амковниот договор од Охрид низ
собраниска процедура внесен во Уставот на Република Македонија - историска
пресвртница од епохално значење. Тоа е мислењето на политиката, а не на
народот!
Еднодушна оцена на политичарите од земјата и од меѓународната заедница (ЕУ,
ООН, НАТО) е дека со имплементацијата на Рамковниот договор во изменетиот
Устав и други закони што ќе следат, Република Македонија ќе излезе од
кризата и ќе зачекори во светла иднина. Робертсон, Солана и Советот на
Европа ги поздравија измените во македонскиот Устав: "Историска одлука на
пратениците во македонскиот Парламент. Македонија влегува во нова ера која
ветува стабилност и просперитет за целото население".
Претседателот на Република Македонија истакна: "Оваа победа им припаѓа на
сите граѓани. Демократските вредности и идеали го победија насилството".
Но, продолжувањето и развојот на спиралата на албанскиот радикализам, и
само неколку дена по "Заедничката уставна победа", жестоките напади врз
полициски пунктови во сите кризни региони, упатува и на една друга оцена -
дека зголемени човекови права е потребен, но не и доволен услов за излез од
кризата. Впрочем, човековите права во Република Македонија беа и пред тоа,
со Уставот од 1991 година, на ниво и над европските стандарди за човекови и
малцински права!
Суштината на проблемот со кризата и неговото решавање лежи во моќта за
правилно разбирање на поимот "човекови права" врз основа на суптилната
стратегија на Албанците за остварување на поголеми човекови права.
Експлицитна дефинираност на стратешката цел, поголеми права за Албанците,
имплицитно дополнета во чисто етнички територии, е основната детерминанта на
Рамковниот договор и на ексклузивно-уникатните човекови права на Албанците.
Законот за амнестија и Законот за локална самоуправа се двете директриси на
детерминантата.
Организираните политички и воени активности на Албаницте во кризните
региони пред потпишувањето на Рамковниот договор имаат карактер на етничка
дестилација за остварување на човекови права (делумно).
Пострамковните организирани тактички активности на разоружено-вооружените
Албанци под постојано присуство и надзор на меѓународниот катализатор, сега
супституент на жетварите, "Килибарната лисица", и се разбира другите
одомаќени меѓународни комутатори, со префиксот хуманитарни (со голем
конститутивен дел од Албанци во нив), со познатите методи на насилство и
терор за доограбување и доуништување на се што е македонско и христијанско
во овие региони, имаат карактер на етничка ратификација, исправување и
целосно пречистување на кризните територии за остварување на човекови права
(целосно). Потврда се најновите случувања (со) во Шемшево. Тоа е политичкиот
концепт на албанскиот блок на конзистентна и консеквентна идеологија во
согласност со неизменетото, постојано тврдење на сите Албанци од балканските
простори и дијаспората, дека се за неменливост на границите и дека го
поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република
Македонија (со албански симболи и албанско знаме!).
Политичкиот концепт на македонскиот блок го формираа двете најголеми
политички партии спротивставени меѓу себе, во десетгодишната плуралистичка
практика, со пермутации во власта како позиција и опозиција, во коалициони
варијации со сите други политички партии во Република Македонија.
Основна и заедничка карактеристика на политичкиот концепт кон
програмските определби на сите политички партии, теоретски е работа во
интерес и за доброто на народот и државата. Крунска манифестација на тоа
дејствување, пак теоретски, е формирањето на големата коалиција под мотото "За
спас на Македонија", што го донесе и го потпиша Рамковниот договор.
Во практиката, уште од почетокот на транзицискиот процес се забележуваат
сосем други тенденции на спротивставеност во борбата за власт за остварување
на теснопартиски интереси, лични амбиции, алчноста, богатењето,
профитерството, маркирани и со меѓуетничката толеранција и релаксирани
меѓу(партиски)етнички односи.
По Танушевци, политиката почна да се демаскира. Го покажа и потврди
својот анахронизам и хипокризијата на политичарите, а логиката на апсурди и
парадокси не можеше повеќе да се прикриваат. Распадот на широката Коалиција
со почетокот на имплементацијата на Рамковниот договор е уште еден доказ за
тоа.
Политиката на меѓународната заедница (ЕУ, ООН, НАТО) како и секогаш и
секаде, така и во Македонија ги задржа основните карактеристики, пред се
зачувување на својот интерес, а потоа адаптибилност и компатибилност со
резултантата на спротивставените политики, олеснувајќи ги и овозможувајќи ги,
како катализатор, преговарачките процеси без оглед на тоа дали нивната
резултанта е во насока на европската стратегија и принципи или не. Но, при
тоа постојано го потенцира својот неизменет став и перманентно залагање за
зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република
Македонија (исто како и Албанците) што го потврди и со олеснувачката улога
во Охридскиот договор, при потпишувањето, а во имплементацијата со
поддршката на албанските иницијатори и постапки коишто понекогаш имаат (немаат)
врска со Договорот!? Парадигма (пример за углед) пак е Шемшево, "за враќање
на довербата и соживотот!".