| |
ВОЈНА
ОНА - Терористичка паравојска во Македонија (4)
ОНА - MADE IN CIA
Пишува: Мишко ТАЛЕСКИ
- По трансформацијата на терористичката ОВК во т.н. КЗК, во соседна
Македонија е основана "албанска национална армија" на чие чело се одделни
Албанци, офицери на регрутираната македонска Армија и странски ментори,
особено инструктори од МПРИ.
- Специјализирани криминалци, често шефови на европското подземје, ќе се
вратат во Приштина, Тетово, Скопје, Тирана... Можеби ќе формираат некоја
своја нова партија и ќе коалицираат со пронатовските нарко-дилери
обучувани во академијата на мракот - "ДОРА" во Тетово.
С екако дека минатогодишните
настани во земјава имаа свои далбокикорени во годините одкрајот на минатиот
век. Сигурно е дека сето она што ни се случуваше во северозападниот дел од
државата ни беше увезено однадвор со тенденција да се разграничат
териториите по етнички принцип за да се спроведе сценариото кои би
резултирало со создавање голема држава на Албанците на сметка на четирите
балкански републики кои во своите рамки содржат респектабилен процент
албанско малцинство. Сигурно е и дека дел од т.н. меѓународна заедница ги
замеша прстите во балканскиот капел за да профитира во своите сегменти на
надворешна политика и ширење на своите мегаломански глобалистички интереси.

ОВК, ОНА, КЗК, АНА... со иста цел: "Голема Албанија"
Кога сите внатрешни и надворешни радикални компоненти ќе се здружат за
заедничко дејствување, нема да добиете ништо друго освен судири, крв,
поделби и солзи. И во ова продолжение на фељтонот посветен на делото на Иван
Бабановски ќе се осврнеме на многу познатите, но и непознати детали од
нашето блиско минато во кое се рушеше иднината на балканските народи.
БАЛКАНСКА РАШОМОНИЈАДА
Вилијам Вокер, американски генерал, дипломат по потреба, шпион на ЦИА, по
вокација злосторник - садист, ги создаваше оние монструми кои во својата
Света војна, за Алахот и Исламот, ќе се свртат кон "најголемата Сатана - САД"
и од територијата на Хрватска, Босна, Космет и Македонија ќе направат
светски воен полигон на муџахедините и исламските радикали и терористи на
Осама бин Ладен и неговата Ал Каида, страшилиште на западните христијански
замји. Злосторството не може да се сокрие. Уште потешко е тоа да се заборави.
И затоа зачудува фактот што некои одговорни луѓе во САД и нивните сојузници
имаат така недозволено кусо паметење. Тие се обидоа да негираат дека на
Балканот виделе со сопствено око борец на Џихадот. А, токму американскиот
печат пишувал за нив. Истовремено, гостин на муџахединската терористичка
злосторничка интербригада "АБУ БЕКИР САДИК" бил лично Ричард Холбрук. Сето
ова се случуваше на само две или три години по доаѓањето на конфликтот во
Македонија и тоа како увертира и подготовка на тетовско-кумановските и
скопските терористички напади.
"Наивно е, ако не и налудничаво - вели проф. Бабановски - непрофесионален
војник и полицаец, а не високи стручњаци за безбедноста, да поверуваат дека
волкот преслечен во јагнешка кожа ќе пасе трева. Кога ќе нема повеќе овци за
давење, ќе го удави и овчарот. Денес ги преведуваат крвавите албански
терористи, кои се бореа рамо до рамо со муџахедините и авганистанските
Талибанци, од униформите на ОНА во униформите на полицијата на МВР и АРМ. За
кого ќе работат? На почетокот сигурно за интересите на ЦИА, но тоа е многу
куса релација. Еден ден луѓето на ЦИА ќе не ангажираат да ги бркаме
терористите на аеродромот Петровец, но да не биде предоцна...

Планира ли да отвори и свој универзитет во Шипковица? -
Али Ахмети
Заменикот на политичкиот директор при Министерството за надворешни работи
на Англија, Чарлс Крофорд, поранешниот советник за национална безбедност,
Хенри Кисинџер, екс-амбасадорот во СФРЈ и државен секретар на САД, Лоренс
Иглбергер, во врска со рашомонијадата на Балканот која ја создадоа Медлин
Олбрајт со "булдожер дипломатот" Ричард Холбрук, ќе анализираат: "Со
доаѓањето на KFOR и
UNMIK на
територијата на Косово и Метохија, современиот тероризам, како најгруб и
најкрвав облик на политичкото насилство од страна на САД, во вид на
злосторство доживеал најголем процут".
Шиптарските терористи од составот на ОВК, која со помош на Бернард Кушнер
е преименувана во "корпус за заштита", настојувале според американските
планови, во рамките на судирите со низок интензитет, применувајќи го методот
за "создавање и управување со кризата", да извршат прелевање на тероризмот
од подрачјето на Косово на просторот на Јужна Србија со цел дестабилизација
на СРЈ. Покрај Косово, ЦИА успеала на просторот на Западна Македонија да
формира нова терористичка формација наречена "албанска национална армија" -
АНА со комплетна организационо-формациска структураа и команден кадар
еквивалентен на "косовскиот заштитен корпус". Командниот кадар го сочинуваат
офицерите Албанци од македонската Армија кои ја застапуваат опасната теза за
безбедноста и стабилноста на целиот Балкан при што како главна задача го
истакнуваат ослободувањето од т.н. "албанска територија под православни
народи"...
Кон крајот на јуни 2000 година "Неделниот дневник" од Нови Сад ќе понуди
содржина со наднаслов "ЦИА формира нови терористички формации на Балканот -
'Албанска армија' во Македонија" со кус предтекст: По трансформацијата на
терористичката ОВК во т.н. КЗК, во соседна Македонија е основана "албанска
национална армија" на чие чело се одделни Албанци, офицери на регрутираната
македонска армија и странските ментори, особено инструкторите од МПРИ. Во
текстот меѓу другото пишува: "Терористичката организација АНА, која во
моментов егзистира во Западна Македонија е во постојан контакт со
терористите од КЗК кој кадровски и материјално ги снабдува и оспособува на
овие простори. Цивилната мисија на ООН и КФОР, а пред се ЦИА, формираат
специјална разузнавачко-извидувачка служба SIKS
која своите активности од Косово ги префлила
делумно во Црна Гора, а делумно во Македонија со задача врбување на граѓани
од албанска националност за изведување на атентати, саботажи, диверзии и
други облици на активности од областа на тероризмот проследени со голем
степен на психолошко-пропагандно дејствување. Нејзините структури имаат
подготвено списоци за ликвидација на угледни личности од светот на
политиката, науката, културата и уметноста, како и оние за кои се смета дека
ќе се спротивстават на самопрогласеното 'ослободување на албанските
територии под словенско владеење'. Според плановите на овие екстремисти, зад
кои стои екс американската администрација, отворено се заговара создавање на
'Голема Албанија" која треба да ги опфати териториите на Косово, Македонија,
а во перспектива и Црна Гора...".
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КРИМИНАЛЦИ
Ако овие содржини им биле познати на уредниците од неделникот "Неделен
дневник" во првата половина на 2000 година, сигурен сум дека нив ги добиле и
челниците на Република Македонија преку ДБК и Агенцијата за разузнување. Се
поставува прашањето: зошто не презеле ништо за да го спречат злото во
зародишот? - пишува Бабановски.
Коментирајќи ги сознанијата добиени преку БНД и МАД, поранешниот
германски министер за одбрана, Рудолф Шарпинг, истакнал дека: "Меѓународната
заедница не се однесувала доследно и принципиелно кон ОВК при нејзиното
резоружување и демитализирање, па затоа ќе сноси консеквенци и соодговорност
за актуелната криза во Македонија која не така брзо ќе биде разрешена".
Шарпинг недвосмислено на нишан ги имал САД кои закрилнички се однесувале кон
ОВК, а и кон албанскиот терористички корпус во Македонија. Западноевропските
тајни служби обезбедиле сознанија дека на терористите на ОВК им било
дозволено во рамките на сопствената мрежа на мобилна телефонија да се служат
со ексклузивниот комуникациски систем на Американците. Американскте трупи на
Балканот располагаат со шпионски и телекомуникациски сателити од ниски
орбити кои овозможуваат да имаат сопствен систем на мобилна комуникација,
систем во рамките на кој може да се телефонира без страв од прислушкување.
Се подразбира дека американските тајни служби ЦИА и ДИА можат непречено во
сопствениот систем да ги прислушкуваат и да ги снимаат сите кореспондирања
на Албанците. Останува отворено прашањето зошто тајните служби на САД не ги
информирале сојузничките служби од ЕУ, односно НАТО и зошто одредени
сознанија за претстојни акции и злосторства во Македонија не ги попречиле.
Треба да се запрашаат и сите професионални кадри во ДБК, АРМ, МВР и воената
безбедност дали идилата за пријателски односи и соработка со ЦИА и ДИА
завршила по завршувањето на антитерористичката, антигерилската,
антинаркомафијашката и не знам која обука на нашите припадници во Вашингтон
и Каролина, во објектите на подморничката база во кој камп биле присутни "безбедњаци"
и полицајци и од земјите на Источна Европа и задкавказието. Интензивната
обука и обиди за продирање во нашите безбедносно-полициски и армиски
структури се одвивала во повеќе турнуси на групи од по 15-20 оперативци во
периодот 1995 - 1996 година.
Станавме сојузници - вели авторот на делото. Бандитизмот и терористичката
активност што ја организирале големоалбанските структури против Македонија
имале свој континуитет од денот на победата на антифашистичката коалиција (во
која Албанија беше поразената страна), па до денешните актуелни
политичко-воени и безбедносни настани.
Иако за време на СФРЈ постоеле обиди за терористичко-диверзантски
активности под покровителство на Енвер Оџа и западни служби со цел разбивање
на Титова Југославија, Скопје речиси не се споменува како територија на
организираните конспиративни терористичко-заговорнички групи врз
големоалбанска платформа. Тоа не значи дека во Скопје нив ги немало, иако
перманентно биле бележани акции и активности меѓу албанските жители кои
кореспондирале со големоалбанската пропаганда од Тирана. ЦИА имала
разузнувачка студија и проценка дека Европа може да биде дестабилизирана и
воведена во регионален воен судир, без опасност од избувнување на светски
вооружен конфликт, само преку активирањето на албанскиот елемент врз
платформата за "Голема Албанија". Вашингтон на таа јадица ги држел и
енвероџистите и заговците, а кокетирал и остварувал политички баланс и со
муслиманите и Арапите. Сметката и онака ја плаќала разбуцаната Европа. Така,
по многу години, денешните ОВК, КЗК, ОНА и сличните на нив имаат солидна
кадровска перспектива. Специјализирани криминалци, често шефови на
европското подземје, ќе се вратат во Приштина, Тетово, Скопје, Тирана...
Можеби ќе формираат некоја своја нова партија и ќе коалицираат со
пронатовските нарко-дилери обучувани во академијата на мракот, "ДОРА" во
Тетово. Некои од нив, со купените академски титули, ќе конкурираат за
професорски звања на Штуловиот универзитет, а оние "поцрвени" Албанци ќе
парадираат на универзитетот во Мала Речица се дотогаш додека Али Ахмети, не
отвори свој универзитет во Шипковица на кој професори по покана ќе бидат
Фровик, Вокер, Ле Роа, Пердју, Џозеф, Пастори, Холбрук, Рубин...
(Продолжува)
|