ВОЈНА

ОНА - Терористичка паравојска во Македонија (2)

БАЛКАНОТ - НОВА ПАЛЕСТИНА!

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

  • Повеќе од 600 муџахедини биле уфрлени на територијата на Република Македонија каде што имале задача да организираат воени логори и полигони за обука на нови борци за исламот во Македонија.
  • Покрај мобилизираното локално население, во ОВК се регрутирани "доброволци", најзакоравените криминалци што се наоѓале во албанските затвори, потоа платеници од целиот свет како и муџахедини и Талибанци кои претходно војувале за џихадот во Чеченија и во Босна.

Одговорот на прашањето дали косовската криза и радикалните компоненти на албанските струи во помалата српска покраина беа најсилна причина за воениот конфликт во Македонија, т.н. меѓународна заедница се уште го премолчува и затскрива од светската јавност. Повторувањето на таквата опција од страна на веќе поранешната македонска власт наидуваше на негативни реакции од страна на високите претставници на западните земји од НАТО и ЕУ, бидејќи признавањето дека тоа е така ќе значеше црна дамка за трупите на ООН во Косово и цивилната администрација на УНМИК како директно одговорни за целиот хаос кој се случуваше.

Во ОНА членуваат и муџахедини и Талибанци

Кои се вистинските злосторници и виновници за неколкукратните балкански судири каде што живее албанскиот етнос? Во ова продолжение од фељтонот, проф. Бабановски во своето дело се обидува да даде конкретен приказ на личностите и организациите кои на директен или индиректен начин ги кроеја плановите за узурпација на мирот и слободата на овие простори со една единствена цел - создавање големоалбанска држава на премалиот балкански простор.

БАЛКАНСКА КОЛУМБИЈА!?

Командант на Косовскиот заштитен корпус е генерал-потполковникот Агим Чеку. Чеку е генерал на хрватската војска, а чинот го заработил во ZNG - "зенги" како командант кој извршил злосторства над српското насление во Медачкиот џеб - Република Српска Краина. Поради овие злосторства и оние извршени во источна Србија, би требало да се наоѓа пред меѓународниот трибунал во Хаг. Но, на ЦИА и требаат токму такви профили за создавање на "балканска Колумбија", држава која ќе биде синоним за криминал и злосторства. Агим Чеку барал преку КФОР вооружените сили на "независно Косово" да бројат 20.000 луѓе. Ако се направат списоци на сите криминалци кои дивеат на Космет и во Македонија ги има многу повеќе - проценува Бабановски. Во секој од штабовите на шесте регионални наменски заштитни сили постојат офицери за врска кои ги поставува командантот на КФОР. Еден офицер за печатот изјавил: "Да, мене ме вработи и ме плаќа генералот Рајнхард, но мојот шеф е Чеку". Никој никогш не споменал што се случило со платениците, припадниците на Светскиот интернационален исламски радикализам и оние приврзаници на Осама бин Ладен кои од просторите на Босна преминале во Албанија, од каде биле уфрлени на Космет.

Припадниците на џихадот, Ал Каида и Талибанците од Авганистан, пристигнувале на Космет преку Хрватска и Македонија. Вкупно на Косово и Метохија имало 3.000 муџахедини од кои повеќе од 600 биле уфрлени на територијата на Република Македонија каде што имале задача да организираат воени логори и полигони за обука на нови борци за исламот во Македонија. САД и НАТО не можат да ги сокријат вистинските цели дека во Косово сакаат да ги зајакнат позициите на Албанците врз штета на другите етнички заедници и тоа ќе им служи како генератор за предизвикување на нови кризи во немирниот регион на Балканот. Отпорот на Слободан Милошевиќ само им одел на рака на творците на новиот светски поредок и вклучување на балканските земји и земјите на југоисточна Европа во тековите на транзиција и глобализација.

Според мене - вели Бабановски - апсурдно е на Слобо да му суди Хашкиот трибунал. Нему, сакако поморално е да му судат граѓаните на СРЈ. Меѓутоа, парадата би била од локален, а не од глобален карактер. CNN и нему слични, убијци на вистината и промотори на воените судири, би останале со празни екрани и странички. Кристина Аманпур и Лари Кинг не би доживеале оргазам без крв и солзи на недолжните цивили ширум светот... Само еден аналитички прглед на настаните на Балканот, за последните пет децении, јасно укажува дека целта на агресијата на НАТО врз СРЈ била остварување на стратегиските цели на одделни држави кои немаат врска со заштитата на човековите права, туку се остваруваат на сметка токму на најтешкото и најгрубото кршење на човековите права. Овие држави ги формирале, ги финансирале, ги координирале и ги поддржувале и денес се уште ги поддржуваат албанските криминално-терористички групи, а започнале тоа да го прават и далеку пред 1998 година за да создадат причина за агресија. Германските тајни служби, особено БНД набрзина ги собрале криминалците од цела Европа, ги турнале на Косово и им наредиле да убиваат и пљачкаат... Тогаш експлодирале терористичките активности кои ЦИА и нејзиниот воен пандан, ДИА, знаеле успешно да ги исползуваат за остварување на сопствените стратегиски предности насочени кон руската федерација, задкавкаските новосоздадени држави и продор кон Иран, Авганистан, Кина и Индија... Откако ОВК со целосна поддршка на Иран и Германија во летото 1998 година дошла во состојба да освои една третина од Косово, Американците уфрлаат свои луѓе од составот на исламската терористичка интернационала која имала свои воени бази во Авганистан меѓу албанските терористи тренирани во воените бази стационирани во Северна Албанија, а под најстрога контрола на ЦИА. Германскиот писател Јерген Елзецер во својата книга "Воените злосторства - смртоносните лаги на германската влада и нејзините жртви во косовскиот конфликт" пишува: "Главниот воен пироман кој ги запали војните во Југославија беше Германија, а Американците само го гаселе пожарот со бензин...". Веќе доволно рано постоело едно албанско лоби во американската надворешна политика, собрано околу сенаторот Боб Дол, кое уште тогаш соработувало со ОВК, додека истовремено американската Влада говорела за "една терористичка организација".

МОНСТРУОЗНА ДРЖАВА!

... Арогантниот банкар-дипломат Ричард Холбрук доаѓа во Белград со задача да ја спаси ОВК од потполно разбивање и уништување, наметнувајќи решенија кои би им одговарале на интересите на САД и албанските сепаратисти во Тирана и западните земји. Холбрук, во друштво со вториот американски претставник Гелбард, наводно случајно се сретнуваат со групата терористи на ОВК на Косово и со нив пред ТВ-камерите и новинарите од САД воделе пријателски разговори. Тоа всушност била таа операција за преземање на злосторничката организација од надлежноста на Германците во компетенции на американските специјални служби, за потребите на американските национални и безбедносни интереси на Балканот. Покрај мобилизираното локално население во ОВК се регрутирани "доброволци", најзакоравените криминалци што се наоѓале во албанските затвори, потоа платеници од целиот свет како и муџахедини и Талибанци кои претходно војувале за џихадот во Чеченија и во Босна. Меѓу платениците се и повеќе илјади млади невработени Албанци од Македонија кои воената обука ја завршиле во воените логори на територијата на Албанија, Косово, јужна Србија и Македонија (рудникот Лојане, Ваксинце, Слупчане, Танушевци, Лешница и Шипковица, на Шара и околината на Дебар). Постојат одделни оперативни сознанија дека дури 1.500 Албанци од Република Македонија биле обучувани во американската воена база "Бондстил" кај Урошевац и во логорот на НАТО војниците од Германија во касарната во Тетово. Дискетата со нивните комплетни податоци која била обезбедена преку Цирих на чуден начин исчезнала од касите на една безбедносна компонента на Македонија преку некој "пријателски расположен оперативец" кон американските и НАТО тајни служби...

Проф. Бабановски предупредува и на бројни опасности кои би можеле да се имплицираат во наредниот период доколку продолжи хегемонистичкото дејствување на официјалните западни службеници: "Ако САД и ЕУ навреме не го попречат создавањето на овој монструм држава (Косово), Балканот дефинитивно ќе се претвори во нова Палестина".

Западните разузнувачки служби здружено го помагале организирањето, екипирањето и насочувањето на разузнувачките сили на ОВК, а меѓу нив непосредно се ангажирале и оперативците на DIA и CIA од САД, DGSE и DST од Франција, MIG од Англија, BND од Германија, SISMI од Италија. Разузнувачките служби на ОВК, пак, според инструкторите од ЦИА и БНД, ги добиле следниве задачи: создавање на организационите нуклеуси, обука на кадри за идната разузнувачка организација која ќе биде инфилтрирана во Србија и Црна Гора, Македонија и Бугарија, особено во муслиманските средини. Специјални задачи се определени за оперативците кои ќе ги покриваат објектите во Босна, Грција и Турција. Најпрво биле ангажирани студентите Албанци кои одлично говореле англиски јазик. Во таа нивна архитектура на разузнувачко-извидувачките сили сосема е јасно дека Косовскиот заштитен корпус ќе биде врска помеѓу администрацијата на KFOR и УНМИК, но и оние сили на меѓународната субверзија и терор кои во платформата за дејствувањето го имаат радикалниот ислам.... Улогата на Кушнеровиот УНМИК е во функција на отворен репресивен настап на Тачевата терористичко-мафијашка стуктура која меѓународната цивилна мисија ја ползува за институционализација на тероризмот, политичките и клановските пресметки и мафијашките зделки кон Македонија и Албанија. Кушнер легализирал етничко чистење на Косово од страна на ОВК која ја трансформирал во политичка партија која ќе дејствува преку десетина хибридни албански партии.

(Продолжува)


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"