АРХЕОЛОГИЈА
Хераклеа Линкестис, археолошки локалитет со монументално значење
ДРЕВЕН ГРАД КОЈ СЕ УШТЕ ЖИВЕЕ
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- Хераклеа Линкестис постоел и се развивал пред околу еден милениум од
ИВ век пред Христа па се до крајот на ВИ век по Христа.
- Вистинско откритие при посетата претставува реконструираниот театар
каде што веќе неколку години на летната сцена се изведуваат претстави во
рамките на летните Хераклејски вечери.
А рхеолошкиот локалитет Хераклеа
Линкестис се наоѓа на падините под селото Буково, односно два километра од
централниот дел на денешна Битола. Овој локалитет со право може да се каже
дека е единствениот во Македонија чии истражени и конзервативни партии во
централното градско јадро, внимателно се одржани со текот на годините за
нивна достојна презентација.

Истражувањата се започнати уште во далечните 1936/38 години организирани
од Музејот на кнез Павле. По пауза од две децении истражувањата ги
продолжува Југословенскиот завод за заштита на спомениците на културата во
1959 година до 1974 година. Оттогаш се започнати едни од најобемните
истражувања на локалитетот - ископување на римскиот театар, конзервација со
неговата реконструкција и ревитализација што траат и денес, а резултатот е
создавање на едно дело од руинираниот затрупан објект врз кој имало градби.
ИСТОРИЈАТ
Според досегашните истражувања може да се констатира дека овој древен
град Хераклеа Линкестис како главен градски центар на областа Линкестида бил
населен од македонското племе Линки. Овој град постоел и се развивал пред
околу еден милениум од IV
век пред Христа, па се до крајот на VI
век по Христа. Меѓутоа, според понови сознанија животот се одвивал и подоцна.
Историските извори спомнуваат дека овој град го основал или го утврдил Филип
II Македонски околу
средината на IV век
пред Христа. Два века подоцна во рамките на римското владеење се развива
како центар на плодна покраина и крстосница на Виа Игнација. Во
ранохристијанскиот период четвртиот, петтиот и шестиот век станува седиште
на епископија. На Југоисточниот сектор од овој археолошки локалитет се
откриени три простории кои се надоврзуваат една со друга и прават една
целина која најверојатно била епископска резиденција. Подовите биле покриени
со мозаици со претстави од растителниот и животинскиот свет. Мозаичниот под
бил пресечен со писцина (чешма).

Мозаик од нартексот на Голема базилика, V век

Локалитет преполн со претстави од ...растителниот и
животинскиот свет
Името на овој град се поврзува и со инвазијата на Источните Готи од
Илирик кога Теодориха со своите Готи во 479 година го разурнува Стоби и се
враќа во Хераклеа поштедувајќи ја затоа што тогашниот хераклејски епископ му
дал богати дарови. Сепак, Теодориха го запалил градот кога тргнал во поход
на Лихнид (Охрид).
ТЕАТАР
Вистинско откритие при посетата претставува реконструираниот театар каде
што веќе неколку години на летната сцена се изведуваат претстави во рамките
на летните Хераклејски вечери.
Денес кога најголемиот дел е истражен, за театарот се вели дека е чисто
урбана градба, изградена во централното градско подрачје како дел од
урбаната целина и ја покажува крајната комбинација на практични и
репрезентативни идеи на римската театарска архитектура. Театарот е изграден
според плановите на градителот Витрувие. Хераклејскиот театар бил изграден
според однапред одредена концепција, со одлична акустичност, адаптиран за
сценски изведби и борба со животни. Се претпоставува дека неговата изградба
започнала во времето на Хадријан во втората половина на вториот век, а во
употреба е предаден во времето на Антоние Пие. Гледалиштето има една
дијазома со 200 редови, седишта за околу 3.000 посетители. Со истражување на
подот на театарот откриена е една крушковидна флека. Наодот бил од огромно
значење што дал одговор на прашањето за локацијата на бината - енигма што
долго време ги мачела научниците за театрите со повеќекратна намена. Во
средишниот дел на театарот е поставен немезионот - светилиштето на божицата
заштитничка на гладијаторските борби.


Поден мозаик
Во градското јадро посебно место заземаат Малата базилика, Големата
базилика, портикот со вотивни споменици и Термата. При крајот на петтот и
почетокот на шестиот век била изградена Големата базилика. Подовите се
покриени со мозаик во кој се изведени геометриски форми како и флорални,
растителни претстави. Монументалниот портик е со правоаголна основа од
вториот век по Христа. На неговиот северен ѕид биле поставени повеќе
споменици од кои се сочувани само статуата на божицата Немеза (на правдата и
судбината) на угледниот граѓанин првосвештеник Тит Флави Орест и до нив еден
постамент со стихови од поетот Хесиод. Терамата не е целосно истражена.
Откриени се само просториите за капење, фригидариумот (делот од ладната вода),
тепидариумот (млакиот) и каладариумот (врелиот дел) на бањата.
Бидејќи од локалитетот е истражен сосема мал дел од градското јадро, како
императив се налага да се почне со истражување на просторот јужно од
театарот каде што се претпоставува дека е лоциран театарскиот плоштад.
|