држава. Им пречеше Милошевиќ. Беа незадоволни од политичката уреденост на
Македонија, па затоа го добија Рамковниот договор, иако документот ниту еден
асален светски познат правник не го познава и не го сфаќа.
Но, што бараат сега Албанците во Македонија? Ги бараат лошите спомени или
бараат држава во држава!? Бараат нова држава. Устроена по мерките, по
желбите на Арнаутите. Без разлика како ќе се вика - "Голема Албанија" или "Големо
Косово". Затоа ги возобновуваат илузиите, а кон тој зацртан пат одат цврсто.
Газат се пред себе. Не бираат средства.
Прво не сакаа да ги плаќаат сметките за потрошена струја и вода, а потоа
дигнаа голема терористичка џева оти мислеа дека се обесправени. Но, по
тешкото и кукавичко злосторство во Тетово и убиството на 18-годишниот Ванчо,
Албанците ептен претераа. Работите влегоа во нова димензија. Крвната одмазда
е традиционална албанска, племенска, фамилијарна, па дури и семејна кауза. "Бесата"
често пати оди со честа која за Албанците е дрога без која не може да се
живее или преживее. Овој карактеристичен "данок во крв" функционира со
стотици години и никогаш не бил уништен кај албанскиот народ. Но, кога таа
се прешалтува во политички цели, тогаш станува збор за најсуров
националистички и шовинистички атак врз македонското национално чувство.
Затоа овој немил и грозоморен настан претставува сериозен проблем кој може
да прерасне во верижен судир меѓу Албанците и Македонците, на судир меѓу
народи и велесили.
Можеби и одговара поволната политичка клима во Македонија која наоѓа
силна потпора во странските фактори. Но, сепак крвната одмазда претставува
голема опасност. Око за око, заб за заб. Така неконтролирано започнуваат да
се одвиваат настаните, а по нив гроб до гроб, создаваат гробишта.
Неизбројани гробови ќе никнат по парцелите, а јавашлукот никој не ќе може да
го запре. Освен ако вжештените глави не се вразумат.
ПАНИКА
Ванчо Јосифовски, матурант од Тетово, е погребан, но воената секира не е
закопана. Се чувствува во воздухот. На едната страна се Албанците, на
другата се Македонците. Во терористичкиот подмолен напад извршен врз група
граѓани од македонска националност на игралиште за кошарка се повредени уште
двајца. Во инцидентот тешко се повредени и Душко Билбиловски (29), вработен
во експозитурата на "Македонска банка" во Тетово и Небојша Стојановски (18),
исто така матурант во тетовската гимназија "Кирил Пејчиновиќ". Стојановски е
задржан на лекување во Медицинскиот центар во Тетово, а Билбиловски по
првичната лекарска помош беше пренесен во болница во Скопје, каде што му
беше извршена операција на стомакот и се наоѓа надвор од животна опасност.
Жителите на Тетово се во шок и во паника по најновите крвави инциденти, а
полицијата трага по убијците чиј идентитет веќе е утврден. Тетовчани сметаат
дека нападот е одговор, односно одмазда за претходниот настан кога
полицијата во градот застрела Албанец и рани негов другар откако тие се
обиделе со автомобил да прегазат полицаец што сакал да ги легитимира.
Според очевидци, инцидентот се случил на 19 октомври околу 18,10 часот,
кога на неколку метри од импровизираното игралиште запрело возило "опел
аскона" со бела боја и швајцарски регистерски таблички. Убиецот од
совозачкото место веднаш почнал да пука. Во тој момент на игралиштето имало
20 до 30 луѓе, претежно млади, кои спортувале, но и деца од 8 до 10 години и
повозрасни луѓе.
Бил избегнат голем масакр благодарение на некои од присутните кои
навремено реагирале и ги предупредиле другите да се засолнат. За несреќа,
Ванчо бил застрелан во аголот на игралиштето, до ѕидот на стариот градски
стадион, каде што се уште се видливи траги од крв.
Крвопролевањето се случило во близина на местото каде што претходниот ден,
на 18 октомври, во престрелка со полицијата загинал Матин Адили (21) од
Тетово. Според полициски извори, околу 21,30 часот, на улицата "Благоја
Тоска" до стариот градски стадион, полициска патрола се обидела да сопре
автомобил "опел кадет", без регистерски таблички, во кои имало четири лица.
Меѓутоа, наместо да запре, возачот ја зголемил брзината и го насочил
возилото кон полицаецот, кој морал да скокне на страна за да го избегне
ударот. Истовремено, од возилото бил отворен оган кон полициската патрола.
Полицијата возвратила на нападот, а автомобилот со голема брзина го напуштил
местото на настанот. Подоцна во тетовскиот Медицински центар бил донесен
Адили кој починал од куршум во градите, како и Менсур Рамадани (21) кој имал
прострелна рана во половината. Во разговорот со Рамадани надлежните дознале
дека двајцата биле ранети во престрелката со полициската патрола на пунктот.
Автомобилот го управувал Ирзван Нухиу (19), а во него бил и Ибрахим Нухиу
(21).
МАКИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ
Република Македонија дефинитивно ги загуби уздите од рацете во Тетово.
Полицијата не смее да реагира и да стопира возила без регистерски таблички,
бидејќи досегашниот одговор е јасен. Пукотници кои со себе носат крајно лоши
последици: мртви и ранети. Мртвите не смеат да се погребаат без присуство на
"Лисиците". Храброста исчезна со начинот како државата и македонските
политичари се справуваа со терористичката криза.
На револверската игра кај ОК коралот и нема крај, бидејќи бандитите се
осоколени. Ниту влакно не им фали. Дивеат и владеат со селата, а сега
завладеаја со градовите. Тоа им го овозможија политичарите кои немо ја
следат ситуацијата. Таа им избега од контрола. Сега загинатите и ранетите се
бројат на прсти, но можеби утре ќе станат безброј. Куршумот не ја бира
метата, туку завршува во програмираната политичка цел. Таа носи успех.
Пресметаните поени ја постигнаа зацртаната програма. Умреа недолжни
граѓани, но умира и толеранцијата. Таа нема почва за 'ртење. Во подем е
албанската национална еуфорија, а македонската душа останува без здив, нема
кислород за дишење. Фатени сме во расчекор оти живееме во погрешно време, со
погрешни луѓе што не водат. Според некои, жртвите на Македонците се
колатерална штета на длабоката политичка криза. Но, заборавија да одговорат
зошто толку се толерира мошне чувствителната негативна албанска кауза? Зошто
се премолчува фактот дека Албанците градат паралелен образовен систем? Зошто
постојано ограбуваат и пукаат во кризните региони? Зошто!?
На овие прашања лесно може да се одговори. Циркусот што се прави во
Македонија е видлив. Година ипол и повеќе со нас жонглираат. Ние сме
марионети на некои умоболни, подмитливи политичари кои се обидуваат да
исцртаат нови граници на Балканот. Немоќта на старата Дама - Европа ја
користат моќните финансиски групации и корпорации. Тие сега владеат со
светот, но и го загадуваат умот. Разумот во Македонија ја губи битката пред
реалноста и затоа сега сме влезени во вителот на торнадото. Не знаеме уште
колку ќе издржиме, но веруваме дека ќе продолжат маките. Тие дури не
започнале со таков интензитет да се одвиваат. Допрва ние ќе видиме како
попуштаат шевовите на државата. Она што се случи во Тетово е само почеток на
крајот. Се уште не очекуваат грозоморни убиства или пресметки. Улицата ги
пишува законите, не државата Република Македонија. Нејзините закони не важат
на територијата што ја контролираат терористите. Законот и редот го
спроведуваат револверашите и бајрактарите. Тие дури сега отворено ќе
настапуваат. Просторот за маневрирање не им е скусен, туку е отворен. Во
Парламентот ќе можат да клукаат, а нивните валкани работи на бришаниот
простор ќе се завршуваат. Недолжните граѓани ќе бидат глинени гулаби за
отстрел. Сезоната за отстрелување е отворена. Никој не сака да ја укине. Таа
им одговара на салонските композитори. Тие диригираат со војската. Но,
никако да го наштимаат оркестарот. Затоа овде или онде се појавуваат
колатералните подмолни убиства. Тие оставаат поголем белег и остваруваат
поголем ефект од Договорот. Тој не успеа да ја смири топката на земјата,
туку ја оддолжи расправата за вистинската намера - поделбата на Македонија.
Затоа сега е идеално време за... "волците"!?