ПОЛИТИКА
Телевизија КИСС од Тетово во првите новинарски редови
ЧЕСТА МЕТА НА ТЕРОРИСТИТЕ
Пишува: Рената МАТЕСКА
- Ни се јавија на телефон и ни рекоа дека за пет минути ќе бидеме
гранатирани. Навистина за кусо време околу нашиот објект паднаа 15-тина
гранати. Едната во нашиот двор ги оштети и нашите автомобили кои беа
паркирани. Залутан куршум помина на десетина сантиметри од главата на
нашиот техничар. Чиста среќа е што никој од вработените не беше повреден.
Врз основа на сето тоа ние имаме покренато и тужба против државата за
претрпена штета, при што бараме оштета од 250.000 евра, ни изјави
директорот на ТВ КИСС, Злате Тодоровски.
- Бев киднапиран на излез од селото Шемшево кога одев накај Жилче каде
што живеам и секојдневно патувам до Тетово. Ме запреа шестмина терористи
со автомати од кои тројца ги познавав. Јас револтирано се противев на
нивното запирање и кажување дека имаат наредба да ме киднапираат. Потоа
заедно со уште неколку Македонци бевме сместени во подрумот на една куќа,
а потоа бевме преместени во друга куќа. По 12 часа заложништво не
ослободија НАТО-лисиците. Моето и киднапирањето на уште 120 Македонци се
должи на апсењето на седуммина команданти на ОНА. Пред моето киднапирање
посебно беше киднапиран мојот син, ни го раскажа своето лошо искуство
Тодоровски.
Т етовската телевизија КИСС во
текот на минатогодишната војна беше најмногу на удар на терористички напади,
но и на првите борбени линии од каде изворно ја информираше јавноста за она
што се случуваше во Тетово.
Телевизијата претрпе гранатирања, куршуми, закани, киднапирања, рушење на
предавателот, но таа сепак опстана и нејзиниот сигнал на подрачјето на Горен
и Долен Полог не замре.


Телевизија КИСС е лоцирана до озлогласената населба
Дреновец
За време на војната КИСС-телевизија беше неофицијален прес-центар на сите
електронски и печатени медиуми од земјава и светот кои информираа за она што
му се случуваше на Тетово. Првите официјални снимки, информации, извештаи,
се потекнуваше од КИС-телевизија. Некои од вработените беа на работа
буквално 24 часа.
Она што се случуваше во нашиот град беше страшно, се пукаше, шрапнели од
гранати насекаде, постојани телефонски закани, беше ужасно, раскажува
директорот на РТВ КИСС од Тетово, Злате Тодоровски.
ХРОНОЛОГИЈА
Од самиот почеток ги следевме настаните. Првиот момент беше на 14 март
минатата година кога бевме на Калето, бидејќи имавме сознанија дека нешто се
случува. На Калето имаше полиција, тогаш почнаа и пукотниците додека на
плоштадот беше митингот. Едвај се извлековме со екипата. На плоштадот ечеа
овации УЧК, УЧК. За три-четири дена Тетово беше пусто и празно. Во Тетово се
водеше војна. Тогаш навалија и сите медиуми, домашни и странски. Сите беа
прифатени и услужени во нашата куќа, вели Тодоровски.

"Постојано добивав закани по телефон" - Злате Тодоровски

Повеќе од 24 часа работа за време на конфликтот - Жаклина
Илиевска
За време на воените дејствија беше срушен репетиторот на ТВ КИСС на Кале,
но прекинот на програмата траел само половина ден, бидејќи го искористиле
резервниот предавател и почнале да го емитуваат сигналот од самиот објект.
Ни се јавија на телефон и ни рекоа дека за пет минути ќе бидеме
гранатирани. Навистина за кусо време околу нашиот објект паднаа 15-тина
гранати. Едната во нашиот двор ги оштети и нашите автомобили кои беа
паркирани. Еден залутан куршум помина на десетина сантиметри од главата на
нашиот техничар. Чиста среќа е што никој од вработените не беше повреден.
Врз основа на тоа ние имаме покренато и тужба против државата за претрпена
штета, при што бараме оштета од 250.000 евра, ни изјави
директорот на ТВ КИСС.
КИДНАПИРАЊЕ
Во текот на војната во ноември минатата година, Злате Тодоровски и
неговиот малолетен син беа и киднапирани од страна на терористите.
Бев киднапиран на излез од селото Шемшево кога одев накај Жилче каде што
живеам и секојдневно патувам до Тетово. Ме запреа шестмина терористи со
автомати од кои тројца ги познавав. Јас револтирано се противев на нивното
запирање и кажување дека имаат наредба да ме киднапираат. Потоа заедно со
уште неколку Македонци бевме сместени во подрумот на една куќа, а потоа
бевме преместени во друга куќа. По 12 часа заложништво не ослободија
НАТО-лисиците. Моето и киднапирањето на уште 120 Македонци се должи на
апсењето на седуммина команданти на ОНА. Пред моето киднапирање посебно беше
киднапиран мојот син, ни го раскажа своето лошо искуство господинот
Тодоровски.
Однесувањето на терористите, според неговото кажување било релативно
коректно, со фактот дека не ги малтретирале и ги понудиле со јадење, пиење и
лекарства. Сепак, вели тој, многу е лошо да се биде киднапиран од луѓе со
вперени автомати.
ОПТИМИЗАМ
Во потсвеста на секој Македонец од Тетово е да замине од овој град.
Минатата власт не помрдна со прст за нас. Има луѓе кои размислуваат поинаку
и кои немаат друг дом освен Тетово. Тие чекаат виза од новата власт за
подобри услови за живот. Особено по изборите има некои индиции дека можен е
соживот помеѓу Македонците и Албанците, констатира Тодоровски.

Куршумот прелетал на десетина сантиметри од главата на
техничарот
Тодоровски е оптимист и смета дека во Тетово е возможно добро да се живее,
ако има ред во државата и ако се почитува Уставот и законите. До изборите на
сметка на РТВ-КИСС уште имало притисоци и уцени од страна на поединци. Денес,
по изборите сликата е сосема поинаква, подобрена. Плановите на РТВ КИСС се
да се прошират и да го емитуваат својот сигнал и пошироко на целата
територија на Република Македонија, ако добијат концесија и средства.
Ако се биде во ред, овој дел од Македонија има предиспозоции за добар
економски развој, оптимистички верува Тодоровски.
Лоцирана во непосредна близина на озлогласената населба Дреновец која и
ден-денес живее со повремени истрели и пукотници, РТВ КИСС продолжува да го
емитува својот сигнал со оптимистички надежи за подобра иднина и соживот на
ова се уште чувствително подрачје.
За време на минатогодишната војна Жаклина и нејзиниот брат Жарко Илиевски,
вработени во овој медиум, поради воените дејствија не биле во можност да
патуваат до својот дом, бидејќи се од селото Доброште, на неколку километри
од Тетово, на потегот Тетово - Јажинце, па за време на целата криза
престојувале на своето работно место во РТВ КИСС.
Жаклина буквално 24 часа беше на работа, информирајќи ги сите кои бараа
информации за случувањата и услужувајќи ги сите домашни и странски новинари
кои престојуваа кај нас, изјави Тодоровски.
Радио КИСС може да се слуша и на Интернет:
212.120.0.174:8080/RAMGEN/ENCODER/KISS.RM
Real Audio Player.
|