| |
ПОЛИТИКА
Едногодишна апанажа за пратениците од минатиот состав
ЕДЕН ДЕН ПРАТЕНИК - ЕДНА ГОДИНА БУЏЕТСКА ПЛАТА
Пишува: Жаклина МИТЕВСКА
- Врз основа на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во
Собранието на РМ и други избрани и именувани лица во Републиката, до
октомври 2003 година собраниска плата ќе примаат 51 екс-пратеник.
- Правото за апанажа се стекнува врз основа на лично барање кое се
поднесува најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на
функцијата. Надлежното тело на Собранието со решение го утврдува ова право
и престанувањето на правото според одредбите на овој Закон.
- Иако дел од поранешните пратеници се професори, лекари итн. и можат
веднаш да се вратат на работните места, тие не се откажуваат од законското
право за апанажа, односно не се враќаат на работа.
Д о октомври 2003 година, додека не
се вработат, собраниска плата ќе примаат 51 поранешен пратеник од третиот
парламентарен состав, чијшто мандат истече на трети октомври. Ова е
решението на Комисијата за избори и именувања, по трети ноември, кога истече
рокот за поднесување на барањата за апанажа.

Ваквата привилегија е регулирана со Законот за плата и други надоместоци
на пратениците во Собранието на РМ и други избрани и именувани лица во
Републиката. Во овој Закон се вели дека пратеник кој за време на вршењето на
пратеничката функција остварувал личен доход или надомест на личен доход во
месечен износ во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува
Собранието, претседателот на Република Македонија и Владата кој за време на
вршењето на функцијата остварувал личен доход, може да остварува личен доход
по престанувањето на функцијата за време до една година. Пратеник,
функционер и раководен работник има право да остварува личен доход според
одредбите на овој Закон за време подолго од една година од денот на
престанувањето на функцијата, а најмногу уште шест месеци ако во тоа време
стекнува право на пензија. Пратеник, функционер и раководен работник не може
да добие апанажа ако наполнил 40 години стаж на осигурување или 65 години
живот.
БАРАЊА
Правото за апанажа, според Законот за плата и други надоместоци на
пратениците во Собранието на РМ и други избрани и именувани лица во
Републиката, се стекнува врз основа на лично барање кое се поднесува
најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата.
Надлежното тело на Собранието со решение го утврдува ова право и
престанувањето на правото според одредбите на овој Закон. Тоа значи дека во
рок од еден месец по конституирањето на Парламентот во нов состав, односно
до 3 ноември, поранешните законодавци требаше да поднесат барање до
надлежната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата во чија
надлежност беше решавањето на ова прашање. Во третиот собраниски состав 75
народни избраници, најмногу од партијата ВМРО-ДПМНЕ беа целосно на
пратеничка плата. Доколку сите 75, чијшто мандат истече на трети октомври,
поднесеа барање до работодавецот, а тоа во случајов е Собранието на
Македонија каде што биле вработени четири години, тие имаа право до
засновањето на нов работен однос или до пензионирање да ја земаат последната
пратеничка плата во наредната година или година ипол. Меѓутоа, дел од нив го
раскинаа работниот однос со Собранието, затоа што го засноваа на друго
работно место.
ПРИВИЛЕГИИ
Во Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на
РМ и други избрани и именувани лица во Републиката, се вели дека на
пратеник, функционер и раководен работник му престанува правото за апанажа
пред истекот на времето утврдено во овој Закон кога тој тоа ќе го побара,
кога ќе се вработи или ќе биде избран или именуван на друга функција врз
чија основа остварува личен доход.
Во Законот е регулиран и статусот на пратеник, функционер и раководен
работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на
времето за кое е избран, именуван или назначен. Според овој закон тие имаат
право на апанажа.
Во согласност со ова, право за апанажа можат да поднесат и Арбен Џафери,
лидерот на ДПА и Абдурахман Алити, лидерот на ПДП, кои си поднесоа оставка.
Тие беа пратеници 28 дена, односно од трети октомври кога им се верификуваше
мандатот, па се до 31 октомври кога Собранието ги констатира нивните оставки.
За да можат и тие во наредните дванаесет месеци да земаат собраниска плата,
доволно е само да поднесат барање до надлежната собраниска комисија,
најдоцна до 30 ноември.
Со други зборови, и да се биде еден ден пратеник, следува
дванаесетмесечна плата од државната каса.
Иако, со овој Закон треба да им се обезбеди едногодишна материјална
сигурност за оние пратеници кои по завршувањето на мандатот не можат да се
снајдат со работа, има и такви екс-пратеници, лекари, професори, кои веднаш
можат да се вратат на работното место. И покрај таквата можност, тие не се
откажуваат од законското право за едногодишна апанажа, односно не се враќаат
на работните места.
Како што е познато и како што е регулирано со Законот за плата и други
надоместоци на пратениците во Собранието на РМ и други избрани и именувани
лица во Републиката, пратениците во Собранието на РМ за вршење на
пратеничката функција имаат право на плата. Личниот доход на пратеник,
функционер и раководен работник остварен според одредбите од овој Закон за
плати се исплатува од средствата за работа на органот, односно на
организацијата во која ја вршел функцијата. Примањата за привилигираната
категорија екс-пратеници, односно оние на кои им следува апанажа во просек
се околу 24.000 денари, во зависност од работниот стаж. Всушност, толку
приближно изнесува и платата на актуелните пратеници, без дополнителните
додатоци за сегашните народни избраници (дневници, превоз итн.).
Во Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на
РМ и други избрани и именувани лица во Републиката, се вели дека пратеник
кој за време на вршењето на пратеничката функција остварувал личен доход или
надомест на личен доход во месечен износ во Собранието, функционер и
раководен работник кој ги именува Собранието, претседателот на Република
Македонија и Владата, кој за време на вршењето на функцијата остварувал
личен доход, може да остварува личен доход по престанувањето на функцијата
за време до една година. Пратеник, функционер и раководен работник има право
да остварува личен доход според одредбите на овој Закон за време подолго од
една година од денот на престанувањето на функцијата, а најмногу уште шест
месеци ако во тоа време стекнува право на пензија.
Во Законот е регулиран и статусот на пратеник, функционер и раководен
работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на
времето за кое е избран, именуван или назначен. Според Законот за плата и
други надоместоци на пратениците во Собранието на РМ и други избрани и
именувани лица во Републиката, тие имаат право на апанажа. Во согласност со
ова, право за апанажа можат да поднесат и Арбен Џафери, лидерот на ДПА и
Абдурахман Алити, лидерот на ПДП, кои си поднесоа оставка. За да можат и тие
во наредните дванесет месеци да земаат собраниска плата, доволно е само да
поднесат барање до надлежната собраниска комисија, најдоцна до 30 ноември.
Како што е познато и како што е регулирано со Законот за плата и други
надоместоци на пратениците во Собранието на РМ и други избрани и именувани
лица во Републиката, пратениците во Собранието на РМ за вршење на
пратеничката функција имаат право на плата. Личниот доход на пратеник,
функционер и раководен работник остварен според одредбите од овој Закон за
плати се исплатува од средствата за работа на органот, односно на
организацијата во која ја вршел функцијата.
|