ВОЈНА

ОНА - Терористичка паравојска во Македонија (3)

КОЈ МОЖЕ ДА ГИ ЕЛИМИНИРА ТАЧИ И ЏАФЕРИ?

Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ

  • Со цел да се попречи опасноста од судирот на КФОР и фракциите на ОВК како и албанската мафија, ќе биде нужно итно неутрализирање на Хашим Тачи и сите екстремисти за КФОР да не се заглави во нова војна од колумбиски или авганистански тип.
  • Номади - терористи од локалните муџахедини Дани Красниќи, Аслан Клеќка, Хисни Киља и Фатмир Љима основале затвор за недисциплинирани и колебливи борци, како и крематориум за спалување на киднапираните српски цивили, војници и полицајци во село Клечка.

Апокалиптичните личности од немирниот Балкан и дивиот запад се уште ги немаат завршено и исцртано новите контури на Полуостровот кои секогаш кога ќе затреба ќе се обидуваат да ги менуваат и прецртуваат за своите сопствени регионални и глобалистички интереси.

Во третото продолжение од фељтонот кој претставува своевиден осврт кон последното дело на публицистот проф. Иван Бабановски ќе ги пренесеме видувањата на авторот за односите кои постоеле и постојат и во каков облик би можеле да се развијат истите меѓу "наркотрафикантските структури" на албанската мафија и западните американски структури активни на овие простори. Интересни се одговорите на прашањата: "Чиј е всушност Хашим Тачи? Кој го поставил и до кога ќе трае? Кој ќе го елиминира Арбен Џафери? За кого се опасни обајцата и слично.

"НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ" НА ТАЧИ!

"Мислам дека Хашим Тачи како и неговиот компањон од Македонија ги имаат сите шанси да бидат ликвидирани од страна на Американците! Беа од корист, а ќе ги отфрлат како извалкани шамивчиња, како што тоа обично го прават" - ќе рече во една прилика угледниот француски геополитичар и историчар, Ив Батај. Тој добро анализирал и прогнозирал дека САД ќе ги елиминираат Тачи и Џафери пред се од причина што длабоко се поврзани со албанската наркомафија и на тој начин сериозно го компромитираат албанското лоби на Западот кое го сака независно Косово, како и САД, кои би биле дегредирани од врската на Хашим Тачи и Арбен Џафери со албанската мафија која е една од трите по сила во САД и меѓу првите во Европа... Кој може да го ликвидира Тачи? - се прашува Бабановски и додава:

Пред се САД преку своите разузнувачки инситиуции (ЦИА, ДИА), албанската мафија во желба да ја сочуваат тајноста и доверливоста на своите операции на Косово и во договор со ЦИА, како и спротивставените политички групации пред се на д-р Бујар Букоши кој на своите тајни сметки има повеќе од 150 милиони германски марки во Германија, Белгија, Данска, Лихтенштајн и Швајцарија. Не треба да се заборави влијанието на милионерот Беџет Пауоли, бившиот сопруг на пејачката Албана - Ана Окса, кој своите пари, печалени со руската мафија и Борис Елцин, ќе ги вложи и ќе ги насочи врз политичките процеси за создавање на единствена албанска држава на Балканот... Тачи во овој миг има под оружје 5.000 припадници на ОВК, а околу 15 фракции на ОВК се организирани во групи од по 1.000 припадници пред се од племенско-локален карактер. Проблемот е со еден број припадници на ОВК кои дошле од Албанија како платеници или во пакетот на албанската тајна служба SHIK ... Една од можните варијанти е Хашим Тачи да биде ликвидиран од SHIK која има разгранети методи на дејстувањето по цело Косово и Метохија, Јужна Србија и Македонија. Припадниците на службата работат како платеници или се дел од политичкото влијание на Албанија на Космет, но и како егзекутори на другите тајни служби кои работат за интересите на сопствените држави, пред се германската тајна служба BND. Не помалку опасноста по живот на Хашим Тачи му се заканува и од блиските соработници на Даут Кадриовски, самопрогласениот европски нарко-кум, кој им беше предаден на албанските тајни служби кои пак го "препродале" и го испорачале за неколку милиони марки на италијанските тајни служби преку кои ЦИА и ФБИ ќе се обидат да продрат во нивните Алкаедини тајни ќелии на Балканот и во Европа. Хашим Тачи е "таргет", но тоа е и неговиот презимењак Мендух Тачи, бидејќи жестоко им се вкрстуваат криминалните бизнис интереси на овие простори. Дека постојат судири меѓу клановите во Албанија покажа и забраната што Бернар Кушнер му ја стави на поранешниот партнер и претседател на Албанија, Сали Бериша, да го посети Косово. Бериша планирал границата да ја премине кај Кукеш. Посетата била планирана од страна на Ругова со цел да се обезбеди рамнотежа, по посетата на Космет од страна на д-р Мејдани кој учествувал на одржаната средба за "иднината на Косово" на која учествувале албанските претставници од Бугарија, Црна Гора и Македонија. Ги примил Костов и Стојанов. Потпишале некој таен документ. Во разузнувачките кругови се шпекулира дека била договорена поделба на Македонија помеѓу Софија и Тирана. Тоа за мене е апсурд - вели авторот.

За можната и веќе присутна конфронтација на ОВК против KFOR пишувал и поранешниот државен секретар за надворешни работи на САД, Лоренс Иглбергер: "Начинот на којшто пристапивме го зајакна ОВК или барем некои негови лидери, како Хашим Тачи. Може да очекуваме дека по време, со албанските екстремистички групи кои се поврзани со трговија со дрога и кои не се составени од фини луѓе, ќе биде многу тешко да се излезе на крај. Можеби ќе дојде и до значителни и тешки борби не само на Косово".

Со цел да се попречи опасноста од судирот на KFOR и фракциите на ОВК како и албанската мафија, ќе биде нужно итно неутрализирање на Хашим Тачи и сите екстремисти за KFOR да не се заглави во нова војна од колумбиски или авганистански тип кој би бил погоден за влијанието на исламскиот фундаментализам и албанското востание во Македонија како и возобновувањето на граѓанската војна во Албанија. За таа цел најбезболно ќе биде неговото изведување пред Хашкиот трибунал. Така чисти пред сопствената нечиста совест ќе бидат Медлин Олбрајт, Џејмс Рубин, Ричард Холбрук и десетици шпиони на ЦИА и БНД.

ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ИСЛАМОТ!

Доста интересни информации и податоци проф. Бабановски наоѓа и во книгата "Војна за Косово" објавена во 2000 година на авторот Малте Олшевски, уредник на австриското радио. Ахмет Красниќи, заменик на командантот на албанската доброволна бригада во борбите на страната на Хрватска против ЈНА, а подоцна и против Србите во Босна кој прераснал во министер за одбрана на албанската влада на "косовската република во егзил". Заедно со Бујар Букоши го купиле ограбеното оружје од албанските касарни и го комплетирале со купување на ново софистицирано оружје на Запад. Истото се пренесувало во пограничните села со албанско население на Карадак и Шара. Сето ова се случувало уште есента 1997 година. Кувајт настојувал да го возобнови и прошири исламот во постенверовска догматска средина каде што доминирале политички структури со марксистичко-ленинистичка и маоистичка платформа. Верата била на маргините, а верските објекти затворени. Кувајт со своите муслимански пропагандисти подигнал шаторски населби - кампови "Вила араб" на периферијата од Тирана, каде што отпочнала интензивна дејност за придобивање на доброволци за муџахединските единици и борците на џихадот. Луѓето од Кувајт не се познати како големи работници, особено не ги бива за оние тешки физички работи, па ангажирале голем број Египќани. Меѓу тие Египќани се наоѓале и исламските борци - џихадини, талибанци и терористи. Покрај Кувајтчаните и терористите од Египет, пристигнале и претставници на различни исламски организации и фондации за хуманитарна помош, преку кои се остварувале програмите за субверзија. Тие требало за десетици милиони долари да изградат нови џамии и исламски образовни институции. Меѓутоа, брадоносците од Саудиска Арабија, Пакистан, Авганистан, Јемен, Египет, Катар, Судан, Алжир, Иран, Бахреин, сакале пред се да ги регрутираат Албанците за светата војна против Западот. На нивно огромно изненадување и разочарување, Албанците од Албанија за разлика од нивните сонародници од Космет, не биле воодушевени со џихадот па своите активности ги насочиле во северна Албанија и на Космет.

Номадите на меѓународниот тероризам, исклучиво муслимани од шиитскиот ред, ги прифатила и ги поддржала Исламската заедница на Косово. Нејзиниот претседател, д-р Реџеп Боја, одржал заедничка молитва со оџите, муфтиите и имамите за Египѓаните Магед Мустафа, Магед Хасан, Мухамед Худ и Ахмед Ибрахим ел Нагар, терористи од терористичката организација "Гама ал исламија" кои албанските власти на Фатос Нано, противник на џихадот, ги затвориле поради терористичка дејност во Египет и планираниот напад врз американската амбасада во Тирана. Во молитвата на 10 јули 1998 година преку разгласната станица на џамијата во центарот на Приштина, среде пладне, била емитувана получасовна прогласна пропаганда за џихадот и албанското терористичко движење. Градскиот плоштад одекнувал од изречените пофалби за ОВК и на крајот било објавено генерално востание против Србите. Азиските номади - терористи од локалните муџахедини Дани Красниќи, Аслан Клеќка, Хисни Киља и Фатмир Љима основале затвор за недисциплинирани и колебливи борци како и крематориум за спалување на киднапираните српски цивили, војници и полицајци во село Клечка. Овие факти не ја интересираат Карла дел Понте и Трибуналот во Хаг, зашто невидените злосторства ги извршиле пријателите на Вашингтон и Брисел и тоа против православните христијани. Српската полиција ја разбива оваа терористичка група, откриен е крематориумот во кој се пронајдени остатоци од човечки тела, фотографии од борци - терористи, муџахедини, пропаганден материјал и докази за вршење тортура, силувања и убиства. На фотографиите се грозоморни пози на терористите и жртвите, лешевите и делови од човекови тела. На една фотографија Аслан Клеќка со обезглавено тело и крвав нож во раката, облечен и забраден во бела облека, каква што носат Арапите во Саудиска Арабија, позирал со глава без тело и замавната, целосно искрвавена мачета. Ова е трагичен доказ за вмешаноста, покрај исламските терористи, и на американските сили за субверзија при основањето, организирањето, опремувањето и обучувањето на светите војници, истите оние кои излезени од американските воени тренингкампови од Авганистан, ќе остават крвави траги и ужасни записи за невидените злосторства против христијанското население во Босна, Чеченија, Косово, Македонија, Јужна Србија...

И на крајот, дали баш на крајот, ќе го создадат хоророт на црниот Свети Јован во САД и ширум светот... Да, тоа беа мутантите од ОВК на Балканот кои ги создаде ЦИА - заклучува Иван Бабановски.

(Продолжува)


Доста интересни информации и податоци проф. Бабановски наоѓа и во книгата "Војна за Косово" објавена во 2000 година на авторот Малте Олшевски, уредник на австриското радио. Ахмет Красниќи, заменик на командантот на албанската доброволна бригада во борбите на страната на Хрватска против ЈНА, а подоцна и против Србите во Босна кој прераснал во министер за одбрана на албанската влада на "косовската република во егзил". Заедно со Бујар Букоши го купиле ограбеното оружје од албанските касарни и го комплетирале со купување на ново софистицирано оружје на Запад. Истото се пренесувало во пограничните села со албанско население на Карадак и Шара.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"