етафизичкиот развој на
македонското општество е прифатен и спроведуван од стратегија на полтитички
циркулус вициозус. Тоа е ставот што треба да се докаже во која било (сфера)
област на живеење, на тој начин што се зема како премиса т.е. како причина
којашто докажува, но во доказот недостасува начелото на доказот.
Десетгодишната практика исфрли на површина повеќе парадигми на таа
политика и стратегија, што всушност кажува дека начелото на доказ во
практиката недостасува само за народот.
На пример, транзицијата - плурализам и демократија за владејачката класа,
а за народот - тоталитаризам.
Приватизација - стопански подем, благосостојба... за владејачката класа.
За народот - грабеж, распродажба, технолошки вишок, стечај, безработица,
сиромаштија.
Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ - реформи, поддршка, помош,
домашни кредити, само ветувања и надежи, данајски дарови и чекорење кон
субсахарска Африка и Јужна Америка.
Рамковен договор - враќање на редот и мирот, стабилност, просперитет,
човекови права, суверенитет, територијален интегритет, престанок на теророт
и враќање на киднапираните, протераните и раселените од сопствените вековини
огништа, во сопствената држава, во своите домови. За народот - продолжување
на теророт, без преседан до протерување, доограбување, палење и етничко
доисчистување за сега, а понатаму ќе видиме!
Сега следува резиме на резултатите што ги постигна политичкиот систем,
како сеопшт и сеопфатлив, во Македонија во десетгодишната практика:
- Во областа на економијата - топ форма во Европа и пошироко, врвен
дострел на невработеност, беда и сиромаштија.
- Во областа на правниот систем - врвен дострел на организиран криминал.
- Во областа на безбедноста - висока профитабилност со оружје (од секаков
вид) на "оние" што го носеа оружјето десетина години на балканските и бивши
југословенски простори и што го внесоа во Македонија заедно со вооружени
групи и инструктори за обука на младите невработени Албанци, за етничка
пресија на македонскиот народ, како нивна трајна определба.
Овие показатели заедно со нивниот заеднички именител - корупцијата, би
биле или можеби се, основните параметри на кризата во Македонија.
Ескалацијата на кризата во последните две години, особено 2001 година,
како класичен тероризам или како надреалистички "бунт за човекови права", "сеедно",
ги натера сите политички фактори (само политички) домашни и странски, да
бараат излез од кризата и пат кон мирот.
Пред потпишувањето на Рамковниот договор, мирот наместо како акт, имаше
третман на иреверзибилен хаотичен процес со постојан пораст на ентропијата.
По потпишувањето на Договорот настаните и случувањата во кризните региони,
како дел од процесите проектирани за излез од кризата, трансмутиран во
трајно, секојдневно нечовечко дивеење на албанските качачки банди, со
невиден терор над неалбанското население. За народот тотално "зашеметен" (од
сите вери и етникуми) мирот се претвори во "Процес" на Кафка, разобличен,
трансформиран и подложен на "чудовишниот" мониторинг на ЕУ, НАТО-лисиците и
ОБСЕ... "Осамениот човек е доведен во конфликт со глобалната бездушност и
бруталност што не може да се персонифицира...".
Сепак, постулатите на Рамковниот договор - промените во Уставот,
амнестијата, Законот за локална самоуправа и другите закони што ќе следат, а
ќе произлезат од тоа, како барање - претпоставки што се уште не можат да се
докажат, се неопходни за разбирање на некои одредени факти како на пример,
одговор на хипотетичното прашање: "Кога би требало да се одржат, редовни или
вонредни (се едно) парламентарни избори?".
Одговорот е силогистички заклучок со парадокси:
Кога македонските безбедносни сили ќе остварат целосна контрола на
територијата на Република Макдонија, вклучувајќи ги сите кризни региони и
кога присилно раселените ќе се вратат во своите (разурнати, запалени)
обновени домови, а киднапираните ќе се пронајдат! Тоа е пропозицио мајор -
горна премиса или претходен суд.
Кога може да се случи тоа? Кога Европа ќе биде без граници - парадокс и
препозицио минор или долна премиса.
И терминус медиус, средна премиса, кога Албанија ќе биде без граници!
Следи конклузија: Кога сите балкански земји ќе влезат во Европа!
Овој силогизам е хипотетичен, но според процесната техника во случувањата
што ги предизвикаа и придружуваат настаните со кризата и излезот од неа,
може да биде и логичен. Особена потврда и гаранција за тоа е
трансмутациониот процес - премин на ОНА во ДУИ (!) којшто ги поврза меѓу
себе активностите: анти-државната (или анти-владината, како што тие обично
милуваат да речат), активност на ОНА со активноста на ДУИ за интеграција на
Македонија (во) евроатлантските структури!