така си го утепаа, си го убија
момчето "демократските процеси" на таа интеграција. Честита смрт, о
Македонци! Така ни треба, си играше кошарка и го застрелаа. Во Тетово, во
тоа подпланинско место. Таму. Блиску до нас и до нашата оаза на кроткоста.
О ропство?! О потчинетост?! Така стои во рамката на нашиот напатен и
кроток народ, во рамковниот народ, небаре сме гоблени на кои не везат оние
кои не "посматраат" небаре сме во зоолошка градина и не проучуваат, нашата
земја голем научен институт, Проект до каде може да се сведе ропскиот
менталитет на потчинетоста. Таму под Шара, под македонската убавица убија
дете... да, и се е како во песната "кај слана тивко венеше цвете..."
Арнаутите убија дете.
Честита смрт, Македонијо. Впрочем, тоа беше данокот во крв, крвната
одмазда, оти едни други, расплодени, нападнаа милициска постојка и погина
убиецот, криминалецот, терористот, погина еден нивни Ш. И сега и тие враќаат,
убиваат Македонец. Дете кое игра со топка пред својот дом. О, бедотија, о
гнаса, о ропство, о смрт...
Можеби сега сето тоа ќе се озакони тие да имаат право да убиваат по
некого да им мине бесот така, да се испразнат, нели, како кога луѓето одат
на лов и убиваат животни, исто така само овојпат ќе убиваат кроткички
Македонци. Ќе се донесе рамка за убивање, за правото на убивање на
Македонците од страната на Шиптарите. Да им се даде тоа право да не бидат
обесправени. Колку невини изгинаа од бес, од омраза од зад грб како
грабливци им се нафрлуваа и секогаш кога беа во тесно идеше некој ментор од
"демократските процеси" да ги прегрне како некоја изнајмена шашлива мајчичка.
А нашите водачи, радоедомановиќи на македонскиот народ наоѓаа зборови да ја
објаснат таа ропска состојба, тој концентрационен логор, таа окупирана
татковина, таа зоолошка градина, таа воена лабораторија во која се залог
македонските души, ние, нашите деца, нашата иднина, нашот опстој, нашата
древна Македонија.
Потоа збеснаа средношколците. И не беа толку лоши како што ги прикажаа.
Ги осудија. Оти се налутиле што им убиле едно другарче, голема работа, ете
колку луѓе умираат по светот?! Убиле едно дете..."кај слана тивко венеше
цвете" балистите, кољачите, турските башибозуци од пред еден век,
расплодените фашисти-сојузници на Мусолини и Хитлерчо, качачките банди на
Григор Прличето...нашите идни, поранешни, пратеници...
Собранието на "републикава" едно време беше затвор, во подрумот лежат
убиени Македонци, коските ќе им се повампират и ќе задушат некого од нашите
демократи за курбан на тој поробен и понижен народец. Коските, на некои од
нашите не им се знаат коските...
Можеби треба, како што напишал Димитар Захов во минатиот број на
неделников (Писма, стр. 37, "Македонско сонце" бр. 434) да бидам "поодмерен
во своите противзападни активности, оти Западот ќе ја заземе страната на
Албанците"? И добро срочен опит: "Нам ли повеќе ни е потребен Западот или
ние нему?" - како што напишал тој. Понатаму: "САД, ЕУ и НАТО бараат
пријатели на Балканот?" или интересен термин речиси ненаметлив "наводни
патриоти", "наседнаа на задоцнетиот 'патриотизам'" на...
Можам и јас да се правам наудрен, да си ставам демократски "ум" и да си
леткам како ноќна пеперутка во пепелава темница. Да се правам глув, слеп,
тап на сето тоа. Но, Македонија е загрозена и не можам да молчам?! Подобро
да се изгине на нозе, отколку да се живее на колена. Луди ли сме сите ние
возрасните што коленичиме за колку да преживееме?! Македонија е мртва. Да
живеат НАТО, Европа, Арнаутите, долу македонски народе?! Долу на колена,
море робови низаедни, слуги на валканите пари. Дајте им дрога на нашите деца
да ја дотепаме оваа света и древна земја, народ и цивилизација. Или...?
Или да се словенисувам како што милува Димитар Захов? Другар, господин,
брат. Кога последен пат си играл баскет во Тетово?
Си играше со топката. Под светата планина. Кај слана тивко венеше цвете...убија....
Рамковниот договор продолжува... не УБИВААТ на тој шеќерен запад...