ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Во пресрет на големите празници "Св. Злата Мегленска" и "Св. Петка Параскева"

ВИДИЦИ ЗА НАШЕ ДУХОВНО ЖИВЕЕЊЕ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Местоположбата на овој многунационален крај во овие тешки времиња неодложно тоа го бара. Не смееме да сториме грев пред македонскиот свет олтар, пред нашата света црква и пред државата и догодина да се надеваме на осветување и да се слушне биењето на камбаните на македонскиот православен храм.
  • Да даде Господ да биде овој голем ден уште поголем со љубовта кон нашата мајка исцелителка Св. Петка Параскева. За многаја лета. Амин.

На 26.10. 2002 лето Господово во населбата Сарај, Скопје, ќе биде прославен Црковниот празник во прекрасниот храм "Св. Злата Мегленска" којшто е во изградба. Несомнено овој храм претставува епитет за божественоста на празникот.

Света Злата Мегленска, христијанско-православна маченица не е само култ за нашата црква, туку таа е олицетворение за македонската света Црква, таа е симбол за нашето верување, библиофеномен за една прехрабра маченица која во цветот на својата младост се саможртвува за нашиот Господ, за нашата црква, за нашето битие, за целиот наш живот што го раѓа нашата Светиклиментова Македонска православна црква. "Св. Злата Мегленска" е небесен сјај, гордост за македонското светобитие, светлина на нашето христијанско православно постоење и живеење.

Св. Петка Параскева

Оваа црква токму на денот 26.10. 2002 лето Господово го слави својот роденден и постоење, за нашата македонска слава. И оваа година ќе се прослави скромно, иако не смее да биде така. Ќе има вечерна богослужба во долниот дел на црквата. Црквата е надворешно готова, но се надеваме дека следната година ќе биде целосно изградена. Тоа е завет пред бога и пред нашата македонска светица, пред нашиот свет македонски народ, пред олтарот на небесата и пред олтарот на светата македонска кауза.

Местоположбата на овој многунационален крај во овие тешки времиња неодложно тоа го бара. Не смееме да сториме грев пред македонскиот свет олтар, пред нашата света црква и пред државата и догодина да се надеваме на осветување и да се слушне биењето на камбаните на македонскиот православен храм.

Црквата "Св. Злата Мегленска" во изградба

Несомнено храбриот и самопрегорен свештеник, протојереј ставрофор отец Харалампие тоа ќе го стори како нејзин старешина, како како мудар отец на главниот храм "Св. апостоли Петар и Павле" во скопската населба "Ѓорче Петров".

Веќе на 27.10. 2002 лето Господово својот патрон го слави и цветниот храм на љубовта и здравјето, на исцелителката и славната преподобна мајка Св. Петка Параскева. На овој ден патиштата ќе не водат кон ова свето место каде ќе се соберат илјадници верници и секој ќе се обиде со молитва и свеќи да ја искаже љубовта кон оваа светица. И на овој ден ќе се изврши голема свечена божествена литургија, ќе бидат присутни многу свештенослужители и многу верници, ќе биде приредена голема празнична трпеза на љубовта за сите.

Да даде Господ да биде овој голем ден уште поголем со љубовта кон нашата мајка исцелителка Св. Петка Параскева. За многаја лета. Амин.


Веќе на 27.10. 2002 лето Господово својот патрон го слави и цветниот храм на љубовта и здравјето, на исцелителката и славната преподобна мајка Св. Петка Параскева. На овој ден патиштата ќе не водат кон ова свето место каде ќе се соберат илјадници верници и секој ќе се обиде со молитва и свеќи да ја искаже љубовта кон оваа светица. И на овој ден ќе се изврши голема свечена божествена литургија, ќе бидат присутни многу свештенослужители и многу верници, ќе биде приредена голема празнична трпеза на љубовта за сите.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"