ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Скалила за една непреточена игра на разумот

ДА ГО СПАСИМЕ ОБРАЗОТ НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Вселенската коалиција на сите сестрински цркви и поглавари со Неговата Светост, Севселенскиот Поглавар, г.г. Вартоломеј, и најголемата Руска православна црква со Патријархот г.г. Алексеј се наоѓаат на едно распјатие и ќе мора да се свика под итно Седмиот вселенски сабор на сите православни цркви.
  • Пред нашата Светиклиментова Македонска православна црква, пред нашиот Синод, стои големото прашање: Каде сме, каде одиме и што не чека?!

Како Господ да не вразуми? Гревот се распослал меѓу луѓето. Македонскиот верник се наоѓа во еден непреточен сегмент и сите негови размислувања се наоѓаат во еден магичен агол и сите патишта не водат во една неразумна пресметка на вистината која е заградена во еден недозреан распоред.

Со добрина и со силна љубов кон човекот - протојереј Иван Митевски

Се случија многу нешта кои не водат во бездна, оти сме опкружени од сеништа кои не влечат во еден извалкан круг. Односите на сестринските цркви, МПЦ и СПЦ, и натаму се во вителот на неразумност и сатанска транзиција. Судбината Зоран Вранишковски, поранешниот владика на Велешко-повардарската епархија и посетата на српскиот владика Пахомије ни донесоа некои ветришта смогнати во една неизвесност и во тој магичен круг се вкрстиле чудни недозреани махинации кои не влеваат никаков плод за некакво разведрување. Тука состојбите се усложнуваат и само остануваат некои продори, некакви надежи и нашата македонска мајка, Црквата Светиклиментова прави се да не ја извалка афтокефалноста, свесна дека православниот свет е во една недоспана коалиција и за нас тоа претставува не само неразумен чекор, но и мошне видлив грев.

ОБЕДИНУВАЊЕ

Вселенската коалиција на сите сестрински цркви и поглавари со Неговата Светост, Севселенскиот Поглавар, г.г. Вартоломеј, и најголемата Руска православна црква со Патријархот г.г. Алексеј се наоѓаат на едно распјатие и ќе мора да се свика под итно Седмиот вселенски сабор на сите православни цркви. Со светиот разум, оваа мошне голема коалиција со пораката на светиот дух ќе се обиде да го спаси образот на православието. Мораме да размислиме, зашто гревот е голем и загрижувачки и Господ ќе бара оплакување за спас од гревот и спасението на христијанството.

Во последната порака на Поглаварот на Католичката црква, Папата, упатена до православниот свет, се бара спас за неопходната коалиција, односно обединување помеѓу православната и католичката вера. Тоа е зрело осмислување за повторното обединување на двете цркви. За ова некогаш далечно обединување денес во ова двеилјади и второ лето Господово треба сериозно да се размислува, зашто Господ ќе ги отвори своите небесни двери за еден продор на светиот дух и ова да стане стварност, токму сега во ова сатанизирано време за спас на христијанството како носечка алтернатива на Христовата црква која во својот почетен стадиум била вистинска како што Господ Исус Хрустос ја создал во тоа време.

За пораката на Папата треба сериозно да се размисли, зашто таа носи една надеж кон вистинската цел. Претстојниот Вселенски собор треба под итно да се одржи и ќе биде крстопат за нашето спасение и оправдување пред Бога.

СПАСЕНИЕ

Исто така, ние мораме да го решиме прашањето со Српската црква и тука може да се изнајде едно сериозно проветрување на сета реа што во себе ја носи сатаната. Ние сме православни христијани и тука е клучот за победата над злото. За секаков друг излез имаме само една голема бездна. Тоа што се случи со некогашниот владика Јован не е само грижа на нашиот Поглавар кој сака смирено да се обиде оваа специфична формула да ја одгатне. За овој немил настан тука се во игра и другите архијереи, а тука е и ѓаволот кој се обидува да ги стави во игра и другите промашени божји угодници и пастири. Пред нашата Светиклиментова Македонска православна црква, пред нашиот Синод стои големото прашање: Каде сме, каде одиме и што не чека?! Секташкиот сојуз и сите други сатанизирани елементи се уште се под плаштот на вистината, во сенката на пресветлиот Плаошник и животворниот Господов крст. Крстот се кренал над планината Водно и бдее над нашата татковина која се уште се наоѓа на острицата на мечот.

Имаме свештенство со еден висок духовен продор, но за жал и свештенство кое безгрижно ја гледа судбината на овој наш изнапатен македонски род. Свештеникот протојереј Иван Митевски е еден од плејадата на оние свештенослужители духовници и воспитувачи кои ни ја пренесуваат смиреноста, добрината и силната љубов кон човекот. Тоа е една голема благодарност за сите тие свештенослужители кои преку самопрегорноста ја одвраќаат горчливоста од лошите постапки кои се обид да се урне Светлината со која Господ не научи како да се сакаме и да се љубиме. Токму тука ви претставуваме еден од тие следбеници, отецот координатор на тоа духовно обединување, господинот отец Иван Митевски, кој сестрано му служи на храмот паметник на светите рамноапостоли Петар и Павле кои денес со целото примерно свештенство го градат вториот Плаошник кој во својата реконструкција се претвара во една ѕвезда Господова. Да го следиме патот на светлината, Божјиот пат. На тој пат е нашето Спасение.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"