Милениумска традиција

Пред четири години, првпат украинската делегација дојде во Македонија. Сега по трет пат, дојде токму во Охрид, каде нивните предци допатувале кај Цар Самоил. Првите украински светци биле Македонци по мајка, како и покрстителите кои таму ја однеле писменоста и светоста. Милениумските врски се одржувале во континуитет со различен интензитет и во идентични услови.

Украина е петпати поголема од Република Македонија, и според населението и според територијата. Со неа ќе живееме и кога сегашните шефови на двете држави нема да бидат она што се сега. Во иднина ваквите пријателски односи треба да продолжат и да се негуваат. Затоа не треба да постојат нестратегиски (дневни) размисли од типот за посетата на украинскиот претседател, негово нарекување "контроверзен", дури и атак на првата страница, поради недоволното информирање. Традицијата не смее да се уништува туку-така.

На свечената вечера во негова чест, украинскиот претседател Леонид Данилович Кучма го отвори срцето на разбирање како впрочем и минатата година.

"Вековната борба на македонскиот народ против тиранијата предизвика длабоко сочувство и почит во срцата на Украинците, чија судбина беше не помалку трагична. Тоа особено ги зближува нашите народи. Пишаните извори и споменици на културата, меѓу кои Остромировото евангелие, Клоцовите ливчиња, Синајскиот псалтир и Охридското евенгелие, ги потврдува заедничките духовни корења на нашите народи" - истакна Кучма.

На крај тој потсети на македонската народна мудрост "Слога куќа гради" и на украинската "Пријателството е поскапо од секое богатство". По негово барање го посети Охрид - градот на Цар Самоил, за кој по откривањето на новите археолошки достигнувања, се отвора сигурен пат за уништување на многубројните фалсификатори на нашето минато и историја.

Треба да го смениме начинот на поданичко и зајадливо размислување, зашто оваа посета е доказ за поддршката и разбирањето на Украина и нејзиниот народ кон Македонија.

Спасе Шуплиновски,

секретар на Македонско-украинското друштво


Експерименти

И никако да прекинат. По се изгледа ќе се одолговлекуваат до бескрај. Наводно цивилизираниот и демократски свет си најде поле, а во него и глувчиња за експериментирање. А зошто да не? Кога во тоа поле нема народ кој е кадарен да рече: "НЕ, доста беше. Вашите добри намери ги гледаме и чувствуваме веќе со векови".

Во последните десетина години е повеќе од очигледна добрината со која таа Европа фрла по нас. Ама кој сето тоа да го разбере? Негирања на исконското име, систематско уништување на се што е македонско, почнувајќи од културните богатства како цркви и манастири, па до протерување и убивање на народот, од нивните сателити или продолжената рака - Шиптарите. Да не зборуваме за наметнатите правила на игра. Во Парламентот мора да се зборува на шиптарски, довчерашните крволочни балисти мора да бидат во Парламентот и да добијат високи министерски функции и се така бисер до бисер, а ние мора се да прифатиме. И види чудо. Ене го и најновиот експеримент. Британецот Metju Leming ќе докажува дали имаме потекло од античките Македонци. Со други зборови, ако читаме малку меѓу редови, Британецот Leming ќе истражува и докажува дали ние Македонците сме Македонци. Па, дури повикува на поддршка и соработка. Такво нешто може само нам да ни се случува. Некој трет да ни докажува дали сме тоа што сме. Ако и дадеме малку простор на фантазијата, наредниот експериментален потег би бил: да се утврди на кои животни најмногу наликуваат суштествата што се нарекуваат Македонци. Сето тоа ние треба да го поздравиме и поддржиме.

Мистер Leming: Што ако вашите резултати што се однесуваат на роднинските врски со нашите славни предци, доколку целиот процес не биде манипулиран на наша штета, бидат позитивни, а со тоа се докажат и роднинските врски со авганистанското племе што вие го наведувате? Што ќе следи потоа? Вие Британците и вашите следбеници (или вие нивни) Американците докажувате дека Авганистанците се тешки и закоравени терористи, па за да се уништат терористите го разоравте цел Авганистан употребувајќи ја сета расположлива техника. Дали тоа ќе значи дека и ние Македонците сме терористи, па треба и Македонија да се разора, односно да се бомбардира? Доколу имате добри намери и имате некое бледо верување дека сепак ние Македонците сме Македонци, зошто вие Британците се уште не нарекувате со погрдното име FYROM и не третирате како Словени? Вашите штитеници, Шиптарите, на големо викаат дека сме "задкарпатски ѓубриња", што значи тие се сметаат за потомци на нашите славни предци. Зошто не правите кај нив такво генетско истражување? Бугарите откако се дојдени на Балканот ја застапуваат нивната теза - Македонците се Бугари. Земете некој од нив! А, за британскиот штитеник и миленик, Гркот, што да кажеме? Па, тој ни го оспорува дури и името, а за украденото културно и историско богатство не се потребни ни зборови. Во времето од 45 до 48 година од минатиот век Гркот на најсвиреп начин една третина од македонскиот народ уништи или го протера од сопствените огништа, како денес Шиптарите во западниот дел од Македонија. Вие Британците учествувавте во сите нивни гнасни акции. И како ние денеска да веруваме во вашата добра намера? За нас Македонците не е потребно никакво генетско истражување и докажување за нашите нераскинати врски со античките Македонци, но кога сте веќе тука докажете го вашето британско-бригиско потекло. Не за џабе го носите името Британци. Можеби и во вашите и во нашите вени тече иста пелазгиска крв. Вашиот потег за некакво генетско докажување јас лично го гледам како понижувачко и навредливо за целата македонска нација на која со сигурност корените и се во Античка Македонија.

Јован Ристов


Манипулации во Парламентот!?

(Отворено писмо до претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Никола Поповски)

Господине претседателе Поповски,

Сигурен сум дека одлично го познавате Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, за да може некој да манипулира со Вас, а исто така и со нас како граѓани на Република Македонија.

Имено, не можеме да ги прифатиме обидите на пратеникот Трифун Костовски да се претставува како независен пратеник кога беше носител на листа во Изборна единица бр.2 од редовите на СДСМ, во коалиција со уште девет политички партии.

Законот за избор на пратеници предвидува само две можности за избор на пратеници регулирани со членовите 38 и 39. Во членот 38 предвидено е право да поднесат листа на кандидати регистрираните политички партии самостојно или повеќе партии заедно, а во членот 39 предвидено е собирање на 500 потписи кога подносител на листа е група избирачи, или како што популарно се вика независна кандидатура како што при овие избори беше случајот со господинот Игор Џамбазов.

Во согласност со Законот за избор на пратеници (членовите 38, 39, 40, 41 и 42) пратеникот Трифун Костовски е кандидат на СДСМ и секоја промена на неговата политичка припадност значи губење на неговиот пратенички мандат.

Господине Поповски, Законот за избор на пратеници не предвидува и не овозможува хибридни и волонтаристички статуси на т.н. независни пратеници, предложени како партиски кандидати што ги потврдува печатот и потписите на политичките партии на листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Во интерес на личниот интегритет и авторитет на пратеникот Трифун Костовски, како и дигнитетот на Собранието на Република Македонија, потребно е оваа моја сугестија да ја разгледате и да ја прифатите со што ќе ги оневозможите натомошните манипулации и злоупотреби во составот на пратеничките групи и собраниските комисии.

Пратеникот Трифун Костовски може да биде член само на пратеничката група на СДСМ или едноставно да го препушти мандатот на друг кандидат од листата на кандидати на Коалицијата "Заедно за Македонија"

Со почит,

Томислав Стојановски - Бомбај, Тетово


 

Ново злосторство на албанските терористи

Во времето кога се составуваше новата влада, албанските сепаратисти извршија ново злосторство. Убиен е младиот Ванчо Јосифовски, ученик во Државното економско училиште во Тетово, кој за жал не го дочека најсреќниот ден во својот живот, односно денот кога требаше да матурира и да се закити со економска диплома, да стане економист кој еден ден ќе придонесуваше за иднината и економијата на Република Македонија. Но, за жал, нашите недоветни и некадри лидери и политичари на Македонија, придонесоа неговите родители да го закитат со цвеќе и да го испратат на неговото последно патување, патување од каде што нема враќање. Зарем тоа го заслужуваат нашите деца, зарем тоа го заслужуваат нашите внуци, зарем тоа го заслужуваат нашите Македонци?!

Кого треба да го обвинуваме за убиството на младиот Ванчо Јосифовски? Се разбира дека најголем виновник е претседателот на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Борис Трајковски, кој како врховен командант нареди повлекување на полициските пунктови од кризните подрачја. А потоа следува премиерот Лубчо Георгиевски, Владата на Македонија, надлежните во полицијата и Армијата на Република Македонија.

Едни од најголемите виновници, исто така, се западните претставници на НАТО, ЕУ, САД и нивните амбасадори, а посебно ОБСЕ, кои вршеа голем притисок врз македонската Влада за повлекување на полициските пунктови од кризните подрачја, со образложение дека Албанците се чувствувале непријатно со присуството на безбедносните сили. Не ми е јасно кој свесен граѓанин се чувствува непријатно од своите безбедносни сили кога тие тука се поставени за заштита на сите граѓани и за заштита на нивната слобода, да ги заштитуваат од качачките банди на Албанците кои се уште убиваат и се уште ги држат под контрола кризните подрачја. Наместо да дадат наредба за целосно справување со терористите, за жал, нашите лидери подлегнаа на притисоците на западните претставници на НАТО, ЕУ и САД, кои на каков било начин настојуваа да ги заштитат нивните миленичиња, па дури од Арачиново им обезбедија превоз со автобуси со клима-уреди и со целото нивно вооружување, безбедно да го напуштат Арачиново, а наредните денови истите "туристи" дејствуваа против нашите безбедносни сили во Карадачко-липковскиот регион. Тоа ли е мисијата на НАТО и Западот за да ги заштитат своите соборци кои заеднички вршеа терористички напади против Југославија и дозволија Косово да стане етничко чисто, а сега тоа го прават со северо-западниот дел на Република Македонија, зашто стотина илјади Македонци се уште се раселени и имаат изгубено секаква надеж за вракање во своите вековни огништа?! Наместо да ги протера сите западни "олеснувачи" (мислам на растурачите на Македонија), нашата Влада дозволи да се иселат Македонците од своите огништа, да станат бегалци во својата сопствена држава. Премиерот Лубчо Георгиевски и клапата околу него, наместо да се завземат за одбрана и опстанок на Македонија, тие беа презафатени со продажба на државните имоти, со шверц, со криминал и со градење на свои ранчови и гледаа што повеќе да опљачкаат, и затоа не е ни чудно што станаа најголеми богаташи не само во Македонија, туку и во светот. Наместо да ни докажат како се гради држава, тие ни докажаа како се краде држава. Но, мислам дека еден ден ќе се најде вистински лидер кој ќе ја извади Македонија на вистински пат и дека сите овие ќе ги стигне заслужената казна.

Во меѓувреме, мандаторот на новата влада (подобро би рекол предавникот и
потписничарот на предавничкиот охридски Договор), Бранко Црвенковски, ја објави коалицијата со терористите на ДУИ од кои ќе очекуваме да ни владеат со државата и ќе ни делат некакваси "правда". Тоа го нема никаде во друга држава - терористи кои ги убиваа нашите браќа и сестри, нашите деца, терористи кои гранатираа полициски станици, убиваа припадници на македонските безбедносни сили, на полицијата и Армијата, денес да седат во Владата на Република Македонија, со се уште крвави раце и да раководат со македонските институции. Ова е најголемата трагикомедија што се доживува во Македонија од нејзиното постоење.

Желбата на Западот се исполни. Терористите, односно нивните миленичиња, ги амнестиравме, ги ставивме во Владата, ги седнавме во министерските фотелји, а сега преостанува да видиме дали и САД ќе тргне по стапките на Македонија и дали Буш ќе ги амнестира терористите на Бин Ладен и дали на Бин Ладен ќе му додели некакво министерско место во владата на САД?!

Во последно време на САД почна да им пречи и Милениумскиот крст на Водно, а никако не им пречат џамиите кои се издигаат низ цела Македонија. Не ми е јасно што уште ќе почне да им пречи на Американците. Но, едно не само мене, туку на сите ни е јасно дека на САД им пречи и Република Македонија!

Димче Бицески


Самите да се одбраниме!

Единствен народ кој создал држава е македонскиот и тоа без ничија помош. Ова се потврдува со фактот дека токму само за Македонците во Втората светска војна не постоеше меѓународен договор, со што ќе биде признаена македонската нација и нејзината држава. Додека Македонија беше во составот на СФР Југославија немаше проблеми од соседните држави, посебно од Грција. Меѓутоа, кога таа во 1991 година се осамостои, за неа се појавија проблеми токму од соседите кои ја присвојуваа нејзината историја. Согледувајќи ги последиците дека за Македонија ќе мора да се пишува државна и народна историја која ќе биде предуслов за ревизија на историјата која е фалсификувана и пишувана по порачка во основа од Грција, соседите почнаа да вршат голем притисок во меѓународните институции.

Грција е таа која Европската заедница и САД ја поддржуваат, а со тоа тие станаа напријатели кон Македонија и македонскиот народ.

За прв пат во применетото меѓународно право во Европа, во Р. Македонија кавказко-црноморските Албанци - Арнаути добија многу повеќе права од граѓанските, тие станаа не малцинство, туку народ. Со ова само Македонците останаа народ без своја национална држава. Само Македонците се протерани од своите огништа и само Македонците се обесправени. Ова ќе заврши кога Македонците ќе станат малцинство.

Од сето ова произлегува дека Македонците имаат само еден избор: национално единство! Прогласување на Арнаутите како колонизатори на кои не им следат малцински права и да се бара нивно враќање во своите земји.

Рамковниот договор и се друго направено под присила, без да се изјаснат Македонците, е неважечко и злосторничко. Македонија треба да остане држава на Македонците, а во неа малцинствата да ги уживаат истите права, како што Македонците ги имаат во нивните матични држави.

Рамковниот договор мора да се поништи и тоа на многу едноставен начин, со потписи и здружувања. Рамковниот договор да се прогласи за наважечки! Ова не смее да се затајува, туку треба да се организира од истите оние Македонци на кои им е грижа за сопствената земја. Ова мора итно да се направи. Денес само Македонците се протерани, а Арнаутите се газди во нивната држава. Сите амбасади и соседи се проарнаутски расположени, значи антимакедонски. Нам ни преостанува самите да се одбраниме, во спротивно ќе исчезнеме.

Ристо Ивановски, Битола


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"