ФОРУМ

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СИНОНИМИ

Тихомир Стојановски

  • И винце за по пат. Каде? Честит гроздобер, Македонци мои.
  • Некој ќе рече добро што не вели дека маската е грчка! Па, всушност тој тоа и го вели со хеленизмот. Тоа значи дека културата што ја ширеле Македонците е грчка, со тоа се прави уште еден отворен друм за културна доминација. Никогаш Македонците не ширеле туѓа култура, туку само својата.
  • Наскоро по Нострадамус "чумата од Перинт и Никополе можеби ќе ја зафати и Македонија". А ние и натаму се маваме со синоними. Хеленизам, Словенштини и слично.

Несомнено од матката на македонската земја секојдневно излегува по некоја древна македонска рожба од антиката. Како, на пример, маската во тврдината. Во тврдината која веќе тешко може да се именува само како Самоилова? Таму покрај слаткото македонско море. Во тој Охрид. Добро е што дел од наодите завршуваат во музеите, а не кај соседните ни земји. Каде и да копнеш во Македонија ќе излезат македонските траги. Но, тажно е кога тие археолозите се маваат со синоними и имиња кои и доликуваат на странската доминација преку македонската света и древна култура.

Несомнено терминот македонско-хеленистички е еден од оние кои имаат линија на помал отпор, што под второ значи дека се едначат со ропството. Ако имало таков хибриден период, тогаш има и српско-шиптарски период, хрватско-српски, еврејско-фашистички, руско-авганистански, американско-садамхусеинистички... Лага за малите деца, на која ги учат децата, слугинска природа на културата.

На Паско Кузман не му е лесно кога веќе напиша во предговорот на книгата на д-р Наде Проева "Студии за античките Македонци" дека треба да се зборува за "македонски период од развојот на светот", сега да се поправа за македонско-хеленистички период. Несомнено тој термин прв го донесе поранешната министерка Ганка С. Цветанова при отворањето на римскиот слој на античкот македонски театар во Охрид. Се разбира под диктат на политичката природа и сега сите што не мислат така треба да се строго контролирана култура, нели?

ВАРВАРИ

Некој ќе рече добро што не вели дека маската е грчка! Па, всушност тој тоа и го вели со хеленизмот. Тоа значи дека културата што ја ширеле Македонците е грчка, со тоа се прави уште еден отворен друм за културна доминација. Никогаш Македонците не ширеле туѓа култура, туку само својата. А пак словенската, хеленистичката, византиската и другите синоними за македонска култура се всушност производ на древната македонска култура. Грев е уште да се "трујат" нашите деца за малата земја, за калта од реката Истар, за препливувањето кога станува јасно дека единственото препливување било од критска Микена до беломорските брегови и горномакедонските агори.

Несомнено на Паско Кузман не му е лесно да се препоправа. Прво напиша дека нема никаков хеленизам, туку македонски период од развојот на светот, сега ни меси хибрид од македонско-хеленистички период. Освен ако му понудиле нешто што не смеел да го одбие. Што ќе ни е уште една грчка културна творба во окупираната Македонија? Да не ја пипкаме туѓата култура, нека дојдат и да си ја откопаат самите Грци? Да се спакуваме и да ги оставиме Шиптарите илирски (?) и Грците да се колат за Македонија, а ние да си заминеме кој за Кафказ, кој за островот Крит да се сокрие од македонството.

И ќе дојде некој идиот, политички сервисер, да ни је мери крвта, од хибридот англосаксонски, од нивниот КОИНЕ - мешан јазик ( англосаксонски, латински, норманско-француски) да ни кажува кои се Македонците. Та ние живееме во резерват во кој НАТО, Масоните повампирени и другите парокрвопијци ни се ситат како не ставаат во духовна и физичка гасна комора како некогаш едни, кои сега го применуваат истото врз другите....

Во Сандански во Пиринска Македонија на древно-македонскиот археолошки локалитет градат хотел?! Ми се јави тажен глас од Пирин.

- Тихо, го паметиш ли местото кое го виде на сред Сандански? Преку него градат Хотел. - ми рече.

Да, тоа е доказ дека не го сметаат за свое! Дека ги бришат македонските траги. Ех, варвари...

ЛАГА

А ние за десет години успеавме да го продадеме името, знамето, Уставот, дел од територијалната целина, садиме вавилонска култура, налик на поранешната СФРЈ и полека стануваме резерват во кој ќе не штитат како орлите, мечките, рисовите од изумирање.

Образованието и културата како состојби на идентитетот се под менгемето на проклетите реформи кои ако ги уништат тие две духовни категории, лесно ќе се справат со тоа што ќе остане по демократските гасни комори за македонскиот народ.

Несомнено за да постои Александар, потребен е Филип татко му и учителот Аристотел. А ние со слугинскиобразовен систем за малите и ништожните произведуваме робови и слуги на Евроатлантските интеграции. Ептен голема лага. Никаква Европа, никакви интеграции. Ние стануваме колонија за некој да ни ја пере душата, да експериментира со неа. Македонија резерват, гасна комора во која го убиваат светиот и голем македонски дух кој на западноевроската култура и даде се што имаше. Писмо, сликарство, музика, ум, градителство, Александра и митологија, христијанство.

Наскоро по Нострадамус "чумата од Перинт и Никополе можеби ќе ја зафати и Македонија". А ние и натаму се маваме со синоними. Хеленизам, Словенштини и слично. Исчезнуваме гордо и достоинствено. Да си кинисаме да ги оставиме пост Македонците да се испоколат за ветената Македонија. Кој за Кафказ, кој за островот Крит. Главата горе. Се разбира да живее 15 гроздобер. Но, ајде, ајде веќе да почнеме со бербата. И винце за по пат. Каде? Ако не знаеш каде одиш, ќе стигнеш на некое друго место?! Така.

Господ и Тиха нека ве вардат од зло, о, Македонци. И честит гроздобер.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"