| |
ЕКОНОМИЈА
Македонски железници и натаму во штрајк
ШТРАЈКУВАЧИТЕ ИНСИСТИРААТ НА ОТЧЕТ
Пишува: Рената МАТЕСКА
- Штрајкуваме не поради, како што во јавноста се вели, неисплатена една
плата, туку поради недомаќинското работење на Владимир Соколовски и
неговиот тим и бараме отчет за нивното работење. Ние за тоа имаме и
законско право, односно според член 54 од Статутот на македонски железници
во кој децидно стои дека раководството е должно да даде отчет за
финансиското работење. Имаме повеќе информации и докази дека Соколовски е
длабоко инволвиран во криминални дејствија, поради што покренавме постапка
до Јавниот обвинител и повикавме финансова полиција да направи ревизија за
работењето на генералниот директор, изјави Борче Георгиевски, претседател
на Автономниот синдикат на железничарите.
- Генералниот директор на "Македонски железници", Владимир Соколовски,
ги отфрла сите обвинувања на синдикалците и вели дека менаџерскиот тим и
покрај тешките услови, успеал да обезбеди плати и придонеси и да го
подобри возниот парк на МЖ, особено по намалувањето на приходите за 40
отсто со губењето на пазарот на транспорт на нафтени деривати.
В еќе трета недела трае штрајкот на
автономниот синдикат на железничарите и синдикатот на влеча поради, како што
велат, незадоволството од недомаќинското и криминално работење на
раководството на Претпријатието. Дел од вработените го обвинија менаџерскиот
тим дека ги оставил без резервни делови и заштитна опрема, а како последица
на тоа во изминативе три години загинале неколку вработени. За своето право
да бараат отчет за работењето на раководството на Јавното претпријатие "Македонски
железници" од синдикатот се повикуваат на Статутот на "Македонски железници"
според кој имаат право на отчет на финансиското работење на раководството на
Претпријатието.

На сето ова генералниот директот на ЈП "Македонски железници", Владимир
Соколовски, одговара дека во штрајкот се вмешани поранешни раководители
коишто сакаат пак да дојдат до позиции и ги отфрла сите обвинувања на
синдикалците.
Останува само нејасно зошто Соколовски, ако е чесен и исправен како што
се претставува, не дозволува да се направи отчет на неговото досегашно
работење? До средувањето на состојбите домашниот патнички сообраќај ќе биде
редуциран, додека меѓународниот и товарниот сообраќај се одвиваат
беспрекорно.
РЕВИЗИЈА
Имаме информации дека трошоците за патувањата на директорот изнесуваат
околу 130.000 германски марки според земените дневници. Бараме ревизија на
сите реализирани јавни набавки, склучените штетни договори за Претпријатието
и објаснување за скапите патувања, истакна Борче Георгиевски,
претседател на Автономниот синдикат на железниците.
Според нивните сознанија, споменатиот директор дал 900.000 денари на
некоја маркетинг-фирма, а во нивното Претпријатие постои директор за
маркетинг кој за таа работа зема плата во висина од 72.000 денари. Според
Георгиевски, синдикалците имаат доказ за таквите тврдења.

Покренавме постапка до Јавниот обвинител и повикавме финансова полиција
за да се направи ревизија на финансиското работење на Соколовски и неговиот
менаџерски тим, потенцираше Георгиевски.
Дел од вработените велат дека ЈП "Македонски железници" се во хаос, во
колапсна ситуација, без нафта, без резервни делови, без масло, со што е
загрозена безбедноста на вработените, но и на патниците.
ШТРАЈК
Овој проблем со хаосот на Претпријатието е проблем на сите 3.870
вработени, иако само 1.200 се во официјален штрајк. Нашиот проблем не е
поради неисплатената плата, туку ние сме јасни со нашите барања, вели
лидерот на автономниот синдикат на железничарите.
Штрајкот на железничарите започна на 17 октомври и досега не може да се
претпостави кога тој ќе биде прекинат. Барањата и мотивите на синдикалците
се јасни. Според нив, тие имаат целосно право да знаат што се случува со
Претпријатието и каде одат нивните пари. Како потврда за несериозноста на
директорот, синдикалците го посочуваат неговото заминување на пат во Грција
непосредно по започнувањето на штрајкот.
Соколовски е инволвиран во криминални дејствија и тој се плаши од
средбата со нас. На нашите досегашни средби тој е доста крут во контактите
со синдикатот, тврди Георгиевски.
Според него, директорот Соколовски имал сопствена фирма преку која и ги
остварувал повеќето набавки за Препријатието, остварувајќи притоа провизии.
Како што ни потенцираше Георгиевски, директорот Соколовски претходно
раководел со "Металскиот завод - Тито" и "Раде Кончар" и истите ги довел во
хаотична состојба.
За жал, сите овие обвинувања на сметка на Владимир Соколовски не можевме
да ги потврдиме или демантираме, бидејќи директорот Соколовски, и покрај
нашето упорно инсистирање, не ни беше достапен за разговор.
ИДНИНА
Техничко осовременување на Македонските железници со тенденција за
вклопување и постигнување на европските стандарди и интеграција во нив;
Зголемување на видот и на квалитетот на услугите; Подобрување на условите на
работа, а со тоа и Зголемување на обемот на работа со единствена крајна цел
- зголемување на приходот, покрај другото е потенцирано за иднината на ова
Претпријатие на веб-страничката на ЈП "Македонски железници". Со денешното
темпо на работа и со новонастанатата ситуација, ваквите планови за иднината
на препријатието изгледаат преамбициозно.
Како што не информираше синдикалниот лидер на железничарите, моментното
редуцирање на домашниот патнички сообраќај се должело на претходните одлуки
на Соколовски. За Соколовски немало финансиска корист од патничкиот
сообраќај, па така возовите од пет дневно што се обраќале на постојаните
релации низ земјава, ги намалил на два. Освен тоа, според Георгиевски, и без
штрајк поради немање масло и нафта сообраќајот би се одвивал редуцирано.
По пругите сообраќаат само минимален број локомотиви во домашниот
сообраќај, во согласност со колективниот договор на Синдикатот и
раководството на "Македонски железници", а сообраќајот на меѓународните
линии се одвива нормално.
Штрајкувачите инсистираат на своите барања генералниот директор
Соколовски да даде отчет за финансиското работење, со што би се потврдиле
или негирале сомневањата за нелегалните и криминални дубиози на
раководството.
Соколовски е инволвиран во криминални дејствија и тој се плаши од
средбата со нас. На нашите досегашни средби тој е доста крут во контактите
со синдикатот, тврди Георгиевски.
Според него, директорот Соколовски имал сопствена фирма преку која и ги
остварувал повеќето набавки за Препријатието, остварувајќи притоа провизии.
Како што ни потенцираше Георгиевски, директорот Соколовски претходно
раководел со "Металскиот завод - Тито" и "Раде Кончар" и истите ги довел во
хаотична состојба.
За жал сите овие обвинувања на сметка на Владимир Соколовски не можевме
да ги потврдиме или демантираме, бидејќи директорот Соколовски, и покрај
нашето упорно инсистирање, не ни беше достапен за разговор.
Историјат
Со прогласувањето на независноста на Република Македонија, 9 септември
1991 година, почна и процесот на осамостојувањето на "Македонски железници".
Треба да остане забележано дека по втори август 1944 година и македонската
држава и железничкиот систем го носеа атрибутот македонски, за веднаш потоа
Републиката да најде свое државотворно место во југословенската федерација,
а Македонските државни железници во Заедницата на југословенските железници.
Денес железничката мрежа во Република Македонија има 925 км. отворени
пруги, 226 км. станични колосеци и 102 км. индустриски колосеци. Јавното
претпријатие "Македонски железници" во моментов располага со приближно 4.300
вработени, од кои: висока стручна подготовка - 253 вработени; виша стручна
подготовка - 202 вработени; средна стручна подготвка - 1.171 вработени;
ниска стручна подготвка - 156 вработени; висококвалификувани - 511 вработени;
квалификувани - 1.554 вработени; полуквалификувани - 142 вработени;
нискоквалификувани - 258 вработени.
|