уште колку ќе предизвикувате, колку недолжни луѓе ќе ги изгубат
своите животи, не сметајќи ги оние од поранешните жаришта.
Господа, по вашето однесување вие сте доста далеку од демократијата, или
пак демократијата е доста подалеку од вас. Едно од овие две е точно. Само,
не знам кое.
Димче Бицески
Македонците се проколнати
Македонското проклетство е присутно до ден денешен, бидејќи со Македонија
владеат проколнати Македонци кои се менуваат на власт и му продаваат памет
за урда на овој изнапатен народ. Почнувајќи од Антиката на Македонија по
големите победи на Македонците, почнува и распадот на се што има предзнак
македонско. Поробена и разделена Македонија на четири покраини се со цел да
не можат да се обединат повторно за време на римската окупација. За времето
на цар Самуил беа ослепени 14 илјади војници. Тоа може само на Македонецот
да му се случи. Разни поробувања од други војски, потурчување на Македончиња,
па дури и во поновите времиња од граѓанската војна во Грција - кој го
извлече најдебелиот крај - кој друг ако не Македонецот, и тогаш со помош на
англосаксонците беа протерани Македонците од својата етничка и вековна
територија.
Кој беше во удбашките затвори на Голи Оток? Кој го смени знамето, името,
Уставот - никој друг, туку тоа му се случува на Македонецот со помош на
македонските изроди, односно болните за власт. Кому му се случува
демографска експлозија на најпримитивното племе на Балканот, ако не на
македонскиот народ. Кому му се случува во историјата вечно да бидат бегалци
па дури и во сопствената држава и да бидат протерувани и убивани од
талибанците -АРНАУТИТЕ во Македонија? Кому му се случува Претседателот на
оваа наша држава да биде купен од некои странски држави и да работи против
својот народ? Тоа не може и не смее да му се случува на никој друг, освен на
македонскиот народ. Во која држава имаме толку многу странски тутори и
солачи на памет како овде? Никаде! Овде Македонија е рај за сите странски
шпиони и пробисвети кои како странски амбасадори се пратени овде и сите си
најдоа плодна почва. А како нема да најдат кога СТРУМИЧКИОТ ТРАКТОРИСТ им
овозможува плодна почва на сите душмани, дел како нивни слеп поданик, а дел
како нивни измеќар.
Е, СТРУМИЧКИ ИЗМЕЌАРУ, ќе дојде ред и ти да плаќаш за сите твои работи
што ги добиваш на вересија!
Кому ако не на Македонецот може да му се случи при мнозинско македонско
ПРАВОСЛАВНО население да добие некојаси увозна АНГЛОСАКСОНСКА СЕКТА. Па, се
разбира дека струмичкиот ТРАКТОРИСТ - СЕКТАШ ги слуша тие западни пробисвети,
зашто и тој припаѓа на истата сорта. Ова што му се случува на Македонецот во
власта да бидат убијците на македонскиот народ, тоа може да биде само во
Македонија и на ниту едно место на планетава Земја.
Во која држава на светот во нивните национални собранија има странци?
Никаде освен во Македонија каде во македонското Собрание има странци
таканаречени Албанци. Како може да има странци во македонското Собрание и до
кога? Ако од некоја страна можат да станат нашите комити и војводи и да
видат за кого си ги дале нивните животи, ќе речат - леле за кого сме
загинале. Кога на обичниот македонски народ ќе му се објасни дека во
Македонија подобро е да се биде ШИПТАР отколку Македонец, затоа што можеш да
имаш и премногу права, а со тоа се разбира ќе си најдеш вработување?! А
доколку си Македонец ќе си чекаш неколку години, а можеби и никогаш да не си
најдеш работа освен да си се иселиш од твојата пуста Македонија! Кога сме
кај вработувањето, во сите странски амбасади 90 отсто од сите вработени се
ШИПТАРИ, односно странци, бидејќи тие самите себеси се нарекуваат Албанци.
Ако го земеме и скопскиот Аеродром Петровец, 80 отсто од вработените се
Шиптари, додека Македонците се најмалку. Затоа проклетството е присутно до
денес, бидејќи Англосаксонците со домашниве секташи намерно му го прават ова
на православното население на Балканот, а тука се разбира е и македонскиот
народ.
Глобализацијата во светот ја водат Англосаксонците. Еве земете го само
Хашкиот трибунал. Кој Шиптар е одведен во Хаг? А видете кој се е таму и за
кого се се подготвува! Англосаксонците ги употребуваат балканските
муџахедини за да се врши етничко чистење на православното население исто
како што Англосаксонците во Егејска Македонија го протераа православното
македонско население.
Што се однесува до НАТО народот треба да се изјасни на референдум, а што
се однесува за приемот во ЕУ, тоа се мижитатари на Англосаксонците. До каде
ни се слободите на движењето, погледајте каде се ни е потребна виза за
патување!? Заради нашиве Талибанци ние сме судени да ни ставаат и да ни
бараат визи за секаде поради разните нивни исламистички и шверцерски
дејности. Државите околу нас на големо почнаа да ни издаваат нивни
државјанства нам се со цел по неколку години да се прашаме каде исчезнаа
Македонците и дали Македонците ќе бидат како некогашните племиња на МАИТЕ
што исчезнаа без траг?! Дали македонската нација е нација во изумирање или
не?!
Е, затоа до ден денес Македонија има проклетство затоа што Македонија ја
водат ПРОКЛЕТИ ЛУЃЕ кои се СЕКТАШИ и слуги на македонските душмани, а тоа се
АНГЛОСАКСОНЦИТЕ и нивните антимакедонски сојузници - ШИПТАРИТЕ.
Димитрија Македонски
Каде треба да се бара излезот од кризата?
По Рамковниот договор и денешните (не)демократски избори изнудени под
притисок на европските и светските дипломати, Македонија, македонскиот народ
и денешната Влада ќе се соочат со огромни проблеми за иднината на Македонија
и македонскиот народ. Зашто изнудени?
Првите резултати од изборите беа дури 68 мандати за сојузниците "ЗА
МАКЕДОНИЈА" на чело со СДСМ, потоа беше 63 мандати за на крајот да бидат
доведени до 60 мандати. Целта на европските и светските дипломати беше да се
наметне албанскиот елемент во врвот на македонските институции без оглед на
тоа каква власта сака да си избере македонскиот народ! Уште едно, по којзнае
кој пат, политичко убиство за Македонецот. Тоа е вистинското лице на
европските и светските демократи, а тоа поволно се изведе во Македонија
благодарение на денешните македонски политички партии што за основа ги имаат
своите ситнопартиски интереси во однос на концепцијата за државните и
националните интереси на Македонија. Како што знаеме, Рамковиот договор ја
подели Македонија не само со двојазичноста, туку и го одзеде и националниот
идентитет на земјата. На кој начин? Така, што во иднина треба да се
разговара за работи како што е името. Ние мислевме дека тоа не е од албански
интерес, туку само македонски. Сега Владата мора да добие благослов за тоа
од албанскиот елемент што денес е на чело со Али Ахмети, водачот на
екс-учките во минатогодишната војна.
Друга работа - според тој охридски Договор, во МВР треба да се
интегрираат полицајци од албанското малцинство и кога во случај на поголеми
немири во Тетовско, Гостивар, Куманово итн., треба да се интервенира од МВР,
прашање е дали тие воопшто ќе отидат на таква интервенција со оглед на
растечкиот број на албански полицајци. Исто така, дали тие ќе му бидат верни
на МВР или на својот национален водач, Али Ахмети или на Џафери?! Според тоа,
одговорот на прашањето "Каде треба да се бара излезот на кризата" лежи во
АРМ, во Армијата на Македонија! Единственото македонско институтивно тело
што има концепт за државните и националните интереси. Се надевам дека овде
не грешам, затоа што на нашата татковина и се случувале и и се случуваат
грозни манипулации. Овој македонски народ ќе трпи се додека не се појави
една друга опција со концепт што на прво место ќе ги почитува интересите на
државата и националниот идентитет, а на второ место ќе бидат ситнопартиските
интереси!
Најголемото зло на Македонија што и се случи во денешно време се ВМРО-ДПМНЕ
и СДСМ. Македонскиот народ со тешко срце избираше од две зла, едно помало
зло! Според тоа, само со современа и модерна изградба на АРМ, ќе бидат
загарантирани иднината на македонската држава, националноста и културата што
е платена со многу крв и мака. На крајот би сакал, или поточно речено моја
желба како родител е денешните победници во градењето на влада со ДУИ да
помислат барем малку на родителите кои ги дадоа животите на своите синови за
тие политичари денес да можат да седнат во парламентарните фотелји со убави
нови костумчиња. Се надевам дека тие самите ќе се сетат дека сето тоа е
платено со македонска крв.
Авторот познат на Редакцијата
До кога со нерешено македонско прашање?
На вакви и слични прашања, не само по ослободувањето и формирањето на
поранешна СФР Југославија во 1945 година, туку и пред тоа, од поединци и
неформални организации, долго време се чека одговор. За значењето на
македонската држава и народ и неговите нерешени состојби како овде, така и
надвор, поренешната и сегашната власт во Република Македонија не изнајдоа
време да дадат конкретен одговор, предлог или решение.
Што се подразбира под нерешени македонски прашања?
Тука мора да се има предвид широкиот поим кој ги опфаќа: државноста,
националноста, јазикот и културата, кириличното писмо, образованието, сите
белези: грбот, името, химната и ред други прашања сврзани со тие поими. Дека
"големите риби" ги јадат малите не еднаш е докажано. Кај кого е големината,
силата и секако власта со материјалната моќ, тој е главен фактор при
разгледување и решавање на многу значајни државни и меѓудржавни прашања.
Тука нема сомнение, без разлика на постоењето на законодавна, извршна или
судска власт во една (која било) држава која е самостојна, суверена, со свој
Устав, закони и слично. Горенаведените и не само тие велат: Каде е моќта -
таму е власта. А дека е така, не еднаш на свој грб почувствувале малите
народи и држави.
Ние како народ и држава си имаме породилни маки особено со нашите соседи
- Бугарија, Србија, Грција и Албанија, не навлегувајќи во болките што ни ги
нанесуваат и големите држави и сили. По распарчувањето (и не само пред тоа)
со кобниот и проклет Букурешки договор од 1912/13 година, без наша волја и
согласност делови од тогашната Македонија беа одземени и доделени на тие
соседни држави. Од тој непромислен акт останаа многу прашања кои се уште се
провлекуваат како нерешени. Се уште од одредени поединци, невладини и слични
организации и групи се пуштаат гласови да се постават на маса и да се
разгледаат овие прашања, со можност за нивно решавање не само пред соседните
држави, но и пред многу меѓународни организации. Но, слепоста, кусогледоста
и незаинтересираноста од нив е очевидна, а згора на тоа нашите и поранешни и
сегашни македонски државни органи, уста имаат - јазик немаат. Што да кажеме,
за големиот последен егзодус од 1940 до 1949 година кога стотици илјади
Македонци беа брутално и безмилосно протерани од своите родни огништа од
Егејскиот дел на Македонија. Им беше одземен и конфискуван целокупниот
подвижен и неподвижен имот, беа убивани, силувани, затворани и мачени, за
потоа спасот да го бараат надвор од родните грутки по разноразните балкански,
азиски, европски и прекуморски држави, формирајќи втори татковини за до
ден-денешен се уште да не можат слободно да се вратат, да ги посетат своите
таткови и дедови огништа, или пак да запалат свеќи на нивните гробови. Зарем
не е обврска на Европа, зарем не е право на ООН и нејзините органи и тела,
или пак задолжение и на сегашната македонска власт овие севкупни прашања да
ги постават во своите програми за разгледување и решавање. Со тоа ќе се
сторат взаемни услови за соживот, соработка и развој на повеќе полиња меѓу
соседните држави, особено со Грција, на која отворено, јасно и гласно треба
да и се каже дека има морална обврска да настојува овие и слични прашања да
се решат и да не се замижува пред вистината која најмногу ги боли
семејствата со потекло од Егејска Македонија. На овие лица не само што им се
одземени и конфискувани целокупните имоти, туку им се одземени и
државјанствата како и други права.
Поради ваквите несериозни сфаќања од досегашните државни органи, во
Република Македонија се формирани десетина невладени здруженија на тие
потомци, кои во повеќе наврати покрај своите дејности бараат од државните
македонски органи и од меѓународните организации, особено од Владата на
Република Македонија, МНР, МВР, Министерството за правда, како и соодветните
органи и тела при ООН, ЕУ, ОБСЕ и други, да се посвети посериозен пристап за
решавање, бидејќи времето одминува, но вистината, историјата и реалноста не
застаруваат и не се забораваат лесно. Упатувам апел до горе повиканите
институции во наредните нивни активности да ги вклопат и овие прашања за
разгледување, ако сакаме меѓусоседските односи да бидат на висина,
унапредувајќи ги и почитувајќи ги взаемно. Во спротивно, вештачките и
обоените "добри" односи ќе лебдат, мирот и меѓусоседските односи ќе висат на
конец, а загубите ќе бидат на штета на сите нас.
Ангел Радев, Радовиш
|