КОМЕНТАР

Сито и Решето

БЕЗЗАКОНИЕ

Од Редакцијата

Република Македонија стана туристичка Мека, вистински мравјалник за: арамиите, измамниците, дрогирашите, убијците, силувачите, митоманите, корумпираните, проститутките и...и... и, за жал, мораме да констатираме, новите "демографи" - албанските терористи кои ја исчистија земјата македонска. Ни ја сомлеа душата, го уништија македонското национално чувство. Зарем во вакви услови, со ваков "џган" може да се гради нашата земја, да се изградат здрави поколенија!? Не!

Што баксуз бевме. Ни се пенетрира сиот белосветски "шљам". Ни на јаве не очекувавме дека ваквите елементи ќе успеат да се инсталираат во сите пори на македонското општество. Но, ете и тоа ни се случи и ни се случува. Ако до вчера поради лошата економска ситуација и сиромаштијата се појавија многумина шарлатани, бајачи, гатачи, видовити луѓе, со чест на исклучоци, не моравме и овие да ги трпиме. Секој лаже или со измама се обидува да дојде до палати, замоци и дворци. Затоа имаме јавашлук и бескрајно беззаконие.

ГОЛТАРИ

Во едно минато време не знаевме дека 100-те грама кафе и бомбониера ти било мито. Добро знаевме, ама замижувавме, бидејќи имаше контрола. И тоа каква самоконтрола. Стравот и законот ја чуваше главата на раменици, а сега за сто денари некој на улица ќе те претепа. Да знаевме дека малиот "мито" ќе стане толкав "МИТО", ќе ги скапевме од ќотек, ќе ги "помодревме" луѓето во бели мантили и ќе го спасевме македонското здравство од вирусот. Вака што маки си трпиме. Ем голи, ем боси, ем шути, ем рогати. Сегде ни садат рогови. Бадијалџиите, арамиите, измамниците и најглавните виновници - политичарите - станаа директори, а интелектуалците и обичниот свет станаа голтари! Кој денес сака некој голтар? Никој. Од љубов и романтика повеќе не се живее. Со корка сув леб и троа вода не се полни стомак. Затоа ние сме болни од митоманија. Постојано работи левата рака за десниот џеб. Џебџиите станаа луѓе опашани со тешки златни ѓердани, обетки и прстени, а притоа возат луди скапоцени автомобили. Затоа често пати се прашуваме зошто не тераа да учиме? Улицата ти била големо школо, а џебчиството занает. И тоа златен занает!

БУДИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА

Се чудиме зошто владее беззаконието! Ние немаме ниту еден голем "апаш", крадец на столетието ставено во апс. Немаме такво сомнително лице ставено во "ќорка" и таму џандарите да го направат бумбар. Од кога ја превоспитавме милицијата, од кога на полицијата и ставивме лисици заради западниот имиџ, се тргна удолу. Сакаме држава да имаме, а ние имаме "будистичка" полиција. Каде се чуло и видело на полицијата да и е забрането прво да тепа, а потоа да прашува?! Додека така се однесуваше "муријата" што слатко и мирно си живеевме, а откако газдите, т.е. полтичарите, се повампирија, се се смени. Уздите избегаа од контрола. Настана општ хаос. Не се знае кој јаде, кој пие, кој плаќа. Не знаеш кој дува, кој "шмрка", кој сади и ја пуши зелената засадена трава. Ги баталија основните државнички работи: устројството и правниот ред и поредок. Се удрија на пијанчење и крчмење на имотот, а богами и на лицата. Што чесни луѓе ги покри земјата? Што неразјаснети политички и криминални убиства се случија? Што луѓе отидоа јабана за дрога, за проституција, па дури за соучество во атентат? И сакаш да ја зачуваш Република Македонија. Та, се ти е поврзано, капиларно. Од долу до горе и обратно. Нема крвен сад што баханално не се однесува. Пијавицата го цица секој ситен црв, Македонец, односно, за жал, Ма..ке..дон.......чето.

АЛЧНОСТА - НИМФОМАНСКА БОЛЕСТ

Затоа ние се разболевме од апатија, од агонија, од безнадежност и.... од тапата болка. Умирачката? Не! Таа лесно не доаѓа. Се уште не сакаат да не испуштат од рацете. Секој "голем Македонец" го проституира македонскиот народ. Од него црпи огромни богатства. Што малер бевме, та секогаш патиме од нашите? Ако до вчера само заработуваа од најстариот занает на планетава Земја, зошто сега во погон не ставија нас? Зарем и од нас на час да земаат 20, 30 евр?!. А, бре, тие од нас земаа милони, милиони... мили...ончиња. Лошото е што уште имаат да земаат. Малку им се алтаните што ги зедоа. Алчноста е нимфоманска болест која ги зафатила нашите политичари !

Да беше Америка за два часа ќе ја средеа работата, но вака имаат жилав противник. Што да правиме кога сме жилави. Само коски сега може да се видат. Затоа лесно им е на политичарите со нас да се мајтапат кога се превртеа. Ајде што в скут ги ставија секретарките, швалерките, сега и нас не ставија. Нема мрдање, а мрдна или глава крена, тие може да ти ја одрубат. Тоа ти е таква машинерија и тешко дека некој може да ја демонтира.

СТОКА БЕЗ ПОТЕКЛО

Лошите и кодошите се обезбедија за генерации. Кој мисли за народецот? Никој. Ако не успееш да се прилагодиш на митоманијата, на корупцијата, на сите негативности што ни ги оставија во наследство, тешко дека ќе се преживее. Политичарите долго време ја филуваа оваа работа така што и тероризмот не е увезено чудо, туку и тоа е домашен производ, Made in Macedonia. Затоа, ако сакате да уживате, купувајте домашни совети! Како да се стане милионер без да ве фатат? Тоа и не е некоја голема дилема. Не треба да си паметен за да украдеш, за да се продадеш. Влези во кругот и тој тебе ќе те сврти, а по извршувањето на задачата може и да те продаде како безимена стока која нема земја на потекло. Така работите се вртат, а кај нас ништо не се менува. Наместо народот да царува, тој молчи. Го користи македонското традиционално право - молчењето како мајка на мудроста. Очигледно, стапот и стравот оставија длабоки последици. Затоа уживајте во производот. Се разбира, ако и натаму ви годи.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"